Здарво имав секс без кондом прв пат не ејакулираше внатре и не траеше долго....тој тврди дека е здрав но се плашам бидејки имал без и со др девојки...не можам да чекам 3 месеци за да го направам Hiv тестот...постои ли др начин ..што да правам помогнете ми..
Се согласувам со коментарите горе. Ако имал повеќе сексуални партнерки не го жигосувај одма дека има сида. Не се грижи, сигурно шансите се мали освен ако немаш причина да се сомневаш во тоа.
е добро де си се грижи девојчето =) Јас како ултра-хипохондрик истото го помислив после првиот пат без кондом. И одма под рака типот на инфективно. @Силвија, обрати се во МИА, они имаат стрип-хив-тестови, тоа се брзи тестови кои веднаш по боцкањето (од прст) даваат доста точни резултати за присувство на хив вирусот во крвта. (сега ги правеа на аларм, кој сака да си се провери за 2сек. имаш резултати) Но немора толку да се грижиш, ако одностот бил еднаш и ако не си имала добиено, шансите да ти го пренесе вирусот (хипотетички кажано, и ако тој го имал) се 30%, при што има 60% веројатност вирусот да не дошол во контаткт со крв, и 10% да имаш имунитет кој би го одбил вирусот. При крвав секс, и анален шансите се многу поголеми.
Се преплашив кога ја видов темата Силви мислам дека си испаничила малку повеќе, не значи дека има сида ако имал секс со повеќе девојки пред тебе. А и штом ти вика дека било со кондом, зошто не му веруваш? Сепак ако си била толку исплашена, требало да му кажеш дека сакаш да ставите кондом. Ти си направи тест ако сакаш да се испиташ, ама мислам дека дечкото е здрав како што ти кажал. Не се ставај под толкави стресови и не мисли на тоа.
http://www.miaaids.org.mk/ еве ја страната, тука побарај контакт. Ако си од ск можам да ти помогнам. Во секој случај не се плаши, но имаш право да бидеш вознемирана бидејки стапката на ХИВ заболени кај нас е Фрапантна, и најголемиот дел се млади луѓе што е навистина тажно, и точно е дека секој партнер треба да го гледаме како потенцијален носител на вируси (Хив, Хпв, ХбЦ..), за што сум изненадена од некои девојки?
Оф ние во средно волонтиравме во Миа но тогаш беше кај мавровка, сега мислам е преместена. Најди контакт на странава и консултирај се со надлежните таму... ако имаш некој проблем, слободно пиши ми пвт.порака имам некои другарки од средно кои уште се моткаат таму..па ќе дојдам до информации
a mislis ako utre odam da davam krv ako bi imalo nesto ke mi otkrijat a i plus ke pomognam na nekogo ?
КРВОДАРИТЕЛСТВОТО? И тоа е валидна варијанта. Ќе дадеш крв. Ќе си го исчистиш телото, како и крвта. Кесите крв ќе се однесат на лабараториска проверка (за ова треба месеци) за да ги одвојат кесите за дарување - и кесите во кои се пронајдени вируси кои не-се користат. Е сега ако си сигурна дека потоа ќе ти го кажат резултатот (во ред) едно време не ги кажуваа. Но направи го ако ти е најлесно и достапно. Ако не успее ја имаме MIA (најдов контакт) или НА Државната ни Златна Инфективна Клиника Phone: (+) 389 2 3086 120 Fax: (+) 389 2 3086 120 vesnamia@osi.com.mk Во секој случај сончко, од мене ја имаш најголемата желба за Се Да БИДЕ СОВРШЕНО~~~
НИКАКО АМА НИКАКО да дава крв ако мисли дека има шанса да е заболена.. !!!!!!!!!!!! Требаат од 3 до 6 месеци да се докаже присуството на вирусот во крвта со процесите што ги прават на клиника.. не се заебавајте бе со вакви работи. КРВ СЕ ДАВА АКО СИ СИГУРЕН ДЕКА СИ ЗДРАВ, А НЕ ЗА ДА СЕ ПРОВЕРИШ!!!!!!!!!!!!!!!
Добро прашање ...Но пред да се постави треба да се има во предвид дека таа постои ..Некаде по темиве се имам изјаснето на неа.Но денес младите се си знаат и не мора да се каже ... ќе излезе дека некој ги лаже ....
Како прво, да си кажам дека не верувам оти имаш сида, ама штом се плашиш, направи си тест. Не знам додуша колку се веродостојни овие тестови што се прават веднаш по ризичниот однос, ама не сум многу информирана околу тоа, само знам дека тест на ХИВ вирус се прави најмалку три месеци после ризичниот однос. И ум за друг пат - никако секс без заштита со непознати! Нема врска дали имала или немала добиено, вирусот е присутен во предсемената течност, спермата и вагиналниот секрет - според тоа шансите да го добие се големи, а не само 30% како што тврдиш, без разлика што односот траел кратко и човекот не свршил во неа. Не мора да има крв за да се пренесе, незаштитен сексуален однос (вагинална пенетрација) е еден од начините за пренос на тој вирус, без разлика дали има крв или не. Имунитетот тука не игра многу голема улога - самиот вирус го напаѓа токму имуниот систем - поточно негови целни клетки се клетките на имуниот систем, особено т-лимфоцитите - многу важна одбранбена линија во организмот, и токму тие подлегнуваат на тој вирус. Затоа и нема лек, барем не некој познат, досега.
Силвија не паничи пред време! Јас мислам дека шансите се мали, но ако веќе толку се плашиш направи! јас искрено мислам дека нема шанси, ако е така сите би биле заболени сега, бидејќи нели секое машко има секс со девојка,а и таа со некој друг, сега се ретки паровите кои биле девици и двајцата! смири се и не плаши се! па тој не ни свршил во тебе!