Додека сте девојки имате време за редовно туширање, депилирање, но, што е со жените кои имаат куп обврски, куќа, работа, деца. Дали се случило партнерот да не начека несредена и што во таков случај? Сте се засрамиле, ви било непријатно, ви префрлил? Не верувам дека сите жени кои имата деца и се долго во брак дека успеваат да се средат како кога биле девојки и биле без обврски. Пишете искуство.
Еве јас сум во долга врска, ама имам и ја влакна, па релевантна сум за коментар. Значи се депилирам и недела- две кожата е мазна, влакната почнуваат да растат, арно ама не може да се депилирам толку брзо - восокот не фаќа кратки влакна. Мора да поминат барем 3 недели, па и 4 за повторно да одам на депилација. Е некогаш се случува и циклус да добијам, па депилацијата се одложува за 5 недели. Како би можела постојано да бидам средена кога тоа практично не е возможно доколку се депилираш? Дали треба да го избегнувам дечко ми и да немаме секс заради некое влакно плус? Брич е единствената опција да бидам мазна постојано, ама кожата ми се иритира кога ја бричам. Решение? Тасма мазна може да сум само кога би имала секс за една вечер, нели, со сите подготовки и планирање. Вака во реален живот - јок. На тема хигиена, дали ти @Tanjamm навистина мислиш дека жените кои се у брак се небањани? Многу ме интересира како ги замислуваш жените во брак? Со мрсна коса, умирисани мишки и бела кошула која е сива на краевите јер треба да го намират мажот, децата, да средат дома? Во кој век живееш, живо ме занима??? За бањање, значи тело и коса комплет, мене ми се потребни 15 минути. Денот трае 24 часа, па ако во тој период немам време да се замијам под мишка, не само маж, сите треба да ме избегнуваат. Јер пот смрди, па како сакаш кажи.
Ако во моментот кога ќе ни се присака а не сум измиена/туширана не ми е забрането да му кажам на сопругот- почекај да се измијам па ќе продолжиме Нормално е со некој што живееш и делиш сѐ да имаш поотворен пристап за вакви работи, и отворено да си кажеш. Што се однесува до депилација, све е објаснето од @Rebecca_R Се депилирам по потреба, кога имам желба, пред одмор и слично, а не само ради секс. Влакната се и природна работа, не верувам дека постои маж кој би одбил секс ради тоа што партнерката не е тасмосана.
Јас се депилирам затоа што мене ми е поубаво кога кожата ми е мазна. Во принцип, меки влакна имам, на допир не се забележуваат, повеќе од естетска гледна точка не ми се допаѓаат. Инаку, ако се бањаш редовно, особено ако се тушираш редовно, не може да мириса не-знам-како, па тоа да е причина да го одбијам и да немаме секс. Пример сум се туширала пред спиење, а тој сака да имаме секс за добро утро, нема да падне у несвест од миризбата, тоа сигурно. Може да кажам чекај да се истуширам после трчање, ако сум била на работа 8 саати а надвор е 40 степени, ама не може од неколку часа да се усмрдиш до тој степен да падне у несвест ако те соблече со цел сексуално да општите.
Темава треба да се заклучи со коментарот на Ребека, девојката кажа се што треба да се каже во врска со ова!
А не е ред кога некој отвара тема да си каже и за него, или е темава уште една од типот "чекај да кажам за другите, јас и онака сум во се најдобра" Големиот проблем, туширање. Немам време ни да дишам деновиве, па 15 минути за туширање наоѓам секој ден. Се фрлиш под тушот пред спиење, додека трепнеш - спремна си. Ако се вратам од некаде цела испотена, или од работа, правец ми е тушот веднаш, перфекционист е и за него важи дека штом се влезе дома се соблекуваат алиштата со кои си бил надвор, исто и за мене. Нормално, ако сум испотена и се пресоблекувам нема да си облечам нови алишта и да седам испотена Плус ќе ти влезе под тушот и ќе имате секси предигра, или ако си како мене обавезно ќе врискаш Не се туширам за секс, за себе си се туширам.
Ако за не средена се мисли не свежо депилирана/бричена,не чешлана или со не лакирани нокти одговорот е ДА, посебно сега во 9ти месец бремена и да сакам да сум со бричот во рака секој втор ден не изводливо ми е Ама и никогаш не се притискам да сум тасма 24/7 така да бричење интима на секои 2 недели,нозе во лето се знае секој трет ден а во зима не толку често среќа пак и не сум толку влакнеста, ако треба да бидам искрена овој мојов пак мрази кога се бричам, на почеток на врска цело време под притисок дка морам да сум секој ден тасмосана и удирав брич секој ден, мислам некаде по 2 или 3 месеци тој пушти срце и ми кажа дека му е по убаво кога има влакненца Плус кога живееш со некого заедно нормално е да те знае и средена и не средена.
Реков, јас сум девојка, и ок е да се избиричиш, има време, но мислев и еве се потврди дека тие што се во брак или долга врска не секогаш се депилирани.
И да се бричиш еве како тебе да речиме денес се бричиш имаш секс средена си ок Утре дента или евентуално трета ден имаш пак секс Дали и тогаш бричиш на влакно од неколку милиметри? Како се средуваш тогаш?
Баш ме интересира која е таа девојка која не е во брак или долга врска и се депилира секоја недела? Прво влакната не можат од корен да се извадат ако се кратки. И која девојка би давала по минимум 300 ден, 4 - 5 пати месечно за интимна депилација, за да биде нон стоп тасма? Јас пак откако се омажив почнав по редовно да одам на депилација! Многу генерализираш.
Еве мислење од машка гледна точка Воопшто не ми е битно дали е средена или не,мислам ако е средена е поубаво нели,ама јасно ми е дека неможе секогаш ама баш секогаш да биде средена,секако туширање е нормално за секој без разлика дали е маж или жена...ама дали е средена таму доле кога ни се сака воопшто не е важно...така да не се оптеретувајте премногу околу тоа
Ами јас со три деца под 3 години ич да не пишувам на темава. Небањата, недепилирана, мрсна и распарталена изгледа шетам.
Во однос на депилација, не сакам да мислам дека посебно сопруг би ти пререкол за нешто толку човечки како имање влакна. И уште па да се срамам од нормалното функционирање на моето тело. Ако на возрасен маж, кој решил да општи со жена не му е јасно дека и жените имаат влакна, не знам што повеќе да кажам. Друго, многу лоша генерализација во однос на тоа дека жените во брак се несредени и небањати, а оние надвор од брак штом отворат очи, трчаат во веце со бричот. Депилацијата меѓу другото, е апсолутно право на избор во и надвор од брак. Тажно е што жени на жени си наметнуваат нереални стандарди за убавина. За туширањето, не сакам ни да коментирам.
кои глупи предрасуди ги имате за жените во брак Демек до денес си девојка и си тип топ ,од утре си во брак и ти паѓа одма мрак на очи