Забележувам дека се повеќе има вакви луѓе кои се негативни и само сакаат својата негативна енегрија да ја пренесат некому. На тој начин се чувствуваат поубаво и самоуверено, а до уништуваат денот на другите. Имате ли вакви искуства?
Секаде може да се сретнат тие негативци. Има секакви карактери. Јас немам искуство со нив. Успешно ги избегнувам. Не ги забележувам
Во живо немам сретнато многу, изгледа (за среќа) не сум се нашла во таков круг на луѓе, ги доживувам како емоционални вампири, ти ја цицаат позитивната енергија, секако ако им дозволиш. На форумов имам забележано доста такви луѓе.. за жал.
Што точно мислиш, може ли пример да кажеш... често го слушам тој термин емоционален вампир , ама не ми е јасен воопшто...
@corapce Вујко ми многу ми зборуваше за овие "емоционални вампири". Имал таков колега на работа, и ми кажуваше кога и да бил во негово друштво се чувствувал исцрпено, уморено, исполнет со негативна енергија и нервоза. Не го карактеризираше како нужно лош човек, што сака да ти стори зло, но едноставно има некои негативни луѓе кои своите фрустрации и нервози умешно ги пренесуваат на другиот, дури и само кога се наоѓаш во нивна околина.
@blueeparadise E како да го препознаам? На пример ја сум среќна за нешто и он пробува да ми го расипе со негативни коментари, така ли ? Тоа е?
Во моја близина имаше такви личности, кои постојано се жалат, кукаат. Кога ќе им дадеш совет, не прифаќаат туку пак си продолжуваат со нивните муабети. Се случувало за време на викенд наместо убаво да се забавувам, да се вратам со главоболки па дури и да почнам ноќта да плачам заради таа негативна енергија. Се има десено погрешка на бившиот дечко да му се истурам, поради тоа што ја слушав другачкава со нејзини глупости и муабети, цела среќа разбран беше и знаеше што ми е проблемот дека тоа друштво не е за мене па не ми префрлуваше. И оттогаш реков ниту излегувам со такви, ниту сакам на пат да ги сретнам. Бегам од нив. Разбирам сите имаме проблеми ама не сум психијатар или психолог па да ги слушам. Друго ми пречи некоја нереализирана личност, да ми пренесува мисли за неуспех како на професионален така и на љубовно поле. Ме нервира кога ќе ми речат не можам ја вака како тебе и ќе наброи ситуација, потоа не знам ти како не се замараш, не знам ти како не мислиш, не знам како мислиш да најдеш ваков таков дечко, не знам ти ова не знам ти она. Ако таа некоја личност е без компас, губитник, не знае кај тера во животот, ништо не може да ја насмее, ништо друго не знае да направи муабет освен да ти се жали нон стоп од типот немам пари ( а работи и зима плата), свекрва ми вака ми прави, тесно ми е во станот, девер ми ми пречи, дечко ми вака прави, така, на работа овие колешки нон стоп се дотерани, вака се облечени леле од каде имаат толку пари. Потоа за најдобрите другарки слушаш збори леле курви беа најголеми како фатија вакви богати, секаде ги носат, ги шетаат. Друга слушам дебела сум ( а слаба е ), леле грда сум, леле оваа никако ми е, леле ноктот ми пукна, леле не знам што. Вакви муабети мене ми се прости и глупи и не сакам да знам што се случува со другите , си имам свој живот гледам него да си го средам. Мене може многу повеќе ми горело под нозе па сум си молчела, сум излегла да оладам мисли и разбистрам глава а не некој да ме трупа со негативна енергија. Бегам од вакви бидејќи со такви напредок нема, ниту ќе се надградиш, ниту ќе слушнеш нешто паметно, мудро, смешно што ќе ти го направи денот и пријателството со нив вредно.
Е баш такви има насекаде. Сака да те деградира на секој можен начин. Се фалат, лажат и гледаат да ти упропастат ден, а се ги интересира те прашуваат и премногу лични работи. Јас никогаш не би прашала кој колку плата зема, а мене многу често ме прашуваат. Тоа е некултура.
@corapce Во принцип, егоцентрични луѓе се. Ко светот да се врти околу нив, зборуваат само за себе. Омилено нешто им е само да кукаат и да се жалат, на нив им е најлошо, зборуваат за болести, несреќи, лоши нешта.. Тебе те критикуваат, ти не знаеш, они знаат подобро од тебе, едноставно негативно се настроени, и збор да не проговорат пак можеш да ги забележиш. Ако ти се случило да зборуваш со некого и после да се чувствуваш лошо, празно, уморно,најверојатно си била во друштво на ваков човек, што ти ја исцицал цела енергија.
Кога се фали не ми пречи, баш убаво нешто добро и се случило ќе се расположи. Ама кога ќе слушнам како се жали без да има реално основа. Колку се изборила толку добила од животот, од себе. Не сум јас, ти или било кој друг виновен и одговорен за нејзини постапки и живот. Кога зборат имам приметено со посебно интонација го зборат лошото, одвратни ми се и крај, нема надеж за пропалици. Проблемот што го имаат фрустрираните не им е толку реален колку што тие сами мислат туку многу повеќе им боде очи успехот и убавиот живот на другите, луксузот во кој живеат другите.
Еден таков енергетски вампир во моја околина кога ќе слушнеше убава вест само ќе кажеше ааааа, а кога на некој му се случува нешто лошо, ауауауу до утре ќе збори. На друга девојка која беше блиска со нас не и честиташе ни кога се омажи. Кога има убав повод заборава да честита.
Има,има и тоа многу Јас сум многу емотивна,се си фаќам за срце Не верувам дека тие што сум ги сослушала и помогнала,дека ќе ми вратат со иста мера,ако јас еден ден имам потреба за нешто Слушам и помлади и постари,се соживувам со нивните проблеми Осеќам грутка во моите гради,не моја,туѓа грутка,а тоа е само да помогнам на некого што стварно им треба помош Негативни се да,ама и нив ги разбирам,знам дека имаат проблеми,а и знам дека неможам целосно да помогнам Една пријателка ми рече еднашка,дека доволно и било тоа што видела солзи во моите очи,и дека тоа и дало сила дека некој има поред неа Последиците допрва ќе ги осетам,нели стресовите се виновни за се
Каде ги наоѓате "нефрустрираните" оти јас само такви среќавам во последно време? Имало многу ситуации. Затоа и прекинав контакт со многу луѓе. Поарно ќе бидам сама како волк отколку со тие што ми ја цицаат енергијата. Не знам оти е така, од љубомора ќе се изедат веќе. Па добро нека го прават тоа помалку приметливо, од авион се гледа, а лошо чуство е кога некој близок ти пренесува таква енергија. Спас за тие единствено да бидете контра од нив, на висока вибрација што би рекле па нека пукнат бе. Јас така комуницирам со нив, смирено некогаш знам и да им ја покажам границата односно црвената линија што не оставам да ја прегази секој. Така повеќе ќе пукнат оти не се како тебе.
И јас баш така си ветив сама на себе, дека е подобро да си сам отколку со негативци кои само купуваат информации од тебе, а не знаеш кога ќе ти откажат лојалност и ќе го искористат тоа против тебе.
Нормално дека сум и јас сум самата доста исфрустрирана. Сите луѓе што сме во таа институција каде што треба да го завршиме нашето високо образование и да се стекнеме со титула и диплома сме. Не затоа што сакаме ние, туку заради тоа што мора да се прилагодуваме кон некои што стојат на повисока функција од нашата. Човек што трпи секогаш е исфрустриран. Се надевам дека за две години најмногу нема веќе да треба да трпам никого, само за докажам дека можам да го направам она што го направиме три илјади луѓе пред мене.
Ај сo тие штo сте oпкружени нaдвoр или нa рaбoтa ќе пoмине време и секoј нa свoјa стрaнa, a дa живеете сo нив пoд ист пoкрив е мнoгу тешкo.
Se razbira sum opkruzena so takvi luge, gi ima sekade pa i na forumov. Prva recenica vo textot boli, boli....sto ke bese toa? Vtora recenica necitam, nema smisla da si go matam umot i raspolozenieto. Za razlika od nekoj luge jas ne im ni davam sansa. Ako se nekoj priteli, kolegii i sl im velam zafatena sum so sama sebe i begam, brzam jas. Ne sum nekoja sto saka da slusa tugi prikaski taka da i na eden nacin sum zastitena od takvite.
Бев опкружена со таква личност. Ми беше другарка од средно. После 9 години пукна тиквата. Со тек на време почна да испливува на површина нејзината исфрустрираност. Девојката не можеше да се помири со тоа дека некој е поуспешен од неа. Си ги лечеше своите комплекси на другите. Често даваше коментари кои што ја покажуваа нејзината љубомора. Наместо да и е мило што другарките и успеале, она зборуваше секакви работи. Дури и се осмели да побара да и го дадам маж ми (тогаш дечко) за неколку партии секс. Е тука ми зовре. За маж ми можам да ги искршам коските на некого. Веќе 5 години како не се дружам со неа и баш ми е мило. А и сите останати другарки ја откачија.