Дали и колку се користат мускулите денес ?

Дискусија во 'Фитнес' започната од elisabeta, 9 февруари 2015.

  1. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    Темава одамна сакав да ја отворам ,ако ја има истата нека се отстрани.Значи знаеме сите кавко време дојде и како се живее,повеќе технологија помалце спорт ,децата ја немаат навиката за спорт и дружење све се одвива на комјутер ,е па дали е тоа реалната слика на нивниот живот или ние така ги воспитуваме или самото време така налага ,па повелете тема колку ги користите вашите мускули и дали воопшто некој ги користи .
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Извини ама ќе се вмешам малку.
    Првиот болд не содејствува со болдот со поголеми букви. Дискусијата или насловот на темата би требало да оди во друг правец.
    Колку спортуваат децата во денешно време и дали родетилети се виновни за нивната не активност во спортувањето. Мускулите си немаат врска во случајов, туку спортувањето како начин на живеење.

    Јас пред се би рекла дека родителот е тој што треба да го насучува своето дете да спортува.
    Родителите изнаоѓаат различни причини за нивното дете не вежба ниту на часовите по физичко, а не пак активно да се бави со некој спорт.

    Нормално тоа дете не се ангажира ниту во училиштето на часовите, а не пак да се занимава со одреден спорт.Има примери каде што детето ја моли наставничката да не кажува на мајка му дека вежба затоа што му забранила за де не се испоти.:?:
    Не физичката активност доведува до степен да имаме се подебели и понездрави генерации на млади луѓе.
    Правењето на мускулна маса за мене не е спортување туку истакнување пред околината, другарите девојките. Секоја чест на оние кои што професионално го одбрале овој спорт, односно билдингот.
     
    На Giovanna, AnaKlarc, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  3. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    Не се однесува темата само за децата туку и за нас ,и насловот на темата си е во ред , не е работата за киснење во теретана туку колку се мрднувате од местото од кое седите ,а правемето на мускулна маса секој различно си го сваќа ,јас на пример си вежбам за себе и некако поубаво се чувствувам во своја кожа
     
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.831
    Пол:
    Женски
    На Hipster и daylight им се допаѓа ова.
  5. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    човек тешко да ја разбере ,па едноставно е прашањето на темата колку често ги користиме мускулите и дали воопшто ги користиме,прост пример ке ви дадам ,значи јас ако денес цел ден работам на комјутер и немам подигнато потешко од чаша не ги користам воопшто ,а ако завршам некои потешки работи да го мрднам газот значи ги користам мускулите,толку едноставно
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    Мускулите ги користиме постојано, дури и кога спиеме. На пр. срцевиот мускул. Кога се смееме исто така користиме мускули од лицето. Кога подигаме предмети ги користиме бицепсите, трицепсите и тн.

    Прашањето би било попрецизно ако се постави колку користиме одредена група на мускули или уште подобро, колку се луѓето на денешницата активни во физички поглед?

    Така сфатено, @crimson е во право кога вели дека има веќе слична тема:

    http://forum.femina.mk/threads/Колку-често-вежбате.1560/
     
    На sesilija и crimson им се допаѓа ова.
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    не го комплицирај прашањето жити се ,сигурно не се работи за срцевиот мускул и и мускулите на лицето ,тие и да не сакаш активни се ,ох мори мајко зошто комлицирано кога може едноставно.Темата колку често вежбате е сосема друга приказна,работава е тие што не вежбаат дали денес дигнаа нешто потешко од чаша или завршија некоја физичка работа.
     
    Последна измена: 9 февруари 2015
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    @elisabeta Те разбирам но токму поради тоа и другите феминки добронамерно свртуваат внимание на насловот кој треба да се прецизира! Било во самиот наслов било во воведниот текст...

    Оти користење мускули може, освен како спортско рекреативна активност, да се сфати и во насилничка смисла - демек колку користи разговор, дипломатија а колку со сила (со мускули) ги решава некоја проблемите со другите луѓе.
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    92.442
    И јас кога го прочитав насловот прво што помислив е -Кои мускули? Во право е @daylight неодреден е насловот.
     
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    ако се мислеше на такви мускули сигурно темава нема да биде во фитнес поставена,не само неодреден насловот и непознат поим ке стане како што се закржљавија народот
     
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    92.442
    Кој народ е закржлавен, еве мојата фамилија во Мк и пријатели, скоро сите имаат понекое парче земја, дали нива, бавча, големи дворови за средување, и ако не се на работа тогаш се низ куќа или на поле. Ти ако вежбаш ајде сега испофали се колку си активна а другите закржлавуваат по дома.
    И јас бев многу активна додека бев во Мк, сега на работа средно активна, дома легач, во слободни денови шетач. Средина некоја држам. Кој може да си дозволи да седи постојано дома и да закржлавува, "браво".
     
  12. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    има и такви кои по цел ден се легачат и седат на компутер за жал,а тоа дека јас се фалам незнам од каде дојде до заклучок дека се фалам ,а шо има да се фалам на форум :rofl:
     
    На Bah му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    како не ја сфаќате? :D мислам дека Далерон ја доловила до некаде поентата. Јас отприлика претпоставувам што сака elisabet да дискутира на темава.

    дека генерално секаде во светот дојде такво време на технологии, што буквално се ни е при рака, уште малку и роботи ќе напраат и се ќе ни биде сервирано у кревет без да помрднеме со прст.

    Но дури и малите и наизглед безначајни физички покрети, значат многу за одржување на мускулите, кои со тек на годините се повеќе ги намалуваме незабележително. Ако порано беше физички потег да одиш да платиш во банка, сега тоа можеш да го направиш преку нет седејќи удобно во фотелја, ако порано децата неможеа да седат у место, сега се навикнати да не се движат поради игрите на пц или виртуелниов свет сеедно, ако порано имало дружби надвор, сега еве вака по форуми си ги дебелиме газовите :D .. генерално за секојдневните физички движења, не за вежбање.

    Е сега не знам дали има ваква тема ,на прв поглед малку делува несериозно, можеби и насловот не е склопен баш како што треба, но сепак добро е да се потсетиме на момент дека секое движење не одржува колку толку витални и во кондиција :) јас гледав истражување дека популацијата денес за разлика од 60-те во проссек има 20 кг вишок баш ради ваквите наизглед ситни физички детали, а прогнозираат и поголема гојазност кај младите во иднина. :^)
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.358
    Фино и разбирливо ти е формулирана темата остај што те искритикуваа не била јасна, прејасна е посебно за секој што се бави со некоја физичка активност.

    Тие што живеат по градовите и претежно имаат седечка канцелариска работа се главно статични и улежани. Од друга страна еден физички работник или еден земјоделец секако повеќе ќе користи мускули од еден службеник ама заради нездравата исхрана и тоа не е гаранција дека ќе бидат здрави па така може да се бават со тешка физичка работа а здравствено да се за никаде. Физичката активност треба да е проследена и со здрав живот а кај нас дали заради сиромаштијата или заради металитетот на претерано јадење едното со другото не се во склад.

    Спортот нема вредност во нашето општество а тоа се рефлектира и во воспитувањето на децата. Битно да имаат петка во школо, да се добри во математика, биологија, јазик и слични предмети а физичкото воспитување најчесто го губат, барем така сум слушнал од повеќе места. Ние исто најчесто го губевме.

    Родителите не можат да ги едуцираат децата на физичка активност кога и тие самите на ја познаваат и останува да ги запишат во клуб а клубовите па се снаоѓаат кој како умее. Колективните спортови (каде евентуално ќе има пари) некако и тераат затоа што можат да запишат многу деца ама индивидуалните мака мачат со опрема и простор оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат.

    Многу малку деца ќе имаат среќа да пораснат физички спремни и здрави, најголем дел ќе си станат просечни човечиња кои не можат ни еден склек да направат и најголема физичка активност ќе им биде чкрапањето на тастатура.

    На физички план целата нација ни е катастрофа а ќе биде и уште полошо.
     
    На Giovanna, AnaKarenina, anina и 3 други им се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Она RSI ми текна веднаш по насловот. Повторувачка стрес повреда(или како се вика?). Да дека е комбинација од мускулно/костозглобно/нервно, ама претежно е заради движење, а движење е еднакво на вежбање...:talk:

    Пред некоја година беше, пукна веста како сме склони да си го повредиме палецот од прекумерно пишување на текст пораки. Па и стана и официјална дијагноза, име му дадоа, како она тениски лакт, ама ова да ти биде тексташки палец (facepalm)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    6.378
    Пол:
    Женски
    Ako se racuna vo ovaja tema vezbanjeto vo teretana togas jas sum redoven posetitel sekoj den ili sekoj vtor zavisi kako imam vreme,nomozam da se zamislam nikakva aktivnost fizicka da nemam...
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    124
    Научниците откриле дека хормонот тестостерон кај секоја генерација на машки деца родени во модерно време се намалува драстично од година во година, а тоа води до стерилитет неможност да се создаде потомство и ред други здравствени проблеми.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Јас ја разбрав поентата на темава уште кога го прочитав воведниот пост - не е работата колку вежбаме, туку колку развојот на технологијата нѐ прави мрзливи, што е факт. Денес целата активност ни е сведена на еден клик - плаќаме сметки преку интернет, купуваме облека преку интернет, пријавуваме испити преку интернет, симнуваме филмови и книги преку интернет, читаме вести на интернет, дури и социјалниот живот ни е сведен на скајп и фејсбук комуникација.
    Порано имавме една видеотека во населба од каде си изнајмував филмови, сега веќе не ни постои затоа што имаме Zamunda. Шетавме по музички продавници и купувавме цедиња со музика, а денес го имаме YouTube и iTunes. Библиотеките стануваат сѐ помалку посетени, затоа што Wikipedia ќе ви помогне за било каква научно истражувачка работа.
    Сега одите во продавница, и ни вратата не мора да ја отворите сами. Колата ја отклучувате со еден клик на централното даљинско, нема веќе ни вртење на рачките за да го отворите прозорот. Сѐ е дигитално. Пред некоја година дури читав статија за тоа колку калории трошиме со таквото кликање. Бидејќи нели, целиот живот ни се сведе на кликање. Па барем дајте да видиме колку калории трошиме со тоа.

    Ако го изгубиме даљинското од телевизорот, одма трчаме да купиме ново, затоа што заборавивме како е да менуваме програми и да го појачуваме тонот користејќи ги копчињата на самиот телевизор. Многу е поубаво кога лежиме на тросед и вртиме по каналите, притоа мрдајќи го само палецот.

    Го знаете она:
    Go to your room!
    - You mean my room with a tv, xbox, and computer? Okay.

    Мојава улица секогаш беше преполна со деца, сите се знаевме меѓу себе, а сега не ги ни знам децата кои живеат во мое маало. Затоа што ретко излегуваат на улица. Не играат народна, уште помалку ластик или жмурка. Баш вчера кога го шетав кучето, се одминав со две деца кои правеа муабет за некакви видео игри. Порано ќе пукневме од досада ако седевме дома, а на денешниве деца може да им биде супер забавно иако се затворени меѓу четири ѕида. Дури и домашните им се поврзани со интернет - пишуваат во Word, ставаат слики и ѝ ја испраќаат домашната на наставничката преку мејл. Не знам ни дали воопшто имаат тетратки за домашна работа. Ќе заборават моливот да го држат во рака.

    Технологијата колку ни го олеснува животот, толку нѐ прави мрзеливи.
    Не само физички, туку и умствено, што е уште пострашно.
     
    На Snow-Star, mackica1, XMaN и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Oвие се најискористени, со сигурност.
    [​IMG]

    Ако добро ја сфатив темата, иаку малку ми е конфузно што сакал да каже авторот.

    Закржлавени сме, не вежбаме толку колку што треба, да, седиме пред комјутери, телефони, таблети и разни гаџети.
    Решение?
    Сами да си ја убиеме мрзата, никој и ништо не ни е крив.
    Има бесплатна рекреација и доста места за финтес и други активности и спротови по пристојни цени.
    Нема место за изговори.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    124
    Самото олеснување на животот, воедно претставува и убиец на самите себе. Човековото тело во никој случај не е создадено за ваков живот и највеќето болести се последица на ова.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.