1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали постои „среќа“ (luck)?

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 3 декември 2017.

?

Дали верувате во "среќа"?

  1. Да

    100 глас(а)
    79,4%
  2. Не

    26 глас(а)
    20,6%
  1. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Права среќлија сум, вчера си најдов пари.:)
     
    На theowndemon, Mariangel, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Многу убава тема :)

    Среќа во која смисла зависи ... Среќа во љубовта , на професионален план , среќа во игрите на среќа итн...
    Верувам во еден баланс кој Животот ни го носи , или поточно оној Горниот како ти ги реди коцките.Верувам во судбина , а таа сепак е нераздвојна од среќата. Некако како гледам наоколу сфаќам дека всушност нема логика Животов ни ред ни редослед. Знам дека добиваме сите ние по малку бела по малку црна боја. Не знам некој закон нерушлив непобитен . Среќата како сопственост никој ја нема ! Имаат пари немаат здравје, имаат убавина немаат љубов , имаат замисла немаат реализација . Среќата по тоа е коцка според мене , некогаш иде некогаш не . Среќен човек е многу неточен поим што е за него среќа ? Здравје , љубов , пари , успех ?!
    За земам за приемер мојата баба мила најмила :inlove: имала многу несреќна младост но има среќна и мирна старост. Тогаш за неа среќата изгледа била скриена во рубикова коцка , но денес ?
    Затоа да си бидеме благодарни за се она убаво што го имаме и што ни се случува , а она лошото да го издржиме и да се надеваме на подобро утре .
     
    На Srcka $, eli25 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @vendiii мило ми е што ти се допаѓа темата :)

    Се мисли на статистичката веројатност на можностите или среќа што повеќето луѓе би го нарекле, кое се однесува на сите полиња од животот.

    Секако дека среќата не е ничија сопственост бидејќи како прво таа не преставува објект и како второ се состои од настани кои зависат или не зависат од нас.
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Добар муабет но последново тврдење е сомнително :party:

    Многу малку се работите кои зависат од поединецот.
    Место на раѓање, пол, околина, физички изглед, глас, стас, хормони, сексуална ориентација, интелигенција, социјален статус во старт и мал милион пре-натални ствари на кои никако немаме влијание а кои го дефинираат животот.
    А после повторно делува погубно на егото кога човек нема влијание врз автобускиот возен ред или врз писменоста на тетката зад шалтерот.:worried:
    Мислам дека 50% распоред во сопствена режија би бил веќе полубожански статус.
    И 25% е неверојатен успех.

    Смртоносната протестантска манијакална доктрина која ја донел грозоморниот лудак Жан Калвин укажува дека за сите наши успеси е одговорен Бог а за сите наши неуспеси сме сами криви.
    Дури и денес сме сведоци на она лаконско "koj tije krif brat hhehe ne si se snasol" каде што подржувањето на бестијалните околности при вработување и вреднување на трудот се форсираат на секој чекор. Но тука веќе навлегувам во други теми :party:

    Одбивам да верувам во судбина и предодреденост, но не можам да се оттргнам од чувството дека е можен таков концепт, и дека само се залажувам со тоа што одбивам да ја прифатам таа можност :x барем во оние останати 50% или 75% или 90% од времето, зависи од поединец до поединец.
    @sjdgo може ќе сака да сподели нешто за астрологијата и концептот на време и место на раѓање врз понатамошниот развој на особините кај човекот :)
     
    На Bender Rodriguez, zhap4e, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Лак постои, за среќа не сум сигурна. Хе хе.
    Како сакаш викај си го сплетот на околности кој излегол во твоја корист или на твоја штета, пресметувај го ако сакаш математички, статистички, употреби астрологија или психологија, разбирај го по изреките на баба ти...твое си е. Ама за да не си во заблуда колку ти можеш сам а колку од небо паѓа, употреби разум и не се наслонувај на нив убеден дека под среќна ѕвезда си роден, ниту се разочарувај по неколку последователни малери оти ете баба вика -на третата вечер роден си бил. Оти некои знаат да си залепат етикета и да сметаат за среќни или несреќни па оттаму и одлуките нивни кои ги водат во погрешни насоки.
    Инаку, јас изгледа на втората вечер сум родена :doh:
     
    На Briar Rose, Bender Rodriguez и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    Колку шо сфаќам од воведниот пост, станува збор за Luck : Luck or good luck is success or good things that happen to you, that do not come from your own abilities or efforts. ( Успех или добри нешта кои ти се случуваат а не зависно од твоите лични способности или напори ) - односно по нашки кажано КСМЕТ.
    И сметам дека да, постои, верувам, има личности едноставно имаат ксмет, имаат среќна ѕвезда, имаат некоја таква енергија која ја зрачат и едноставно се дефинираат со онаа народната : на слепо врапче Господ седало му прави. :nod:
     
    На eli25 и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Се слагам дека стварите кои ги наброја се надвор од наша контрола и припаѓаат у доменот на случајност или среќа, ама ја зборам за ситуации и одлуки на дневна база кои зависат од поединецот.

    Квалитативно, дискутабилно е колкав процент на работи зависи од поединецот – ти викаш, најбитните ствари у животот ти се дефинирани у моментот на раѓање и тотално не зависат од тебе – и можда си у право. Ама квантитативно, бројот на ствари што зависат од тебе и твоите одлуки е дефинитивно поголем од оние кои се случуваат независно од тебе, по случајност или „среќа“.

    But hey, we’re all playing the cards that we were dealt. :D

    Работите кои не зависат од нас се такви какви што се, ама ако ние упорно само пекаме и кенкаме за тоа колку лоша среќа имаме, без да пробаме да смениме нешто од она што уствари зависи од нас, шансите дека „среќата“ ќе ни се смени се речиси еднакви на нула. :)
     
    На Someonespecial, Briar Rose и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала доста луѓе кои се согласуваат со реченицата " Be content with the cards you've been dealt "
    Според ова сметам дека животот е како покер - можеби ќе ни бидат доделени лоши карти и сепак ќе ја победиме играта само доколку играме правилно со нив.
     
    На CoCoGiiiRL и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Еве на пример мене, конечно ми се насмевна СРЕЌАТА, и за прв пат ми се падна лажиче во кафе :D
     
    На zhap4e, Briar Rose и Mariangel им се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Тие одлуки се условени од ствари на кои човек нема никаква или има многу малку контрола, од дрес код до однесување, пример на работно место да се појави човек со Мохок фриз и док-мартинки, или во тренерки, колку и да е вреден за компанијата, колку да работи прекувремено, ќе се појави шансата за отказ, тоа се тие избори, од утро до мрак, паркинг, сообраќај, улици, временски прилики, микроскопски животинки кои прават зулуми...

    Од друга страна може е добро што постои илузија дека самите решаваме за својот живот, може алтернативата би била тежок нихилизам.

    Некаде пак слабата исхрана, насилството и траумата драматично го намалувале IQ-то на цели популации и така цели континенти се во некој круг на проклетството.

    Несомнено човек треба да одигра најдобро со картите со кои располага, но ваквите изјави се западноцентрични, first world based, замисли твоја врсничка сеа што прави во Сауди Арабија, во моментов :devil:
    Во развиени средини ако на еден човек му се поделени ептен лоши карти, останатите 99 кои имаат подобри ќе му помогнат, или е роден во систем каде што нема да биде оставен да умре.
    Во средина каде што на 90 од 100 души им се поделени лоши карти, well...
     
    На Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    СРЕЌА ВЕРА СУЕВЕРИЕ се три различни работи. Да, постои среќа. Среќна случајност. Тоа е сепак судбина нели за некој среќна за некој несреќна. Вера верба во нешто надмоќно наметнато од околината за кое не постои доказ дали навистина постои а има моќ да ги смени нештата или да ги направи. Суеверие поврзано со верата ако направиш одредена работа ќе ти се врати (инстант карма) со најчесто лоша среќа (НЕСРЕЌА).
    Среќа постои. Среќа е секоја пропорционална реакција на нашите мисли, желби и очекувања.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Празни муабети. На анкетата гласав НЕ, но, дури и да постои „среќа“, што со тоа, што можам јас тука? Демек играле Барселона и Реал, Реал тепал еден гол разлика оти играчот шутнал правилно, топката влегла, можела ситуацијата да има поинаков епилог, ама немала, и тоа се припишува на среќа. ОК е како фраза, ама некој навистина да верува дека некаде бдее среќата и да си го става тоа во крпче... Луѓето се болни на некои секојдневни, обични работи да им придаваат натприродни и божествени својства. Ваљда за да не се изгубат во својата безначајност и рок на траење на оваа планета кој секако ќе истече.
     
    Последна измена: 6 декември 2017
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MdKeDu

    MdKeDu Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    Да, јас сум посебно среќен кога секасам некоја риба на пијано а истовремено пушам трева осекам се како човек без празни кодови. Едниствено нешто шо ми ствара проблем после сексот сакам да си заспијам и да се разбудам после неа. т.с неа веке да ја нема, оти на шминката и е поминат рокот па не сакам целиот филм од ноќта да ми иде у вода.:wasntme:
     
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Знам дека среќата, верата и суеверието се различни работи но сакам да кажам дека луѓето ги поврзуваат при појавата на одреден настан или последица иако тоа не функционира на таков начин... :)
     
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Едноставно е невозможно луѓето да се раѓаат само во развиените држави, туку насекаде низ светот каде постои одредена суверена територија, без разлика на нејзината развиеност.
    Околностите кои се случуваат врз основа на одредена статистичка веројатност не можат да одат во полза на сите луѓе. Меѓутоа, од самиот човек зависи какви постапки ќе прави и какво одлуки ќе донесува за својот живот па така дури и да се наоѓа во лоша ситуација, треба да игра мудро за да може да го извлече најдоброто.
     
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    RESPECT особено за последните две реченици ! (highfive)
    Всушност, сето ова му го припишувам на свеста и потсвеста присутна во умот на човекот.
    Фактот дека човекот има ограничен животен век и дека во реалноста нема некое важно значење или постоење е присутно во потсвеста но има огромно влијание на начинот на размислување, како и самото сфаќање на животот. Така, овие факти го наведуваат човекот да размислува дека неговиот живот преставува нешто многу поважно, нешто натприродно се со цел да се ублажи и утеши болната и сурова вистина.

    Кога животот ја прашал смртта зошто сите луѓе го сакаат животот а ја мразат смртта, смртта и одговорила дека животот е прекрасна лага, додека смртта е грдата вистина ...
     
    На Srcka $ и sjdgo им се допаѓа ова.
  17. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    хахаахаха мене ни тоа ми се нема паднато, среќа моја
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Среќа постои, да....но колку среќа му треба на еден човек за да биде среќен!?:^)
     
    На Srcka $ и Briar Rose им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Бесконечна " среќа "... човечко око ненаситно
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Релативна работа.
    Дека некои имаар среќа имаат дефинитивно. Дека некои немаат, не. Сепак , кога една врата се затвора друга се отвора. Ова ми се покажало во пракса.
    За многу работи среќата зависи од нас. Дали си оптимист-песимист, како гледаш на работите и колку ти е доволно да си среќен.
    Инаку среќа и те како постои :D
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.