вака имам куче американски стафорд ми избега преку мн висока ограда и отиде кај друго куче невакцинирано и го касна а на тоа невакцинираното ништо не му е и веднаш моето го однесов на ветеринар и му стави анти-шок терапија и рече дека не е нешто страшно но проблемот е сега што тоа сакаше да оди пак кај него претпоставувам да му врати и затоа најдов дресер и го испратив таму ке го дресира 1 месец тоа го направив со цел да не трча по кучиња мачки и што мислите феминки дали погрешив со тоа што го пратив таму ве молам кажете ваше мислење
Зошто да си погрешила? Доколку го знаеш дресерот, знаеш како се однесува со кучињата тогаш нема причина за страв.
па јас сум од Прилеп а тој е од Охрид го најдов во златна книгаа сите го фалат и затоа го пратив таму има и клипчиња на јутјуб и добар е дресерот само сакав да прашам дали е ок така што направив
Добро си направила... јас сепак сум против носење на кучињата кај дресери, а сопственикот не е во околина. Јас да бев на твое место ќе барав туторијали за дресирање и сама ќе ја дресирам мојава, зошто од почеток ќе треба да почнам и со приврзување и слушање и се'. Ќе има траума од кучиња како кучето што го нападнало. Доберманката на една форумџиика како мала беше нападната од старфорд, но сега дека е голема и свесна за нејзината сила, ги напаѓа сите бул раси како питовите, старфордите, булдозите... затоа сметам дека ќе треба да го тргаш од тоа куче зошто не верувам дека ќе биде безбедно за кучето... исто, за пример ќе ја земам мојава. Од комшииското куче беше загризана кај стомакот (ништо сериозно) ама тоа куче не смее да биде метар до дворот зошто може да го нападне, иако е многу поголемо од неа, таа е свесна дека расте и може да ја одбрани територијата. А, на место да го пратеше кај дресер, можеше да го дружиш со кучиња самостојно, но кучето да носи маска и да биде преку ограда со другото куче. Полека ќе го навикнуваше со кучињата и ќе се вратеше во нормала.
вака моево куче уште од мало е со кучиња и не напага и сега не му е страв напротив упорно оди накај нив но со цел да игра но ете си доби заби прво со кучево си играше мислам првата минута а после другово го нападна едвај ги одделив искрено мислев дека кога ке го пушти на моево ке му фали парче кожа срека има дебела и растеглива кожа па ништо немаше само малку крв ама јас се исплашив зошто другото не е вакцинирано и дека ке фати инфекција зошто едно ми умре од тоа и веднаш го однесов на ветеринар и кажа дека ке биде ок и се надевам ке биде ок и откако ке го земам од кај дресерот инаку фала ти многу а од туторијали ништо не ме слуша си тера по свое мн мн мн е тврдоглав тој избега преку ограда зошто видел некое друго куче и тргнал по него на налетал на ова т.е пошол сам тоа другото беше врзано и незнаеш каков шок доживеав кога го видов како артур е влечен од другото куче неможев да се смирам цел ден инаку моево сакаше да избега но неможеше зошто мн цврсто го каснал и едвај го пушти
Епа, еве ти кажав како. Мојата до сега е 2 пати нападната од кучиња што се 5 пати поголеми од неа. Прв пат на 2 месеца од пит микс (имаше траума, но сега 3 другари добермани има) и втор пат на 5 месеци (неодамнешно) од комшииското куче, но тешко дека ќе заборави на угризот.. сепак му дава да се дружи со неа, но не близу нејзиниот двор. А, замисли колку агресивна ќе беше да не ја дружев со многу поголеми кучиња од неа. Сите ќе ги давеше. И мојава е тврдоглава, ама кога ќе го дресираш, земи поголеми награди (пример: сварено месо или коска). Јас од кога почнав со таа стратегија многу полесна е дресурата. Сега мојава триковите од задоволство ги прави, немам ништо од храна, а таа замавнува со шепата за да ги прави триковите (замавнување со шепата и значи "здраво" или "шепа" и е нејзин омилен трик). Како и Ерделите, Старфордите се тврдоглави, но и интелигентни. Така да, ако некој трик им се види интересен, ќе го прават со задоволство. Само треба да го повториш трикот повеќе пати, така го сконтуваат.
моево научи само да седи али веке е доцна јас го пратив охрид ке го дресираат 1 месец па си велам ке има ефект сето тоа инаку фала ти премногу за советите и мислењата