Не знам дали темата одговара за овде, преместете ја ако не е соодветна Дали некој некогаш ве бакнал без ваша дозвола? Со кој било тоа? Како сте изреагирале во оваа ситуација? Како би изреагирале доколку ви се случи ова? Мене не ми се има случено и дури и да ми се допаѓа личноста не сакам вакви,, изјави'' на симпатии. П.С.Ако е темата глупа или веќе ја има тогаш слободно во канта.
Ја секогаш прашувам "Сакаш бакнеж?" доколку мислам дека моментот е тој. Сигурно си е сигурно, а и така се одбегнуваат незгодни ситуации .
Ми се случило двапати, во образ. Типов ме застанува во Скопје, збори на англиски, ме прашува кај е Веро-Џамбо. Бидејќи бевме блиску, му викам минувам од тука ќе ти покажам и само што стигнаме пред Веро ме бакна во образ, нормално изрегирав БРУТАЛНО, со реченицата, што ти е бе ненормален ?? Sorry not sorry ама не размислувам трезвено во такви ситуација, може и го удрив не се сеќавам. Вториот пат во дискотека, типов ни го знаев, ни го познавав, изреагирав исто како и првиот пат .
Да , првиот пат мислев дека е нешто не знам вау можеби дека ми се допаѓаше и едвај чекав да се деси нешто измеѓу нас. Потоа имав џентлмен дечко кој за првиот пат и да ме гушне ме праша и да ме баци. После него се деси вториот пат е тој јадеше шамар да два дена му ѕвонеа ушите ! Ко ќе ме видеше мењаше улица.
На сила не беше баш ама изненадно и тоа како. Седевме друштво и со дечкото си се свиѓавме одамна ама никој немаше преземено прв чекор. И така размуабетени некои без веза муабети и едниот другар му вика на овај што се свиѓавме :ај дека не можиш да ја бакнеш! Дечкото се заврте до мене седеше и така убаво ме бакна. Јас не знаев како да реагирам, од срам станав си отидов. Наредиот ден се правев дека ништо не било, ама после разговаравме бидна повеќе од еден бакнеж.
Феминка ми е идол. Толку. Иначе да. Реков дека не сакам. Тоа значи некогаш за нешто повеќе ако сака му речам не ќе ме силува.
Па нема песни да му пеам.Ако кажам не, значи е не, а он ако не сфаќа, може главата уште да му е мавана. Нека проба да те силува
Не ми се случило и не знам како би реагирал, ако е cute ќе бидам океј со тоа, ако не е cute, нема да бидам океј, ама не верувам дека негативно би изреагирал.
Не е пристојно, не е убаво, и не е здраво све што се прави на сила. Ме нема бакнато до сега никоја, ниту пак сакам да бакнам некоја на сила.
Мислам дека насловот треба да се смени од на сила, во неочекувано. Јас така го сфатив воведниот пост. На сила секако никој не сака да биде принуден на ништо.
Ако мислиш дека женско ќе те бакне на сила тоа чисто сумњам, веројатноста е 0.00001%, едино машко ако сакаш