1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте се омажиле за тој што сте го сакале?

Дискусија во 'Брак' започната од voin, 3 октомври 2016.

  1. voin

    voin Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Temava ja otvaram bidejki imam slusnato za mnogu slucaevi kade devojkite ili deckite sakaat drug-a a se vo brak so drug-a,pa sakam da ja spodelite makata ovde budejki e naj anonimno pa neka vi olesni malku i dajte poraka na pomladive generacii koi samo sto procekoruvaat vo ljubovnite problemi.
     
    На Ицолгудбејбе, rose60, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Темата е на место, бидејќи ова е многу честа појава, дури страшно колку присутна и би сакала да го слушнам мислењето на Феминките кои се во брак, да не израдуваат дека се било од љубов :D
    Јас не сум мажена, ама мојата порака за нас младите генерации би била дека ако врската не иде, не се мажиш, а ако бракот не иде, не правиш деца. И да прават разлика меѓу "сака да те ожени" и "сака да се ожени". Бракот треба да биде основан од љубов, почит и разбирање, за да после биде столб на децата, а не да се третира како појава која мора сите да ја направат, па затоа бидува ради реда, без чувства, притисок и сите денешни искривени критериуми. Едноствно ако не сакаш, не си создаден за тоа, не го форсирај и терај си друг живот :) Подобро да се прифати идејата дека не секој е создаден за брак, отколку поради општествен притисок да се стапува во лош брак, а подоцна и лош живот :)
    :d::drunk:
     
    На eloves, SV1911, CameliaMiller и 35 други им се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Многу добра тема.
    Не сум мажена, ама би била пресреќна ако личноста со која ќе го поминам остатокот од животот се заљуби во мене исто колку што и јас ќе се заљубам во него. Мислам дека има секакви случаеви, некои среќни некои не толку многу, ама таков е живтот. Некој ќе рече судбината ми била таква, некој така сам/а си направи. Нема назад.
    Не знам што ме чека во иднина, пишав во една друга тема дека денес поголем дел од луѓето кои не се спремни да го поминат животот во брак или пак се во брак изневеруваат. Не сакам да се омажам колку да биде брак, сакам да го сакам и да ме сака. Се уште не знам кој е тој, ама ќе го запознаам во иднина сигурна сум.
     
    На alexa_dimoska, eloves, Lily92 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. voin

    voin Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    za ljubov e potrbno dvaica
     
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Ќе биде се, најубаво е да не бараш никој, да оставиш тој/таа да те најде :)
     
    На Aleksandar1212 и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Eve ja naskoro ke se mazam I toa od ljubov, obostrana ! :D :D :D
     
    На Osamena devojka, Rakkche, eloves и 41 други им се допаѓа ова.
  7. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Оо па ова тема за менеее...
    Се омажив за еден сакав друг ...
    Мм сега бивши велеше те сакам ова она јас млада почнав да му верувам почнав да се заљубувам.
    Останав трудна имаме керкичка и потоа реши да ме остави епа оди оди слободно онда.

    Грешката моја беше што не заминав македонија кај мојата прва љубов моето прво се , а останав овде мислејки дека тој е тој и дека со време ке го засакам.

    Сега не ми фали ништо имам буквално се ама љубов не , нема никогаш да биде како што беше ама во иднина можеби ке тропне на мојата врата ке ме гушне и ке каже " дојдов да останам" .

    И од мене можам да ви кажам ако не сакате дома си седете не е само да се омажиш...
     
    На PUPICA, xxhexx, krofnicka27 и 24 други им се допаѓа ова.
  8. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.908
    Пол:
    Женски
    Da,se omaziv za ljubovta na mojot zivot.So nego dozivev se,zaedno se raduvavme na pozitivniot test za bremenost,na prvoto eho,na kolocanjata vo stomakot,sega zaedno go gledame i cuvame,sto drugo da ocekuvam vo zivoto.Samo gospod neka ne cuva,sekogas ke bidat vo moeto :l:
     
    На Osamena devojka, eloves, SV1911 и 26 други им се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.852
    Допаѓања:
    25.188
    Пол:
    Женски
    Да , се омажив за оној кој го сакам , делиме се , заедно лудуваме , заедно исчекувавме да се потврди бременоста и да се појави гравче на екранот . Покрај мене беше кога освен сув леб не можев да ставам ништо во уста , кога течеа последните капки од инфузијата после компликациите во првата бременост .. Денес е тука да го избања синко , да ми помогне околу бањањето на бебето .. Знае да ми се качи на глава ама ако , јас му танцувам по нервите :dance: важно секогаш завршуваме на смеење :lol:
     
    На eloves, krofnicka27, Acka22 и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Машки
    Многу е глупо да си глуп. Уште е поглупо да правиш деца кога си глуп. Децата по генетизам значи дека ќе ти бидат глупи. Тоа е премногу глупаво. Глупавоста е незнаење. Тој што седи во не знаење го губи времето. Времето е пари. Без пари нема живот. Нема живот без некој да го креира. Сигурен сум дека нема да оплодам некоја и да ја земам за жена да биде мајка на мојот плод туку така колку да се каже дека имам дете и жена ( што нема да ја сакам). Тоа е преглупо. :drunk:
    Многу од браковите се креираат со мотивот: мора да бидеш во брак. / се распаѓаат како Библија после кратко време и со лоши последици за целото нивно опкружување.
    Учете од туѓи грешки и отворете го умот. :nod:
    Љубовта мора да биде вистинска за да биде Љубов! :punch:
     
    На Tanjamm, Mrs Siren, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    34.541
    Пол:
    Женски
    Јас се омажив од љубов. Немав намера да се омажам за некој само колку да види народот дека имам маж. Треба да постои љубов за да се стапи во брак.

    Мислам дека темава треба да биде преместена овде

    http://forum.femina.mk/forums/Брак.29/
     
    На Glasna, Sashko1992, rose60 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.433
    Допаѓања:
    78.091
    Пол:
    Женски
    Темава ме потсеќа на еден бивши. Пред брак е а уште јас сум му во глава. Нејсе... можеби не треба да коментирам бидејќи не сум мажена но морам ова да го споделам... омажете се само ако сте сигурни дека сакате децата да ви бидат како него, јуниорчиња со негови карактеристики. :)
     
    На Rakkche, Red Flower, Mrs Siren и 17 други им се допаѓа ова.
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.776
    Допаѓања:
    32.244
    Пол:
    Женски
    Да се омажив од љубов и имаме прекрасно детенце и не се каам воопшто за ништо. Имаме преубави моменти заедно :inlove:
     
    На eloves, Acka22, kjukli и 12 други им се допаѓа ова.
  14. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    мажена сум за човекот што го сакав,сакам и ке го сакам...
    Само ако има мегусебно разбирање,верба ,мн надеж и љубов се ке функционира...
    Секој брак има падови но не треба да се откажуваме одма,мора да има мали компромиси секогаш...
    Досега функционираме супер мн љубов има сеуште и после мн год брак
    Имајте убав живот љубете и бидете љубени
     
    На blessed2, Acka22, Sashko1992 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Малку надвор од темата ама фала богу керками е цела како мене од крвна група до очи устичка се!


    И се согласувам со тебе!
     
    На BabyStyle, butterfly* и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  16. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Јас имам некаков ирационален страв од тоа да се омажам за некого, за кого не сум сто проценти сигурна дека го сакам. Затоа и бидна темата за бившиот што му се брзаше да се жени, затоа пред неколку дена имав кошмар дека сум правела свадба па после сум си рекла леле што ли се десило :D
    Изгледа ова ми се случува заради тоа што бракот на моите не успева па ете сум имала добар пример и не сакам да ми се случи и на мене или едноставно заради преголемата желба за слобода и страв дека ќе се чувствувам заробено. Но сепак имам 23 години и имам доста време пред себе, се надевам ќе го најдам вистинскиот човек и ќе ми помине ваквиот страв а ако тоа не бидне подобро би си остарела сама со кучиња и мачиња него ли со некој кој не можам да го гледам а не па делам живот со него.
     
    Последна измена: 4 октомври 2016
    На CameliaMiller, Victorian, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.433
    Допаѓања:
    78.091
    Пол:
    Женски
    Секако, ова и обратно важи, тој да се ожени со таа што ќе биде среќен на неа да личат :) е сега на кого ќе се метнат не се знае, ама тука лежи љубовта :)
     
    На Sashko1992, Victorian, butterfly* и 3 други им се допаѓа ова.
  18. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.161
    Допаѓања:
    147.678
    Пол:
    Женски
    Да. Он е најубавата работа која ми се случила последниве години.
     
    На cheerleader, kjukli, Sashko1992 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.868
    Допаѓања:
    158.206
    Пол:
    Женски
    Не сум мажена, ама не би сакала да поминам живот со некој кој не го сакам зошто баш како шо кажа членката погоре, моите деца сакам да личнат на мене и на него, на некој шо сакам. И сакам животот да го поминам со некој со кој ќе бидам среќна, а не да го поминам остатокот од животот каејќи се, нервирајќи се и слично. Не дека со саканиот секогаш ќе биди совршено ама ако не го сакам, совршенство само ќе замислувам.
     
    На Indiegurl, kjukli, deskarada и 11 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.923
    Допаѓања:
    218.717
    Пол:
    Женски
    Кога ќе погледне човек наназад и ќе се сети на бесконечните и многубројните моменти со саканиот е неописливо.
    Прва средба, првата искра за трошка љубов проследена со блага насмевка и сјај во очите а доживеана и израстена како најголема и најмагична на свет.
    Тоа се тие први моменти и воздишки за кои и ден денес после долги години па и понатаму човек ќе се сеќава секогаш како да е вчера.:l:
    Дефентиивно љубов било кога си бил толки далечен а толку близок, те тегнело нешто за него и со километри и киломтри дистанца и далечина. На мене лично поентата "далеку од очи далеку од срце" никогаш не се покажала како веродостојна, напротив љубовта е баш таа енормна а толку невидлива искра што те влече по некого иако си далеку иако гледаш и слушаш милион други луѓе околу себе, сепак срцето и душата ти плачат по него.
    Се изборивме и пребродивме куп проблеми и маки, имавме куп солзи и куп надежи проследени кон иднината. Иако срцето ти плачеше заедно со очите ти се стегаше и собираше сила за него, за да опстоите и еден ден заедно да сте.
    Боли ако е љубов, мака е ако е љубов.. всушност љубовта е таа што ни дава сила за надежи и желби, планови и топла душа во себе.
    Љубовта е проследена со куп проблеми и доживувања кој што се носат со истата, нема лесно, не е лесно не е едноставно, комплицирано е а и затоа е љубов.
    Денес сум тука со него и до него, спокој ми е и празник на душава кога ќе го пречекам, кога ќе го видам, кога ќе сме заедно.. се смееме на глас и тоа е љубов. Секоја негова болка подеднакво е и моја, нековиот сјај во очите е и мој, а кога ќе го погледнам всушност се одсликувам во неговиот сјај што блеска од радост.
    Нашата љубов е во мене, до мене, околу мене.. насекаде во мене.
    Моето срце за него бие, за него и за нашиот плод кој расте во мене.
    Бесценето е да го носиш човечето мало во себе, да го чуствуваш како мрда тој одслик од него, биењето на нашето трето срце створено од нас, од него во мене.
    Неговиот дел е во мене а мојот во него.
    Да, љубов е.. голема љубов.:l:
     
    На Dream-Girl, glosipgirl, eloves и 29 други им се допаѓа ова.