Се запознав со еден дечко преку интернет.Најправо разговорите беа онака другарски но потоа се зближувме многу си кажувавме многу работи дури и најолемите тајни што не ги знаеше никој друг.Со текот на времето го засакав многу и ми беше тешко да му признаам.Но наеднаш тој се одалечи од мене не ми зборуваше ниту сакаше да слушне за мене а не знам зошто така ниту денес не ја дознав вистината за таквото негово однесување.Така беше еден месец бевме како странци.Но еден ден сам ми се јави и се однесуваше како ништо да не е било.Но во меѓувреме јас дознав дека сакал друга и дека ја мрази многу бидејќи го одбила.Тогаш му кажав дека го сакам но тој ми кажа дека веќе никогаш нема да сака никоја друга.Веќе не знам како да постапам со него на кој начин да му кажам бидејќи тој е малку срамежлив и секогаш кога ќе ме види едвај кажува 2-3 збора.
срцка, прво колку години имате и ти и тој. И од каде тоа дека нема да сака никогаш ниедна друга, да не ме сватиш погрешно, но тоа се муабети на деца, и јас сум била таква до некаде 2, 3 та средно..сум мислела само тој еден е..али не е така.....Објасни ни убаво како што сватив само на нет зборите? Не сте се ни мувале? Ако е така не мислиш дека џабе се нервираш? Види има успони и падови во сечиј живот. Сум се нашла безброј пати во такви ситуации, сум грешела сум страдала, сум плачела, сум молела. Знам дека ке речеш тешко е, го сакам, итн. Али не е се така црно. Ако немаш ништо со него и мислиш дека тој не сака со тебе пресечи уште сега. и како тоа срамежлив е а не се срамел да ти каже дека нема да сака друга!!!
па јас 18 тој 25.Па така тој ми кажа дека нема веќе во животот друга да сака.Јас му кажав не мора да ме сака како "таа" барем 1/8 од тоа што го сакам да ме сака.Никаде нема да најде некоја што ја сака и што ќе го сака истовремено мора едниот да сака помалку а другиот повќе.Па не само на нет и онака комуницирам со него секој трет ден се гледаме.
прво да ти кажам ако некој сака нешто ќе го каже и ќе направи муабет колку и да е страмежлив за ова дека никогаш немало да засака некоја не е вистина, зошто на срцето неможе да му се стави забрана за сакање :? е сега во случајов ти си кажала што си имала да му кажеш и си била фер кон него и искрена...си признала дека имаш одредени чуства, ама како и секое машко со повредено его од некоја претходно сега сите наредни ќе мисли дека се исти и на еден начин ќе се одмаздува за тоа што некоја него му направила....ти си го направила твоето штом тој неможе и несака да ти возврати тргни се и прекини пред да бидеш повеќе повредена! нема да биде лесно ЗНАМ имам поминато низ ваква ситуација пред скоро време....само што премногу време ми требаше да сватам дека нема да добијам ниту едно убаво чуство од него и се се одолговлекуваше до бескрај со прекини во комуникација, па пак како што пиша и ти продолжувавме да збориме како ништо да не било и јас никогаш не добивав одговор зошто така се однесува..... добив само разочарувања од негова страна...и ставив крај на комуникацијата зошто само лошо си правев на себе кога и да продолжев да комуницирам со него....а за него СЕ ШТО Е ЖЕНСКО БЕШЕ ГЛУПО (ова е негова изјава) и може малце покасно но се свестив дека покрај таква личност нема иднина.....истото ти го препорачувам и тебе.... P.S. немој да го молиш за да му ја дадеш твојата љубов....на човек можеш со сила да му земеш ,ама не и да му дадеш....тој несака да ја прифати твојата љубов што му ја нудиш....епа тој губи, а не ти....ЗАЧУВАЈ ЈА ЗА НЕКОЈ ШТО ЌЕ ВРЕДИ!!!
и тебе ли со тоа боже боже и мене ми се случи тоа само кај мене беше машките се попаметни, женските треба да ќутат бла бла.... се сложувам со тебе Александра11..тој не е така мал а не си ни ти.....не го форсирај и дружи се со него а ако ти било судено да си со него ќе бидеш само да дојдат твоите 5 минути, но не го чекај само тој ден, уживај во животот. Твој е и само твој, не дозволувај да ти се расипува ради несигурни особи... Јас илјада пати кажав нема да сакам....но се што доаѓа е поубаво од предходното, затоа и не сме во минатото нели? Се надевам ме разбра што сакам да кажам.
Пробав да прекинам секаква комуникација со него не успеав.Го прашав зошто така се однесуваше а тој ми кажа дека не вреди да се сеќаваме за тоа што било лошо и да продолжиме напред.Од кога го одбила онаа другата се стана како порано што бевме,ми посветува повеќе внимание,секој ден се јавува,ги прашувал моите другарки дали навистина го сакам и други такви работи.
Да те разбрав што сакаш да кажеш и јас му го кажав истото дека има време можеби он еден ден ќе ме сака мене никогаш не се знае. А тој бидејќи е голем инат си мисли дека ќе биде како он што ќе каже.
епа срцка чим он си тера по свое, уживкај и ти терај си по свое нема што да се замараш, извини што сум директна али ти кажувам од искуство уживкај
Како што е почнал да си тера не верувам дека ќе стаса до некаде.Ќе се најде и некоја друга што ќе го одбие ќе виде дека поарно е да ја сака таа што го сака оти можеби нема никогаш да ја има таа што ја сака
извини вака може ќе бидам малце груба и некултурна ама вака ќе ти кажам ДО КОГА ЌЕ ТИ ОБРНУВА ВНИМАНИЕ???...додека повторно не најде некоја друга???...зборел со тебе, во меѓувреме и се пуштал на друга и ја сакал....и прекинал да ти збори зошто мислел дека кај другата има шанса....таа другата го откачила и сега пак се вратил да комуницира со тебе.....а до кога??? додека некоја друга не му запне за око.... не си успеала да прекинеш комуникација со него...совршено те разбирам...но немора да прекинеш да комуницираш...збори но ладнокрвно...колку и да сакаш да бидеш блиска со него во комуникацијата, обиди се да го оддалечиш малку.... вака буквално оставаш се во негови раце....ако тој каже сакам со тебе врска ти ќе прифатиш, премногу лесно му се препушташ, а тој си сватил дека може да те има ако му се присака. Па времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите, немој да правиш работи со кои ќе му дадеш на знаеже дека го чекаш него и дека твоето внимание само нему му е посветено, кога машките ќе видат дека се загрозени и дека имаат конкуренција, а притоа имаат чуства и намери кон некоја девојка веднаш почнуваат да се интересираат и да се активираат...а вака кога знае дека на некој начин те освоил си нема гајле.... на крај па како вели онаа народната КЛИН СО КЛИН СЕ ИЗБИВА ако не бидне ништо меѓу вас нема вечно да го чекаш
Ама работата е тоа што тој кога почнал да и се пушта на онаа другата и кога таа го одбила тој не знаеше дека јас го сакам јас отпосле му кажав кога ја дознав ситуацијата за него и онаа другата.Значи тука не станува збор за некое искористување од негова страна,бидејќи кога му кажав јас какви чувства имам кон него тој почна повторно да ми обрнува внимание. Не знам што дали му е срам да ми доближи или пак е нешто друго. :?
аха епа штом е така....ти твоето си го направила....сега на него останува...како што пишав и погоре...времето ќе покаже, не се потпирај само на таа опција како што ти кажа и другото девојче на темава....забавувај се и уживај...ако треба да се случи нешто меѓу вас ќе се случи, нема потреба од форсирање....
jas moram da iskomentiran na tvojata recenica : Јас му кажав не мора да ме сака како "таа" барем 1/8 од тоа што го сакам да ме сака own: own: own: patetika own: ti bi bila so nekoj koj ke te moli da go sakas barem malce??? ti bi bila srekna so decko so koj znaes deka ljubovta ne ti e vozvratena vo celost? JA - NIKOGAS!!! ke te sovetuvam da si go krenes malku moralot, da ne trcas po nego. zavrti mu grb malku. ne mu davaj na znanje kolku ocajno sakas da si so nego. neka oseti malku deka ne moze da te ima posto on sega znae deka koga i da posaka moze da se fati so tebe. site nie poise sakame raboti koi ne mozeme da gi imame. igraj malku takticki. P.S sovetov e dobronameren!
Со типот што се мував лани 2 пати коа бев у Скопје, вчера пак се видов а цела година така од време на време се договараме да се видиме коа ке идам у Скопје..и така..бев со другарка ми кај него (другарка му е и него од Скопје е) и си седевме цел вечер до касно навечер и си лежевме така..се гушкавме, ама ептен го напалив типот, е сеа проблемот е што незнам дали осеќа нешто или сака само да ме искористи, зашто не се залага да се гледаме нон-стоп него така од време на време и коа ке дојдеш у Скопје вика јави се..којзнае колку ги има иако викаат дека бил многу фин..го нема сеа да се јави..незнам што да праам у фрка сум ??
Чим постапил така значи не си му значела нешто многу! Остави го,ако му требаш ќе те побара. Сдк дека ако обете страни имаат некоја цел ќе успеат,а очигледно тој те сметал само како за рамо за плачење.Толку од мене Александра11.. Фани да ти кажам типот сака да те искористи,ако бил заинтересиран за тебе ќе ти се јавел,вака кога ќе те начека тогаш,него не му е гаље дали си со друг или било што.Тој си е уверен дека еден ден ќе излезиш со него и ќе те има.Затоа не те бара..
Се среди, на почеток мислев дека нешто можам позитивно да најдам кај него ама времето си го покажа своето. Фала многу ипак
Значи дечкото го сакам веќе 3 год. И јас прва му пишав,јас му кажав дека ми се допаѓа многу, и ми рече само дека знајал......хмм..ама тоа беше лани кога му кажав.И сега си пишуваме,2-3 пати имаме излезено,после училиште,поминавме цел ден заедно во друг град,на кафе бевме и се тие работи.Ме гледа така со насмевка,покажува некоја заинтересираност за мене,ама како несигурен,и сега јас мислам дека малку му се допаѓам..хмм..па што мислите вие? веќе незнам што да мислам...се ми е измешано...
Не сакам да те разочарувам стартно ,ама ете знаел 1 година скоро дека ти се допаѓа и не преземал ништо, не дека има правило да пристапи прво само машкото , ама во твојот случај е поинаку , требаше тој да го направи веднаш првиот чекор. Штом не си сигурна не започнувај некоја кратка авантура од која миоже да излезеш повредена , остави малку време да помине , ќе видиш според неговите реакции, дали сака да сте заедно , дали те бара , дали гледа да поминете што повеќе време заедно,а ти убаво среди си ги мислите самата со себе и потоа види што можеш да очекуваш од него и што ке добиеш.
Ве молам за помош... Срце ми испука веќе.. Се запознавме на фб и се среќававме во комби неколку пати.. Му реков дека несакам да се собереме туку само да се запознаеме. И се најдовме пред 2 дена, дојде ме земе и бидна сто бидна. Мислев дека нешто му значам по неговото бакнување толку страсно што не ми излегува од памет. Но незнам што бидна не ми пишува, ниту се јави. Му пишав што бидна, не ми враќа незнам што да правам. Незнам што да мислам ниту што да правам... Може за него било само авантура.
Нит сте се знаеле претходно (Фејсбук и случајните средби не се сметаат затоа што не ни може којзнае како да се запознаете), нит сте излегле негде да си поразговарате како луѓе, туку дошол, те зел со кола и сте се исполапале. Јас вака разбрав. Не велам дека не постојат случаи каде и покрај ваквиот почеток, двајца продолжиле интензивно да комуницираат и да се гледаат и да развиваат некаква врска, ама во твојов случај не ќе да е така. Велиш не ти вратил на пораката.... драга, да сакал да те види пак, сигурно ќе ти врател. А што ти значи она да се собереме?