Дали се потребни нови јасни правила на форумов и проширување на модераторскиот тим?

Дискусија во 'За форумот' започната од Biljarkata, 10 февруари 2021.

?

Дали сметате дека се потребни нови јасни правила и проширување на модераторскиот тим?

Анкетата е затворена на 13 март 2021.
  1. Да

    146 глас(а)
    91,3%
  2. Не

    14 глас(а)
    8,8%
  1. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    7.024
    Допаѓања:
    69.436
    Веќе подолго време, повеќе членови забележуваат ненавремено реагирање или нереагирање од страна на модераторите а правилата на форумски однесување и санкционирање се нетранспарентни или во крајна линија субјективни.
    Дали сметате дека се потребни промени и ако да, какви.
     
    На Alishan30, Ava.84, ☆P!nselsp!tze☆ и 9 други им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    10.905
    Допаѓања:
    127.501
    Модераторите изгледа не се навикнати на критики, па се што знаат е клуч, како што направија со дотичната тема. Па само дојдов да си искажам мислење.:D

    Иначе да, му треба освежување.

    Едно време, Фемина пред 100 год функционираше супер. Ама тоа остана многу во минатото.
     
    На ane.bella, GirlLove, Antolinaa и 28 други им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    3.077
    Допаѓања:
    16.032
    Треба и нови модератори и нови правила и нови подкатегории и нови емоџи и она смешното ограничување на слики и гифови и треба мобилна апликација. И уште многу треба, ама ова е нешто главно што постојано се зборува.
     
    На GirlLove, Na.talia 24, butterfly6223 и 31 други им се допаѓа ова.
  4. asdas

    asdas Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    978
    Јас се шокирав кога дознав дека само тројца модератори биле. Срамота! Само еден подфорум треба да има толку...
     
    На Justicija, LadyC, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    7.024
    Допаѓања:
    69.436
    Модератори цело време исчезнуваат, нови не никнуваат. Админи се ваљда тројца, модератори ќе да ги има повеќе, ама сепак, далеку од доволно.
    За правилата @Cosmi барем 16 пати има наведено предлог идеи, ако не ја мрзи да везе, може да ги наведе овде.:wasntme:
     
    На Alishan30, LadyC, edna_malecka и 9 други им се допаѓа ова.
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    15.935
    Тројца? Повеќе се.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.866
    Допаѓања:
    173.299
    Потребни се.
    И тоа платени модератори.
    На кои ќе им е должност да се по 8 часа дневно на форумот.
     
    На GirlLove, LadyC, nena2010 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    7.635
    Пол:
    Женски
    Ако секогаш изговорот е дека не можат да постигнат модераторите, тогаш дефинитивно треба да стават уште нови.
    А најголем дел од сите кавги може да се спречат ако навремено се реагира.

    Треба јасни правила за членовите и за модераторите кои ќе бидат транспарентни и ќе важат за сите подеднакво.
    Треба да се дава објаснување зошто се бришат мислења. На крај краева, ако не ми кажат што е погрешно како да избегнувам тоа да не го повторувам во иднина?
    Не треба да се игнорираат прашањата на членките, туку да има повеќе комуникација.

    ЕДИТ: Сега видов, другата тема затворена. Толку од добредојдените критики.
     
    На Idedemja, темјанушка, Stephen Amell и 12 други им се допаѓа ова.
  9. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    22.264
    Да.
    Зошто одма и новата тема за образложение појде под клуч? Изгледа не одговараа коментарите.
     
    На mode-kristina, Stephen Amell, LadyC и 9 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    5.994
    Допаѓања:
    54.522
    Пол:
    Женски
    Потребни се нови модератори.
    Членовите се незадоволни.Се надевам дека еден ден администраторите ќе го сфатат тоа.
    Модераторите да си ја вршеа работата,немаше да се жалиме.
    И нови емоџи би ни се нашле.Во многу ситуации ќе ни се најдеше она попче какво што го има на Кајгана.
    Администраторите треба да се вклучат во дискусиите за да видиме дека има контролори на форумот.Реинбоу не може сè сама.Секако дека секој има обврски надвор од форумов,ама кога администраторите на другите форуми можат да одвојат по неколку часа за форумите,би требало да можат и овдешните.Бар по 2-3 саата дневно.
    Правилата треба да бидат напишани појасно и да важат за сите.
     
    На GirlLove, Bezobrazna01, marija305 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. asdas

    asdas Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    978
    Па има листа или инфо некаде?
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    15.935
    Кога ќе ги отвориш подкатегориите горе пишува кој е. Ако нема значи Реин е таму. :)
     
    На edna_malecka и bicycle им се допаѓа ова.
  13. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    34.600
    Пол:
    Женски
    Фала богу Билјарке. (highfive)
    Конечно некој да поттикне продуктивна дискусија.

    ДА за нови модератори, ДА за повеќе модератори, ДА за поактивни администратори.
    Апсолутно неприкосновен факт е дека долго време се случуваат расправии, најмногу поради непостоењето на акција во примената на правилата поставени од самата администрација уште при основањето на форумов.
    Затоа можеби идејата на @Cosmi не е лоша, бидејќи така ќе бидат уште поконкретни и покоректни во причините за нечие избришано мислење, предупредување и банирање на ден, три или повеќе.

    Најсериозно, сите тука имаме жолти минути и знаеме да претераме.
    Милион пати сум кажала дека и самата јас сум имала мислења на кои не сум најгорда.
    Сум велела слободно да ме пријави секој кој смета дека некаде сум погрешила и избрзала.
    Јас исто така сум пријавувала мислења кога биле нешто што по некој мој критериум минува црвена линија.
    Меѓутоа мислам дека многу повеќе не пријавуваат, а модераторите не секогаш реагираат навремено.
    Резултатот е иритираност и лутина од двете страни.

    Исто така сметам дека пред се треба малку повеќе почит и слух за членовите.
    Зошто иако не секогаш било пријавувано, сепак било посочувано во Прашање за форумот.
    А како доказ дека ни се слуша гласот, за почеток би било да не ставите клуч на темава и да примените од тукашните критики за да се подобри престојот за сите нас. :)
     
    На mode-kristina, oblace1, edna_malecka и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    3.872
    Допаѓања:
    46.890
    Пол:
    Женски
    :DПо 17 пат ке копирам претходни мислења.
    Секако дека е потребно менување и дополнување на модераторскиот тим.


    Картони со казнени поени.
    Пр.
    Тролање -30
    Оф топик-10
    Навреда-100,бан од 3 дена
    Расно,говор на омраза итд.-500 -бан на 1 месец
    1000 бода - траен бан.
    Пример кога ќе собере членот 100 бода за тролање оди на ладење 3 дена.
    Покрај спорниот пост да стои црвен картон кога ќе кликнеш на него да ги има поените и причината ,како и известување колку поени има .
    Секој ке се чува така од бан,ќе знае ако трола уште една тема ,ќе биде баниран,и ќе внимава.

    Во текот на ноќта ви се случи сериозен инцидент со откривање лични податоци и пораки.
    Постот си стоеше затоа што модератори немаат овластување да го бришат.
    А имаше присутен онлајн во моментот.
    Да имаа,ќе беше избришан веднаш,и немаше пола форум да ја знае содржината.
    Дајте им овластување и зголемете број на луѓе кои ќе го уредуваат форумов,еден човек е малку.
     
    На mode-kristina, Justicija, realGirl и 20 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.866
    Допаѓања:
    173.299
    А ќе има награда за тој што ќе собери најмногу бодови? :D
     
    На mode-kristina, oblace1, realGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.595
    Пол:
    Женски
    Потребни се повеќе модератори од што има и да бидат активни.
    А и апсолутно потребна е и промена на некои од постоечките. Не знае секој правилно да си ја врши работата
     
    На mode-kristina, edna_malecka, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    28.309
    Пол:
    Женски
    Треба да, секој да си води рачун.
    На секој подфорум 2 3 модератори.
    Секој пат кога ќе има бришење, да има и образложение зошто.
    За секој да важат истите правила.
     
    На Idedemja, mode-kristina, Ahoy и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    10.595
    Пол:
    Женски
    А и треба да се обрне многу внимание на национализам, верска нетрпеливост, шовинизам, хомофобија, body shaming...
    Треба да има граници до кои некој може да го изразува мислењето, без да навреди некого.
    Исто како и во face to face конверзација.
     
    На Idedemja, mode-kristina, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    2.286
    Допаѓања:
    27.085
    Пол:
    Женски
    Во врска со тролање или недолично пишување во доцни саати кога модераторите се најчесто отсутни или не можат да реагираат веднаш, имав предложено идеја (стои некаде) да нечие мислење кое го сметаме за спам или недолично, со стискање на копче пријави - привремено да го снема и да оди на проверка од модератор кој ако смета дека е несоодветно да го избрише или ако смета дека е во ред да го врати во темата.
     
    На mode-kristina, Alishan30, темјанушка и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    7.635
    Пол:
    Женски
    Е ова е еден од поголемите проблеми. Слобода на говор наспроти говор на омраза и нетрпеливост. Оставено е слободно да се толкува по потреба.

    Многу одвратни работи и суптилни навреди се протнуваат како слобода на говор.

    Не се оградувам и негирам. И јас имам такви постови со суптилни навреди како реплики. Иронијата е што тие ми стојат, а тие кај што нема ништо навредливо се избришани.
     
    На mode-kristina, lovestoneddd, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.