Дали религијата е наследство или избор?

Дискусија во 'Религија' започната од CameliaMiller, 29 јануари 2019.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.520
    Допаѓања:
    184.064
    *Забелешка од модератор:
    Дискусијата што следи е одвоена од темата Разлики помеѓу исламот и христијанството. Поради различната насока која ја зазема одвоена е како посебна тема во која може слободно да се продолжи.


    Рама, за мене секоја религија, па и христијанството, ми е глупост и измишљотина, дека Исус воскреснал или Марија невина дете родила, итн.
    Ама твое право си е да си веруваш хардкор во овие работи, негово во нешто друго, мое хардкор атеист да си бидам.

    И не мислам дека сте вие глупи, така верувате оти така сте задоени, така сте учени итн.

    Колку што е христијанството легитимна религија, толку е и исламот.

    Очигледно се различни, тоа не ја прави едната поправилна од другата, посебно не во очи на некој кој и за двете нема добро мислење.

    Во модерната религија, односно нејзино практикување, факт е дека исламот е пофундаменталистички практикуван онаму каде што државата тоа го дозволува, за разлика од христијанството за кое не постои земја во која е дозволено негово хардкор почитување.

    Ти биди си хардкор верник колку сакаш, во реалноста, ни една демократска држава нема да ти дозволи хардкор пракса.

    Во мои очи тука лежи најголемата разлика, а во суштина се две ептен слични монотеистички религии кои имаат одредени разлики.

    Финтата е да сфатиш дека исламот не го негира постоењето на сите ликови од претходно, туку се смета за "новата книга", а да речеме Евреите се останати кај Стариот Завет па ни Новиот ни Куранот не ги сметаат за легитимни "свети книги".
    А сепак и јудаизмот си е легитимна религија, чии поданици сметаат дека вашите верувања се лажни.
     
    Последна измена од модератор: 31 јануари 2019
    На Bender Rodriguez, Cinnamon Bun, daylight и 8 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.811
    Допаѓања:
    36.577
    Пол:
    Женски
    Леле темава, масовни трипови :D
     
    На Prijatelot, dayla, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    29.008
    Пол:
    Женски
    Задоени? Жити се?
    На 7години да, може да ти наметне кој што сака. И тебе те носеле во црква, верува најверојатно си крстена и се останато исто што и ја.
    Ти не веруваш веќе во Бог, јас да.Еве мене никој ништо не ме учел.Нит молење, нит пост, причест...
    Вие имате проблем со верници, не ние со аетисти.
    IMG_20190126_175611.jpg
    Тоа е тоа. ;)
     
    На ЕденЧлен, christinnn, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.520
    Допаѓања:
    184.064
    Да де, затоа си поданик на МПЦ, а не си да речеме муслиманка. Исто како што некоја Џемиле избрала да биде муслиманка, а не поданик на МПЦ. Или па двете оти не сте да речеме поданици на Католичката црква од подоцнежните денови, или пак можеби јеховини сведоци. Оти баш скроз случајно Петра е православна (и тоа баш на МПЦ) христијанка, исто Џемиле скроз случајно е муслиманка. Нема тоа ништо со средината и воспитувањето во што да веруваат.

    Како да ти кажам ама изборот не е дека баш си бирала меѓу пет религии, па ај оваа најреална ми е.

    И само да те исправам - јас никогаш не сум верувала, за да престанам да верувам. Можеби затоа што не потекнувам од семејство во кое религијата е битен фактор. Можеби.

    Познат ти е случајот со трите девојки и Ариел Кастро?
    Баш чудно како 11 години тој бил убеден дека седат по своја волја... а не психичка манипулација.
     
    На Gosh, Bender Rodriguez, ♡BuBaLe♡ и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    29.008
    Пол:
    Женски
    Типичен атеистички одговор. Мене МПЦ не ми дава пари за да одам во црква нит не ме фаќа за гуша да оставам пари кога влегувам. Тој што сака да се помоли и без да плати свеќа 2ден. може да го стори тоа. Во политиките за ценовник за услуги (венчавка, крштевање..) не се мешам нити оправдувам, ама тоа не е причина да се стане неверник. Крај краеви истите се одржувани од милостина на народ, кој љуби да даде. За тие со џипови има кој да суди.
     
    На worrieddd, Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.520
    Допаѓања:
    184.064
    Јас ништо од ова што го спомна ти не ни начнав, ниту како причина за верба, ниту како причина за неверба :)

    Ни за попови, ни за свеќи, ни за џипови, лоповлукот на МПЦ не ми ни беше тема.

    Туку нешто друго. Како што МПЦ е посебна црква, така е и СПЦ и останати православни цркви. Муабетот е дека НЕ Е СЛУЧАЈНО, ни под разно, вашиот избор на верата на вашата околина.
    Ретки се случаите, кога дете растено во да речеме муслиманско семејство, како возрасно наеднаш ќе почне да верува во христијанство, при тоа без да промени вера поради друга причина, како брак.
    Тоа е нешто што не се случува.

    И да, вие (како и сите други верници) сте воспитани да верувате во верата на вашите родители, пренесена ви е и сте ја прифатиле, можеби многу повеќе и поискрено од родителите, но дека сосема случајно, така од нигде никаде наеднаш решивте да бидете верници на конкретна религија - тоа не е вистина.

    Ова не е атеистичко размислување :D Иако, гледам не знаеш, атеизмот не е религија па сите атеисти да си личиме едни на други и да имаме заеднички убедувања, освен една работа што ни е заедничка - не веруваме во постоење на богови.
    Сѐ останато е индивидуално.

    За причина да се стане неверник... ваљда прво треба да веруваш, па да сфатиш дека во религијата нема баш логика, и да си ја признаеш себе сопствената смртност. Не верувам дека некој престанал да биде верник поради лоповлукот на МПЦ, веројатно престанал да оди во црква но си верува и понатаму.

    За мене е тоа најприфатлив облик на верување, нешто лично и интимно, а институционализирана религија... како да ти кажам, уште тезги да фаќаат им фали.
     
    На Gosh, malerozna, Bender Rodriguez и 9 други им се допаѓа ова.
  7. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.708
    Пол:
    Машки
    Е навистина нема лек за некои...
    Ај разбирам во политика да се навредува и зборува глупави работи, ама за религија да се тресе глупости и се да се исфрла од контекст тоа не сум го бидел...
    За ова тееба да реагира модератор @RainBow
     
    На baba Rada, carangigia и Petra777 им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.894
    Допаѓања:
    51.852
    Не исфрлив ништо од контекст, факт изнесов. :) Прогуглај, пишува.
    Не реков дека јас тоа го мислам, ниту го измислив. Ниту пак реков дека е вистина. Тоа го пишува.
    А кажав дека го пишува само за да ви покажам колку без веза се расправиите за која религија е во право.
    Католички свештеници ги напишале тие книги баш затоа, за да победат во расправиите кои вие сега ги водите.
     
    Последна измена: 29 јануари 2019
    На Gosh, Cinnamon Bun, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.708
    Пол:
    Машки
    А ти веруваш во се што ќе се напише на гугл :^)
    Мене не ми е потребен гугл за да знам на што ме учи мојата религија или нечија друга...
    Има свети книги во кои се запишани зборовите на господ, кои ги пренесол Иса/ Исус , Мухаммед и други..
    Значи покрај Куранот и Библијата постојат и други свети книги кои им се објавени на пратеници од господ кои живееле пред Иса/Исус и Мухаммед а тоа се светире книги: Зебур
    IX
    Zebur je islamska sveta knjiga i jedan od četiri velika kitaba (Božjih Knjiga) koji je objavljen Poslaniku Davudu a.s. Zebur je pripadnicima drugih vjera poznat pod nazivom Davidovi Psalmi i uvršten je u Bibliju
    Tevrat/Tevhid/Tora

    Sveta knjiga Židova (Jevreja) naziva se Tora. Ona predstavlja Božije zavještanje židovskom (jevrejskom) narodu i sadrži Božije zakone po kojim se pravovjerni Židovi moraju ravnati u svom religioznom i etičkom ponašanju. Po židovskom učenju Bog, čije ime je zapisano četvoroslovicom yud-hej-vav-hej (J-H-V-H) i smatra se toliko svetim da na mjestu toga imena uvijek se čita ili Elohim ili Adonai (moj gospodin).
    Значи постојат 4 свети книги Китаби :Зебур, Теврат, Инџил-библија и Куран...
     
    На baba Rada и Petra777 им се допаѓа ова.
  10. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    29.008
    Пол:
    Женски
    За чудата Божји осетени на своја кожа не би да пишувам. Веројатно да си на мое место ќе сфатиш. Ама неверник никогаш нема осетено, така да не се трудам да објавувам ;) Тоа се доживува.
    МПЦ ти ја спомна, на страна тоа.
     
    На worrieddd, Rama и ynboo им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.520
    Допаѓања:
    184.064
    МПЦ ја спомнав како посебна црква, и живо ме занима зашто МПЦ, а не СПЦ на пример?
    Чудата Божји се случуваат лично само во МПЦ? Како е тоа најисправно христијанство, највистинско христијанство од сите?
    Оти католичкото христијанство не е вистинското? Како "одбра" да одиш во храмови на МПЦ, а не во некој католички?
    Да не е затоа што семејството ти е православно (МПЦ)?
    Да беа твоите католици, не би рекла дека ти чуда Божји во МПЦ ќе бараше.
     
    На Gosh, kravce, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.609
    Допаѓања:
    19.179
    Пол:
    Женски
    Епа кај вас ако не е умрен кај нас е умрен и воскреснат уште одамна.
    И кај вас Исус или Иса како што го викате е еден од најважните пророци во Исламот колку што знам :wasntme:
    Двете религии се различни и не можеш да збориш така.
    Еве пример христијанството е 6 века пред исламот.Како би ви било пример некој да ви каже дека исламот е непостоечка религија?Како би се чувствувале?Тоа е навреда.
    Тоа што кај вас е едно, кај нас е друго.Нашето не мора да е за вас право, ама и обратно.
     
    На Dessa, christinnn, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    3.164
    Пол:
    Женски
    Она никаде не ја спомна МПЦ, туку зборуваше за Божји чуда осетени на своја кожа, незнам зошто упорно ѓи мешаш црквите за тој што верува и сака да се моли не мора да оди во црква и таму да го бара Бог.
     
    На Rama и ynboo им се допаѓа ова.
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    29.008
    Пол:
    Женски
    Светиот оган во Ерусалим никогаш не е запален од католици. Прогуглај ќе видиш. Чуда се случуваат и Света Гора, прашај го исто чичко Гугл ќе ти каже. :)
    Св. Нектариј Егински е грчки светец, најголеми чуда, мироточење се случува на неговата икона во Света Гора.
    Така да, нема само мироточење во Св Димитрија кај нас.
     
    На carangigia, Rama, lovely girl M и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Хахаха немам коментар ни јас во врска со ова. Од нивно гледиште, демек нивниот господ направил човек сличен на Исус кој бил распнат за на луѓето само да им се причинува дека е Исус, а уствари не бил. Смешки!!!
    И бај д веј, по која основа да се верува во ова, во нешто што настанало неколку векови после христијанството?
     
    На Rama, lovely girl M и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    И не знам што бараат атеисти да ја посетуваат странава и да се мешаат во вакви теми. Ако си одлучил/а да бидеш атеист или не си нашол/нашла надеж во религијата, не ја разбирам логиката да се замараш со вакви работи и демек да "солиш" памет тука.
     
    На carangigia и Rama им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.609
    Допаѓања:
    19.179
    Пол:
    Женски
    Еј еј.. и јас сум верник ама ова е веќе next level.Ова е форум и не можеш да забраниш некому да посетува некоја тема или да пишува во нејзе..
    Се додека е cè океј зашто да не пишуваат?
    Така ако гледаш ова е женски форум, согласно тоа машки не треба да има..не си ставајте лимити без врска
     
    На Cinnamon Bun, candy.cane, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    3.164
    Пол:
    Женски
    Тоа нема врска, секој има право да пишува каде сака, за тоа е форумот да можеме сите да се изјасниме на одредена тема.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    6.705
    Пол:
    Женски
    Затоа што пред илјадници години не постоеле хигиенски влошки, или хигиената не била на многу завидно ниво, па жени оделе такви крвјосани во свет храм. Сега тоа не важи може слободно жена да влегува во црква кога има добиено.
     
    На carangigia, Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    4.147
    Допаѓања:
    24.965
    Aма не смее да бакнува икони или како беше...Значи сепак уште постојат такви сфаќања.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.