Што мислите дали, повеке боли, нашиот неуспех или тугиот успех? Размислувајки вечерва на оваа тема дојдов до некој мој заклучок што немора да е точен, дека нас всушност повеке не боли тугиот успех отколку нашиот неуспех. Наместо кога ке видиме дека некој е успешен да ни биде мило, да се радуваме, на неговиот успех ние гледаме или да го накодошиме, или се трудиме да му поставиме сопки, ако и тоа не помогне се лепиме за него со двете раце, и го влечеме заедно со нас во провалијата, во која што сме.
Дали повеке боли тугиот успех, или нашиот неуспех Ако се погодат истовремено болат и двете... Иначе, мене лично туѓиот успех, воопшто не ми пречи. Напротив. И не си го хранам егото со туѓ неуспех. Ниту го дозачинувам.
Дали повеке боли тугиот успех, или нашиот неуспех Апсолутно повеќе ме боли мојот неуспех отколку туѓиот успех . Си имам зацртно свои цели во животот кои планирам да си ги реализирам и се стремам кон тоа , немам време да размислувам дали на некого во животот му е подобро или полошо од мене . Важен е и фактот што немам непријатели или пак луѓе кои мн ми згрешиле во животот , а доколку би имала си признавам дека би ме заболел нивниот успех , но секако не би се оптоварувала премногу со тоа .
Зависно од карактерот и амбициите на личноста. Онаа личност која нештото го работи за себе, за своја сатисфакција и свои достигнувања, а не за да се докаже пред другите, нормално дека ке ја боли сопствениот неуспех. Но на денешно време се најчести случаите каде што луѓето гледаат едни од други. Постои онаа огромна доза на инаетливо-љубоморна компетитивност, па неретко се среќаваме со луѓе кои воопшто не се заинтересирани и уште помалку упатени во некоја област, но упорно се упикуваат во истата со една единствена и смешно-трагична причина: Да се докажат дека вредат повеќе пред онаа личност која тие ја зацртале како ривал. А сето тоа се должи на тоа што истата „ривал“ личност некогаш свесно или несвесно се покажала подобра од нив на некое поле. Во овие случаи нормално - туѓиот успех боли повеќе, поточно, боли споредбата со сопствениот неуспех.
Ова не е реплика на твоето мислење бидејки апсолутно се согласувам со тебе, но сакав да се надоврзам на твоето, мислење. Баш така како што рече ти секој треба да си постави цел во животот, и да се стреми кон таа цел но не, секогаш е така постојат луге на кои им е битно другите да ги сопнат, а не они да успеат. Еве ке земам еден банален пример, од форумов нокеска не ми се спиеше, и случајно налетав на една тема каде членките се кодошат една со друга, и не ми се верува она што го видов таа тема, имаше 77 страни и буквално секој против секого, едниот предлага овој другиот да биде избришан и обратно, само затоа што не му се допаднало, неговото мислење. Една од членките се разбира нема да ја именувам оди дури дотаму па обракајки му се најверојатно на администраторот вели: Таа, и таа особа се однесува чудно, поставува чудни теми ке ја следам и ке видам како ке се однесува понатаму. Замисли да се занимаваш со некој друг а не да си го кажеш сопствениот став, А за оние вулгарни коментари или навредливи си има Администратор, и ке си ги острани и средена работа. Поентата ми е кога ние за вакви работи се однесуваме така, кога неможеме да им простиме на одредени луге што се попаметни, од нас и што имаат можеби некогаш поинаков став од нас, па замисли како тогаш тие луге се однесуваат во приватниот живот и колку се опседнати со тугите животи. Ок толку од мене сакав само да го кажам мојот став, се надевам никого не навредив, поздрав.
Ниту се хранам од туѓиот неуспех ниту пак ме боли туѓиот успех. Јас сум личност ( може малку и себична) што се грижам за успехот на маж ми и мојот успех. Секој како си посејал така и ќе си женее. Кој како си послал така и ќе си легне. Се водам од овие две поговорки. Грижи се внимавај никогаш да не доживееш неуспех, или ако дојде до некој неуспех направи го да биде почеток за некој друг успех.
Ноу афенс, ама насловов некако ми чади од завист и љубомора. Секој за себе. Ако Петко, Станко и Лепа успеале во нешто, тоа е нивна заслуга без разлика како стигнале до тоа. Секој за себе. Или пак да завидувам дека другарка ми успеала да најде добра работа. За мене лично ова е глупост.
Дефинитвно се е до карактерот и целите на човекот, баш како што кажа calliope, оној којшто има цели во животот ќе го боли неговиот неуспех, а оној кој смета некои особи како ривали ќе го боли успехот на таа особа... мене лично многу ме боли мојот неуспех, поготово што сум типично скорпииште во тој поглед и не сакам да губам на ниту едно поле што се вика ни карти кога играм а не па да се сопнам на патот кон моите цели, но секако после секој дожд следува сонце па си станувам и си продолжувам кон тоа што сум тргнала. А во однос на туѓиот успех, имам таква личност во животот што знам дека ме смета за ривал и едноставно некако и се замарам, за моја штета, па од тука следуваат и чувствата за успех и неуспех, а за другарки и драги личности секако дека се радувам за секој нивни успех.
За да ме боли туѓиот успех треба да сум болно љубоморна личност. И да сум опседната со следење на другите. Таква не сум! А да, мојот неуспех знае да ме заболи и да ме повреди! Секогаш знам дека можам да постигнам се што ќе зацртам, ама ако се потрудам. Има моменти кога не сум се потрудила доволно и не сум успеала. Криво ми е зошто да е така, ама назад нема. Ум за друг пат. Ама оној кој се труди, кој вака или така ги остварува своите цели и замисли, оној кој постигнува успех, ако! Нека му оди во животот! Мене ми е мило кога некој нешто постигнал во животот! Јас се трудам да бидам најдобра во она што го правам и во она кон кое целам. Ама не се споредувам со никого! Секогаш може да постои некој подобар од мене и нема зошто да ме боли тоа. Немаме сите исти цели и не можеме сите во се да бидеме најдобри.
Потполно си во право, зошто кој е тој човек кој не сака да успее во животот? Јас мислам дека нема таков.Ова е работа на егото, така што е различно и не би можела да си дозволам да зборам општо, иако темава е баааги обемна Нормално дека ќе ме боли мојот неуспех, не ме боли туѓиот успех, напротив, драго ми е и мило кога друг ќе успее
Одговорот на темата се наоѓа во психологијата на човекот. Не се работи за болно љубоморна личност доколку на некој начин заболи туѓиот успех. На еден или друг начин јасно е дека како блага болка по нашата психа сме ја примиле веста дека некој успеал она што ние не сме можеле. Или не се сме се обиделе. Не ретко и туѓиот успех го восприемаме како мотив за да го постигнеме истото, мерење на силите или напредок кон повисоки резултати. Не ретко е пропратена со горчина, највеќе кон себе си, а оттука нема ни простор за лоцирање на болно љубоморни карактеристики. Болката од нашиот неуспех е всушност разочарување, како од себе си, така и од непостигнување на очекуваните резултати. Обично знаеме да обвиниме некој друг заради очекување на наш неуспех, иако суштината е сепак во тешење себе си со префрлување на вина. Секако, јас неуспеав дава помалку мотив од тој успеа. Не ретко од првото следи депресија, а од второто агресивно напредување. Не е правило, сепак е дел од психологијата на човекот. Индивидуална карактеристика.
....можеби се наоѓаме во таква околина. Во последно време мислам дека навистина луѓето повеќе се трудат да сковаат некој заговор или да направат сопка на некој кој има потенцијал и се наоѓа околу нив, отколку што се трудат да напредуваат и да се истакнат самите. Но, сепак ќе кажам дека тоа е релативна работа. Се’ си зависи од карактерот на човекот. Комотно и без никаква резерва кажувам дека повеќе тажам за мојот неуспех и повеќе се радувам за мојот успех- отколку што се радувам на туѓиот неуспех или пак да тажам за туѓиот успех. Искрено, животот е премногу непредвидлив за да се замарам со луѓето кои се околку мене. Еден ден си во една околина, друг ден можеш да се најдеш во друга. така да, не би вложувала напори и време во правење сопки и радувајќи се на туѓиот неуспех. Би вложувала во сопствениот успех и во сопственото надградување, бидејќи колку и да е непредвидлив животот, своите успеси и квалитети ги имаш со себе каде и да си
Мојот неуспех секако дека боли, но и ме мотивира да пробам повторно и повторно се додека не успеам. Туѓиот успех, според мене, не би требало да боли, освен ако е незаслужен и стекнат со валкани работи.
Некоја од вас погоре загатна, еден интересен факт а тоа е дека секогаш за нашиот неуспех се обидуваме да најдеме вина во некој друг но никогаш не го бараме виновникот, во самите себе.
И тоа е се до карактерот на човекот, некои па од друга страна за се си се обвинуваат самите себеси, а само нереални луѓе никогаш не си ја бараат грешката во себе. Некогаш од што не сакаме да си го признаеме својот неуспех, ги обвинуваме другите.
Со оглед на тоа дека животот е едно големо тркало,кое константно се врти,слободно кажувам дека нема човек кој не доживеал успех или неуспех!Ги има и двете ,не може постојано да си на врв постигнувајќи успеси ,да ликуваш победи.Животот се состои од двете подеднакво,што би бил кога би ги немало и двете? Успехот на друг воопшто не ме засега.Си гледам за мене,да постигнам нешто.Не го губам времето за завист -да му умре на комшијата козата.Си го терам животот,во кој сум доживела и успеси и неуспеси.И од двете се извлекуваат поуки и тоа животни Да ,ме боли кога ќе доживеам неуспех,особено неправеден,ама тоа е.Дефинитивно ме направил поцврста,па затоа на успехот уште тoлку му се радувам.Колку и да е мал,мој е,со мој максимум труд и волја.Се што сум постигнала-сум постигнала сама.Научив да се носам со секое паѓање,that is!!
Својот неуспех боли повеќе. Не би добила ништо ако се радувам на туѓиот неуспех. Туѓиот успех би ми пречел само ако е незаслужен