Дали образовниот систем е добра средина во развојот на децата

Дискусија во 'Образование' започната од Wideperpetual, 18 април 2023.

  1. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Незнам дали има ваква тема мислам дека не ако евентуално има нека го пренесат постот модераторите.

    Имено мислам дека сите како деца сме имале одреден вид на аверзија кон школо од типот не ни се станувало рано наутро, сме оделе со стрес дали нешто не сме донаучиле и ќе добиеме помала оценка. Потоа притисоци од домашните дека мораш да учиш за кога ќе пораснеш да бидеш тоа и тоа, па казна од родителот ако си добил помала оценка или награда ако си ја поправил, компетенција и споредување со други деца и навлекување на комплекси уште од најмала возраст ...

    Иницијално ова се проблеми што едно дете уште од најмала возраст се соочува и се наоѓа под стравичен притисок и стрес да испорача одредени резултати што од старт делува негативно и погубно по неговиот развој.

    Понатаму ќе продолжам со средно училиште и тука истиот проблем можеби уште поголем бидејќи детето треба да одбери некоја насока и струка околу која ќе го гради идното образование па наметнување волја од родителите што да запише па повторно притисоци околу оценките, бегање од часови, иживување од наставниците, булинг меѓу децата, учење на непотребни предмети и пренатрупани материјали и т.н.

    И ќе завршам со факултет кадешто човек конечно треба да дипломира и да се оспособи за работа.
    Но праксата покажува нешто сосем друго големо мнозинство од апсолвентите излегуваат речиси без никакво практично знаење и способност за работа. Па мораат да стажираат, да посетуваат накнадно обуки и курсеви за да се оспособат а претходно учеле невероватно обемни материјали и предмети што теоретски нема да им затребаат никогаш во животот.

    Би сакал да се отвори една дебата околу образовниот систем дали е добра средина за развој на децата и дали продуцира здрави и квалитетни индивидуи.

    Повелете споделете мислења :)
     
    На _Schmetterling_, sonuvana, Tanjamm и 9 други им се допаѓа ова.
  2. The Everlasting

    The Everlasting Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2022
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Не е далеку од вистината ова што си го напишал вака како што е дефенитивно има недостатоци и е прептеретување и малтретирање на децата.
     
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Има што да се дикутира на темава, битна е, широка е и моментално е актуелна кај нас.
    Насловот на темата и она што е пишано на почетокот ми даде впечаток дека дискусијата е првично дали треба да се образуваат децата во училиште или образовните институции, т.е. низ системот како што е поставен или некој друг вид на неформално образование е подобар.
    Ова е прашање е актуелно и пошироко низ светот.
    Нашите закони наложуваат задолжително основно и средно образование за децата, и тука нема други опции..

    Во последно време гледам во Америка дека се почесто децата ги школуваат од дома и не ги пуштаат децата да одат во регуларно основно училиште а ист тренд има и во В. Британија.
    За тоа детето да не посетува настава во школо, не мора да има реална причина, како на пример здраствени хронични проблеми или бихејвиорални проблеми, чести преселби со семејството и номадски стил на живот или слично.
    Доволно е само родителот да сака да го повлече и да си ја преземе обврската да го школува по педагошките програми и учебници кои владата ги одобрила. Се почесто на ова се одлучуваат заради идеолошки разлики со традиционалните училишта.
    Кај нас оваа опција, барем во таква форма каква што ја практикуваат таму, не постои.

    Ги следев објавите на овие родители и како и на што ги учат децата во домашни училишта.
    Видов некои предности ама видов и некои недостатоци.
    Предностите сите родители ги истакнуваат и за нив тоа се најбитните придобивки за нивните деца. Недостатоците не ги споделуваат, но мислам дека тоа не е затоа што нема недостатоци.
    Мислам дека добар дел имаат деца од помала возраст па можеби некои ефекти стануваат забележливи кога детето ќе порасне и ќе треба да се вклучи во светот.

    Добар дел од ова што е напишано погоре како негативно искуство од формалното образование со домашното образование го немаат.
    - имаат децата слобода, флексибилно време кога учат, немаат пат до школо
    - битно е да научат а не да имаат висока оценка, со тоа немаат стрес заради компетиција со други деца,
    - го немаат стресот од надворешен авторитет кој ги оценува, зошто нивните родители им се наставници
    - со секое дете се работи поединечно така што наставата ги има сите придобивки што ги дава индивидуалниот час и може да биде прилагодена за самото дете и неговото ниво на постигнување
    - се учат многу повеќе практични работи, зошто родителот може на своја иницијатива да подучи за некоја наставна лекција преку соодветна активност во домот, проект или работилница
    - многу родители сметаат дека имаат поголема контрола врз она што им учат децата, и на овој начин децата ги научуваат и на работи кои навистина ќе им требаат подоцна како возрасни а кои што не се учат во формалното образование. Или како што е пишано погоре учат нашироко за една научна област ама не знае да си ги среди сметките или да напише формално писмо. Ги учат во склад со своите религиозни убедувања и систем на вредности.

    Ама од сите предности воедно излегуваат и сите недостатоци:
    - нема трошок за транспорт и храна но имаат големи трошоци за родителите, треба да купат се што треба за една настава,
    - бара голем ангажман и посветеност од родителот, т.е. полно работно време, планирање и секако дисциплина
    - нема големи класови ама е детето по изолирано социјално, нема ни доволно социјализација, а ова е ептен битен момент, особено што после училиштето треба да се вклопи во социјалните кругови
    - компетицијата може да е и корисна за детето, не само штетна (добива претстава каде е меѓу врсниците и гради пореална слика за себе)

    Така да не мислам дека формалното образование е лошо како систем.
    Треба да се менува и развива и пред да се менува нешто добро да се размисли.
     
    На sonuvana, Victorian, Wideperpetual и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Нашиот образовен систем би го оценила
    5/10
    Севкупно.
    Основно, средно, факс
    Треба да се работи на прогрес, нови материјали, постручни професори, да знаат како да им се доближат на учениците/студентите, како да го направат интересен часот
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Лош образовен систем, децата учат напамет без желба да научат. Статистички гледано во поголем број искачаат неписмени и недоволно едуцирани индивидуи после завршување на основно и средно школо па дури и по завршување на факултет а толку години поминале во таканаречена едукација или во превод програмата е така направена за да продуцира робови а не високо квалитетни и независни кадри.

    Предностите од алтернативното хоум скулинг се многу поголеми отколку во формалното образование.
    - поголема посветеност во учењето.
    - учи да размислува и критички да ги анализира сите дадени податоци во учебниците.
    - нема социјална дистракција, учи за себе а не да импресионира небитни професори и деца.
    - повеќе слободно време да научи нешто дополнително вон програмата.
    - пракса (која што е апстракна именка во формалните училишта)

    Освен социјализацијата која може лесно да се компензира и надвор од школо не гледам друг недостаток во учењето по програма од дома, плус тоа што у формално школо не можеш да си ги бираш другарите туку како ќе ти се паднат така а и сите пропратни потенцијални проблеми и девијантности кои ги носи формалното школо.

    Само што законот не дозволува алтернативен тип на едукација и тука паѓаат у вода сите теоритизирања за подобра опција.
     
    Последна измена: 19 април 2023
    На Victorian, Directioner005, Wideperpetual и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Незнам од каде да почнам, реално имаме многу лош образовен систем. Немаме соодветни учебници, немаме добар кадар, се бараат секакви материјал да се обезбедаат од страна на професорите (пр. мора голем тетратки да имаат 100 страни да бидат со здебелени корици, темпрени бои од одредена марка неможе било каква..) без да се земе предвид финансиската ситуација на родителите. Од друга страна и учениците и студентите се пренатрупани со обврски, со притисоци од родителите.. Немаат сите исти интереси неможат сите да завршат факултет и сите да бидат најдобри.
    Се учат премногу непотребни, работи учиш 1000 страни теорија за испит која што во пракса никогаш нема да ја искористиш или нема да знаеш да ја искористиш (учиш теорија за микроскоп пример од слики гледаш како изгледа му ги учиш сите делови како се гледа од микроскоп и ред други работи а во пракса не ти е покажано како тоа се прави, ама важно ти теорија мора да знаеш) , наместо тоа може да порастерети таа теорија и да се учи она што ќе ти треба, да научиш да работиш, да бидеш способен, колку толку, за самостојна работа по дипломирање.
     
    На Victorian, Directioner005 и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  7. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Да да дефенитивно мислев на homeschooling како алтернатива на формалното образование. Захтева работа и посветување на време со детето веројатно и повеќе трошоци но според мене дефенитивно е подобра опција од јавното образование и понормална средина без стресови и притисоци каде детето ќе развие вистинска желба да учи и нема да го осеќа тоа како наметнато и да ствара аверзија кон школото уште од најмали години. Кои се предностите мислам дека ги набројавме единствен минус е мањак на социјализација но и тоа е решлив проблем со оглед на тоа дека децата имаат доста другари и надвор од школо дали деца на пријатели на родителите, комшии или роднини небитно имаат со кого да социјализираат и без школо.

    А јавното образование треба да претрпи доста промени и реформи додека стане нормална средина за развој на едно дете. Од скратување на материјалите за учење, укинување на одредени непотребни предмети до ставање многу поголем акцент на практичната настава одколку на теоретскиот дел.

    И не е само тоа јас мислам дека и самите факултети се сувишни и нарочно наметнати да се малтретираат децата максимално за после да станат робови послушни на системот. Добро би било средното образование да има поголема тежина и вредност . Ако има квалитетно средно образование и добар практичен дел кадешто децата навистина ќе стекнат практични вештини да владеат одредена струка и се научат да работат тогаш е непотребно запишување на факултет и губење уште најмалце 4 години од животот во бубање на теорија и кркање нови стресови кога тоа може да се заврши само со средно стручно образование и детето веќе на 20 години да биде зрело и способно за работа.
     
    Последна измена: 19 април 2023
    На _Schmetterling_ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.442
    Реално, нас ни фали стариот образовен систем на ред и дисциплина, а потоа обемно образование. Нашата држава функционира благодарение на тие добро потковани кадри. Денешните деца ако не отворат интернет и сами да се доедуцираат, од нашево образование нема шанси да научат нешто. Јас разговарам со програмери кои ми признале дека доколку не посетувале онлајн курсеви, немало шанси да бидат тоа што се сега, бидејќи во средно и на факултет не ги научиле ништо.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Убава тема. Точно е дека родителите имаат одредени очекувања и вршат голем притисок. Сум го видела тоа околу мене. Родителите премногу се мешаат, а многу често и ги преценуваат своите деца. Со тоа само им прават зло. Нашиот образовен систем е лош. Што ќе ми е латински јазик? Што ќе ми е филозофија? Што ќе ми предметот логика што го учевме во гимназија? Премногу хемија, премногу физика, премногу математика. Фали пракса во Македонија. Добар дел од луѓето ќе завршат факултет и поим немаат од реалната работа. Тој кадар може да има и 10-ки во индекс, а во пракса да се покаже како нефункционален.
     
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Понеобразовани ќе излезат од училиште.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Нема потреба од обемно образование и пренатрупани учебници со теорија токму во тоа и лежи проблемот. И ноторна лага е дека порано се учело повеќе. Имало повеќе дисциплина да но многу поквалитетни кадри излегувале баш поради тоа што не учеле толку обемно теорија. Слушав еден доктор во емисија каде признава дека кога тој студирал материјалите биле доста помалце оптеретени со теорија не учеле како сега од учебници со по 1000 страници туку акцентот бил повеќе на практичниот дел. Баш во тој дел треба редуцирање на материјалот и укинување на некои непотребни предмети и ставање повеќе фокус на праксата.
    А да не зборуваме дека порано за одредени струки воопшто не требало факултет на шалтер, во администрација, во банка, сметководител и многу други струки можел да работи и човек без факултет. Денес за сето ова се бара факултет што е уште еден проблем средното воопшто не се цени и нема никаква вредност мора факултет што е самото по себе оксиморон како и цел образовен систем.
     
    На Aнонимус_ и Gornn им се допаѓа ова.
  12. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.442
    Мислам дека не е проблемот во тоа колкав е материјалот туку што всушност се бара од материјалот. А претежно се бара само она суштинското, а цели лекции на памет (така беше во мое време). Е сега, оној кој што го интересира конкретниот предмет, има можност да научи се што нуди предметот и да биде поткован до знаење, додека другите ќе го научат она суштинското и ќе поминат. Најважно е да се истренира мозокот да препознае кој е суштински дел од материјалот.
     
  13. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Моментално во Австралија се почесто родителите се одлучуваат на ваков чекор со една единствена цел. Да ги заштитат децата од гадни и непотребни предмети и идеологија што страшно се форсира. Малите деца немаат потреба од "Такво Образование". На времето не оделе во школо па здрави живи сега ова во "Запад" не може да се рачуна како "Образование".
     
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Најдобра можна опција и покрај недостатоците на кои треба да се работи.
    Противник сум на индивидуална настава. Најмногу поради тоа што детето треба да е окружено со врсници, за да има правилен развој. И "слобода" од родителите, бидејќи истите од најдобри намери највеќе грешки прават. Замислете колку свои стравови, ставови, предрасуди и нереализирани соништа би им наметнале на сопствените деца. А што би било со оние деца чии родители се незаинтересирани за образование?
    Децата уживаат на училиште и покрај сите стресови,кои се само вовед во животот. Се случува поретко некој поголем проблем,како малтретирање од наставник или соученик, но тоа родителот треба да го реши.
    Подобро да се смени училиште,отколку да се затвори дома да учи само или со помош на мама и тато.
    Секој си бара свое друштво,најприродно е така.
     
    На Gornn и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Не е воопшто природно и нормално едно дете да расте и се развива под стрес како подоцна во наводници подобро би се снаоѓал со животните проблеми ова е тотално неточно.

    Сите стресови и ментални болести што доаѓаат во подоцнежни години се производ на стресови или малтретирање на децата уште од мали што во домашен што во школски амбиент.

    Децата btw не уживаат воопшто на училиште сите сме биле и сите знаеме како е буквално сме славеле кога сме можеле еден час два да си отидеме порано дома или кога имало празен час и некој наставник не дошол на школо а во тој ден требало да испитува, сме биле среќни дури и кога ќе се разболиме само да не одиме во школо неколку дена. Единствено што сакаат децата од школо е дружењето а самиот образовен систем им предизвикува стрес и притисок.

    А што се однесува до малтретирање од професорите и соучениците и не е така ретка појава во homeschooling барем може секое дете да бира со кого ќе се дружи, во школо не е така туку како ќе му се падни класот. И не е решение менување на училиште па пак наново адаптација со нов сет на деца и дополнителен стрес.

    https://www.facebook.com/sitelmk/videos/1388068278397892/?mibextid=yeseh4

    Еве нешто во прилог на ова што го зборувам. При вакви поразителни факти не знам како може некој уште да тврди дека училиштата се добро место за развој.
     
    Последна измена: 22 април 2023
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dayandnight

    Dayandnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2022
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.470
    Пол:
    Женски
    Kakov obrazoven sistem kakvi gluposti,tesko na nekoe dete so saka da uci,nemame drzava ni sistem,od ovie generacii tesko nekoj da bidi obrazovan vo vistinska smisla,se ojde nepovrat
     
    На AneSk и Gornn им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Во право си дека стресот кај децата во училиште не им прави ништо добро на долги стази, ама тоа може да се промени со вработување на кадар што е спремен од педагошко-психолошки аспект, значи знае да ја направи средината за учење пријатна за секое дете и да работи многу на санирање булинг. Сегашните наставници немаат доволно обука ни за едното ни за другото.

    Да не заборавиме дека и голем дел од стресот поврзан со училиште доаѓа од дома, од притисокот да се биде најдобар, да не се згреши итн.

    Со homeschooling не се решава ништо, само е уште една опција која не мислам дека е подобра. Многу се губи од социјализацијата, а и никој не гарантира дали тој родител е спремен да му пружи сестрано, објективно и фактички точно основно образование на детето.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    На дружењето и мислев.
    Што се однесува до стресот поради учењето и оценките, комплексно е и крив е целокупниот систем од погрешни вредности....
    И родителите и наставниците се негов дел. Но,тоа не значи дека едно лошо со полошо треба да го замениме.
     
  19. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Не би се согласил дека вработување на добар кадар од психолози и педагози ќе го решат проблемот. Едноставно имаш деца што доаѓаат од дисфункционални семејства и прописно се уште од мали психопати и ги малтретираат соучениците и психички и физички. Тука не помага ниту еден педагог и психолог а нема механизми таквите проблематични деца да се дислоцираат во посебни класови или посебни училишта.

    Со homeschooling поголем дел од овие проблеми се решаваат единствено пострадва малце социјализацијата но и тоа лесно се компензира децата многу лесно можат да пронајдат другари и надвор од школо дали деца на пријатели на родителите, комшии, роднини небитно голема предност е што самото дете може да избере со кого ќе се дружи со кого не и не е приморано да трпи одредени ликови во цел образовен процес.

    А должноста на родителот и одговорноста е секако поголема и си бара поголемо посветување кон детето што е многу повредно од било кој професор што ќе му го даде на училиште кој работи за плата и не секој професор е заинтересиран да ги научи децата. А детето ќе развие многу поголема желба за учење растеретено од стрес и наметнат авторитет од школскиот систем, ќе научи многу повеќе и ќе има многу повеќе слободно време и безгрижно детство што би требало да биде основен постулат за секое дете.
     
    На minneymouse82 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Има деца кои малтретираат други деца, родителот мора да реагира и да го реши проблемот. Погрешно е да го чуваш сопствено дете во стаклено ѕвоно поради слични.

    Ти можеби мислиш дека си или ќе бидеш прекрасен родител, кој знае многу подобро од сите наставници, но само ќе си го угушиш сопственото дете, кое треба да има своја слобода и интереси , кои тебе можеби и нема да ти се допаднат.
     
    Последна измена: 22 април 2023