Дали професор на факултет е најдобрата професија?

Дискусија во 'На работното место' започната од Deni87, 31 август 2020.

  1. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Машки
    Ме интересира лично мислење на вработените членови, што мислите дали оваа професија е најдобра?


    *јас мислам дека убедливо најдобра професија е универзитетски професор. Во минатото тоа биле учителите но сега тое се професорите.

    1.Од аспект на долговечност, многу од нив доживуваат длабока старост, во работата не се изложени на физички напор и надворешни атмосферски влијанија.

    2.Имаат многу малку ефективно работно.. .... кога сакаат одат кога сакаат не одат.

    3.Работа со многу малку стрес, немаат претпоставени, немаат катастрофални искомплексирани шефови.

    4.Опкружени со малди луѓе(во најубави години) а со тоа остануваат млади во духот.

    5.Финансиски добро се платени.

    6.Ако сакаат работат на надворешни проекти како експерти од својата област.

    7.Ценети и почитувани од опшеството.
     
    Последна измена: 31 август 2020
    На Rubiii, Alex.T, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    4.339
    Пол:
    Женски
    Како тоа најдобра?
    Секоја професија е најдобра за тој што ужива да го работи тоа.
    Доколку не си трол, еве малце ќе ти подобјаснам како стојат работите.

    Ова проверено ти е или само лупаш од ракав?

    what? :drunk:
    Вистински професор има работа и дома. Доколку се залага студентите да научат подобро, тој им дава научни трудови, истражувања, есеи кои подоцна истите треба да се прегледаат, бодуваат, коментираат и да се даде увид на грешките.

    Сакаш да кажеш, сам свој газда?
    Памтам професорка која беше на раб да заплаче кога се соочи со фактот дека поголемиот дел не го совладал материјалот.
    Патем, пак ќе кажам, за вистински професор, успехот на своите студенти е најголема задача. Ако тоа го сметаш за нешто што не е стресно, ок.

    Немаат препоставени? - ок.

    А ако им се појави некој 50 годишен што решил да промени кариера во тек на mid life crisis, тогаш тоа го успорува неговиот млад дух?

    Треба време и труд за да стигне еден професор на позицијата да биде добро платен.
    Асистентите не ги плаќаат повеќе од минималната плата.

    Знам кое е твоето мислење дека немаат претпоставен, ама ќе ти го срушам филмот. Сепак имаат. И токму тие ги испраќаат на семинари, конференции и слично, така да, не е ''ако сакаат''.

    Овие ценети и почитувани во општеството со низа успеси позади нив, ама важно полицајциве со 6 месечна академија се попочитувани и ''куќа чести'' каде и да влезат. (y)
     
    На tina2018, poi, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    2.427
    Одговот на темата е ептен релативен, зависи од човекот.

    Велат „ Најди работа која ја сакаш, и нема да треба да работиш ниту еден ден во животот“.

    Не секој сака да е професор на универзитет. Не секој може да предава на студенти и да пренесува знаење.

    Ова може да се дискутира евентуално во круг на луѓе кои се дел од едукативниот систем - учители, воспитувачи, наставници, професори.
     
    На tina2018, edna_malecka, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    2.771
    Пол:
    Женски
    Ja voopshto ne bi sakala da rabotam kako profesorka od aspekt shto nema nishto novo vo taa rabota vo smisla so godini istiot materijal se predava i sl
    Ima novi raboti koi se minimalni, mala kreativnost i sl
    Spored mene toa e mn dosadna profesija
    I smetam deka ugledot vo opshtestvoto ne mora sekogash da ti go nosi rabotnoto mesto
    , vo smisla ima i dr rabotni mesta koi nosat ugled pr programer
    Ugledot se steknuva so toa kolku se vlozhuvash a ne so samoto rabotno mesto
     
    На tina2018, Justicija, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Idedemja

    Idedemja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    17.663
    Пол:
    Женски
    Според мојот вредносен систем и јас сметам дека ова е најдобрата професија. Само за сите потточки кои ги имаш наведено не би се согласила потполно. Има од професор до професор, не е се исто за секого.
     
    На tina2018, Mikha4 и Deni87 им се допаѓа ова.
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    19.846
    Пол:
    Женски
    Според мене не е најдобра има многу подобри
     
    На raww и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    3.948
    Пол:
    Женски
    Тоа е индивидуално. Не секој го сака тоа.
     
    На edna_malecka и Deni87 им се допаѓа ова.
  8. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Машки
    И Ценет и почитуван е еден работник кој отпушува канализација....посебно ако се појави во вистински момент

    Вистински професор не би дозволил "куќа части"


    *да сумираме, врска немаат твоите одговори а се потрудив и моите да се исти такви.

    **пак ќе повторам, исклучоци имало и ќе има во секоја професија, впрочем и во законите во физиката, хемијата, електротехниката, машинството има исклучоци но тие се мал процент затоа се исклучоци.








    и јас за сите потточки не се согласувам но добар дел и ги испомнуваат.....

    Screenshot_20200830-094716.jpg
     
    На tina2018, edna_malecka, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    1.500
    Пол:
    Женски
    Можеби професијата е навистина добро платена ама додека да бидеш професор на факултет треба многу учење, прво почнуваш од асистент.
     
    На tina2018, edna_malecka, Hellobeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со се што имаш напишано. И за мене тоа е идеалната професија. Ама како да таму...
     
    На Deni87 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Јас отсекогаш сум сакала да бидам професор по математика, сите професорки кои што сум ги имала по математика биле ладни, крути, недружељубиви, намќори, им сметало се живо и бидејќи овие одлики ги имам и јас отсекогаш сум мислела дека професор по математика е професија која одговара на мојот карактер како интроверт....
     
    На Alex.T, Deni87, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Машки
    Може прво и да почнеш од демонстратор, но има и можност како сега што се вработија директно над 100 професори(редовни или вонредни) на универзитетот Мајка Тереза.

    Ако мислиш за влегување.... тешко е.

    Тоа е веќе прашање на избор.
    Но реално најдобра професија е.....

    Пример кој?
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Машки
    Го имам дискутирано ова со професори.
    Едниот си тера сите бенифити што ги има професијата и башка си има приватна фирма за изработка на електротехнички проекти.
    Другиот беше пратеник, спомена дека дур бил асистент земал помалку пари отколку еден техничар во државните енергетски компании..... но потоа сам себе се демантира што не одлучил да зема една година апанаца туку одма се вратил на работа.
    На вториот му го поставив дирекно прашањето: што е подобро пратеник или прогесор. Одговорот беше: пратеник има многу пари, а прогесор многу слобота.... и заврши дека сепак би одбрал професор.
     
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    50.587
    Пол:
    Женски
    Нема најдобра професија. Ко што има различни луѓе, така и различни професии се најдобри.
    Ако некоја професија ја идеализираш и сакаш да најдеш причини за да ја карактеризираш ко најдобра, ќе најдеш.
    Ама ако си реален, ќе знаеш дека секоја можна професија има и За и Против.
    Ова "најдобра професија" ми е дури малку смешно.
     
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    2.628
    Допаѓања:
    17.716
    Пол:
    Женски
    Не дај боже секој што ќе посака да е професор на факултет да му се оствари. Не може и не смее секој да биде професор на факултет.
     
    На LadyMau, edna_malecka, najjacha и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    16.221
    Пол:
    Женски
    :rofl: Лол, многу јако размислување, причините ти се основани, правилни, мотивирачки... нат.

    Првото мислење да не го коментирам, голем одраз на малограѓанско размислување е, на кое не планирам да трошам време.
    Освен да кажам дека сите тие погрешни причини кои се напишани во темава, го даваат резултатот кој сите студенти го критикуваат и појавата- професори "богови". Кои ја користат моќта која никој не им ја ограничил а сами си ја присвоиле, и се изживуваат врз студентите. Обично бидејќи немаат ништо попаметно со кое да се позанимаваат, Јер да работиш друго по специјалноста, скроз логичен и последователен чекор на професор- професионалец, е нон сенс, зоЖто нели...

    Инаку, идеална професија за секој поединец е средина од тоа што го сака, и способностите кои ги има/нема т.е. сопствените предиспозиции.
     
    На mira.mira и candy.cane им се допаѓа ова.
  17. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Машки
    Апсолутно.
     
  18. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    19.846
    Пол:
    Женски
    Општо според мене не треба секој да е професор и на секој професор да му се направи психолошки тест пошто ова не е нормално :rofl:
     
    На LadyR, Mikha4, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Машки
    Делуно си во право. Но сепак постојат професии кои се добри и лоши, во добрите има професии кои имаат голем број на бенифити....
     
  20. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Машки
    Ако се направи психолошки тест на првите луѓе на државата дали и тие би поминале?
    *Впрочем претседателот на државата е и професор.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.