Ценкањето е всушност договарање со продавачот за да ја спушти цената. Обично продавачите секогаш ставаат малку повисока цена , за да има простор да ја спуштат, а сепак да бидат во добивка. Јас порано не се ценкав, срам ми беше ама сега без проблем. Си пробувам, па ако бива бива, ако не ништо Кога купувавме столови и маса за на балкон, се ценкав и еден стол гратис ми излезе Многу пати прашам за цена, и ако ми е скапо продолжувам, а продавачот трча по мене сам почнува да ја намалува цената. Дали вие имате навика кога купувате да се ценкате? Дали тоа го правите постојано и дали секогаш успева?
Не, иако овде каде сум тоа е познат спорт. Не се замарам и не сум на пазар купувам онлајн доста и чекам попусти. Единствено барам попуст ако забележам мала фалинка ама тогаш може и да не купам. Со стари луге на пазар да се ценкам а ги гледаш едвај заработиваат на ситно, исто не. Прекупци гледам да избегнам...значи, ако се осеќам искористена ако платам фул цена, не ни отварам новчаник.
Многу ретко, само кога гледам дека сакат да ме прават будала. Инаку ако не ми одговара цената само си продолжувам по патот.
Не се ценкам јас кога ме прават 'будала'.. во фаца им викам: Абе аман не се занесвај! - или нешто во тој стил
Никогаш досега не сум се ценкала на места каде што се може (пазар, улични продавачи и сл.), ако немам во моментот толку пари или ич не можам да си го дозволам производот - не го купувам. Срам ми е и непријатно, што знам, не ми се допаѓа таа практика... барем не е за мене би рекла.
Јас никогаш не се ценкам-а мајка ми,секогаш. Срам ми е многу и грев за луѓето.а таа човече, каде побарала попуст нешто, секаде и успева.си ја зимам често со мене зошто знае да пазари.во бутици добивала попусти.а во Турција двете кога бевме дури срам ми беше.по тоа Капали Чаршија мислам за без пари накупивме 2 куфери.на се доби и попуст и гратис мајка ми
Во некои култури, еве Турција ќе ја земам како пример дури и ако ја прифатиш оргиналната сума за нив е навреда. Сакаат да се ценкаат за да видат колку сакаш да го имаш производот Интересен народ Ова пред неколку години, јас се ценкав за марама и си ја земав на намалено ))
Нееее. Ич не ме бидува,поточно срам ми е. Никогаш не се ценкам. Ама пак затоа тежок ценкач за маж имам.Не му е ни за двата денари што ќе му ги спуштат туку самиот чин му е предизвик.
Не се ценкам,ама се случувало ако стварно се мислам, го гледам производот и сами да спуштат цена. Само Капали чаршија ќе ти почнат со 20 евра ќе завршат со 4. Сакаш, неќиш, ќе се ценкаш. Па и уште ко ќе им зборниш македонски, готово,ќефови се.
Никогаш. Немам таква навика а и срам ми е. Ако ми одговара цената ќе го земам производот, ако не нема. Сакам само побрзо да завршам работа и толку. Сепак понекогаш се случува сам продавачот да ја намали цената ако се мислам дали да купам, или тоа е едноставно една нивна тактика да кажат прво повисока цена па после оригиналната.