Дали македонскиот и бошњачкиот народ имаат иста судбина?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 15 септември 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    5.445
    Прочитав коментар од Бошњак дека делиме иста судбина и дека тој сака Македонците кои вели се угнетувани од сите, да ги тргнат оковите и да живеат слободно. Дали мислите дека делиме иста судбина со нив? Според мене не, затоа што сметам дека Македонецот колку и да го негираат, тој е свесен, кој е и што е, додека Бошњаците самите како да имаат криза на идентитет, и за себе велат дека се муслимани, а дури потоа или многу ретко кажуваат дека се Бошњаци. Друго, тоа што сме поттиснати од албанскиот фактот овде е резултат на прилив, наталитет, додека во БиХ, Србите и Хрватите не се доселиле, и не ги совладале со наталитет, туку природно се таму отсекогаш. Смета дека Бошњаците лутаат по идентитет, многу борци имаат во ИСИС, што исто така ги става на тапет, сиромашни се, поделени. Познавам Бошњакиња која пцуе на фб по Србите, и ја растуриле државата, а таа живее со Србин во странство, при тоа му е втора жена. Се слика по долен веш в кревет и се постира на фб, каде е тука почитувањето на исламот? Никаде.
     
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.818
    Пол:
    Женски
    Не би рекла баш дека Македонецот има свест кој е и што е..
    На пример, половина народ го исмеваат фактот дека сме потомци на Александар Велики, секакви работи пишуваат со иронија дека само Сонцето е постаро од Македонија и слично.
    Па дека Аце не бил наш:!:
    Македонецот да беше со свест немаше на одбележувањето на најголемиот празник-на борбата на Илинденците за своја држава, да скандира Северна, Северна...
    Да имаше свест Македонецот, не дозволуваше пред нос спиејќи да му протнат двојазичност во две педи земја, не дозволуваше крволочните и ѕверски убијци што убиваа невини цивили и полициски-воени лица, да седнат на фотеља да им ја водат државата:puke:
     
    На mira.mira, Mari*, Роберт 7 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    18.923
    Пол:
    Женски
    А кој го шиша народот ? Мене еве никој до сега не дојде да ме праша чиј потомок сметам дека сум , никој не ме праша дали сакам двојазичност ( а Тетово е двојазично со години ) , никој не ме праша дали ги сакам убијците во Собрание .. и татко ми ќе беше нивна жртва , и маж ми е изложен на ризик . Децата може пред врата да ми ги убијат .. Со албанци живееме , и треба да го прифатиме тоа . Кај мене во маало 90% се албанци . Од 3 сокачиња и 1 главна улица , само 1 сокаче е македонци и тие се расштркани , половина во едното , половина во другото . Опколени сме , ама барем мирно живееме . Што ако кај свекрва ми у маало се сите македонци кога 5 пати полиција ни викаа за кучето ? Не ми отворај уста Рама , нашите не се фер . Од 5 кучиња у маало , баш нашето им засмета ? Што беше таму само додека пркна малку ? Нејсе , тоа е друга тема .

    Можеби донекаде делиме иста судбина со Бошњаците ( сиромаштијата на пример ) . Дека делиме скроз иста судбина , не би рекла .
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.818
    Пол:
    Женски
    Е па не го шиша никој народот, оти истиот тој народ е јак само на тастатура, и истиот тој народ не крена бунт кога тоа ваше Тетово го направија двојазично, а потоа и цела држава ја сторија каша-попара, и едните и другите, немам намера да бранам никого, и не дека се живее од историја или минато, не се лупам во гради ни јас чиј потомок сум, ама сепак си ги знам и ценам корените, не сакам да бидам дрво без корен, колку и да звучи смешно.
    И да, не ги бранам и фалам никогаш и никаде Македонците како да се само тие цвеќенца, ама колку и да се правиме мили и фини, колку и да градиме соживот со Албанците(бидејќи и тие живеат на ова парче земја)секогаш тој соживот ќе биде и е, со "дупки", не дека нема позитивни примери, има, ама вагата сепак натежнува кон не баш позитивните примери, и овде не мислам на тоа колку ти живееш со твоите комшии Албанци, или јас со моите, туку мислам на се што тие узурпираат, користат и деградираат во државата, а истата таа никогаш не им чинела!
     
    На Tanjamm, CrazyGirl15 и Elisabeth им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    18.923
    Пол:
    Женски
    Имаше бунт колку што паметам . Никој не го слушаше народот . Ден денес никој не го слуша . На крајот пак си тераат по нивно , а народот си останува со прстот во уста .

    Народот да си ја земе власта во свои раце , можеби 1000 пати поарно ќе ни биде .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.082
    Допаѓања:
    31.424
    Пол:
    Женски
    Не знам каква веза има тоа што некој си објавувал некакви слики со темава.
    Колку и да бараме кривица во друг никој не ни е крив. Политичарите испокрадоа факт али не можеме за се нив да им ја префрламе топката Кој е крив што фрламе ѓубре, што се мешаме во животот од секого (балкански синдром) искрено не ми е гајле што се десило со александар македонски и што бил он навистина, луѓето се испотепаа за историјата пред 2 илјади години што нема никаква корист од тоа туку ко од пештера да сме иззлезени некогаш делуваме. Аце бил наш важи еј вечерва не ќе можам да спијам поради тоа, луѓето сакаат да живеат денес и овде. Александар македонски да бидеме реални освојувал територии и убивал луѓе, не ми треба да бидам горда на тоа, нас турците не поробувале па сме плачеле сме се бореле против а Аце наш е. Само уште еден поробувач
    Не фрлајјте ѓубре, не се понашајте со келнери ко да ви се слуги, сообраќајна култура, не бидете џаболебари, не редете бибер во секоја манџа, една геј парада се случи во несвест испопаѓаа, европа ја бараме ние свесен народ сме биле само нас никој не ни дава шанса. Ние сме несвесен народ и тоа е факт. Дури има оввци за стрижење ќе има политичари што ќе стрижат.
     
    На Alien_92, CrazyGirl15, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.082
    Допаѓања:
    31.424
    Пол:
    Женски
    Да пресмешно звучи. Не живејте во фантазија. Словени, турци измешани, ние корен бараме. Какво дрво каков корен. Не е ова дедо ти и баба ти од кај биле. Збориме за 2300 години. Аман пошо животот ќе ни биде посреќен ако сме дрва со корен. Корени ти се мајка ти и татко ти. Да пресмешно е .
     
    На An-na, candy.cane и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  8. MeckaCia

    MeckaCia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски
    Не можеш да ги оценуваш бошњаците по една познаничка... Јас сум бошњака, муслиманка и не го кријам тоа, горда сум на тоа што сум и си го знам идентитот
     
    На ZAHRA, Роберт 7 и candy.cane им се допаѓа ова.
  9. Minci13

    Minci13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    2.273
    Пол:
    Женски
    Jas pa poznavam mnogu makedonki sto zborat najodvratni raboti za albanci i bosnjaci pa pak im se vo krevet
    Znaci treba da generaliziram?Kade i e hristijanstvoto?
    Poglupa tema nemam procitano na forumov :)
     
    На ZAHRA, Mantub, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    5.445
    Meне пример ми е несфатливо тоа што со години се нарекувале Бошњаците во Босна само како муслимани, а и ден денес, попрво ќе кажат дека се муслимани, отколку Бошњаци. Зошто така? Со тоа самите својот идентитет го поткопуваат? Неодамна во Црна Гора еден Црногорец се измеваше со тоа се нарекуваат муслимани, демек ни тие не знаат што се. Друго, имало премногу мешани бракови во БиХ, иако знаеме дека забрането е жена муслиманка да се мажи со немуслиман. Зошто масовно го кршеле тоа правило? Зошто плачат за Сребеница, ама одат да пеат на Ѕвезда Гранда?Ханка Палдум пее „Јунак до јунака“, па пее „Кад нас виде загрљење“. Нема логика. Дино мерлин мрази Срби, ама оди да пее, му требаат пари, а за пари се се заборава.

    Се на се, сиромаштијата ни е заедничка мислам. И тоа што сме две најзагадени држави во Европа.
     
    Последна измена: 18 септември 2019
  11. Minci13

    Minci13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    2.273
    Пол:
    Женски
    Hanka pee,Dino pee bidejki spored niv ne se site Srbi krivi za toa sto se slucilo vo Srebrenica.Arkan koj ubivase siluvase zeni i kerki pred mazi tatkovci itd bese proglasen za srpski tatko zaedno so zena mu koja e proglasena za srpska majka..Za sto se proglaseni?
    Ako zborime taka zosto Tamara todevska idese tolku godini so Albanec a znaeme sto se slucuvase vo 2001?
    Mojot dedo e ubien od srpski vojnik pa nikogas ne sum kazala site Srbi se losi!
    Toa deka se krie identitetot ne e tocno!Bosnjacite kako narod se najglasni i najgordi da se izjasnat sto se i koi se dodeka pak vo nasava zemja vo sendvic se torbesite ili gorjanci koi cesto od strav i neznaenje se deklariraat kako bosnjaci turci nekoi duri i kako makedonci!I najcesto znaat da kazat samo muslimani sme a sto ne e bitno..
     
    На ZAHRA, mssuniquee, Роберт 7 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    5.445
    Разбирам јас дека пее, но повеќе го оправдувам Оливер Драгојевиќ кој ги навредил Србите, рекол дека се четници, и нема да им пее, и се до смртта остана така. Кога го прашуваа дали ќе пее во Белград, тој велеше дека „тоа е завршено одамна“, тоа е став, затоа Хрватите се народ со став, со идентитет, со држава.

    Да, за Србите воени злосторници се херои, и тоа е став на можеби 90% од населението, тие исто така имаат издржан став и знаат што сакаат, кај тераат, многу повеќе од Бошњаците.

    Ако си пеела „На бранику Босне занјте душмани“, сега пееш дека многу ги сакаш душманите, не е ок.
    Дино Мерлин кажал дека Србите се болни, па пак оди да пее во Белград, и дава некакви конфузни изјави.

    Нино Решиќ, Бошњак си ја сменил верата и живееше во Србија.

    Лепа Брена исто има шпекулации дека се пркерстила и дека добила црковно име Јелена.
    Емир Костурица смени вера и се декларира како Србин.

    Едно е една Македонка од 100 да имала некоја си полутајна врска со Албанец, ама да направи некој покољ како Србите во Босна, би ги избришала, непростливо е тоа.
     
  13. Minci13

    Minci13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    2.273
    Пол:
    Женски
    Pola poznati instagram devojcinja od Skopje idat so Albanci :) Brzi kolicki skapi podaroci ,toa vekje ne e tajna :)
    Nino e Rom,koj se sramel od toa pa si ja smenil etnickata pripadnost :)
    Lepa Brena e Fahreta i den denes se drzi do toa ne e smeneto nisto.
    Hanka Paldum so Dragana go snimija toj duet so cel malku da se smirat iskrite od minatoto:) Toa e mnogu human i civiliziran poteg:)
    Imase izjava deka Aco pejovic na kuceto mu dal ime Muhamed so cel da gi ponizi bosnjacite kako narod a vsusnost toa bilo samo zolta stampa lazna za da go skaraat so negoviot najdobar drugar koj patem e Bosnjak.Taka da tie izjavi ne se verodostojni,barem ne site.
     
    На ZAHRA, mssuniquee и candy.cane им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm, тие се денес посебни поради исламот. Да не го примеле, најверојатно ќе беа едно со христијаните на тие простори. Ист јазик говорат и врата до врата живеат.
    Одговор на прашањето содржано во насловот - не е важно.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    5.445
    Точно, и дилемата босански, бошњачки јазик, за кои се правдаат кое е правилно, а мене како некој од страна ништо не ми е јасно како е правилно. Тој јазик со српскиот има многу мала разлика.
     
  16. Minci13

    Minci13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    2.273
    Пол:
    Женски
    Sme ucele makedonski jazik se nadevam..Pa duri od osnovno pocnuvaat lekciite za jazici dijalekti itd..Bosanskiot Srpskiot Hrvatskiot Slovenskiot Bugarskiot i Makedonskiot se staveni vo grupa na srodni jazici poradi ogromnata slicnost :)
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    5.445
    А бошњачкиот? Оти така го нарекуваат, или во Република Српска јазик на Бошњачкиот народ? Имаше и некои спорења околку јазикот.
     
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    Муслиманите во Босна се ОК народ, харизматичен и дружељубив и по тоа се различни од Србите. Дури ме чуди што после таква војна останала толкава веселост. Македонците за помали ситници се апатични, скептични и разочарани.
     
    На mssuniquee, Minci13, MeckaCia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Машки
    Ne postoi takvo nesto kako bosnjacki ili crnogorski jazik.Tie se lokalni varijacii na srpsko-hrvatskiot jazik.
     
  20. Minci13

    Minci13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    2.273
    Пол:
    Женски
    Bosanski jazik e vo Bosna.Go govorat i Hrvati Srbi i Bosnjaci.
    Site tie se Bosanci bidejki ziveat vo Bosna,kako sto vo Makedonija sekoj e Makedonec bez razlika dali e Albanec Turcin itd.
    E sega: Bosnjacite kako narod go modificirale toj bosanski i ovde vo Skopje na primer se zbori bosnjacki koj samo ima razlika vo akcentot na zborovite.
    Najprost primer strumicki i skopski.Toa mene ako me prasas se dva razlicni jazici bidejki jas stvarno nisto ne gi razbiram Strumicani(bez navreda)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.