Дали родителите можат да го мразат своето дете?

Дискусија во 'Дете' започната од 123ppp, 10 декември 2016.

  1. 123ppp

    123ppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    42
    Најпрво, се извинувам што отворам нова тема и доколку може да се вметне во друга, слободно преместете ја, бидејќи јас не знаев каде.
    Јас имам 24 години и се соочувам со постапки од моите родители (поточно мајка ми), за кои не сум можела да замислам дека еден родител може да биде толку суров кон сопственото дете, сопствената крв.
    Пред се, јас отсекогаш сум била дете за своите родители, какво што секој родител би сакал да има. Никогаш не сум правела проблеми, секогаш одлична ученичка, зборот од родителите бил закон за мене, факултетот го завршив во најкус можен рок, без ни еден паднат испит. Меѓутоа покрај се тоа јас не сум воопшто ценета во моето семејство. Мајка ми е личност која премногу ги сака парите и ги заработува во добра сума, за денешни услови во нашава државичка. Јас како и секоја девојка на моја возраст имам свои потреби понекогаш да си купам некое парче облека меѓутоа ни скршен денар не добивам. Секогаш кога ќе побарам пари, таа ми се развикува, ме вреѓа и секогаш се завршува со изговор дека јас сум крива. За мојот брат ако може и душата би си ја дала. Нему не може ни збор настрана да му каже, секогаш е облечен во оригинали, неговиот збор е последен, буквално детето е цар во семејствово. За дипломирањето ни на крај памет не и падна дали треба нешто да ме почасти. Најмногу од се што ме боли, како може толкави разлики да прави, за деца кои се подеднакво исто нејзини. Кога би направила паралела помеѓу мене и брат ми, јас сум таа која е секогаш грижлива, не сакам влакно од коса да им падне, сум викала мене нека ми е лошо, само тие да се добро, а мојот брат прерасна во една арогантна личност која не пропушта прилика да ме навреди, особено кога јас сум во конфликт со неа, кој мисли само за себе и за никој друг. Кога бевме деца, една наша роднина од странство ни даваше пари секогаш кога ќе дојдеше. Така секогаш кога јас ќе требаше да си купам нешто, тогаш јас трошев од тие пари, а кога брат ми ќе требаше да купи, тогаш ја болеше да ги троши тој неговите пари, па му ги зачувуваше и му купуваше со нејзини. Моментално по цел ден морам дома буквално да стражарам (за да не биде празна куќата), да чувам дел од нејзините пари, кои не и се во банка, бидејќи се плаши од кражба.
    Така, во една наша кавга и реков дека повеќе нема да стојам дома врзана, бидејќи тоа не го заслужува. И тогаш следуваше она што најмногу ме повреди- "Во ред, не ги чувај, оди си од оваа куќа, јас ако ги немам парите, не ми требаш ни ти. Не го мислам тоа само јас, туку и татко ти."
    Луѓе не знаете колку ме здоболи тој муабет, мислев дека се ми се сруши во тој момент. Сфатив дека мене всушност и не ме сакаат дома.
    Навистина повеќе не знам што да правам, мислам дека ќе се разболам секој момент. Едно нешто кое не можам да си го опростам е што сум толку попустлива.
    Секој совет би ми бил добредојден.
     
  2. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    83.793
    Пол:
    Женски
    Dusa mila mnogu mi e zal sto se soocuvas so vakov problem. Nemozam da razberam kako moze nekoj da ne si go saka deteto ili tolku mnogu da pravi razlika pomegu dvete deca. Se slucuva da vlecat roditelite poveke kon edno dete no ne do taa mera. Jas imam dve decinja i gi obozavam i dvajcata i ne bi mozela da kazam ednoto poveke od drugoto.
    A tatko ti kako se odnesuva, dali barem toj zastanuva na tvoja strana? Veke si vozrasna neznam dali veke rabotis i imas svoi sredstva da mozes da se idvois no taa zena zasluzuva ednostavno da ja napustis bez zbor.
    Ne bi mozela da ti dadam nekoj sovet sigurno si probala da razgivaras do sega so majka ti samo mozam da kazam deka nikoj ne zasluzuva takvo odnesuvsnje od svoj roditel.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.462
    Пол:
    Женски
    Зошто ми е познато ова,како да сум го читале некаде на друг форум, можеби и тука нешто слично:?:
     
  4. Ники.

    Ники. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.254
    Пол:
    Женски
    Леле ..какви се не родители имало..Без навреда..не сакам да навредам некој,само сум шокирана ..:^):?::?:
    Мој совет за сега да разговараш со татко ти..Види што кажува он на сето тоа..
    Ако можеш земи и поразговарај и со мајка ти на смирен начин..Пробај да и ги објасниш работите како стојат од твоја гледана точка. Да те разбере и тебе и фактот дека не е се во парите.Треба да и е мило за тебе за твоите успеси..Да и е мило кога ќе искочиш со другарките/дечкото..а не да седиш дома..Неразбирлива е :|:|
     
  5. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.608
    Пол:
    Женски
    Девојко,многу ми е жал за тебе и искрено ни јас не го разбирам однесувањето на мајка ти. Не велам дека нема кои кон едното дете се повеќе наклонети,ама како можат да бидат до таа мера едното да е навредувано и понижувано,а другото да е такво да има се’ што некој може доживотно да го сонува. Најдобро е да си најдеш работа,друго решение нема. Знам дека платите ни се мали,ама подобро нешто отколку ништо. Така ем ќе си заработуваш,ем ќе си штедиш,ем мајка ти(ако може да се нарече така) нема да негодува за парите. Искрено ти посакувам да ја работиш работата што ја сакаш и да си земаш убава плата за нашите услови. Велат „Се’ се враќа,се’ се плаќа“. Ова важи за мајка ти. Ќе дојде денот кога таа ќе бара од тебе и тогаш ќе ја боли тоа што нејзиното дете го прави.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 123ppp

    123ppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    42
    Кој/а да си и покрај ваквата самоувереност врз туѓи проблеми, која не знам од кај ти произлегува, ти посакувам никогаш да не дојдеш во ситуација да бараш помош по форуми. На останатите Ви благодарам многу!
    Ако некој мисли дека ова е лага, слободно нека оди темата во канта.
     
    На LazyGirl5689 и M&M им се допаѓа ова.
  7. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.444
    Пол:
    Женски
    Бог да чува...
    И тоа може? Да се мрази свое дете...
     
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.829
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал, ама зошто не работиш ти? Така нема да го имаш проблемот со барањето пари од твоите, а и побрзо ќе можеш да се тргнеш од дома.

    И каква е таа глупост, ти да ги чуваш парите дома? Во банка ќе ги украдат? А ти ако си дома и дојде крадец што ќе му правиш?
     
    На mode-kristina, Ketchup, Freyja и 4 други им се допаѓа ова.
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.600
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира зошто не се вработиш ти? Така ќе си имаш свои пари и ќе си ги трошиш без некој да ти пререкува. Возрасна девојка си 24 години, никој не може да ти забрани ништо.
    Ова со седењето дома за да ги чуваш парите, тешки глупости. Нека си ги стави парите на сметка во банка таму ќе и бидат најсигурни.
     
    На mode-kristina, joy1, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    5.428
    Барај работа. Биди си свој човек. И мојата мајка била секогаш сурова со мене и дозволувала брат ми да ме навредува. Тешка мизерија. Еднаш ми рече „Ти да се омажеше, јас сега пари ќе собирав за брат ти“. А таа тешка мизерија, никаде не работеше цел век. Татко ми работеше за мала плата, и види ја ти неа демек ја подјадувам и ќе си заштедела. Многу пати ми има речено, ако не ти чини со нас, оди си кај знаеш. Знаете ли што е тоа да го кажеш на дете од 12 години?Ужас. Мизерија луѓе. Сто пати и имам кажано дека нема да ја жалам кога ќе почине, нема свеќа нека и запалам и не ми е криво. На ѓубре што може да навредува мало дете не би му дала капка вода.
     
    На Nightwish11, *Amethyst* и Gosh им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.249
    Пол:
    Женски
    За жал, може. :|
     
  12. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    4.383
    Пол:
    Женски
    Можат и тоа како, можеби и ќе го "засакаат" само ако моментално ако имаат некаква корист.
     
  13. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    53.780
    Пол:
    Женски
    Неможам да поверувам како може да има вакви родители.
     
  14. valentajntina

    valentajntina Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Hmmm ...jas sum roditel i neznam sto da kazam...go osyduvam odnesuvanjeto ns majka ti, ne e vo red podelba..iako nekoe nepisano pravilo e deka majkite se poveke nakloneti kon sinovite a tatkovcit kon kerkite...no toa e vo blaga varijanta a ne vaka....Sepak za da se osudi nekoj potrebno e i da se slusne i drugata strana, mozebi ima i nekoi drugi raboti sto majka ti taka se odnesuva...kako sto procitav i drugi te sovetuvaat da se zarabotis i da stanes nezavisna sto mislam deka e najpametno...ne gi osuduvajte sekogas roditelite zosto vo ovaa drzava tesko e da bides dobar roditel koga drzavata te ostava na cedilo,besparicata te pravi monstrum,i svakas deka vistina od ljubov ne se zivee...moevo mislenje moze i ne e ok zosto rekov samo ednata strana e slysnata.Devojko gledaj samo vo idninata koja sega ti e momentot da ja iskreiras da tu bide sto poybava...ne trosi energija na domasnite priblemi...ne veruvam deka te mrazi majka ti,sigurno se krie nesto drugo pozadi ova odnesuvanje za zal se reflektira na tebe...so vreme se ke se razjasni a do togas nasoci se kon tvojata idnina , ti posakuvam da si gi ispolnis sonistata
     
  15. Bumba3

    Bumba3 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Здраво девојки. @123ppp tvojata prikazna e mnogu slicna so mojata .Momentalno se naogam vo ista takva situacija majka mi ima predrasudi kon mene sekogssh sum bila otfrlena od nea samo zatoa sho grda sum za razlika od brat mi . Nikogash ne sum barala od nea da mi kupi nesto ili da mi dade sekogash sum bila tiha i toa sho ke mi se dadeshe nemashe da go zemam nim ke im go podarev .Ama veke nemozam bukvalno se osekam na dnoto .Niti zbori so mene niti saka da me gleda .Sekoja moment go koristi samo za da me navrede .Mnogu losho se osekam .Dali imate nekoj sovet?

    Blagodaram odnapred.
     
  16. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.608
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека си грда? Еве како родител може да ја спушти самодовербата на своето дете на најниско можно ниво. Не знам колку години имаш, но ако си полнолетна можеш нешто да работиш и да се преселиш во стан под кирија со цимерка. Родител што навредува дете не заслужува да биде родител. Не знам како изгледаш, но не ни морам да знам затоа што грди жени и девојки не постојат, т.е за вкусови не се дискутира. Ти не си грда, туку мајка ти сигурно има некој комлекс, па затоа ти се истура. Ако уште еднаш те навреди, не и молчи, туку кажи и вака: "Можеби јас изледам грдо, но ти имаш уште погрд карактер." Кога таа може да навредува, зошто да не можеш и ти да ја навредиш? Да, не е убаво да се навредува постар, но не е убаво ни обратно. Облечи се најубаво што можеш и излези, така ќе се чувствуваш посамоуверено. И не дозволувај да те доуништи.
     
    На Makedonka007, hermosa, Milaаа991 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Emma2

    Emma2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    5.683
    Пол:
    Женски
    Ненормални! Некој пека по дете, не може да има, а други ќе го уништуваат на секаков можен начин, ниско и монструозно...
    Немам зборови!
     
    На Makedonka007 и mode-kristina им се допаѓа ова.