Субјективноста е заснована на личното мислење, перспектива или желби на лицето (субјектот) кое набљудува нешто. Спротивно на тоа, објективноста не е под влијание на личните гледишта и ставови на лицето кое не покажува никаква пристрасност кон она што го набљудува. Наместо тоа, таа претставува анализа на она што е набљудувано. Но дали е возможно да се направи анализа, 100% независна од личното мислење на набљудувачот. На крајот на краиштата, сите го гледаме животот различно, и симболично и буквално. На пример, не може да се докаже дека сите ги перцепираме боите на ист начин. Сега малце психологија: Научниците велат дека постои објективна и субјективна реалност, но ние како луѓе ја гледаме исклучиво субјективно бидејќи е невозможно целосно да ги исклучиме чувствата. Од друга страна, според нив, објективноста постои исклучиво надвор од умот и мислите. Исто така, за некои работи (иако не секогаш опипливи) знаеме дека се објективни, и постојат. Еден таков пример е среќата. Среќата е објективна, бидејќи постои. Но начинот на кој ја доживуваме е субјективен. Што мислите вие? Дали еден став, гледиште, збор, мислење, совет, може да биде вистински објективен? Дали постои тема на која сите ќе бидеме објективни? Дали е возможно да не вклучиме барем 1% лично мислење за некоја работа? Дали сѐ во животот е субјективно?
Не. Можиш да си најобјективен ТИ шо си, ама секогаш то ќе биди водено од личен бајас за ситуацијата и на крај на ден ќе биди субјективно. Дури и нешто да е објективно, како шо пиша за среќата, како ја доживуваме е субјективно. Исто е и со некоја ситуација, ко ќе речат: „зависи од кај гледаш, различно гледаш некоја ситуација“ или „колку луѓе - толку приказни“ иако се збора за еден ист настан на пример. Колку поќе луѓе, толку поќе субјективни искуства за иста „објективна“ работа.
Не Секој на некој начин си живее во своја реалност, воден од свои лични убедувања и секој добива потврда за она во коешто верува, зошто тоа и најмногу го гледа, а несвесно и го бара, во другите, а и општо во околината.
Може да постои. Ако свесно се лишиш од субјективноста и гледаш фактори што влијаат онакви какви се (без притоа да ти се допаѓаат). А целосната објективност не носи само моментално дејствие. И после извесно време, треба да си сигурен во одлуката и да си држиш до неа. Ако не и најбитното, инаку џабе ти била објективноста. А сите луѓе се за себе. Нема што да се замарам лично дали одредени луѓе носат субјективни или објективни мислења/одлуки и сл. Пошто, секој да се замара со себе, добар дел сме го завршиле. Дали се' во животот е субјективно преминува во една филозофија за животот. За ова прашање мислам залудно е, во круг се вртиме.
Sekako deka postoi. Neshtata gi gledam takvi kakvi shto se, kolku i da ne mi odgovaraat mene ponekogash. Ednostavno iskluchuvash povrzani emocii i ostavash faktite sami da govorat.
Хмм, мислам дека нема потреба да филозофирам, форумов е чист пример. Да не доминираше субјективноста немаше да полемизираме до бескрај па дури и на толку банални теми .
Не, поради фактот дека не сме табула раса и имаме сопствено претпоставено знаење за светот околу нас. Тоа не може да се исклучи поради тоа што потсвеста игра поголема улога во тоа што се случува на свесно ниво.
Иако повеќето луѓе никако не можат да се одвојат од своите чувства, мисли, од својата субјективност, макар на момент да видат нешто од друга перспектива, сепак, постои објективност. Знам по себе.