Дали се уште ги играте оние детски игри кога сме биле мали?

Дискусија во 'Слободно време' започната од Deni-f, 11 март 2010.

  1. Deni-f

    Deni-f Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    здраво.можеби е чудно но иако имам 17 години јас сепак сакам понекогаш да ги играм оние детски игри кои во минатото сме ги играле со децата од улица или од нашата зграда.ние најчесто игравме ластика и обожававме да се шетаме по ридовите особено кога заоѓаше сонцето... :lol: што мислите вие??? некои велат дека тоа е така затоа што сеуште не сме биле созреани!!! а јас мислам дека некогаш е потребно да се сетиш на старите времиња кога радоста и смеата биле наши сопатници без да се занимаваме со било какви проблеми како сега.поздрав :)
     
  2. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Во однос на тоа дека праксата од фах ми е во градинки и школи, не престанувам да си играм :lol: особено со оние најмалите во градинка кога ќе им објаснувам некоја игра и после сите заедно си играми, тогаш верувале или не времето ми летнува и си поминувам најубаво, а и се потсетувам на моето детство и времето кога јас бев како нив :D
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    И јас кога бев мала игравме многу.И да ви кажам најсмешна ситуација,а воедно и одтогаш престанавме да играме:двајца мои најдобри другари,од играње,криенка во прва средно :oops: ,за нецела година добија бебе :clap: и одтогаш скраја да е од играње :lol:
    А ,да,си играм ама со брачеди ми,уствари тие си играат со мене,ќе се испикаат секаде,и ајде ти барај.А ластик,нееее,не играм,многу дооолг треба :lol:
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.711
    Кога бев мала нон-стоп бевме надвор. Се и свашта игравме. Дури и ако врнеше, по гаражи, под стреи се собиравме.
    Сега си играм најчесто со брачеда ми, мада шо децава денес одма на компјутер се закачуваат. Не знаат што е ластик, ништо не знаат.
    Многу ми се прави ќеф за ластик, ама треба да најдеме негде место кај што никој нема да не види, зашто кога ќе не видат олкави магарици :lol: :lol: :lol:
     
    На Lilly8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Леле кога ми текне на играта, се чепатевме како мали дури и на уши го стававме :lol: :lol: :lol: Вежбав дома го закачував по столови дури :lol: И цар сум играла, онаа игра со нацртани полиња, па фрлаш каменче да го погодиш полето и рипаш после на една нога. А од школо крадевме креди за да има со што да цртаме :lol: Цел двор сум го шарала :lol:
    Ама помина тоа време :)
     
  6. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    хаха исто и јас со кредите, и тоа кога ќе ме пратеа да земам креда од канцеларија, обавезно си зимав уште две три во џеб за мене, како којзнае што да било хаха :D
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Ех кога ке ми текне на игрите народна,ракомет,жмурка,па кога ке се сетам со друството од маало кога игравме,па кога ке ми текне со барбики кога игравме ние женските во маало.Ама сега сите се разотидовме секој на друга страна по својот пат,ама спомените си се спомени и остануваат во меморија.
     
  8. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    следно идање Охрид спремај ластик да знајш :!: :lol: :lol: :lol:
    ак требит насреде чаршија ќе оптегниме еден :lol:
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.711
    :lol: :lol: :lol: Ова ти беше оргинал :up: :clap: Готово. Само поарно на плоштад да оптегниме. Поќе место ми имат некако :D
     
  10. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    ок договорено :D
    ме бива за акцентов...можам да ЗБОРВАМ ПО ОХРИДСКИ :worried:ilent:
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    uf kako i ja bi igrala lastik sea... :D :D :D
     
  12. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    70
    Eh kolku ubavi spomeni si imam od detstvoto vo moeto maalo koga si igravme zmurka,narodna,plocka,lastik,neka bie neka bie,pa so barbiki duri im sievme obleki i im pravevme bikini od hulohopki hah.....e sakam da se vratam pak u detstvoto da si igram vaka kolku mi nediostiga iako nekoi igri duri do 7,8 oddelenie gi igravme :lol: sega ovie decava mislam neznaat tolku da si igraat uste od mali se zamaraat so mobilni,so kompjuteri i takvi stvari
     
  13. kalinaka

    kalinaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    Јас работам во градинка па нон-стоп сум со дечиња и со детски игри... Само што сега децата не ги знаат нашите игри... Понекогаш се трудам да ги заиграм со плочка (имаме едни големи коцки со бројки и можат да се наредат баш како за плочка) ама обично чудно ме гледаат :) ... Единствени игри што сеуште се популарни се жмурка и брканица...

    А како би сакал да поскокам малку на ластик, сеуште ги паметам чекорите и песните :D
     
  14. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    хаха ние пеевме една , шо сега гледам врска немала „ Пинокио шпагета се вози на ракета, аси аса, аси, аса, јас сум Пинокио ча ча ча “ :lol: :lol: :lol:
     
  15. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Ние го имавме најголемиот и најубавиoт двор во цело мало и затоа кај нас се збиравме и си игравме со барбики и машките ни ги пренесуваа со тие камиончињата :lol: Најмногу ќеф на сите ни се правеше кога игравме мижанка,преубаво си поминувавме до 1 сатот навечер сме играле.Па после игравме народна,ластик,ракомет и сл.Иако имам 16 год летото со моите 5 години постари братучеди си игравме мижанка :oops: :lol: Цело мало на нозе го кренавме :D Сакам пак да сум малечко дете,мн ми фали.Овие новиве генерации уште во 6 одд можеш по кафулиња да ги видиш,а ако им спомнеш за ваква игра будала ќе те направат :Down:
     
  16. ivanapinki

    ivanapinki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7




    Potpolno se soglasuvam nie sme imale ubavo detstvo ama segasnive generacii :worried:
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.366
    Допаѓања:
    36.988
    Некои од моите омилени детски игри беа жмурка, грабни стапче, делфин и леле имаше уште толку многу... Ах тоа прекрасно детство. Сегашниве генерации не знаат што пропуштаат :(
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Леле во нашево мало овде кај нас кога ќе се соберевме не ни текнуваше дома да си појдеме, особено на лето, преку ден игравме жмурка (мижаница ја викаме ние), па фудбал, кошарка, царе, царе ,брканица, шарка ,ластик и мене ми текнува ластикот дома на 2 стола и скокај , па од листови и од цвеќиња правевме манџи или си правевме нокти ги лепевме со лигушки :D или со оние бил татко ти војска- е вака главата му летала :lol:
    игравме со учителки , па изигрававме пејачки, манекенки и што уште не, во :D секој случај тоа ќе остане врежано мо моето срце, интересен период од детството.
    А инаку сега си играм со братучедчињата мои , многу ни е забавно , надвор ги шетам добро , ама дома си се бркаме, си играме со количиња и со уште мн др играчки, тон играчки имаат :D уште си сум дете, несакам да пораснам...
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.004
    Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали?

    си играв летото почесто.. искачав преку викендот, а преку неделата на улица
     
  20. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    100
    Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали?

    Темата е дали сеуште ги играме детските игри ? или Кои игри сме ги играле и кога????

    За првото да одговорам : ДА играм сеуште , кога сум со мали деца, кога треба да чувам мало дете, нормално за да му биде позанимливо, си играме и ми успева на тој начин за да го заиграм, да му биде интересно.
    А за второто: Игравме многу криенка, ластик, што ли уште не, не ми ни текнува како се викаа сите. Најчесто летно време, на улица.