1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сме “економски патриоти“?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 23 јули 2014.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.076
    Допаѓања:
    11.219
    Премиерот на Србија, Вучич ги повика Србите да бидат економски патриоти и да си летуваат во својата земја. Албанците во мојот град гледам дека летуваат претежно во Албанија. Колку сме ние и дали треба да бидеме “економски патриори“, своите пари да ги трошиме во својата земја? Јас лично не сум опседната да одам на одмор во Грција, и сакам да ги посетам местата во Македонија кои не сум ги посетила(иако тоа се мал број на градови). Што мислите вие?
     
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    дали сме “економски патриоти“

    Не сме ние никакви патриоти не само економски...

    Ај за одмор мање више, еднаш годишно е и секој си оди кај што му е желба ама има работи кај што ништо не не спречува ама ете не сме. Не дека имаме во Македонија некоја индустрија јака за да купуваме наши производи ама зошто ете да купам турска фротирка кога можам штипска 100 пати подобра? Или за храна, таму најмногу се гледа, фино лепо ке си купам македонско млеко. Имам заприметено во западните европски земји мноооогу го почитуваат тоа, ама и самите домашни производи им се многу поефтини отколку увозните. На пример, Хајнекен во Германија е доста поскап од германските пива со сличен квалитет. И мислам дека на тој начин најлесно се привлекува домашниот пазар, само со цена и квалитет.

    Јас сум уствари до толку локал патриот што ако видам производ произведен од мојот град и производ од друг град секогаш тој од мојот град си го одбирам ;)
     
    На SV1911, tessie, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.076
    Допаѓања:
    11.219
    На одмор може да се оди и во Преспа и Дојран, Струга, не мора да се грчки плажи. Може да се одмара во Црна Гора, Бугарија, не мора Грција.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    А Црна Гора и Бугарија во Македонија се? Темава си ја отворила за едно а целиш кон нешто сосема друго.
     
    На tessie, andromedae, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ние дијаспорците сме македонски економски патриоти :!: :D

    А тоа едно тегле ајвар од Пелагонија што го купувам за 5 евра, а го мачкам на 4 лепчиња пред да ја огребам тегличката, тоа не се брои во економски патриотизам, туку во стрв :!:
     
    На nena2010, tessie и kikikikirika им се допаѓа ова.
  6. Marzyana

    Marzyana Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Нормално е некој што има повеќе пари да сака да шета надвор. Нема сигурно некој што има 1.000 евра месечни примања да оди на одмор во Преспа или Дојран коишто сеуште се далеку од туристички места. Тие места можат да бидат само викенд дестинации.

    Тој предел кој всушност имаше најголем потенцијал да развие зимски туризам за жал го продадовме ние самите Македонци ( Западна Македонија).
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.076
    Допаѓања:
    11.219
    Не се во Македонија, ама се попријателски земји од Грција. Да, тој што има 1000 евра приход ќе шета на страна. А некој ќе се товари со храна од овде само да е во Грција. Не сме патриоти штом во толкав број летуваме кај нив. Мора ли секој остров, секое грчко летувалиште да се посети. Јас сум била на шопинг во Солун да се шетам, а си купив едно парче облека затоа што беше јакната ефтина и овде за тие пари нема да ја најдам. Пиев едно кафе и остатот шетав. Во Космос и ИКЕА повеќе има купувачи Македонци од Грци. Не сме патриоти во никој случај никакви, не па економски.
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ама чекај малку сега. Измеша ствари. Ти почна тема со дали сме економски патриоти, не дали сме патриоти. Два различни поима. Исто толку е предавство на економскиот патриотизам ако ти бираш да одиш на плажа во Црна Гора, на Малдивите или во Грција.

    И баш затоа јас реков погоре. Како ги забележа Албанците од твојот град дека одат за Албанија, ете така и ние дијаспорци кои имаме избор каде да одиме, па пак редовно дестинацијата ни е Македонија, ама ти не гледаш тоа, очите ти се само во албанците и како тоа они се најдобри во се што прават за нивната земја. И смешно е да напаѓаш друг народ кој пазарува по други земји, кога и ти си имала корист на поевтино и убаво да купиш и тоа баш од таму од каде никој друг не треба. Хипокритски твоето е оправдано и не се брои, оти само едно парче облека е и едно кафе (оти толку ти дозволил буџетот), и оти е твое.
     
    На tessie, okcenzi, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Апсолутно се согласувам со imelda, целата тема изгледа е наменета за критика на луѓето кои одат во Грција, а не за економски или било какви патриоти.
    Плус би додала дека од една страна Бугарија баш и не е толку многу пријателски настроена, од друга морето таму, ако човек сака да оди на море, не се споредува со грчкото. За нивна среќа, Грците имаат еден од најубавите брегови во Европа (крајбрежјето и островите), и тоа е факт признат во целиот свет. Луѓето од тука одат во Грција затоа што е најлесно достапна и најблиска, и можат да се прилагодат на различен буџет - од пиперка/патлиџан туризам за мали пари, до луксузни хотели со сите нишани. Тоа баш не е толку едноставно кон друга дестинација (таква ни била судбината) - Црна Гора и Хрватска се многу подалеку, а и прилично скапи, Бугарија пак ќе кажам дека нема убаво море, а Албанија сеуште не е туристички многу развиена и нема богата понуда. Италија и Шпанија имаат исто толку голема понуда како Грција, но за 90% од Македонците, тие дестинации се недостапни.
    Е сега, Охрид е убав за некој ден, ама за цел одмор секоја година до крај на животот, да не се залажуваме...
     
    На calliope, tessie, andromedae и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.076
    Допаѓања:
    11.219
    Па не тргнав со празен џеб. Имав пари, ама си ветив дека ќе шетам, ќе пијам кафе покрај море и ете непланирано купив една јакна затоа што беше убава, а ефтина. Другарка исто викаше дека не сака да им прави промет и нема да купува многу, ама кога отиде се шекна и се врати со полни ќеси иако и кај нас има фармерки за 10 евра. Мислам на економски патриотизам во секоја смисла, се што подразбира трошење на пари. Своите пари да ги потрошиме кај свои луѓе. Ти доаѓаш во МКД заради роднините, а овдешните Албанци имаат роднини на Косово, не во Албанија и пак одат затоа што ја сметаат за своја матична држава иако се родени и живеат во Македонија.
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ти ме знаеш мене? Ти ги знаеш сите македонци од дијаспората што доаѓаат и трошат пара која се слева во буџетот во Македонија, за да знаеш зошто секој од нив редовно доаѓа за Македонија? Може јас доаѓам за роднина, за работа, за невладини цели, за добар провод со евтино пиво и евтини момци, за женачка/мажачка, за да се сликам пред барокот, ич да не те интересира зошто. Не те ни интересира де, како што реков, тебе очите на друго место ти гледаат.

    Правдај се колку сакаш. ФАКТ, ти си потрошила пари во Грција, си помогнала во нивната економија, без разлика колку имаш или си имала во џебот на таа прошетка. Немаш право да судиш друг кој троши пари во Грција. Си го продала тоа право да судиш на другите за една јакна и за едно кафе. Јас за разлика од тебе немам стапнато на грчка почва, и пак не ги кривам луѓето што пазаруваат или одмараат таму.
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Работава испаѓа - "од еднаш за 500 евра курва не се стануе" :lol: да ми извините на израз.
    (изрекава нема никаква врска со кој и што купува во Солун, туку како споредба ја наведов)

    И јас не ја гледам смислата на темава, ако одењето во Грција се напаѓа, а на одењето кај, истите по тежина, непријатели на Македонија-бугарите, се гледа како на нешто нормално.
    Е не е, ако сакаш да бидеш економски патриот, испиј едно кафе во Македонија, купи си јакна во Македонија, немора баш таква каква што има во Солун, купи си малку поинаква ама убава, ама ете во Македонија.
    Купи си млеко од Здравје Радово или Битолски а не Дукат и сл., Агрокрем наместо Nuggi српски крем, одн.секогаш внимавај да го има знакчето дека е произведено во Македонија.
    Јас не сум толкав економски патриот, кога имам финансии одам во Грција, иако сакам продуктите да ги испазарувам во Македонија, бидејќи не можам да ја јадам таа храна таму, сакам да си зготвам наше :$
    Грција за летување е поевтина дестинација од Црна Гора, Хрватска па можеби и Бугарија. Поевтина затоа што ете патот е краток и ако одам со кола си пазарувам во Скопје :rofl: .
    Кога одам-да одморам некаде, гледам да одморам и поевтино, а притоа да имам се што ми е потребно а не да седам на тераса навечер со празна маса, без благце, кафе, сок (наши производи претежно :$ ) и сл.

    Од друга страна, не е проблемот во имањето/немањето на македонски економски патриоти, проблемот лежи во државата која не знае да си ги рекламира своите производи, а за туризмот што не е ниту малку развиен, криви се оние од "туризам и менаџмент, што врата ќе им отвори кон сиот свет", можеби за светот ја отвара ама за Македонија ја затвара.
     
    На tessie и andromedae им се допаѓа ова.
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Како да бидеме економски патриоти, кога владата не ни е, кога министерството за финансии и економија не ни е?!

    1. Во секоја од понапредните држави се занимава со производство и ги поттикнува државјаните да се занимаваат со производство, додека кај нас се поттикнува на трговија. Многу малку се произведува нешто во Македонија. И како народ сме многу мрзливи и горди барем додека сме во Македонија, кога ќе заминме во странство сме спремни и 3 работи да работиме и не ни е срам било што да работиме(баш ме интересира колку од тие што одите да работите како собарки преку летото во Германија би работеле како собарки во некој од охридските хотели или би миеле садови во некои од кафичиве или би чистеле тоалети). Обично царината за производите кои ги има во Македонија треба да е поголема, отколку за оние производи кои се произведуваат во државата. Да сака човек да отвори фабрика за производство, треба да даде грдна пара само за царина, или посликовито на пример за машина за производство која би чинела 5000 евра за царина ќе треба да даде 10 000 евра. А баш треба да се поттикнува прозводството бидејки нашите производи би се продавале со пониски цени отколку на другите земји и полесно би се пробиле на светскиот пазар. Кај нас наместо да се поттикнуваат луѓето да работат тие се кочат и бркаат надвор од земјава и наместо тоа се носат странски „инвеститори“ чија цел е само да се уништат тукашните фабрики или да ги соберат постоечките машини и да ги однесат во фабриките во нивните матични земји, а тука само да фигурираат колку дека постојат и ќе остават некои машини колку нешто да работи фабриката, без некој голем профит, што придонесува и за ниски плати на вработените.

    2. Како да одам на одмор на Охридско или на Преспанско или на Дојранско езеро, кога за дупло помали пари ќе си поминам убаво на море во Грција каде водата е далеку потопла, каде ме третираат како господа, кога ќе ми се расипи казанчето веднаш доаѓаат и ми го поправаат, а не ми велат со леген да си потурам вода откога ќе завршам работа, секој втор ден доаѓаат ја чистат собата, менуваат чаршафи и носат нови перени крпи, а сепак не сум сместена во хотел. И самата држава не се труди да ги поттикне да одат на туристичките места во Македонија, нека им дадат ваучери со кои 50% од трошоците за сместување на вработените во државно би им биле покриени или нека им даде исти такви ваучери на студентите. Тие нака им обезбедат пари за одмор на граѓаните, наместо приватниците со к-15, нека се префатат со нивните услуги со угостителите па и вработените од приватниот сектор нека имаат попусти во македонските туристички места.

    3. На прсти се бројат иселеници кои се вратиле и инвестирале нешто во Македонија. Иселениците македонци се спремни само да трошат пари по кафани и дискотеки во Македонија, а за летување пак одат во Грција, Турција, Египет, на Јадранот итн. Албанските иселеници кога ќе се вратат во Македонија или Албанија инвестираат во некаков бизнис. Како е развиен туризмот во Грција? Знаете? Колку проценти од парите со кои се изградени апартманите и студијата во кои летуваат македонците и останатите туристи, се заработени во Грција? Многу малку! Секој газда со кој ќе падните на муабет, ќе ви каже дека се вратил и од Германија, Скандинавија, Америка, наместо таму да вложува или секое лето да се расфрла со парите во Грција, заштедил и заработил добра пара и вложил во угостителство, некој друг во нешто друго, трет во нешто трето итн. Кај нас ретки се македонците кои заработиле нешто надвор и инвестирале во некаков бизнис тука, во Македонија. Исто така им е послатко да изградат во странство куќи на 3 спрата и да се прчат со нив отколку да инвестираат и започнат бизнис во Македонија. Македонците кои заминале од државата, пак гласаат за оние благодарение на кои биле приморани да заминат од државата, што ми е многу голема енигма зошто е тоа така.

    4. Како да купуваме македонски производи кога немаме стандард? Еве јас почнав да купувам хрватски производи од Дукат откако не знам колку пати ми се има погодено киселото млеко (и тоа ова важи за од сите македонски произведувачи на млечни производи да ми се случи) да е секогаш различно солено, кашкавалот секогаш да има различен вкус, сирењето да е различно солено, јогуртот(посебно од Битолска млекара) од што има нишесте еднаш да не знае човек дали е пудинг или маштеница |( . Мора да имаме стандард! Носиме турски веш или не знам каков или се прчиме дека е од Екстим интимо или од Викторија сикрет,кога имаме еден куп македонски конфекции чии производи на странските пазари се сметаат за високо квалитетни и се продаваат прилично поскапи отколку кај нас. Ретко кога влегувате да купувате облека од продавниците со македонска роба. Повеќе алишта од македонско производство ќе најдете на тезки отколку во продавници.
     
    На Orthophill и kikikikirika им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.076
    Допаѓања:
    11.219
    Една јакна е проблем, а не е проблем да се оди 2 пати годишно на одмор во Грција во јуни и август. Албанците одат во Албанија или во Струга на езеро,ама трошат пари кај своите. И во мојот град си купуваат од нивни дуќани, не купуваат од Македонци. Само ние сме нација која го негира своето и се разнебитува како таква.
     
  15. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Tanjamm да го прокоментирам последното твое мислење.

    Не е работата дали е една јакна, или ке се облечеш од "глава до пети", туку твоите споредби. Сега, ти си зела само една работа и тоа не важи, така?

    Второ, ако е македонски производот, зошто е потребно нагласување дали производот да е купен од продавница која ја држи личност од друга националност или од наша? Не ја гледам логиката во споредбата!?


    И да напоменам. Споредбата на море и езеро е во најмала рака смешно.
    И рака на срце, ако ги споредиме цените во Охрид и Грција, нема да наидеме на разлика. Коктелите и таму и ваму се по 5 евра, а разликата е солена, морска вода и езерска вода, која за некои личности е главна причина поради која одат надвор од државава.
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Како и вообичаено зборуваш неповрзано и баш ти нема поената муабетот... Значи да почнеме со ред. Ниедна држава не потикнува трговија место производство ,каде си видела кај нас такво нешто ?
    Дисбалансот меѓу трговијата и производство како дејности е рак рана за многу економии , производството е тоа што на долг рок ја храни економијата ама има своја цена. Додека кај трговијата профитот е сигурен , не се чека за него и само како пример едно чоколадо , знаеш ли дека 50-60 посто од колачот со профитот го јадат малопродажба и големопродажба те трговците со нивните маржи , 8 посто добавувачите и останатото на производителите и гледаш зошто има повеќе трговија .. Не можеш да му наметнеш на правно или физичко лице со што да се занимава , слободен пазар тоа е .

    Друго ако некој чисти во Германија за 2000 евра а тука ќе добие 200 евра(дали и толку ?) , јасна ти е логиката зошто чистат во Германија а не во Охрид. Патем не ти ја сфаќам поентата за ова , кога заработените пари од Германија ги трошат тука.

    Што се однесува за машините и странските инвестори се пукнав од смеење искрено. Странските инвеститори не сакаат да добавуваат од нашите фирми поради тоа што немаат современо производство , плачат тие за нашите машини од времето на Тито. Странските инвестори идат поради евтина работна сила не со ум да не уништат и да ги земат машините . :^) Плус даночни ослободувања , платени придонеси , а и релативно добра местополажба на балканскиот пазар .


    Дека ќе поминеш поевтино нема , ама дека ќе видиш повеќе и дека Грција како туристичка дестинација нуди многу повеќе за парите да се слагам. Ваучери за адмистрација да оди на одмор . :rofl: нереални и непродуктивни фантазии . Туризам се потикнува за изградба на инфраструктура , вложување во туристички капацитети , добра реклама и ценовна политика.

    Албанските иселеници ако вложуваат во Македонија прават добро за Македонија , го билдаат БДП-то креираат работни места итн.. А тоа дали македонецот вложува немам статистика а ти ни правиш рекла казала муабети од што си видела по комшиите, но платниот биланс не е во толкав дефицит поради девизите на иселеницте . Дали заработената заштеда ќе ја инвестрираат во куќа и ќе си ја грицкаат или ќе ризикуваат да добијат дупло или да изгубат се , повторно си е нивно право.


    И на крај за темата, јас преферирам да купувам македонски производи и во главно прехрамбени производи , долен веш , чаршави , по некое парче облека ми се мејд ин мацедониа. :D

    А тенденцијата на Тања да ги поплука луѓето што одат на одмор во Грчка се плашам дека нема врска со економскиот патриотизам. :D

    Македонија како туристичка дестинација нема море . Оние што сакаат море дали ќе одат во Грција или Црна Гора , сеедно нема разлика и врска со темата.
    Охрид е убав ама веќе виден и не е за секоја година да летуваш таму.
     
    На andromedae, kikikikirika и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.322
    Јас дефинитивно сум патриот, економски или не, и покрај тоа што не одам на летување во Македонија :D
    Купувам македонски производи секогаш кога можам, т.е. кога се барем со приближен квалитет и цена како другите. Значи и да се нешто понеквалитетни и нешто поскапи од другите ќе ги купам затоа што се македонски, ама ако има драстична разлика, тогаш не.

    На пример гардеробата околу 70% ми е македонска, т.е. се што наоѓам тука си го купувам. Ама еве, ташни и чевли македонски некако не сум нашла да ми легнат. Има производство, ама ете, можеби јас не сум се потрудила доволно да најдам. Од храна дефинитивно се што има македонско пристојно го купувам. Ама не можеш се да најдеш, на пр. нема доволно добри македонски чоколади (кога сме веќе кај храната :D ). На страна од тоа што нема некои основни производи што се македонски, на пр. тоалетна хартија.

    Е сега ако нешто е прескапо и неквалитетно не е убаво па ни да се форсира. Јас повремено за викенди шетам низ Македонија. Ама на зимување секогаш одиме со пријатели и никако не можам да ги убедам да одиме на пример во Маврово, кога во Бугарија е поевтино има подобра услуга и подобри терени. Кои аргументи да ги употребам за да ги убедам? На летување не одам во Македонија од други причини, затоа што имам каде да одам на море без да платам за сместување, ама истото што го кажав за Маврово важи и за Охрид. Ако сакаш туристи, треба да се потрудиш.

    Во кратки црти кажано, убаво е секој да е свесен дека кога купува македонски производ парите остануваат тука и секогаш треба да се преферираат квалитетните македонски производи, но не по секоја цена.
     
  18. Marzyana

    Marzyana Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Албанските иселеници кога вложуваат во Македонија не прават ништо добро за Македонија. Претпоставувам не живееш ти помеѓу нив, па за да знаеш. Тие највеќе вложуваат во некретнини, куќи, станови, земјиште, но затоа денес пола моја населба не е веќе македонска и не се чувствувам дека живеам во Македонија. Тие пари што тие ги вложуваат во Македонија одат на контото на нивното лоби.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Немаше потреба да ме цитираш , кога мојот пост се однесуваше на членката погоре која тврди дека албанците вложувале во бизниси во Македонија со парите од странство а нашите во куќи и кафани. Не знам колку е тоа точно , ама и албанските бизниси (легални мислам :D ) сепак се добри за економијата , оти јас знам па и многу македонци што работат кај албанци ..
     
  20. Marzyana

    Marzyana Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Види, поентата на таа членка погоре мислам не е далеку од вистината кога убаво ќе ја анализираш :)

    Нормално дека секој легален бизнис допринесува за економијата, намалување на невработеноста. Албанците “бизнисмени“ вработуваат Македонци, затоа што имаат недостаток на квалитетен кадар помеѓу нив, но тие многу повеќе вработуваат Македонки отколку Македонци, а запрашај се зошто :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.