1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и што може да се научи од гледањето филмови?

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од manja666, 23 септември 2011.

  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Епа вака..сакам да ве прашам дали може да се научи нешто од филмовите и ако имате дајте личен пример за тоа сто вие сте научиле и од кој филм ?
     
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Од филмови со интересна и поучна содржина може и те како многу да се научи.
    Да речеме чудна коинциденција но повеќе пати кога сум била многу разочарана се погодело после тоа да гледам филмови од типот на Чуварот на мојата сестра и Прекрасните остатоци.И сфакам дека уствари сум се нервирала за глупости затоа што животот е вреден и дека има многу поголеми и потешки проблеми отколку ситниците со кои се оптеретуваме.
    Исто и од многу филмови научив како да не се однесувам.Дека светот е многу опасно место и дека не треба да се доверуваме секому,поука која ја вадиме од скоро сите трилери.
    Исто постојат и филмови кои те терат да се замислиш како би се чувствувал ако навистина се случи тоа,на пример Арамегедон кој говори за можеби последниот ден на земјата.Исто и Биро за прилагодување те тера да размислиш дали навистина ни е претходно напишана судбината и дали може да ја измениме.
    Романтичните комедии се малку нереални но сепак се восхитуваме на таквата љубов и романтика и посакуваме барем малце да ја има во реалниот живот.
    Јас сум голем филмоман и мислам дека повеќе работи сум научила од филмовите а колку ги спроведувам е тоа е прашање :) .
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Да, но зависи од тоа какви филмови гледаш!
    прво и основно нешто што можеш да научиш гледајќи било кој странски филм е јазикот!- Знам премногу деца кои на свои 6-7 години имаа научено по некој збор англиски, ако не и повеќе, само од гледање мн филмови! Истото важи и за сите ние што имам научено доволно шпански од гледање на шпански серии! Лично јас, можеби не знам да пишувам или граматички точно да се изразувам, но затоа перфектно ги разбирам и не ми треба титл повеќе. Англискиот си го усовршив со гледање филмови без титл или серии па да не зборувам! Профи сум :lol:
    Постојат доста историски филмови кои ни помагаат да си го усовршиме и надградиме знаењето од историјата.
    Со психолошките драми учиме за животот, за правите и виситнките врености во животот, често како да успееме да надминеме болка или како да се справиме можеби со некој проблем! Да ен заборавиме глем дел од филмовите се снимени според виситнски приказни.
    Од небројно-изгледаните љубовни комедии сите имаме по малку научно за љубовта :inlove: , за врските!
    Мислам дека скоро секој филм има некаква цел и некаква поента со која допира до гледачот, и сака да остави трага во него со што засекогаш ќе го памети! На ретки им успеало тоа, но затоа со сигурност можеш да ги наречеш филм. Постарите филмови имаат подлабока смисла и се каде каде подобри од денешниве(со чест на исклучоци).

    Интересна тема, штета што не е воопшто не е активна :!:
     
    На LittlePinky, Butterfly14, Chocolate.me и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Кој жанр?!
    Јас мислам дека од порно најмногу може да се научи.
    Чао.
     
    На kikin, Chocolate.me, mina и 2 други им се допаѓа ова.
  5. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Да може. Но престанав да гледам филмови т.е серии. Оние турските досадни се а пружат негативни мисли на луѓето, но сепак зависи до филмот. Тато почна да ми се кара доста со тие филмови не го полни мозокот со негативни мисли. Го гледам само КЛОН бидејќи ми е омилен :)

    Мој совет: Престанете да го полните мозокот со негативни мисли :geek:
     
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека може да се научат поучни работи од филмовите,ама зависи од кои филмови.Од хоророт не верувам дека нешто ќе научиш инаку јас учам многу зборови од филмовите.Гледам акција многу сакам да знам како да се одбранам ако НЕ ДАЈ БОЖЕ некој те нападне и нешо сл.
     
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Може да се научи...од некои. А некои други се само губење време (посебо оние невкусни американски романтични комедии).
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Ако филмот има длабока содржина, во која е прикажана семејството,пријателството и љубовта секако дека може. Ама ако е прикажано се негативно и невозможно што ќе учиш? на пр има филмови кои се повеќе од нереални, со тоа што ќе умрат ликовите сто пати и ќе оживеат, па ќе прават што им душа сака и ќе се непобедливи, е во реалниот живот не го бива така :lol: затоа велиме често на филм се се може :D
     
  9. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Јас на пример од овие шпанските серии разбирам шпански скоро СЕ, а за зборувањето 50-50 :lol:
    А и од неколку филма имам научено добри лекции :)
     
  10. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Еве јас конкретно ќе зборувам за омиленот мој филм "The hunger games".
    Прво нешто што научив од филмот е издржливоста и тоа дека пред да помогнеш на некој друг треба да си помогнеш на самиот себеси, бидејќи единствено така може да преживееш. Научив дека ако не ти се допаѓа како живееш тоа можеш да го промениш, може да се промениш и самиот себе. Треба да помогнеш кога можеш, сигурно се сеќавате на сцената со девојчето... е на тоа мислам. Исто така да не заборавиш од каде потекнуваш, да имаш свое цврсто јас и да знаеш што сакаш. И кога ти е најтешко, тогаш си најсилен.

    [​IMG]

    Може да се научи многу од филмовите, само ако доволно се задлабочиш во филмот! :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Зависи од филмот. Може да се научи јазик, културата во некоја земја, начинот на облекување, обичаите, традицијата, историјата... Имам научено некои интересни нешта од филмовите. Pay it forward ми е најомилениот, не учи да правиме добро и тоа да циркулира: ти денес направи добро на тројца луѓе, тој да направи добро на уште тројца итн. Да се шири добрината.
     
  12. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.926
    Пол:
    Женски
    Се,ама јас од филмови најмногу сум ги учела јазиците.
    Како помала од цртаните научив српски.
     
  13. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Од филмови имам научено и усовршено некои јазици а и попретпазлива со луѓе да бидам, пошто многу психолошки трилери и хорори иам изглеано.:D