1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали мртвите ги цениме повеќе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Wild.Child, 26 јануари 2011.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Најпрво, сакам да спомнам дека ништо лошо не мислам за музичариве што ќе ги наведам, напротив, ги ценам, почитувам и слушам со задоволство. :bow:

    Мислам дека се` е јасно со самиот наслов.
    Ме инспирира вчерашниот концерт во чест на Тоше. Тоше отсекогаш бил славен во нашата држава, тоа е факт, но не можам да кажам дека истото беше и пред да загине. Не ќе беше се` исто да не се случеше тоа што се случи, за жал. Иако, беше на одличен пат за брзо време да стекне светска слава со неговиот феноменален глас и харизма. Сега сите се наеднаш негови фанови. Цел Балкан, па и пошироко.
    Има и безброј други примери, но не сум доволно на ниво да коментирам бидејќи не сум била ниту во план кога починале, па не сум знаела како им течела кариерата предходно.
    Можам да кажам за Курт Кобејн. Човекот за мене е генијалец, ниту во заблуда не помислувам да плукам по неговото дело. Но, по смртта на Курт Кобејн, тој станал многу попознат од порано. Дали тоа го направи неговата мистериозна смрт (самоубиство или сепак не), полните весници со неговото последно писмо, слики, докази...
    Можам да го спомнам и Мајкл Џексон, истите што плукаа по него, откако почина му додаваа епитети како „легенда“, „крал на поп музиката“ и сл.

    Кое е вашето мислење ?
    Важи ли тоа дека кога некој го нема, всушност сфаќаме колку ни значел и сме го ценеле или сепак останува на фразата: „За мртвите се` најдобро“?


    П.С. можете да коментирате за музичари, актери и тн. Затоа и не ја сместив темата во музика. ;)
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас за Тоше на почетокот имав никакво мислење. Воопшто не го сакав. Но понатаму, низ неговата музичка кариера, го ценев се повеќе како музичар. Последниот албум ме воодушеви и тогаш навистина го засакав. И потоа се случи тоа што се случи.
    Мислам дека не е поради смртта, тие што не го сакале, не паднаа на колена после случката, туку само кажуваат добар збор, нели за мртвите лошо не се збори, меѓутоа ништо посебно. Знам добри вакви случаеви, кои и како пејач додека беше жив не го ценеа, а не им се смени мислењето ни после, ама немаше лоши зборови.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Луѓето мислат сега се најдобро за него, затоа што додека беше жив никој не му обрнуваше толку големо внимание. Знаевме дека правеше хуманитарни концерти, но само тоа. После смртта се дозна дека помагал насекаде каде што можел. Јас додека беше жив не ни знаев дека бил амбасадор :^)
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Тоше го земав како пример, да не ме сфатите погрешно да повторам.
    Инаку тоа дека Тоше беше хуманитарец е и повеќе од точно, само што тогаш малкумина беа тие што знаеа за неговите добри дела. Тогаш никој не ни препорачуваше да ги следиме неговите добри чекори, да го земеме за пример, а сега е тотално поинаку...
    Во целина, растев со неговата музика, не сакам никој да плука по неговото дело, ама од друга страна - ме нервира сево ова денешно лицемерие (ако можам така да го наречам). :^)
    Инаку за него, како уметник и човек, симнувам капа. :bow:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Конкретно за мене Тоше на почетокт на неговата кариера не го нешто посебно ценев но со тек на време мислењето ми се смени. Конкретно имаше еден случај кој ме натера да го сменам целосно мислење за Тоше нема да зборувам за што станува збор кога и тој самиот од неговата преголема скромност ги премолчуваше своите хуманитарни концерти. Да познавам многу луѓе кои не го ценеа Тоше но по неговата смрт и е омилен пеач .Конкретно за вчерашниот концерт мене повеке ми наликува на тезга одколку на одавање на почит на личност која за нас треба да е и повеке од вредна
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    навистина чудна работа
    во Македонија додека си жив, не ти обрнуваат внимание а кога ке умреш им текнало дека си постоел мегу лугето
     
    На Queen-Nefertiti му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Одговорот е да. Случајот со Тоше е тука пример што ни е познат на сите, меѓутоа јас можам да ви кажам и за ситуација во која млад дечко (мој братучед) почина пред неколку месеци, дотогаш беше на сечиј пик и не се зборуваше сјајно за него... После неговата смрт, стана почитуван, место истото да му се пружеше додека беше жив.
    Нејсе, таков ни е менталитетот, или таков е човекот... не знам што да речам...
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    ^ Финтата е што не е само во Македонија.
    Така е во целиот Свет.
    Светски познати музичари, актери, лица од шоу-бизнисот... Нашата единствена вистинска музичка ѕвезда ја наведов само како пример.
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Да точно тоа е во целиот свет и не само за луѓето од шоу бизнисот туку за сите додека се живи и поготово малди вакви биле онакви биле а по смртта се најдобро
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Уште еден пример сум заборавила да спомнам, Ксенија Пајчин.
    Тоа е еден голем доказ дека се` се преувеличува. Девојкава освен долги нозе, немаше никакви други добри квалитети. Знам дека не треба вака да се зборува, ама ќе си кажам што мислам.
    Трупче едно обично, балканскиот менталитет е во состојба да го направи ѕвезда.
    Откако почина, профрчеа групи на фејс, Ксенија беше ваква, Ксенија беше онаква...
    Женскава нит сум ја пратела, али од тој еден и единствен спот што го фатив пред ТВ (по смртта, бидејќи ја немав ни сретнато пред тоа) само се тртеше и го канеше типчето со „Ја бих сваки дан дечко ми је уморан...“

    Потоа следеа разно разни лигавештини...
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    2pac исто. Пред неговата смрт, не беше толку слушан, всушност откако умре ја доживеа неговата најголема слава. Не дека не беше пред тоа, ама после неговата смрт, многу луѓе го сменија мислењето за него. Aaliyah исто така доживеа голема слава после нејзината смрт.

    Тоа е така кај секој човек. Такви сме и ние луѓето. И не само кој живите луѓе, туку и кон предметите и кон работите од духовна вредност.

    Кога некој умира - сфаќаме всушност колку придонесол општо за светот, воедно и за нашиот свет. Некој ќе рече, е што направил Тупак за мене?! Лично ништо, но со самото тоа што јас се пронајдувам во некои негови песни е доволно.

    Кога губиме некој предмет знае многу да здоболи, пример едни обетки да ти се скршат, одма ти е жал затоа што те потсетуваат на вечерта кога прв пат си ги ставил, а не пак некој предмет за кој си имал поголема сентиментална поврзаност. Но дури не ти биле скршени, веројатно биле само уште еден пар обетки во твојата кутија за накит.

    Зошто е тоа така, никој не може да одговори, веројатно затоа е што дури е човек жив секогаш кога оформуваме слика за него, ја оформуваме со позитивните и негативните работи, давајќи им мала предност и на негативните, а кога тој човек веќе не е тука, ги гледаме само позитивните работи. А и општо познато е дека е така, се дури нешто не загубиш, не знаеш колку вреди. Жално, ама така е.
     
    На Fallin-ForHisSmile, Phyramide и Alanna им се допаѓа ова.
  12. lovergirl19

    lovergirl19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    ТАКОВ НАРОД СМЕ НИЕ КОГА ЌЕ УМРЕ НЕКОЈ ТОГАШ ЗБОРУВААТ СЕ НАЈДОБРО ЗА НЕГО
    ЕВЕ ПРЕД НЕКОЕ ВРЕМЕ УМРЕ МОЈАТА СОСЕДКА ТАА НЕМАШЕ КАДЕ ДА СЕДИ НЕМАШЕ ПАРИ ЛЕБ ДА КУПИ А СЕГА НА ГРОБ И НОСАТ 300 ГЛУПОСТИ И ЗБОРУВААТ СЕ НАЈДОБРО ЗА НЕА А ПРЕД ТОА ЈА ОГОВАРАА
    ...
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Во врска со селебрити не.
    Значи медиумите се криви.
    Што мислите кој побрзо ќе распродаде карти за концерт Ејми Вајнхаус или Ноел Веб?
    Нормално Ејми.
    Цел живот им е послужен на тацна на медиумите.
    Се дрогирала.
    К*р ги боли.
    Поинтересна им е да пишат за неа, отколку за некој досаден виолинист.
    Можеби Ноел направил нешто што Ејми нема да го направи никогаш,но не е интересен.
    Значи медиумите создаваат искривена слика за идолите.
    Место да ги критикуваат скандалите тие на долго и широко пишуваат за нив, а добрите дела ако ги спомнат во едно мало ќоше.
    Скандалите редовно одат на насловна, златно правило.

    За останатите луѓе (не)селебрити.
    Се почитуваат.
    Не на исти начин, некои поради внимане откако ќе ги нема ќе ги жалаат, но чекај.
    Мајка си го изгубила синот.
    Не го почитувала?
    Блиските секогаш те почитуваат.
    *барем кај мене е така :)
     
    На sadangel и lovergirl19 им се допаѓа ова.
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    И најпознатите писатели станале славни после нивната смрт, зошто е тоа така можеби никој не го препознавал доволно нивниот квалитет или чекале да прават бизнис на сметка на славата од кога ќе ги нема не знам..
    Такви се луѓето, не знаат да го ценат доволно добро тоа што го имаат и да го искористат, секогаш после загубата (не битно дали се работи за смрт или паричник иако не би сакала овие две да ги споредувам, ама ако си ги ценел парите повеќе ќе си внимавал на паричникот) се свестат што всушност се случило и каков квалитет не бил ценет кога требало.
    Затоа луѓето, познатите (оние кои вредат и имаат квалитети) треба да се ценат и почитуваат и кога се живи и кога повеќе ги нема, зошто им е нив таа слава потоа кога не ја почуствувале вистински додека биле живи.
     
  15. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Па мислам дека повеќе се ценат мртвите. Тоа се гледа на дело и кај нас и пошироко. Можеби тоа е така бидејќи додека се живи ги сакаат и почитуваат, но всушност откако ќе починат почнуваат подлабоко да размислуваат за делото на човекот, за тоа колку им значел, што се имаат направено и слично. Сметам дека од таа причина мртвите се повеќе ценети. Не дека онака само зборуваат луѓето, туку дека навистина го мислат тоа. А можеби и не е така, има некои луѓе, немаат свое мислење и им се приклучуваат на мислењата на другите, чисто колку да не бидат потиснувани и да бидат прифатени.
     
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    НИКОГАШ не ја знаеме ВРЕДНОСТА на водата,се додека нејзиниот ИЗВОР не пресуши !!

    Јас би се сложила со оваа мисла. Како што и погоре е даден примерот за Тоше така и јас ќе го искористам тој пример и ќе кажам дека додека беше жив, тој навистина беше добар човек и беше многу хуман. Но ние луѓето како да не ја забележувавме неговата добрина, и кога почина почнавме (ние луѓето) да се ,,освестуваме‘‘ за тоа дека тој беше добар и беше еден и единствен. Имаше луѓе кои го ценеа уште кога беше жив но повеќето сега дознаа за неговата добрина. Мене ми е најмногу жал што добрите луѓе (како Тоше) заминуваат од овој свет :( :worried: :'(
     
    На Queen-Nefertiti му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Во принцип јас сум човек кој - ако не цени некого и нечиј труд, неговата смрт нема да ми смени апсолутно ништо.
    Не се сожалувам, ниту менувам мислење.
    Оперирана сум од таа особина, која воопшто не ја ценам.
    Тука не зборувам само за музичари, актери, туку и за некои рандом луѓе кои сум ги запознала, видела, а ми оставиле впечаток на злобни и изопачени.
    Подоцна пример дознавам дека се мртви, ама воопшто не ме тангира.
    Нека не е човечки, нека е каква сака особина, не сум од оние кои некого мразеле, а потоа - ама душичка беше, ама жално е.
    Кое лицемерие.

    Дел од музичарите, актерите, научниците, писателите славата ја достигнале дури после смртта.
    А некои го допреле врвот додека биле живи.

    Гласам за второто.
    Еве го земам Мајкл Џексон за пример, последните години од кариерата беше просто омаловажуван, иссмеван, маргинализиран... а после смртта доби статус на херој, на борец, и одеднаш - сите го засакаа. Целата нација клекна на колена.
    Истото му се случи и на Хит Леџер, Британи Марфи...

    Ако некого ценам, го ценам додека е жив и поради работите кои ги прави.
    Во моите очи, смртта апсолутно не му додава екстра поени за омиленост.
     
    На Phyramide и Wild.Child им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    За жал важи познатоно - не знаеш што си имал додека не го изгубиш. Спаркс многу убаво кажа, криво ни е едни обетки кога ќе ги изгубиме или ќе ни се скршат а дотогаш баш онака поштено си фаќале прашина и никој не ги ни забележувал.
    Со луѓето или да речеме медиумски познатите личности се случува истата работа. Луѓето дознаваат за нив откако ќе починат.
    Се сеќавам кога бев дете, креле, 7моодделенка. Врзувавме кошули околу половина и правевме шутки на музиката од Нирвана. Потоа почина Курт и одеднаш нашето скромно гранџ друштво стана цело основно. СИТЕ плачеа. Ама Курт, о леле о леле. А чекај ти го слушаше Курт? - Да бе. А кои песни ти се омилени? - Ама Курт олеле олеле! :|
    (Патем утре ќе бидат 17 години од неговата смрт, кој би рекол дека толку време помина?!)

    Општо ме нервира можеби само една работа - што луѓето како мршојадци се нафрлаат на мртви, познати лешови и гледаат сите да ќарат нешто од нивната смрт. Не ми пречи кога некој плаче кога ќе го чуе Тоше, тоа ми е помалку лицемерно и да не речам глупаво отколку кога бев да запалам свеќа после неговата смрт, на плоштад, затоа што сакав и некоја тетка ме реметеше - амури земи свеќи, со слика на Тоше, свеќите во десната а мрсен бурек во левата рака. Ми помина желбата да запалам свеќа.
    Ете токму вакви работи не ценам.
    Или мајка му на Тупак каков одвратен бизнис си направи после смртта на син и. Или Миси Елиот со оние кичести јакни со сликата на Ааliyah или на Lisa "Left Eye" Lopes. Ок, можеби биле навистина другарки ама дај нека има тагувањето и одбележувањето на нечиј живот и дело некое ниво и достоинство.

    И ред други примери. Така да можеби не ги цениме мртвите повеќе отколку во времето кога живееле. Само сме дел од машинеријата наречена - бизнис и заработувачка, и полниме нечии џебови затоа што - тоа ти е оној де пеачон, кажи го де, ама баш е кул. Мртов ама кул.
    Еј а оној Фреди Меркјури што супер песна напраил сеа. (за жал овој муабет реално го чув во времето кога излезе remix-от на песната You Don't Fool Me) |(
     
    На Wild.Child, Theodora и Trendafilka им се допаѓа ова.
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Луѓето реално се плашат од смртта иако е неминовна. Во живиот човек има сила, грациозност на движењето може да има и патетика, ама величественоста на мртвиот е во тоа што никогаш повеќе нема да се помрдне и да биде меѓу нас, освен во спомените. Оттаму потребата да се создаваат убави спомени и да се помнат и ценат на убав начин мртвите.
    Кога дедо ми почина имав неполни 14 год. без некои 2 недели. За цело време не го погледнав ни еднаш додека беше положен на средината од собата. Сакав да го запомнам како човекот кој уште пред да почнам на училиште ме научи на броевите и обични математички пресметки, кој ми покажуваше како се пишуваат буквите кој се смееше со мене и ми читаше делови од весници и списанија и ми ги читаше стриповите. Не сакав да го запомнам како восочна фигура која нема веќе да се помрдне и не го погледнав ни еднаш и мило ми е поради тоа. Бидејќи ми излегува секогаш пред очи убавиот дел од времето поминато заедно.
    И не мора некого да цениме додека е жив, без разлика дали како човек или пак неговата работа. Мене повеќе ми смета кога се плука по некој мртов. Бидејќи реално нити има шанси да се одбрани нити па да поправи нешто бидејќи веќе го нема. Најдобро е воздржување од коментар отколку лоши коментари за мртовец.
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Mислам дека не...може за познатите се дига некоја прашина откако ќе починат,најчесто се дознаваат некои добри дела што ги правеле-и секако да се цени малку повеќе.еве примеров го имаме Тоше,ние што го слушавме го сакавме и ценевме а државата откако почина му оддаде некои почесности-за животно дело и сл,зошто не го ценеа кога беше жив ,сега таквите оддавања на почит не му значат ништо...
    Татко ми откако почина слушнав секакви муабети,кој го ценел го ценел кој не,бетер...дури луѓето му измислуваа секакви болести,не правеа и нас лоши ,неможам све да напишам што не слушнав,и убави и лоши работи...Тој беше златен човек,на колку луѓе им помогна а тие како вратија? Секој заборава на доброто,колку ли само приказни се слушаат кога некој ќе почине-како прво причината ја измилсуваат-бил болен од рак,имал мозочен удар,инфаркт,се скарал со жената му се слошило и ете,многу пиел-и ете,се нервирал за децата-ете деца што ќе ти направат :devil: ,немале пари и ете нервозата кај го однесе :devil: значи сите овие работи ги слушате за еден ист човек-се рабира од различни луѓе...е ова многууууу ме нервира,зошто барем не го остават на мир да почива,мора да се каже нешто?