1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали различностите во врската се надминливи?

Дискусија во 'Врски' започната од DAngel, 8 мај 2017.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Се загледав во темата за македонските јавни фаци, се разви дискусија околу тоа колку е одржлива врската ако партнерите се со различни финансиски можности и помислив да отворам тема за тоа, па се сетив од лично искуство дека не се финансиите единствената разлика која знае да биде проблем во врската.
    Затоа ја посветувам оваа тема на сите различности, колку тие се надминливи и како влијаат на врската.

    Да почнеме од финансиите, како инспирација за темата, до различното ниво на интелигенција, различното воспитување, различните семејни односи, религијата, навиките во исхрана и се по ред.

    Епа редно е јас да почнам со своето гледиште.
    Финансиите ми се помалку битни од навиките на трошење и погледот на иднината. Можеби некој во даден момент не стои добро финансиски, ама ако истиот има желба и можности да напредува во иднината - тоа ми е далеку побитно од сегашноста. Можеби вие година, две или пет ќе отидеме на еден одмор заедно, ама ќе знам дека понатаму ќе имам безгрижен живот. Од друга страна, ако некој има доволно финансии за нормален живот, а не е способен да ги распореди правилно, тешко е да се надевате дека возрасна личност допрва ќе ја научите како (пр. како што еден бивши и целата негова фамилија ме обвинија мене дека сум го вовлекла во долгови 3 години после нашиот единствен одмор надвор од државата за кој тој не придонесе ни 100 евра).
    Е, тука стигаме до односите со семејството и домашното воспитување. Ти сакаш да ги видиш твоите, чувствуваш потреба да поминеш понекогаш некое време со нив, тој е целосно оддалечен, односите му се заладени, нема блискост со родителите. Од друга страна имате сосема различни мислења за тоа како треба да се воспитуваат децата , што смеат а што не смеат да прават. Како би функционирало такво семејство? Како би ги воспитувале децата? Која доверба би ја имале тие во вас? Некако многу логично е дека во тој случај семејните односи би биле нестабилни, детето би било повеќе наклонето кон едниот родител. Дали би можело семејство вака да функционира? Според мене, оваа разлика не води до стабилни семејства.
    Интелигенцијата - ова од секогаш ми било доста битно, ама кога си растен како интелигентна личност, често се среќаваш со коментари од твоите блиски дека треба да спуштиш критериум, да не очекуваш дека ќе најдеш некој кој ќе го дели твојот интелект. Така понекогаш се наоѓаш во ситуација да знаеш дека партнерот треснал огромна глупост, а немаш сила да му објаснуваш зошто не е во право. Чист "Зини земјо голтни ме" момент. Дали се загрижувате дека децата ќе ја наследат неговата/нејзината интелигенција? Сум се наоѓала во мисла "Леле, ако и моите деца мислат така..." и полека но сигурно ваквиот јаз станувал ненадминлива разлика до тој момент до кога не сфатив дека тоа е всушност најбитната особина која мора да ја има мојот партер, да ми парира на интелектуално ниво.
    Религијата - во форумот веќе има тема за врски помежу партнери од различна религија. Моето мислење на оваа тематика е кратко и едноствано. Никој не треба да се менува заради својот партнер. Ако и двајцата се спремни да живеете во една заедница во која нема да влијае ни една религија или подеднакво ќе бидат застапени и двете на начин на кој нема да влијае на вашиот секојдневен живот, тогаш не гледам причина за врската да не успее. Easier said than done, во секој случај

    Ух, се изнапишав. Однапред се извинувам за долгиот пост и за бројните печатни и граматички грешки (грешки сме-луѓе правиме).
    Ова погоре се само мои лични мислења, без намера да навредам или омаловажам никого. Се надевам во темата ќе се развие продуктивна дискусија и ќе ја растеретиме онаа за македонските јавни фаци.
     
    На Peanut Butter, Rebecca_R, Jane.Birkin и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Се е надминливо, освен различните погледи на иднината..

    Но сепак, треба многу труд..
    Не секој е спремен на тоа..
     
    На PaLaVa, Mr. Right, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Можи да се надмине , ако свакањата за животот им се исти , што се вика ако се погодат како грнче и капаче , гром не ги удира .
     
    На elimkd и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  4. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски

    Kаков опис даде, за момент ме стресе! Помислив со мојот бивши си била....Како го опиша, баш како што јас би го опишала...ОД збор до збор.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Многу е жално кога двајца се сакаат но имаат различен карактер и различен стремеж. Се друго е лесно и се решава.
     
    На Swiftie.forever, Little Star 12, Joi и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    За жал, многу тешко.
    Се е до спремноста да се прави компромис, понатаму издржливоста да се живее со фрустрациите од тој компромис но секоја граница си има точка до која се издржува.
     
    На Swiftie.forever, WildMk и elimkd им се допаѓа ова.
  7. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Во вистинска љубов се надминува баш све,едноставно партнерите ги спојуваат својте енергии и својте планови во едно,и стремат кон тоа без никакви препреки.
     
    На Bozica1980 и elimkd им се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    На Mishela, WildMk, Independent Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Јас не гледам филмови,а ако некој ова не го доживеал,има време може ке го доживее,ако не овој живот тогаш во другиот сигурно ;)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    Разлики во однос на гледиште животот, животен стил,воспитување деца, религија, па и политика, образование..такви разлики ако има, се сакаме ама.. тоа е темата @ЕденЧлен , инаку убаво кажано од твоја страна, среќник си :) еден од ретките, сепак факт е дека има такви, такви ме создадоа и израснаа :)
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Мислам дека се ненадминливи.

    На почетокот кога има љубовен занес не се приметливи различностите, ама подоцна...кога ќе дојде решавање на важни животни прашања, кога ќе дојдат деца и проблеми, секому е потребен до себе човек со кого можеш да се разбереш.

    Ако немаш исти гледишта, ако двајцата се воспитани во различен дух и во различно окружување, неминовно е да има нервози.

    Батали љубов...кога ќе дојдат проблеми, таа секогаш е на последно место..
     
    На Swiftie.forever, WildMk, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Зависи колку се различни партнерите. Али сепак, според мене тешко опстојуваат. Поради оваа причина прекинав многу долга врска. Џабе и што се сакавме, и трудевме, едноставно неможевме да функционираме поради тие различности :)
     
    На Bozica1980 и referentka им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.579
    Допаѓања:
    155.737
    Пол:
    Женски
    Различностите во врската се надминливи само и само ако двата партнери се свесни дека постојат и работат на нив. Ако ете, различноста е од финансиски аспект, прво ќе увидат дека не се еднакви во тој поглед, па после се ориентираат према тоа. Тој што е послаб финансиски не треба да се чувстува потчинет зошто од самото чувство на помала вредност се јавуваат фрустрации и од таму - крај на врската. Па две вечери ќе седат дома, две ќе одат во сендвичара, една во поевтин ресторан каде ете ќе части он со помали средства и следниот ден во поскап ресторан, доколку другиот подобро ситуиран партнер има таква желба, ама ете нека плати тој. Накратко, ако сериозно се сака - се можи. Има различности од многу други аскепти, како на пример карактерно. Тука во секој случај ќе се земам јас и дечко ми за пример, другарка ми и дечко ѝ. Ние двете сме исти, затворени, меланхолични, анксиозни, не комуницираме многу, кога сме во друштво ако не познаваме никој се повлекуваме, во групен разговор му потшепнуваме на дечковците што мислиме на темата за они да кажат. Од друга страна се тие двата, комуникативни, отвори, пријателски настроени, со строга контрола врз емоциите, богат вокабулар, секаде се вклопуваат лесно. И резултатот? Функционираме безпрекорно и двата пара. Си имаме „наше“ време каде си седиме дома си гледаме филм на пример, си имаме време кога одиме на билјард или пикадо, си имаме време кога излегуваме со нивни пријатели (велам нивни зошто ние двете се имаме само ние двете) и комуницираме со нив, а други денови кога ние решаваме да останиме дома зошто во тој ден не ни се меша со луѓе. Накратко - наоѓаме средина. Ни мене ми е секогаш погодено, ни него му е секогаш погодено. Тоа е таа убава златна средина која треба да се бара во секој различност во една врска.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Не треба да се троши време на дисфункционална врска воопшто. Проблемот кај нас е тоа што луѓето трошат декади на дисфункционални врски или како што @DAngel ги нарече различности, врски коишто идат никаде, и самите знаете дека не идат никаде и пак наоѓате нешто добро за да останете. Таквите врски ве кочат да напредувате, се зафркаваат со вашите емоции толку многу што ве спречуваат да постигнете нешто со долготраен успех во вашиот живот. Ве спречуваат да се развивате како личност, не сте фокусурани на здравјето, вашата животна цел, бизнис итн...дури и ве спречуваат во создавањето на совршено семејство.
    Има една огромна листа на работи со црвено знаме кои треба да ги забележите кај потенцијалниот партнер кога планирате да стапите во врска. Листата е толку голема што не може а да го немате тоа кај вас или кај вашиот партнер, едноставно луѓе сме и не сме имуни на денешниве пороци. Но сепак, еве како патоказ за помладите ќе ги изнапишам со по некое објаснување.
    Зависности, Алкохол, Дрога, Пушење. Вашата врска ќе страда многу ако вие или вашиот партнер го користите тоа. Така да ако забележите дека вие или вашиот партнер претерано користите еден од овие пороци во прекумерна количина, не дека не треба ич алкохол или цигари, но да бидат во умерена количина а не зависни од тоа, најдобро за вас е да ја прекинете врската.
    Како втора причина се јавува тоа ако вашиот партнер бара пари на позајмица. Посебно ќе нагласам ако бара пари од вас под притисок, да речеме во наредните 12 часа или нешто лошо ќе се случи, за некоја здравствена состојба на пример. Каква ќе е таа личност што нема други пријатели околу него да му помогнат ако се сведол на тоа да позајмува пари од вас.Ова не е здрава врска исто така.
    Каква историја има личноста зад него, лажење, мамење, затвор и такви работи Кога стапувате во контакт со потенцијалната личност, прашајте ја за историјата зад него. Бизнис, работа, врски, пријателства, познанства, значи општа исторја на личноста секогаш ќе ви го открие неговиот карактер.Со такви прашања секогаш ќе им биде тешко нешто да сокријат од вас.Како пример може да го прашате да раскаже некоја приказна како препишувал во школо или такви работи. Штом тој/таа веќе се има запознаено со мамењето повеќе од веројатно е дека ќе ве мами и вас.Малите работи секогаш ги кријат поголемите зад човековиот карактер.Таквите личности знаат да ве вовлечат во многу проблеми затоа внимавајте и не си трошете време воопшто.
    Некој матен бизнис. Ако да речеме има некој црн бизнис настрана. Продава коли или нешто слично, знајте дека таквата личност секогаш мисли како некој ќе зафркне во животот за своја негова лична корист. Замислете како би бил вашиот однос со таквата личност која гледа да извлече нешто од некого на нелегален начин.Личноста која има матен бизнис има и матен живот. Што работиш и има ли нешто настрана е прашањето кое треба да му го поставите. Така ќе го забележите неговиот интегритет и каква личност е.
    Историја на кратки врски. Не треба да се навлегува во болните детали но општо колку врски имал и колку од тие врски биле најкратки. Колку биле најдолги или дали воопшто бил во врска со некој. Не би сакале да бидетево врска со некој кој нема никакво искуство во врски или пак со некој кој имал само една или две врски или пак со некој кој имал повеќе од дваесет врски. Значи треба да се внимава и на ова.Или кога ќе го прашате за некоја врска и ја менува темата или се снаоѓа некако да ја одбегне, збајте дека крие нешто.Отвореноста треба да ја цените овде.
    Колку е личноста стабилна во работата или ги менува стално. Каде работел и колку време се задржал која е причината за неговото заминување од таа работа.3 месеци ваму 3 таму, тоа е веќе проблем.Посебно машките треба да бидат стабилни во она што го работат.Но и девојките исто така може да се каже, сум разговарал со девојки кои имале потешкотии да се задржат подолго време на едно работно место. Тоа кажува многу за личноста, дали е одговорна, дали може да се смета на неа, постојаност...ќе ве гризне за газ ова некаде во иднина во врската.Како може да биде некој среќен ако не ја задржува работата и во иднина и вие тоа ќе го сносите на грб.
    Пријателство и дали вашиот партнер губи пријатели или ако вашиот партнер нема пријатели воопшто, со еден или двајца.или ако пријателите го напуштаат вашиот партнер, таму нешто се случува и тоа не е добро за врската.
    Подароци, доколку вашиот партнер ви дава хинтови за поклони и такви работи, облека, накит, возила и слично.
    Каснење, во ред е еднаш или двапати, но често каснење кажува многу за таквата личнст.
    Заборавеност, посесивност, љубомора = губитник.
    Премалку видување. Помалку од еднаш неделно и стално ви дава изговори дека е запослен со нешто.Ако личноста не е спремна да ве види барем еднаш неделно и да се дружите, немате потреба да бидете со таквата личност, зошто се во врска воопшто.ова значи дека не се спремни да инвестираат во врската со вас и во иднина врската ќе биде на многу ниско ниво.Ќе се навикне да биде без вас и во иднина.
    Ако личноста не си ја подобрува комуникацијата со околината. Во ред е да биде срамежлива или помалку зборлива на почеток со вас, но доколку забележте дека неговата комуникација не се подобрува, оставете ја таквата личност.Кога проблемите ќе надојдат во врската, без добра комуникација истите не можат ни да се решат. And shit happen, and will happen.
    Лажење, сите лажеме кога тогаш, но ако забележите дека личноста константно лаже , тоа значи дека ќе ве лаже и вас во иднина.
    Ова се едни од работите кои треба да се забележуваат, но доколку вашиот партнер не е спремен да се подобри во нешто кога ќе му спомнете или ќе ви спомне, тогаш и не треба да го губите времето доколку ги забележите гореспоменатите работи.
     
    На honey.11, Tanjamm, dayla и 6 други им се допаѓа ова.
  15. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Со мм тотални спротивности:професии тотално различни, стил на живот различен, домот дури ни е во два стила уреден, па и за политика не се слагаме ич:D.
    Функционираме 10 години заедно, за чудо без кавги, се караме единствено за политика.
    Дури и се чудат како опстојуваме заедно, а нас ни е убаво.
     
    На PaLaVa, Bozica1980, Aleksandar1212 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Зависи какви разлики. Класни, културолошки, национални, верски, политички. Најголемата битка сепак се крои околу тоа како да се воспитуваат децата. Има секакви примери, но генерално многу ретки се таквите примери каде што жените избориле доминантен статус во бракови со различна национална, верска, политичка припадност. Многу лесно се асимилираат.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Спротивностите се привлекуваат ;)
     
    На augustd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Кратко и јасно НЕ! Колку и да се трудиш,пука по х години!
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Можеби се привлекуваат, ама после како? Треба компромис и понатака. Еве и се дивам на @augustd, треба посветеност и разбирање и од двајцата... Секогаш кога има несогласување треба да има или договор или ениот да попушти... Ако само едниот секогаш се жртвува врската нема да успее. Најжално е што такви врски се влечкаат со години, затоа што ти е глупо да му радкинеш на некого за некоја ситница, а всушност таа ситница ги прави сите расправии во врската.
     
    На honey.11, KeBideLi и Donatela.W им се допаѓа ова.
  20. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Во врска сум со странец со различен менталитет и многу често различно размислување. На почетокот ми беше многу интересна секоја различна особина што ќе ја откриев. Сега, после некоја година живеење заедно, има различности кои одат во крајности и некогаш сум загрижена до кај би оделе.
    Јас сум религиозна (во нормала), тој е атеист и тоа не ни е проблем. Исто немаме проблем со финансии ниту пак начин на трошење пари.
    Но, како што некој погоре спомна, односот со фамилијата ни е различен. Јас сакам да се гледам секој ден со моите (сега живеам во странство, па ако не гледање, се слушам секој ден). Тој е поладен, еднаш неделно се слуша со неговите и еднаш на подолго време ги среќаваме.
    Јас обожавам излегување, фестивали, гужви. Тој мрази се` од тоа. Порадо би останал дома и би читал. А јас се нервирам кога секогаш гледам парови околу мене кои играат и се забавуваат заедно, а мојот не е со мене. Ама не можам да го криват што е интроверт.
    Исто имавме неколку пати разговарано за деца, и имаме различно размислувања. На крај сме дошле до заедничко решение, ама некако не е тоа тоа.
    И имам денови кога сите тие работи ми се ставаат во главата како нешто негативно, и мислам дека се` е залудно. И дека на крај ќе ми дојде преку глава и ќе ставам крај.
    Но, сепак има толку толку многу убави особини кои никогаш не би помислила дека некој мој дечко ќе ги има, и така се смирувам и продолжувам понатака. Мора да се има компромис. Не очекувам никој да е идеален. И сеуште се надевам дека на крај се` ќе е во ред.