Mислам дека нема ваква тема па сакам повеке мислења за тоа дали малите гради ја намалуваат самодовербата?
дали малите гради ја намалуваат самодовербата? Не. Самодовербата доаѓа од внатре. Не мора да значи дека девојка со совршен изглед има поголема самодоверба од некоја со вишок килограми и сл.
Малите гради не ја намалуваат самодовербата, туку мислите (психата) го прави тоа поради оптеретување што мислат другите што имам мали гради. Така да, ако некој не се замара со тоа, може да има самодоверба до небо
Индивидуално е дали ја намалува самодовербата, ама па премногу мали гради мене не ми се допаѓаат. Сум видела девојки кои носат маици на прерамки и што да видиш, и најмалиот можен градник е празен и стои како Вишок на телото.
Не би требало да ја намалуваат самодовербата. Јас додека да се породам со првото дете имав мали гради и тоа никогаш не ми претставуваше проблем. Сега ми е проблем што имам гради за извоз.
Кога некои те зафркаваат дека имаш мали гради , тоа ја намалува самодовербата да не се лажеме. Во основно кога веќе почнуваат да растат, кај мене не се случуваше тоа, бев скроз рамна, и имаше некои машки во клас кои ме задеваа за тоа. Не ми беше лесно и сеедно во тој тинејџерски период . Кога малку потпораснав го надминав тоа и се соочив со фактот дека ќе имам мали гради. Во бременост малку само ми потпораснаа и сега кога доам има разлика од пред да останам бремена.
Јас имам ептен мали гради, без прслук дури и не се познаваат но воопшто не ги чувствувам како комплекс баш напротив, можам да носам секакви блузи и фустани без да се секирам дека нешто ненадејно ќе "излезе".. А и малите гради моментално се тренд така да девојки ич да не се замарате, многу жени одат дури на операции да ги намалат, нема зошто да се чувствувате незгодно Спојлер
Едно е намње гради како Кира Најтли,а друго е мали гради. И според мене поважен е обликот веќе ако правиме муабет за мали гради. Еве јас имам мали гради ама не ми се допаѓа природниот облик,е со пуш ап ми се супер и по облик и еден број плус.
Јас од моја машка гледна точка ќе ви кажам дека мене не ме интересира дали девојка ми ќе има мали гради, голем нос, клемпави уши или не знам уште што големо или мало. Важно ми е да ја разбирам јас неа и таа мене да ме разбира и меѓусебно да си помагаме и добиваме совет еден од друг кога ни е најтешко. Можеби другите машки поинаку гледаат на оваа тема, ама јас си го кажав моето мислење.
au voopsto ne mi e problem toa sto imam onaka mali gradi ne se sea da si igras najdi ja ci*kata ama sepak mali se....ama voopsto ne mi e namalena samodoverbata nitu pak ke mi bide nekogas i taka super mi e mozam da spijam na strana na stomak nisto ne mi smeta 1-0 ciclesti (se zezam)
Од лева страна е најбитна големината. Џабе имаш се и си најубава ако немашине треба од другото да ја губите самодовербата
Не,зошто некој има ниска самодоверба поради преголеми,а ти еве поради премали. Значи,тоа е ствар на перцепција и себеприфаќање. Кога ќе се прифатиш целосно себе си,и ќе целиш кон надоградување кон работи што можеш да ги промениш(тежина,да обликуваш тело,подобриш стил,се надоградуваш интелектуално),отколку кон работи што не можеш да ги промениш(висина,големина на гради,боја на очи исл.) ќе ја добиеш самодовербата која ти е потребна. Сите се различни и посебни на свој начин. Промени го начинот на кој ги гледаш работите.
Абе будалчиња , 80% од машките што ги познавам сакаат помали гради и цврсти , мислам и тие бабачко цицки отпаднаа од мода . Све е до вкусот на човекот , но ако некој ви набие комплекс удрете шамар , бидејки не гледам овде проблем а некој валда си го бара
Ти си еден од ретките мажи на кои не им е битен обемот на гради на девојката. Често слушам коментари дека женско без големи гради не е женско.
Јас не ги разбирав девојчињата во основно и средно кога ставаа чорапи за да изгледа дека имаат големи гради, за да им се допаднат на најголемите мангупи. И што требаше јас да правам за да им се допаднам на девојчињата? По таа логика требаше да носам два пара гаќи за да изгледам како алфа мажјак. Не туку уште тогаш си размислив и сфатив дека сите тие работи се неважни. Многу поважни се некои други работи на кои ние многу малку обрнуваме внимание и поради голем број се несреќни и незадоволни со својот живот.
Не би требало. Имам многу другарки кои се премногу згодни и заводливи без големи гради. Но лично јас бидејќи ги имам ги сметам како плус за мојата самодоверба.
И јас немам големи гради, но си сум полна со самодоверба. Сега неможе секој да има ем гради ем задник.
Ништо тоа не значи ако личноста зрачи со сексипил,интелигенција,шарм и ако знае како да ги истакне деловите кои смета дека би можеле подобро да изгледаат.Кога на човек нешто друго му се допаѓа кај партнерката се заборава на тоа што можеби ја измачува неа дека може да изгледа подобро...Не треба женските да се замараат со тоа...