Пред некое време дечко ми ме изневери со една мивка .. Таа на фб после ми изнакажа свашта демек јас сум го сакала а таа го имала .. и многу други глупусти после следниот ден ја видов и многу добро ја оскубав .. Што мислите дали постапив добро како би постапиле вие во таква ситуација ?
Во момент на гнев секој би изреагирал така. Но, подоцна кога ќе размислиш, ќе сфатиш дека ништо не се решава со ќотек. Батали ги и двајцата, игнорирај ги, исто како да не постојат. Многу подобро ќе ти биде, ем и нема да се нервираш.
Мислам дека не си постапила правилно со тоа што си ја искубала. Ќе се каеш подоцна за тоа што си го направила (ако било ова во јавност и ве видел некој друг), ако не тогаш и до некаде правилно си постапила. Се сложувам со I.want.to.sleep требало само да ги игнорираш, и ако те сакал дечко ти тогаш би ти се вратил и би се каел за она што го направил.
Не си требала до толку доволно е само за миг да му го свртиш грбот и ако те сака и тоа ке го боли и после ке те моли да се вратиш а ти .... испразни се,кажи му се што мислиш,жими се таков не ти треба. За секое тенџере има капа4е никој не е роден да биде сам и ти ке најдеш некој кој стварно те сака
Зошто се замараш? Таа намерно го направила тоа за да те нервира. На таквите само игнор. Си му ја кренала цената на дечкото ! Никогаш повеќе не си дозволувај некои мивки да те извадат од такт,или пак да се тепаш за машко ! Тоа е од мене.
Не паѓај ниско поради расипнички! и не се тепај на улица- златни правила , зачувај со го угледот како девојка сврти го грбот, покажи достоинство. јас би оставила се...
знам и јас сум имплусивна и јас можеби би ја треснала , но секогаш треба да паметиме дека кога некој таков ќе го игнорираш сите планиви да те испровоцира и спушти на ниво како и неговото паѓаат во вода, ајде бидна што бидна не си дозволувај вака во иднина.
Се замарам зошто многу го сакам но сега Му ја кренав цената и тој не ме ферма воопшто зошто знае дека го сакам повеќе и од кога бевме во врска не знам како да продолжам понатаму
дефинитивно се согласувам со мислењата на останатите феминки,дека не си постапила правилно како и да е,се случило веќе.. на тебе останува да се обидеш да го заборавиш дечкото и таа.. и друг пат не паѓај на провокации од тој тип,колку и да си импулсивна,не дозволувај да се ставиш во ваква ситуација.. инаку тој ако навистина те сакал,немало да посегне по друга нели...главата горе,насмевка на лицето и спремај се за нови љубовни походи поздрав и се најдобро!
нормално е дека ќе боли,посебно ако врската е прекината на таков начин ама што е тука е,не те сака-и мора да го прифатиш тоа инаку тој е во загуба,губе личност што го почитува и сака,и гратис добива и некоја к*рва(иако е со цензура делумно,се извинувам за изразот),а ти си таа што е во добивка-се ослободуваш од некој што не те цени доволно насмеј се,и главата горе..не покажувај колку ти е тешко,и колку си слаба веќе имам споменато,дека машките најмногу ги иритира нашата насмевка после разделбата,затоа насмевка на лицето обавезно и да,не е крај на светот,сигурна сум дека наскоро ќе го сретнеш вистинскиот
Не се разочарувај,ќе најдеш некој што ќе те сака и почитува. Тој не те заслужува штом те изневерил,дозволил некоја друга да го заземе твоето место. Сепак имаш само 15 години и верувај дека брзо ќе го заборавиш. Ќе има многу други после него.
devojki ne se zamaraje za momci zaabvuvajte se no ne dozvoluvajte ludo da se zaljubite i da gi pominete dozvolenite granici i potoa da placete momci ima kolku sakas eve jas na primer za masko ne sum palcela nikogas samo sakam mene da mi e ubavo i kejfno da si ziveam slobodata e sustinska stvar zatoa ne daj da ti ljubav srecu kvari
Блазе си ти дај боже никогаш да не ја почуствуваш таа болка што јас ја чуствувам..Али тоа не гледа секој ја ја осетуваа таа болка порано или подоцна..