Како 35 годишна со стабилно работно место, диплома и приходи ( сеуште живеам со моите ) се соочив со проблем. Не можам да дејтам невработени, ниски, без диплома и без сопствен стан ( барем под кирија да е ). И кога ќе размислам, кои ни се опциите? Дали феминизмот не зезна и дали не требаше да дадеме приоритет на стабилна врска, брак и семејство па потоа во рамките на семејството да се доедуцираме и патуваме. Инаку самото образование не го сметам за толкава пречка бидејќи дипломата може да се земе до 22 години што остава доволно време за наоѓање сопруг и создавање семејство. Сега дури и да најдам сопруг, ме плаши раѓањето. Дали е потребна нова насока за жените, ова личи како да не работи ( познавам стотина жени со истиот проблем ) и дали можеме само мажите да ги обвиниме ( сите асолни на моја возраст се во врска или брак ). Помош ! И дополнително, се сеќавам мислев дека на факултет ќе „излезе нешто“ но каде и да се свртев околу мене беа само жени ( социјални науки ) .