Ваква ситуација: ви приоѓа дечко/девојка која е атрактивен/на и некој кој не е баш убав според вашите стандарди, но добивате комплименти за изгледот и во двата случаи. Дали подеднакво ќе ги цените комплиментите?
Подеднакво нема да ги ценам.. секогаш се заблагодарувам од култура ама покрај толку добиени комплименти што се имам наслушано во животот.. све исто им е веќе искрено. Едноставно емотивно не реагирам на нив.
Повеќе ќе се израдувам кога ќе слушнам комплимент од некој што ми се допаѓа или на некој начин ми значи но во секој случај убаво е да се слушне комплимент во права смисла на зборот. Ретко кој во денешно време знае да упати комплимент а и ретко кој знае да прифати на соодветен начин. Како луѓето да немаат доволно самодоверба па цело време мислат дека лажно им ласкате.
Понекогаш не е до недостатокот на самодовербата туку до способноста да се разделат комплиментите од срце и оние со кои луѓето се служат за да добијат нешто од вас/нас.
Има многу вида на комплименти според мене. И не се значајни сите исто. Комплимент од срце само од драга, блиска личност знам дека е искрен. И од познаник може да е искрен и го прифаќам и сакам во иднина да возвратам кога и мене нешто ќе ми се допаѓа кај личноста. Саркастични комплименти не толерирам, без разлика до кого се упатени. Исто, комплименти од корист.
Не се работи за изгледот, туку за начинот на кој е кажан комплиментот. Културно и искрено кажан комплимент ценам, друго не.
Не ги ценам подеднакво сите комплименти. Презирам комплименти од луѓе кои ги даваат секому. А во однос воведот на темата, нормално дека повеќе вредат комплиментите од некој што ми се допаѓа, тоа е природно. Кон комплименти од останатите луѓе сум рамнодушна. Ама, претпоставувам не можеш да мразиш некој кој искрено зборува убаво за тебе, ако значи нешто овој детал.
Доколку е искрен упатениот комплимент , секако дека ќе го ценам . Не ми е важно дали е добар или лош ( као на пр: ова ти стои преубаво , ова не го облекувај веќе лошо ти стои и сл . ) . Инаку јас секоја пофалба и критика си ја сфаќам како комплимент
Сите комплименти културно ги примам и се заблагодарувам. Но сепак насјлатки се оние од личноста која ми се допаѓа.
Ако ми додели комплимент личност која очигледно има многу лош вкус за естетика тогаш комплиментот нема да ми значи, туку ќе ме разочара.
Комплиментите се убава работа но ако се кажани искрено и да не се премногу претерани.Секогаш се заблагодарувам но не враќам само затоа што ми рекол па и јас морам. Кажувам само кога срцето ми сака искрено без фолирање.
Од почит, на секого се заблагодарувам доколку ми додели комплимент. Но, секако не се сите комплименти исти