1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали системот во државата е дерогиран?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од saren_petel, 7 јуни 2018.

  1. saren_petel

    saren_petel Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Машки
    Гледајќи како функционира државата како систем, почнувајќи од судство, здравство, образование, спорт, администрација, целокупната состојба во која се наоѓа државата и сите проблеми кои ни ги наметнува нејзината дерогираност во секојдневието, ми даде поттик да подускутираме дите на оваа болна тема.
    Особено кога секојдневно се сретнуваме со без број проблеми, кои проблеми влијајат нервозно дури делуваат и на здравјето кај човекот.
    Како да се справиме со тој рак во општеството, кој е метастазиран буквално на секаде, во секоја пора од системот?
    Дали има излез воопшто, или да ги кренеме рацете и да се предадеме и да оставиме во страшното здраство каде секојдневно се среќаваме со мизерни ситуации од кои мислам нема излез, исто такво судство, за "ефикасна"администрација да не зборам и т.н.
    Оставам понатака во дискусијата да се вклучат др. членови на форумот.
     
    На SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    26.510
    Допаѓања:
    206.092
    Се' е нефункционално, сите го знаеме тоа. Не верувам дека има некој кој не го мисли ова.

    Дали може да се смени? Може... и тоа многу лесно. Само ни требаат добри менаџери, трули капиталисти и секако, да бидеме под надзор на западот. Ако не пуштат пак сами на себе, уште толку ќе испосе*име се'.
     
    На crimson и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  3. saren_petel

    saren_petel Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Машки
    Со еден збор ние не сме кадарни за да се исправи нешто што со години е искривено. На пример, здраствито каде здравствените услуги се на катастрофално ниво. Само се експериментира и на крај без никаков успех. Пред некој ден се сретнав со еден мој пријател хирург по опш. хир. и баш поразговаравме на оваа тема. Тој ми вика, буквално сите сме под некоја пресија по вертикала(од министерството) па надолу. Не знаеме кој пат да фатиме, постојано со некои закани, без услови за опррации и на крај ми рече дека учел германски јазик и ќе си барал чаре надвор.
    Исто така квалитетот на услугите од лекарите и мед. персонал е на нула. Примени лекари преку партија со купени дипломи те убедуваат дека пациент кој има знаци на мозочен удар, дека е здрав и нема потреба од КТМ. После сите напори и интервенции на крај требаше пациентит да се однесе во Охрид во Св. Еразмо и да се констатира мозочен удар. Е такви партиски лекари имаме во дрмавава. Жалосно. Така е и во др. пори на општеството за кои може романи да се пишува, али добро е и др. членови на фирумот да се вклучат и да подискутираме за ракот во државава.
     
    На lovestoneddd и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    26.510
    Допаѓања:
    206.092
    Нема многу интерес на темава, пошто сите се согласуваме и ќе вергламе само : Да така е.
    Не верувам дека е некој задоволен од нешто.
     
    На saren_petel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. saren_petel

    saren_petel Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Машки
    Гледам нема интерес, али убаво е да се критикува или пофали нешто, ако чини или не чени нешто. Затоа ќе ни оди низ брдо државичево, каде криминалци и продадени души раководат со него, а околу нив ситни души полтрони кои шлапкаат за парче леб и мизерна работа од 12.000,оо ден. Се дотогаш додека сме на некој начин солидарни со криминална банда која пустоши во државава од осамостојувањево до денес така ќе ни биде, ништо повеќе не заслужуваме одсем ваков живот да живееме. Живот на несигурност, живот колку да си само жив, ништо повеќе.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.315
    Пол:
    Женски
    Во државава одамна ништо не функционира. На прво место ги ставам здравството и судството. Сведоци сме на многу лоши случки. Умираат родилки и бебиња, никој не одговара. Корумпирани судии. Убијци и насилнии на слобода. Се вработуваат луѓе со купени дипломи. Не знаат два плус два колку се, а лечат луѓе. Катастрофа. :x
     
    На WildMk и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  7. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    24.323
    Пол:
    Женски
    Само што видов инста стори, мали ромчиња се бањаат во фонтана во центар на град, па се прашувам дали постои институција да се погрижи за тие деца? И оние на семафорите? Дали постои институција за јавен ред и мир? Дали би се сторило нешто доколку тие деца не се ромчиња? И зошто ништо не се презема за ова во 21.век? И ова не е од денес, со децении е.
    Не знаев каде да пишам, ми се виде соодветна темава.
     
  8. другар.

    другар. Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    државава ни е со гајди да ја жалиш. од година во година се полошо е, јас се плашам дали воопшто ќе опстане :(