Дали сте во брак и колку му верувате на сопругот?

Дискусија во 'Брак' започната од renata76, 3 јануари 2011.

  1. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    31
    Не знам дали има ваква тема...

    Како и да е, јас не му верувам веќе,
    Можеби грешам, ама он ја изгуби мојата доверба пред две години и тешко ќе ја врати.

    Значи му верувам само 20% од целите зборови и работи.
     
    На milica-mica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155
    Дали се во брак и колку му верувате на сопругот

    Му верувам на сопругот, досега нема направемо некој сомнителен потег или дал причина да не му верувам. Кога еднаш се изгуби довербата кај дваицата партнери потоа многу тешко се враќа. Ке треба многу докажувања за стекнување на доверба. Ако немам доверба во него, тогаш и не ни знам како ке функционираме освен што ќе се караме нон стоп или си ги удараме од нос направените грешки а сето тоа е еднакво на еден гоооооооолем проблем во брак.


    П.С Во насловот мислам дека фали една буква место ,,се,, треба ,,сте,, - ако добро разбирам
     
  3. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    1.160
    Пол:
    Женски
    Дали сте во брак и колку му верувате на сопругот

    Слична тема има мислам, прочепкај малку.

    И да те прашам а зошто си сеуште во брак со него :x
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    136.320
    Пол:
    Женски
    Дали сте во брак и колку му верувате на сопругот

    Моја беше грешката, ја поправив ;)
    Инаку, да, во брак сум, и му верувам на сопругот. Не ми дал причина за спротивното. Мислам дека кога веќе си се решил со некого да го поминеш животот, мора да имаш доверба во таа личност. Никој не вели дека е лесен животот во брак, не тече секогаш мед и млеко, не е секогаш се' розово како на почетокот, посебно затоа што понекогаш не сте целосно сами (постојат и трети лица кои се мешаат кај што не треба), без разлика дали живеете сами или не. Во бракот е потребна взаемна доверба, компромис и толеранција, но секако и љубов. Убаво е кога знаеш дека можеш да се потпреш на партнерот и во најтешките моменти и дека нема да те изневери (не мислам само на љубовно неверство).
    Изгубената доверба тешко се враќа. Едноставно, веќе не го гледаш другиот со исти очи, се' е поинаку. Понекогаш и една мала незначајна лага може да доведе до разнишување на односите, што ќе значи дека сепак и не била толку безначајна.
    Не знам што да ти кажам Рената, искрено се надевам дека таа случка поради која си ја изгубила довербата во сопругот не вреди да си ги расипете односите. Ама две години да се измачуваш не е мал период. Постојано да се прашуваш дали ја зборува вистината или не, каде е, со кого е, како ќе постапи... јас не би можела така.
     
    На Thallia, Dzevelekova, sugarlips и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    31
    Дали сте во брак и колку му верувате на сопругот

    Мислам дека овој период ќе ме следи и понатаму во иднина!
     
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Дали сте во брак и колку му верувате на сопругот

    Ние само што се земавме и баш денес случајно се логирав на hi5 и он не се одлогирал претходно, па си викам ај да му прочепкам низ пораките. Имаше што да видам, пред две години наголемо си се дружел човекот,кафиња мафиња,излегувања, договарања.А на мене од секогаш ми велеше, јас само со другарите излегувам.Не за џабе се рекло секоја вистина, излегува на виделина, кога тогаш. Сега за сега не се сомневам во ништо, ама ако можел тогаш се скришно да прави, може и сега. Само ми е гајле за тогаш и јас не бев цвеќе за мирисање, нормално тој ништо не знае :lol: Се надевам дека бракот ќе ни биде ок, и немада има причина за губење на доверба.
     
  7. milky

    milky Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Дали сте во брак и колку му верувате на сопругот

    da vo brak sum i bez nikakva pricina ne mu veruvam na soprugot bidejki smetam deka nikogas ne treba da mu se veruva na masko mislam deka me nema iznevereno no nikogas ne tvrdam i mislam deka ako nekoj e siguren vo negoviot zivoten sopatnik mozi samo da ispadni budala pred drugite bidejki toj so treba da znaj posleden doznava sekogas,i tie so se sigurni i so mislat deka nivnite mazi se sovrseni se lazat zosto tie so se prat doma svetci nadvor se olosi.

    [mod-kirilica:1re7w1ty][/mod-kirilica:1re7w1ty]
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    62.898
    Дали сте во брак и колку му верувате на сопругот

    Му верувам, Никогаш не сум се посомневала во нешто, не сум иала причина да изгубам доверба. А ако некогаш изгубам, не знам како би продолжила да живеам со него. Најголема казна би ми била да изгуби доверба во мене.
    Мислам, им верувам на сите мои блиски, така функционирам.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.763
    Дали сте во брак и колку му верувате на сопругот

    Дефинитивно му верувам на мојот сопруг, затоа што нема причина да не му верувам. Ми има покажано и докажано многу, па така функционираме и имаме прекрасен живот. Пред се тој ми е најдобар пријател, а и јас него,нема тајни меѓу нас и нема причина за недоверба..
     
    На sugarlips, Me.Myself.and.I.Ava и lolyta777 им се допаѓа ова.
  10. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    Во брак сум скоро една година и му верувам на мојот сопруг и никогаш не сум се посомневала во него ниту во некоја негова постапка. Да не му верував немаше да ми биде сопруг.
     
  11. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    И јас сум во брак веке 3години, и до сега никогаш не сум се сомневала во сопругот. Имам голема доверба во него и знам на што е спремен и каде може да потфрли, па затоа си терам раат, сега за сега барем :)
    Доколку ја изгубам довербата во него тоа ке значи и пропаст на нашиот брак, зашто нема да функционира бракот без доверба, и не би сакала цел живот да го поминам со сомнежи и немир во градите. Затоа сметам дека довербата е една од најбитните работи во бракот.
     
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.970
    Официјално во брак сум скоро 2 месеци, а заедно живееме веќе 2 години. Му верувам на мојот сопруг, исто и тој на мене, пред него имам поминато многу и пробано многу и кога дојде ден да ми е здосадено од се и сакав да ја запознаам личноста со која ќе го поминам остатокот од мојот живот, тогаш се појави TOJ-мојата сегашна и единствена љубов :inlove: Истото важи и за него, едноставно се сретнавме кога дојде тој вистински момент,едноставно тогаш требаше да биде. така до ден денес сме си заедно, си помагаме меѓусебе, се советуваме, делиме се и за сега ни е многу убаво, мислам дека нема потреба од изневерување :*
     
  13. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Во брак сум многу малку и му верувам на мојот сопруг не мие дал причина сега за сега да не му верувам....па ако не му верував немаше во брак да сме сега аи боже :D :D :D (али на почетокот на врската имаше некое шиш миш ама се покаја потоа и сега е се во ред ) :D
     
  14. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    634
    Му верувам ,можам комотно да кажам 100%.
    Чувствувам дека и тој ми верува мене.
    Не дека не ми вели ...:„Со кој збориш на чет???“ :rofl:
    Ама знам дека ми верува и тоа безрезервно.
    Иако му верувам практикувам една поговорка : На добриот пријател треба да му се верува ,ама од време -на време и да се проверува !!! 8) Од ова подобар рецепт за мене -нема! 8)
     
    На Thallia, ivana3007, sugarlips и 4 други им се допаѓа ова.
  15. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    435
    му верувам али сепак практикувам каде тој и јас тама само на работа сам....а и не е некој таков да сака сам да шета секогаш и меене ме носи никогаш нее е кажал јас ова вечер сам ќе си излезам со другари......верувам дека и он ми верува по што не сум му дала таков повод за да не ми верува
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    547
    во брак сум неколку месеци и кратко и јасно МУ ВЕРУВАМ ;)
     
  17. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    36
    точно, да се проверува!
     
    На sugarlips и zalosna им се допаѓа ова.
  18. Borbena

    Borbena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    мислам ама дека не само на партнерот ама на никој не треба да му се верува толку безрезервно 100%, Сам себе некпогаш ќе се изневериа а не некој друг, никој не е безгрешен, А посебно за машкиот пол и на сите жени кој како светци ги гледаат своите мажи многу грешат.
     
  19. kikus02

    kikus02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    14
    во брак сум 1 година и ич ама ич немам поверение во сопругот .
     
  20. myst

    myst Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    35
    Се трудам да му верувам колку што можам, за жал од љубовните врски повеќе пати сум излегла повредена-дали причината била неверство или несериозен партнер, битно имам некој страв дека МОЖЕБИ пак ќе ми се повтори тоа да бидам повредена. Мојот маж знае за некој болни ситуации низ кои сум поминала во животот, и тоа ми дава надеж дека тој нема да биде причина да мое страдање и да ја изневери мојата доверба, зашто мислам дека убаво сум му објаснила низ што сум поминала и како ми било и мислам дека ме сватил. Би ме повредило многу ако и после нашите разговори на тема доверба во брак или општо доверба помеѓу двајца што решиле да бидат заедно, тој ме изневери во било кој поглед.