1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали нашите мислења се пресудни? Дали имаме опозиција!?

Дискусија во 'За форумот' започната од ale.sandra, 14 август 2010.

  1. ale.sandra

    ale.sandra Нов член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Со оваа тема сакам сакам да потикнам дискусија дали ние што пишуваме на Фемина за различни теми го преставуваме мислењето на повеќето девојки во Македонија,или напротив само 20 или 30 многу активни членови умеат да кажат за било што, како да се од бога донесени на Фемина.

    Имено вечерва кога бев излезена во град се запрашав и јас кога една другарка на другарка ми,ми го плесна во лице кога дозна дека сум член на фемина и ми рече: Вие што пишувате таму не не преставувате нас во никој поглед како женски род. Јас и одговорив па зачлени се и ти па дади свое мислење.Не фала ми одговори,и јас имам другарка што се зачлени и даде свое мислење,и одма беше опструирана од едни исти членови што знаат се.
    -А на моменти и јас помислувам така.. се замислив искрено...
    ПОВЕЛЕТЕ :
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Интересна тема.
    Јас не можам да сфатам како воопшто некој очекува сите да се согласиме околу нешто и да има едно, единствено размислување за било која од темите, а притоа тоа да го обединува целиот женски род, и да не рефлектира сите нас? :^)
    Милион луѓе, милион карактери, а тоа е и целта на форумот, да поттикне дискусија заради различни размислувања.
    Ние и не сме тука да го претставуваме целиот женски род, секоја си се претставува самата себе. Убаво си и рекла, ако имаш свое мислење, зачлени се и дискутирај. И не, јас не добивам впечаток дека има едни исти членови што наводно знаат се'. Полесно ги забележувам само оние кои се крајно вулгарни, непристојни и постојано имаат потреба да навлегуваат во конфликти, а не дека поттикнуваат здрава дискусија, едноставно имаат потреба да се контраат.
    И сега јас треба да речам дека заради неколку такви на форумов (а секако ги има секаде, не само тука), целиот форум е утнат и не го претставува женскиот род во вистинско светло? Апсурдно смешно.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Факт е дека на форумов има такви кои што уживаат да се контраат; такви кои по стоти пат ги прекршуваат правилата на форумот (кои се најобични правила што воопшто не е тешко да се почитуваат) од типот пишување на латиница, отварање теми кои навистина не водат никаде и немаат поента и тн.; такви кои си земаат за право да си го истурат бесот што го имаат кон некој друг или можеби за сопствената ситуација на некој кој во тој момент се осудил да помисли поинаку од нив;такви кои не прочитале поголема книга од весник, ама сепак се "многу" речити: такви кои знаат јасно и фино скоцкано да си го кажат своето мислење без да навредат некој, а сепак да дадат поента која може да ги натера другите што имаат различно мислење да се подзамислат; потоа има практичари, теоретичари, логичари, вечита опзиција за туѓо различно мислење, романтичари, оние кои не знаат кој пат да фатат во животот, оние со јасна цел во животот, песимисти, оптимисти и тн, и тн да не набројувам уште....

    И секоја од нив е своја на свој начин со сопствено искуство макар и за слични нешта и на тој начин секоја допринесува за различноста на форумот, но и за повремените кавги и знаци на виртуелна нетрпеливост. Ако не има секакви овде, тогаш како може да не го претставуваме женскиот род со сета своја разноликост? Секоја членка со својата индивидуа придонесува (позитивно или негативно) за целината на форумот.

    Се извинувам за долгиот пост. :f:
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.707
    Допаѓања:
    150.433
    Не можеш да имаш рандом став за нешто кое не си го искусил,па уште и негативен.Или си хејтер или немаш самодоверба.

    Никој тука со сила не може да натера некого да пишува.Тоа што доминираат пар луѓе е само затоа што имаат побројни мислења од останатите,а не затоа што некој друг ги ОПСТРУИРА останатите кои ете можеби повеќе сакаат да читаат,отколку да пишуваат,па затоа икс број се забележителни повеќе.
    Фемина не е феминистички клан за да претставува женски род,фемина е форум,фемина е отворен и за мажи.
    Фемина е форум,форум е место за дискусија со исти или спротиставени мислења.Ако имаш став и мислиш дека знаеш потруди се да допринесеш по цена и да се конфронтираш.Тука можеш да научиш,да смениш размислување или ти да допринесеш во обратна насока на нештата.Фемина е забава,а не реален живот за да така го разбира некој.
    Плус,како го доживеа ти така со само две напишани мислења?!Плус,денес во 00 и 50 си зачленета,а си и рекла на пријателката неколку часа претходно кога сте биле излезени дека си зачленета?!Хм?! :^)
    Фемина е пријатно и дружељубиво место за луѓе кои се слободоумни и ја разбираат забавата и не го сфаќам насловот на темава,не се вклопува со нејзината идеја и обратно...како тоа пресудни,за кого?!Мислиш како случаен примерок на македонски девојки за да се донесе заклучок?!Каква опозиција?!Оние кои не се присутни тука?! Не е мис на светот или еуросонг,ниту има за цел да се извади просек за некое си истражување,за се пресудни,ниту се нужни.
    Да немаше можност за дискусија,немаше ни да постои опцијата цитирај,туку секој засебно ќе коментираше и тоа ќе беше тоа,па и немаше да мора една меѓу друга да се читаме,затоа што нели,ако имаш спротиставено мислење ќе треба да молчиш.Мене пак ми пречат таквите кои не сакаат да бидат прозвани,испровоцирани,бегаат и се плашат аргументирано да дискутираат,па на сметка на тоа веднаш се вадат дека некој наводно ги опструира,се расправа,ги навредува.Но,не го негирам фактот дека лета по некоја вазна,штикла...на почетокот кога ќе наидев на такви,пристојно ја смирував топката,но сега...морав да си го спуштам нивото,како ти со мене,така јас со тебе...зошто нема начин,нечии хистерии и фрустрации некој тука да ги смирува на мене....нема шанси...

    Сите сме различни и шаренолики и допринесуваме на свој начин,на некого му се допаѓало тоа или не,се додека е во рамките на правилата на форумот...не сме вадени од калап и не можеме да исполнуваме нечии лични стандарди.Кому му одговара,големо повели и добредојде.

    Девојки,значи колку сме моќни а?! :D
     
  5. ale.sandra

    ale.sandra Нов член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Lilit смири се малку не се возбудувај премногу. Ова е форум со правила како што кажа и сама и од типот хејтер, да карактеризираш некој што не го познаваш од само 2 поста е навреда а и да е тоа ќе каже повеќе за тебе .Ти имаш Мислења: 1327 и ти изгледа сакаш да се фатиш баш на секоја јадица..и да напишеш одма. Значи темата ако не ти е јасна а гледам цел ферман напиша е за корисници како тебе кои постојано кажуваат што е исправно,а што не исправно,која тема е добра која не, вака треба не така и слично секогаш и секаде..и баш го дава одговорот "без одговор " без разлика колку ќе пишуваш ти.
    Искрено потајно повеќе би ми значело одговор од некој со 20,30 или 50 поста..а не од од некој со 1327 поста,пошто баш ќе се потврди темата дека е точна а и јас не сакам да верувам.хм ама ... со ова незнам повторно ќе кажам!
     
  6. ale.sandra

    ale.sandra Нов член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    :) Ти да не си од тие што почнуваат да филозофираат премногу.па ќе избегаат од темата ќе ДА а :)...Ако не има секакви различни и го преставуваме женскиот род ..кажи за постот се сложуваш ТАКА Е,или не се сложуваш НЕ Е ТАКА,па да ја видиме РАЗЛИЧНОСТА што ја спомнуваш и ја декларираш или пак сите сме ИСТИ а;) што мислиш ти?
     
  7. ale.sandra

    ale.sandra Нов член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Сега ќе сватиш Си биле 10 девојки во една соба,1 велела таванот е бел,а 9 таванот е црн
    Ти си била една од девојките во собата Trendafilke каков бил таванот? :)
     
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Фемина е место каде секој може да го искаже своето мислење. Што се однесува на правилата тие мора да постојат за правилно да функционира истиот.
    Не можам да се изначудам која е таа женска психологија што цело време потсвесно си мисли дека постои некој заговор на едните против другите.

    Нормално е да има позабележливи членови, тоа се оние со побројни мислења и со мислења кои отскокнуваат од другите. Инаку која е целта на еден форум ако сите подржуваме едно исто мислење. Без различни мислења и здрава дискусија нема напредок и нови сознанија.

    Според мене смешно е да кажеш дека некој зошто има над 1000 мислења според тебе има постојана потреба да се докажува или да биде доминантен.
    Јас мислам дека големиот број на мислења докажуваат дека си човек што размислува , што има став за нештата и истите не се плаши да ги искаже.

    И уште нешто не може некој да пишува по еден пост годишно или да биде само нем набљудувач на нештата и да се надева дека нешто ќе се смени. Така не функционира форумот, а богами ниту реалноста.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Без навреда, ама дали си ти ТАА девојка која ја опструирале, па сега победносно се враќа со нов пристап и просто сака да не' научи лекција и да не просветли сите тука?
    Форумот, меѓу другото е место каде што може да се научи нешто. Свати е со Ф. ;) Значи јас пак не можам да сФатам што очекуваш да одговориме на оваа тема, моето мислење си го кажав; не очекувам, ниту сакам да претставам толпа жени, ниту сум нивни портпарол, слобода на говорот - дојди, кажи си, а не да кукумјавкаш како си дала мислење и пар девојки се завртеле против тебе, па сега готово, си одам од виртуелниот форум, не си играм со вас повеќе, а надвор кај и да стигнам ќе ве ругам, зашто не се согласивте со МЕНЕ! :^)

    "Си биле 10 девојки во една соба.... Секоја чест на оваа аналогија. Прво, јас не сум била присутна во таа соба, ни во најлош сон не би седнала со 10 девојки во иста соба, зашто се суетни, безобразни, плачки, љубоморни по природа... (а зошто сум на женски форум - еве веднаш ќе ти одговорам, од ЗАБАВА). Ама, ако ги начекам надвор и 9 ми речат таванот е црн, и само една дека е бел, нормално дека ќе им поверувам на девет други отколку на една која очигледно си ја трескала главата од ѕид, па немала ни време да ја види бојата на таванот...
     
  10. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Прво,ако според тебе искажување на мислење е филозофирање, само поради тоа што не сум се согласила со тебе тогаш во која група се вбројуваш ТИ, во мислители или филозофи. Јас си кажав што мислам за твојата поставена тема (иако има недоволно дефиниран наслов, сепак не ти прокоментирав за тоа). На форумот не има РАЗЛИЧНИ и нормално е да има спротиставени мислења. НИКОЈ од форумџиките не е главен или пак има поголеми права од другите! Еве ти чист пример:Јас сум релативно нова на форумот, околу 3 месеци, и како релативно нов член ниту еднаш не се почувствував дека кога се зачленив ме нападнале "главните" на форумов, па јас сум преминала во опозиција. :fubar:
    Впрочем за тебе добивам впечаток дека што и да напише некоја друга членка на форумов ти уште на непрочитано мислење ги наоструваш ноктите и спремна си за напад. ФОРУМОТ НЕ Е ПОЛИТИЧКА АРЕНА, ПА ДА СЕ ДЕЛИМЕ НА ПОЗИЦИЈА И ОПОЗИЦИЈА! Во него има категорија за политика и доволно теми, па можеш таму да пишуваш за опозиција и власт.
    И пак ќе повторам, за да не испадне дека избегнувам одговор: НЕ МИСЛАМ ДЕКА ПОСТОИ ПОДЕЛБА НА ОПОЗИЦИЈА И ВЛАСТ Т.Е. ПОЗИЦИЈА НА ФОРУМОВ. СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ И СИТЕ ИМАМЕ ПРАВО НА СВОЕ МИСЛЕЊЕ!

    п.с.: Под дискусија се подразбира да си го образложиш мислењето, а не сувопарно да одговориш со ДА или НЕ.
    Поздрав и секое добро.
     
  11. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Јас не би се вклучувала во оваа тема многу, само во неколку наврати до сега осетив на на форумов има еден табор од девојки, кои толку многу се сакаат меѓу себе, па во многу случаи не се објективни...Еве на пример - јас сум влегла во остра дискусија со една од нив и гледам одма се уклучува друга од таборот и ја брани...Не дека толку и битно да ме победи во дискусијата, туку да и докажат на preetygirl-J, дека е непожелна на форумов, предизвикува нонстоп кавги, провоцира итн...Значи потенцирам :!: Ова кај неколку девојку го приметив, 5-6 некаде..Не важи за сите, да не ме сфатите погрешно :!: Или се десило еднава да и пише на другата(тие што од ист табор..) - "Другарке", остави ја preetygirl-J, не се замарај со такви како неа, фрустрирани, незрели итн..Еее, тоа е клучното што најмногу ме нервира на овој форум и баш од тоа произлегуваат моите цинични постови и провокации..Токму од таа причина.. :!:
     
    На SieIstDieSonne му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    Shto e temava.??...ne razbiram.!!
    i shto mu trebalo na avtorot nov nik...
    za da postavi dve prashanja... :^)
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Е Марли тоа да видиш. Најверојатно авторов на темава бил изгонет од форумов на најнеубав начин па сега го "возвраќа ударот".
    Значи читам и се чудам... Па добро бе, форум е ова. Форум - не живот. Зошто се мора да се сфаќа здраво за готово?
    Конкретно за авторот, ако си го напуштил/а форумов имало некоја причина. Зошто се враќаш пак? За да ствараш немири? Не ја сфаќам поентата упорно да се удира со глава во ѕид.
    И јас сум била член на друг форум, не ми чинело повеќе, чао пријатно. Се прилагодив на фемина и супер ми е. Ако ти е до толку дојдено до форумџиски живот, топло ти препорачувам да се зачлениш на друг форум.
    Не ми е јасно, што е убавината да се враќаш некаде од каде што си избркан буквално како последно ѓубре?
    Не зборам дека авторот бил избркан одовде, можеби, можеби и не... Ама повеќе ме асоцира на тоа што го кажав во првата реченица. Да се зачлениш на форум само за да ја отвориш темава... Незнам, некако чудно ми е... :^)
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.707
    Допаѓања:
    150.433
    Најголемиот контраш,философ и опструирач (како што љуби да каже) ја отворил темава,а што е најинтересно,се пронајде во мојот пост во делот хејтер,кој патем беше онака кажано или во најмала рака се однесуваше на твојата пријателка која на не видено коментирала,но најверојатно си ти таа личност,ама заради недостиг на сигурност се задскрила на тој начин затоа што немаш осет за реален и виртуелен свет,па толку бурно си го доживеала,па до таа мера,прво па машко,оп ваква тема и мислење на ниедна друга.Или е втор јузер или твоето второ име е кибритче.
    Јас не се возбудив,јас дадов најобично мислење со најсмирен тон,кажи си го тоа сама на себе и ако можеш да забележиш,со секое мислење на темава ти не се согласуваш.Е тоа е веќе проблем.Ако ти не можеш да согледаш обично мислење,да разбереш што сака да каже авторот и толку бурно го доживуваш,немој девојко,не се мачи и не не мачи нас тука,со вакви неосновани теми.Јас ја разбрав темава,ти не си го разбрала форумов,а феминистки со лопата да ги ринеш,а утре врата чекаат да им отворат.Ма ајде...
    Јас на форумов не сум од вчера за да зборуваш за бројката на моите мислења,а за друго да не коментирам пак...да не те повредам,не сакам да те потресувам непотребно,па ќе премолчам.
    Нека биде фин авторот на темава,затоа што ние сме проста маса и не ја разбравме темава,сликовито да ни ја објасни,без при тоа да користи споредби со тавани и глупави девојки (патем,умна,сите комплет не навреди,демек мнозинството се глупави тука,а ти најпаметна од сите тие и си идеален примерок на жените во Македонија) и нека каже како тоа треба да изгледа форум фемина,многу ќе и бидеме благодарни.Да ни го трасира патот,зошто ние сме слепи и глупави и не знаеме каде одиме.
    Со Трендафилка се согласувам по темата,сами со 9 жени во соба...ни во лудост!Ова ако го прави една жена на форум,можете да замислите 9 жени,соба,па уште со ЦРН плафон и една луда што ги убедува дека е бел?!Ма нееееееее!!! :D :D :D :D
    И конкретно за мислењето на Притигрл Ј...сум те закачила,ќе те закачам пак на некоја тема,зошто претеруваш,затоа што има делови кај тебе што исклучително многу нерираат,но тоа е наш проблем зошто дозволуваме да не нервираат,но имам основна почит кај тебе зошто имаш храброст вака или така да речеш,јас сум таква,претерувам и сум каприциозна и крај,за разлика од други девојки кои не го признаваат тоа кога претеруваат и се крајно безобразни,а се лицемери кон себе и останатите.
     
  15. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Нашите мислења, пресудни за што?? Убаво кажа Трендафилка, ова е форум каде што секој си кажува свое мислење, не сме ние тука да го браниме и застапуваме женскиот род! друга работа, се согласувам и со Лилит дека можеби ТИ си таа “другарка“ што има таков став за форумов но нема и храброст тоа да го каже! па се крие зад личност што можеби и не постои! Си се зачленила сигурна сум повторно и отвараш тема што нема баш некоја смисла и почнуваш да се расправаш со другите! што е тоа? виде дека не се согласуваат со тебе и почна жестоко да настапуваш, а го потенцираше тоа како негативна страна на форумот! не те разбирам и не разбирам кое ти е местото тука! поздрав!
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Истото не го разбирам и јас. И ми мириса на некој баниран член кој се вратил по одговор на 3 - 4 прашања. |(
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ниту јас :|
    Прити, не си земај се при срце, форум е ова...

    И како, што кажа Трендафилка, не ги претставувам, ниту пак САКАМ да ги претставувам девојките во Македонија преку моите постови. Тука сум за забава, да отепам време и да си ги разбистрам мислите од секојденвните глупости (не дека овде ги нема). Крај краева, форумот не го направила Владата, за да ја следи ситуацијата на размислувањата на жените во Македонија, туку група млади луѓе (кои го направиле од онаа причина поради која повеќето сме тука - за ЗАБАВА).
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.496
    Пол:
    Женски
    Да, нашите мислења се пресудни. Се што е кажано тука на форумов е факт. Опозиција нема никаква, се исплашила од позицијата. Оф леле... |( Болест еј :?:
     
  19. ale.sandra

    ale.sandra Нов член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Значи од лицемерните и љубоморните во собата како што ги нарече ти добиваш точен одговор: )), таванот е црн за 9 девојки па нормално и за тебе е: : )))! Сега ние јасно драги мои како се одвиваат работите на форумот..и секаде по пасиштата кај што се повеќето овци и другите се тепаат да се втурнат таму што повеќе..не дека има трева таму,ама таму одат сите : )).

    п.с Не се секирај ти не си од таа 1 што ќе каже таванот е бел,тестот е од психологија на универзитетот во Стентон не е страшно,пикни се во толпата и викај ура како другите...
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    ^
    А што бараш ти во оваа толпа? :^)