1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте за или против алтернативна медицина?

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од Silver.E, 22 февруари 2013.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас потполно те сфатив што сакаше да кажеш.Мислам дека е сосема јасно и логично тоа што без разлика дали болното место се третира со официјална, природна медицина, кога истото ќе заздрави, ќе биде функционално од физички и духовен аспект.Сум напишала така, бидејки не ја знам сефте за таа медицина која ја кажуваш.Не пишувам зошто така ми текнало, што очигледно морам ова да го нагласувам.Таа медицина не помага за намалување на стресот, му помага на организмот да се справи со одредена болест доколку се појави, но не го намалува стресот, како што кажав, а и веќе е општопознато дека јогата е таа која му овозможува на човек од поинаков агол да гледа на стресот, јогата го намалува стресот, впрочем ова секој јога инструктор би го кажал.Јогата е таа што помага за намалување на стресот, да не се земаат стресните ситуации при срце, бидејки за да се зачува телото, мора човек да има мир, разбирање, љубов, почит и се она што е целта на јогата, не само зачувување на телото во здрава состојба.Така да, тука е разликата во тоа што е она всушност што помага за намалување на стрес, а не е природната медицина.Впрочем и се на нет што може за алтернативната медицина да се најде, го кажува она кое го кажуваш ти.Но, сосем друг е ефектот од алтернативната медицина кај луѓе кои ја практикуваат, не само тоа, туку и јога, но ефектот не е напишан на нет, зборам за секојдневни искуства на луѓе, кои и немале баш време да го пишуваат ефектот на нет.
    И можам уште еднаш комотно да кажам дека воопшто не помогнала алтернативната медицина за спречување на тешки болести, а не пак гледањето во сонце.Едно говори реалноста, а сосем друго нетот кога се работи за верифицирање на автентичноста на алтернативната медицина.
     
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Гордана, се сложувам, конечно се разбравме. (Само за две работи ќе додадам нешто, прво гледањето во сонце многу помага и лечи, а доказ за тоа ќе бидат тие што ја практикуваат техниката, и второ, јогата се смета за природен начин на лекување)

    Да продолжам:

    - Традиционалната медицина е потполно интегрирана во во здравствениот систем на Кина, Северна и Јужна кореја и Виетнам.

    - Во Западните земји се повеќе луѓе се ослонуваат на алтернативната медицина (пример, во Германија, 77% од клиниките користи акупунктура за лечење)

    - 60 милијарди долари годишно се трошат на светско ниво на билни лекови, односно луѓето се повеќе се ослонуваат на билните препарати

    - За кинескиот лек Artemisia annua е откриено дека е делотворен при маларија, и може да спречи над 800 000 умирања на деца како последица од маларија

    - Акупунктурата докажано ја намалува болката и мачнината
     
    На DiaCor и dedo им се допаѓа ова.
  3. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    @Silver.E
    Сметам дека убаво се изјаснив во одговорот. Не е мој проблем што читаш површно и не можеш или не сакаш да разбереш.
    Еве линк до одговорот, ако сакаш да разбереш ќе го препрочиташ и можеби ќе научиш нешто ново.
    alternativna-medicina/dali-ste-za-ili-protiv-alternativna-medicina-t16658/10.html#p1550412
    Како па да не. Има алтернативни терапии кои не само што НЕ се природни, туку користат струја, разни хемикалии, игли, оган, разни зрачења, и разни други методи кои не се природни.
    Природните лекови постојат и на големо се користат за лечење, не се сите дел од алтернативната медицина.
    Да, нема и никаде не ја спомнав сиромаштијата. Тие источните дисциплини кои ги наброја ете немаат никаква улога во здравјето на луѓето иако се користат, затоа што главна улога има официјалната медицина.
    Друго е кога умираат 5% од децата до 5 години како денес, друго е кога умираат 50% од децата како пред сто години. Тука пред се улога имаат достапноста на храна, но огромен ефект има и достапноста на медицинска грижа.
    Да, затоа што имаме методи да откриваме болести и ненормални состојби. Кога веќе си болен, подобро е да знаеш дека си болен. Само работата е што нема лек за секоја болест и состојба.
    Немој да мислиш дека луѓето биле многу поздрави порано, само ги немале откриено болестите.
    Тоа е сосема друга тема на разговор. Крајно лошите состојби на стрес и депресија не се лечат со масажа, како што кажа ти. Со масажа може да се подобри некоја минлива напнатост или нервоза. Изгледа не си видела лош случај и затоа имаш таков став. За лошите ситуации потребна е терапија, ба дури и со седативи и други лекови па дури и природни како чаеви, кои ги нуди официјалната медицина.
    А ти девојче си јадела лук? Лукот има такво својство, следниот ден по јадењето ти смрди потта, секој кој вклучува лук во храната го знае ова. За твоја информација не јадам многу конзервирана и нездрава храна, ама јадам многу лук и затоа го знам ова и затоа можам од лично искуство да кажам.
    Каков факт сакаш? Тоа што го напишав ти изгледа како празни зборови затоа што не си обрнала внимание на текстот. Ете линк, прочитај уште еднаш, ќе видиш дека не се празни зборови.
    Да, во 1971 најдено е дека ова растение содржи некоја супстанца која може да се употребува во терапијата против маларија. Ама само растението не е доволно да биде како лек, затоа денес постојат лекови на база на растението со поголема концентрација кои навистина делуваат против маларија.
    И ако не знаеше и првиот лек воопшто против маларија било растение кои затоа што имало негативни ефекти било направено во вид на лек и тоа и ден денес се користи како лек против маларија.

    И воопшто не е ефективно да се дискутира за алтернативната медицина како општ термин кога во неа се содржат десетици различни методи. Затоа ако сакаш одбери некоја метода од овде која мислиш дека е ефективна против некоја болест и кажи која, па ќе може да зборуваме поподробно.

    Еве одбери која метода и за што сметаш дека е ефективна:
    http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_br ... e_medicine
     
    На tessie и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Експерт, не планирам да ти цитирам на секое, зошто гледам дека ќе влезам во маѓепсан круг со тебе, на кој му нема крај.
    И со други влегуваш во дуели, и на твоите контра цитати им нема крај.
    Придружено со одвај 2-3 подржувачи, што ми е крајно смешно, зошто и на други два популрани форуми сум, ама ова го нема.

    Друго, ќе ти вратам на цитираното, ама што да ти вратам, кога твоите реченици немаат содржина.
    Доволно сум паметна за да проценам и стварно кај тебе читам, ама не читам ништо вредно за читање на тоа што си ме цитирала.

    Пример:
    Јас: Сега имаме толку голема и напредната медицина, што практички секој човек е болен !
    Ти: Да, затоа што имаме методи да откриваме болести и ненормални состојби. Кога веќе си болен, подобро е да знаеш дека си болен.

    Што да вратам на ова? Мислам, каква контра реплика? Си напишала нешто безврска кое не ми е вредно за коментирање.

    Или, за јадењето лук. И јас јадам лук (не секој ден), ама кога сум јадела потта никогаш не ми мирисала на лук. Никогаш. Јас живеам и се хранам поприлично здраво, што дури ако не се намачкам со стик (а, обавезно ставам), потта не ми мириса никако. Зошто потта го исфрла тоа што го имаш во тебе. Што понездраво се храниш, тоа повеќе ќе смрди.

    Да им пишам на сите кои ми пишуваат лични пораки, за да не враѓам на сите посебно:

    Многумина се набројавте кои ми барате телефонски број, имиња, адреси и други податоци, значи не сте само еден-двајца.
    Јас ги немам скроз сите телефонски броеви кај мене, а воедно имам и работни обврски преку ден, на форумов доаѓам и пишувам многу кратко.
    Бидете стрпеливи, ќе ви вратам на сите во најкраток рок што можам.
     
    На DiaCor и dedo им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Oна што ми паѓа во очи во дискусии од ваков тип е категоричниот став и избор на едниот наспроти другиот вид на медицина (во голем број од случаите). Што е чудно затоа што истите работи не годат секому. Затоа има широк избор на препарати за лекување како во едниот така и во другиот вид на медицина. Во класичната медицина многу фактори имаат замешано прсти, тоа е факт, но исто така е факт дека да не беше класичната медицина и нејзиниот развој, се`уште ќе умиравме од (од денешен аспект) смешни заболувања од кои умирале нашите претци.

    Отворен ум и проучување на она што планираме да го внесеме му е мајката, според мене. Може да научиме дека постојат производи кои доаѓаат и од двата вида на медицина кои ни` годат и можеби исто толку што ни` штетат. Само така ќе се „довардиме“, колку што е тоа можно.

    Еден дел од мислењето на експерт во друга тема од оваа подкатегорија ми падна во очи и во потполност се согласувам со истото.

    Како што дознав од Лилит, Стив Џобс не сакал да го сечат и се лечел хомеопатски и не се излечил.
    Од друга страна пак, Боб Марли (иако тој така постапил од религиозни побуди) не дозволил, и покрај најдобронамерните препораки да му го ампутираат палецот и не успеал да се спаси.

    Сакам да кажам, не треба слепо и категорично да се отфрлаат сознанија пред да се види дали и колку се истите основани и можат да помогнат некому, без разлика дали доаѓаат од класичната или пак од алтернативната медицина.

    Сепак, one man's trash is another man's treasure.
     
    На DiaCor и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    Поздрав до сите,
    Алтернатива беше и уште малце ке биде (бар ке се надеваме) тотално недефинирана област. Таа стана дел од нашето здравство од минула 2012. кога е донесен најнов Закон за здравството. Алтернативата ќе биде применлива во праксата тогаш кога Министерството ќе го донесе подзаконски акт. Тој акт се вика Уредба и треба да е потпишана од страна на министерот. Уредбата ке ги опфати околу 10-мина алтернитивни правци. Нацртот на Уредбата го имам видено сега во мартот годинава и нема да ми замерите доколку ќе погрешим. Со Уредбата точно се дефинираат најмногу: што дејност е, кој може да се занимава со некој алтернативен правец (стручен кадар), што од простории и опремата треба да ги содржат, правата, обврски и секако казнени одредби. Всушност, со алтернатива можно е да се занимаваат само медицински лица со високо образование и направен државен испит.
     
    На dedo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Ако под алтернативна медицина мислиш на природни билки, чаеви и слично, секогаш прво тоа и барам, затоа што сметам дека нема потреба од труење со апчиња и прашаци. Нормално ако станува збор за главоболка, стомачни болки, вирус, температура, осип, кашлица, несоница, гадење...

    А ако станува збор за болест од типот леукемија, рак, туберкулоза (и сите потешки болести) тогаш сметам дека е подобро да се почне од одма со терапија за не се губи многу време.
     
  8. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    Ургентна медицина - да; се согласуваме и во врска со билки и чаеви. За останатото мое размислување е маку поразлично.

    По вашето размислување со колкав процент се медицински третираат причинители на болеста? Мое мислење дека терапевтски се покриени само последициве при што не се знае што причинител е. Така ли е?

    Голема војна и недоразбирање во чињеница дека алтернативата, во поедини случаеви, поефикасно се справува со причинители но класични фармцевтски методи.

    Дали можно е коначно излекување доколку се третираат последициве при што не се знае причинителот и „се претпоставува дека тој е“??
    Кога одите кај др-от и го прашате: „во ред, ќе голтам ап (или ке пикам вагиналетките) но што причинител е?“ тој нема ништо конкретно да ви одговори (освен: стрес, исхраната, ке видиме и сл.) бидејќи основните анализи ич не му помагаат. По извесно време, повторени симптоми ве стават во агонија-очај и фрустрации и тогаш алтернативно ќе се лечеше. Така лие?
     
  9. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    20.834
    Даааааааааааааа......... сум за алтернативна медицина.На мајка ми и пронајдоа 3 тумори на крвните садови пред 15 год.Бев многу мала и не ми беше јасно што се случува.Секој ден одеше на доктори,и кажаа дека не смее да ги отстрани и дека веќе е касно и ништо не може да се направи.И кажаа да си оди дома и ако има срека ке поживее уште најмбогу 1 месец.Но таа не се предаваше беше решена дека сака да живее и да ги изведе своите 3 деца на вистинскиот. пат.По препорака на една колешка почна да го пие гелот од алое вера .Силната желба за живот и гелот и помогнаа да стане од постела и да се врати во нормала и да продолжи да го живее животот.Затоа верувам дека многу помага алтернативната медицина,подобро да се лечиш по природен пат отколку со хемикалии
     
    На DiaCor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Лечењето со алое вера, кое е растителен екстракт би спаѓало во фитотерапија или хербална медицина. Употребата на растенија и растителни лекови НЕ Е алтернативна медицина, под алтернативна медицина може да се вброи ако се употребуваат видови на растенија или мешавини кои не се потврдени дека делуваат за болеста која се лечи и ако се употребуваат како главна терапија. Тоа е случај во наведениот пример, не најдов некоја препорака дека алое вера екстракт треба да се користи како лек за тумори на крвни садови.

    Во спротивно растенијата се самата основа и темел на класичната западна медицина и не може да се класифицираат како алтернатива. Денешната официјална медицина користи многу лекови кои се или доведени од растителни екстракти или и од нив се произведуваат. На пример аспиринот, кој е ацетилсалицинска киселина е изведен како соединение од кора на врба.
    Денес постои една цела наука во контекст на фармакологијата и медицината, хербална медицина која се занимава со изучување на употребата на растенијата и фамакогнозија која се занимава со карактеристиките на самите растенија и растителни лекови.

    Работата што не се најшироко употребувани како ударен, главен третман е затоа што не се семоќни, тоа се слаби лекови кои имаат доста ограничена примена. Ако за некоја болест или состојба има докажан растителен лек и нема соодветна подобра класична замена, и се користи растителниот. Ама ретки се тие примери затоа што за условно „лесните“ и чести болести има најдено попотентни средства кои можат повеќе да помогнат, а за посериозните болести растителните лекови сами по себе се немоќни.

    Таков е и овој пример, иако информациите се оскудни, затоа што сум скептична дека алоето излечило тумор, ќе се дрзнам да си го кажам мислењето.
    Воопшто не се сме сигурни дали можеби не се работело само за погрешна дијагноза, можеби се работело за хемангиом во крвен сад кој сам по себе се повлекува зависно од хормоните, и можеби, ако е вистина дека така ја пуштиле, некој непрофесионален клиничар го протолкувал како некој поопасен тумор. И кога постепено со време се повлекле туморите тоа самата си го препишала на алоето.

    Ако алоето така уништуваше тумори тоа досега ќе беше познато и јасно, има многу компании кои го продаваат, тие самите ќе се потрудеа тоа да се докаже, ама изгледа не е така, туку се работи за поединечен случај во кој има многу фактори кои не спречуваат да прифатиме дека лекот бил алоето.

    Затоа излишно е да ја водиме оваа дискусија, ако некое средство имало потенцијал да биде силен лек и ако тоа средство е одамна познато, па дури и се користи со години на назад, чисто сумливо е да не се знаело дека можело да се користи како лек.
    Имам прочитано една полемика за алтернативната медицина, дали би се возеле во авион кој е направен според правилата на некоја си алтернативна физика кои се спротивни со тие на обичната физика? Или дали автомобилот би го однесле на алтернативен автомеханичар, кој наместо да го бара проблемо би турил масло на хаубата и би рекол, ете готово, направено е.
    Исто е и со алтернативната медицина, повеќето алтернативни третмани се водат по правила кои се застарени, докажано неточни или едноставно не се теоретски и практично поддржани.
     
  11. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    Какви механичари и алтернативна физика?!?!? По вас алтернатива нема смисла, нема иднина и се погрешно е; наравно, освен медикаменти и цитостатици. Голема среќа дека кинези немаат можност да ве слушнат инаку тиа ке станат двојно поздрава нација но сеа. По вас кинеска медицина целосно не спаѓа во алтернатива и уште малце ќе нема да постои. Научно експертско тврдеење ви е глупаво а не алтернативно физичко-механичарска логика.
     
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    20.834
    Значи дијагнозата не може да биде погрешна бидејки истата дијагноза е дадена од над 10 лекари.Не дека алое направило туморите да ги снема,туку го прекинале нивниот раст,бидејки истите постојано растеле и се очекувало да прснат.Не се разбирам многу на оваа тема,си го споделив искуството со вас.Колку што знам постојат многу растенија кои се користат за болести.Знам дека алое вера гелот го користат многу за лечење од болести посебно кога се јавува цин1 кај жените.Не е битно дали спаѓа во алтернативна медицина битно е дека многу помогна,а и докторите просто се чудеа како останала жива. Не сакам никого да убедувам,дури и за аронија има по интернет колку е корисна,ако не се корисни растенијата зошто произведуваат лекови на природна база?
     
  13. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Машки
    искрено незнам