Здраво на сите, не успеав да пронајдам содржина со слична тематика, па решив отворам вака тема за дискусија и да се обратам овде до сите вас. ▪️Живееме во време кога за стапување во брак, младите се одлучуваат се подоцна во животот. Дел од луѓето одлучуваат да живеат во вонбрачни заедници. Дел од луѓето стапуваат во брак и истиот од каква било причина може да биде неуспешен или краткотраен. Многумина денес се осодуваат на тој чекор да имаат позади себе и повеќе од еден брак. Постојат и такви кои се одлучуваат за живот во истополова заедница. ▪️Сето ова горе наведено, според мене укажува на фактот дека се е личен избор. Кој како смета дека е најдобро, така постапува и нема ништо тука лошо. Постојат црковни канони, каде што е нагласено кој и кога и како има право на развод и повторно да пристапи кон светата тајна - брак. ▪️Кога е христијанството во прашање бракот е света тајна и за човек кој не е замонашен, да се живее сам е карактеризирано како живот потполно бесмислен. Оние кое се во брачен однос имаат далеку повисок социјален статус, за разлика од луѓето кои животот го поминуваат сами. Во Исламот, бракот е столб на животниот подвиг и таму луѓето стапуваат доста рано во брак за разлика од другите религиозни групации. Сега да преминам на главното, знам дека има и многумина како мене кои се веќе над 30год, а сеуште не закорачиле во брачниот живот. Јас на пример сум дала се од себе тоа да се оствари како моја најголема желба и за жал ете сеуште без успех. Барав партнер преку другарки, познаници, роднини. Се вклучив активно по социјалните мрежи да си ја пробам среќата, имав тука неколку средби, но засега сеуште не сум наишла на компатибилен партнер. Понатаму излегувања, патувања одење на службени состаноци и сеуште без успех. Знам дека не треба да се обесхрабрувам и никогаш да не се откажувам од потрагата за брачен другар. Но некако сфатив дека се е до Божја волја, и дека едноставно се се случува со Божјо допуштање. Изминатите 5 години постојано, барав помош во меѓувреме и од психотерапевт и психолог, а посетив и неколку љубовни тренери. Сите ме советуваа да го градам својот identity capital и да продолжам и понатаму да се трудам на секој можен начин да барам партнер. ⭕Сега освен да му се молам на Бог и на сите светители, друго ништо не ми паѓа на памет. Разговарав со еден свештеник и ми напомена како треба да се молиш. Има ли некој кој се нашол или е во ваква ситуација да ми даде совет или потик, што и како понатаму. Мене ми е семејниот живот многу важен и сакам да се реализирам на приватен план. Не сум кариерист и очајна за кариера. Немам ниту поставено некои високи критериуми за одбирање на вистинскиот, некако сметам дека тоа треба да биде обострано. Затоа што сум доволно возрасна и веќе сфатив дека животот без семејство е сиромашен и човек е лишен од многу задоволства. Поздравче до сите вас и ви благодарам на сите кои одвоите време да прочитате дел од моето согледување. Нестрпливо ги очекувам вашите коментари
@valery15 ништо погрешно не правиш. Дури би рекла недавањето е некогаш за наше добро. На темава разговарав со отец буквално за сѐ, внимателно ме сослуша и само ми рече дека нема потреба да се избрзува, ниту да се запаѓа во очајание. Макар што не сметам дека треба да запаѓаш во ситуација да деноноќно бдееш со молитва, зашто може да има и контра ефект. Да, убаво е да се молиш но тоа да ти доаѓа вистина од срце и на крај како што ќе биде волјата господова. Многу работи (по мене) не ми биле давани тогаш кога сум ги сакала, но затоа кога сум ги добила тоа било правото време (но тоа отпосле сум го сфатила). Во проповедник е многу убаво кажано тоа дека сѐ си има свое време. Ако ти се разговара подетално околу темава, пиши ми лп.
Не размислувајте толку длабоко. Направете си рестарт на мислите Господ е голем за сите има план. Живејте си живот, дружете се, не запагајте во очајение. Кога ќе ви се случи ќе знаете. Прочитајте нешто од психолошки книги.
Треба да се молиме на Бог за здравје,за најблиските,па и за брак и деца.Но по мое мислам дека и бракот и имањето дете ќе се случи кога Бог ќе сака и ако треба да се случи.Сум се молела за многу работи некои ми се оствариле,а некои не.Тие кои ми се оствариле се оствариле кога најмалку сум очекувала.Затоа Бог знае најдобро кога треба и дали треба да ни се оствари нештото за кое му се молиме.Секако не треба да губиме надеж никогаш.Убаво е да се молиме,но да не ни биде опсесија молењето.
Убаво те посоветувале тие што си ги навела во првата реченица да имаш проактивен пристап, ама понекогаш треба да се олабави од тој пристап. Наместо постојано да бараш партнер на секој можен начин, остави ти да бидеш пронајдена од соодветен за тебе. Молитвите и за овие желби и било кои др. ако тебе лично ти значат, а бидејќи си верничка сфатив ти значат, практикувај ги. Само ќе ти ја очистат душата од неспокојот и нестрпливоста да си ги оствариш животните цели што побргу и ќе ти го ојачаат трпението да почекаш Божјо допуштање. Многу моќно кажано и напишано е за допуштањето на тоа мислам кога пишав погоре остави да бидеш пронајдена од соодветниот. Остави да ти биде и тебе и на идниот нему допуштено, а ти во меѓувреме моли се и биди спокојна и полна со радост во вербата и молитвите, еден ден неизмерно ќе се израдуваш кога ќе вродат со плод.
Доста убаво да се чуе вакво нешто. Свежина. Ти веќе правиш огромен чекор што веруваш и што ова вистински го посакуваш - Господ таму некаде го чува за тебе, и ќе дојде.
Јас кога одам во црква, само кажувам молитва Оче наш, или тивко, ако нема никој или во себе, и се молам Господ да ме чува од зло, да сум здрава и толку. Немам некои конкретни желби. Многу луѓе за жал ќе го поминат животот без најбитните желби да им се остварат, ама не треба да се очајува. Јас верувам дека сите имаме предодредена судбина, дека од неа нема бегање, но ете добро е човек да се помоли чисто за свој мир. А брак како брак, многу изгуби вредност според мене, затоа што гледам како лесно се венчаваат, па и колку лесно се разведуваат. Форисирање на било што е како да отвораат врата со клоца, ќе ја искршиш и немаш врата после. Полека, што треба да се случи, ќе се случи.
И јас сум во слична ситуација. Предлог да ја слушаш Ана Бучевиќ, на youtube пиши само: ana bucevic ljubov и ќе ти излезат видеата на оваа тема.
Јас научив дека ако не изградиме однос со Господ, да сфатиме кои сме ние во Господ, да бидеме целосни со Него, Тој да ни биде изворот на мирот и радоста, нема да го имаме тоа задоволство и мир и кога ќе сме во брак. Во брак сум јас но мојот брак скоро па се распадна, затоа што мислев дека мојот маж е тој што треба да ме усреќи. А он е само човек, со свои недостатоци. Исто и тој сметаше пак, дека јас треба него да го усреќам. А исто и јас само човек со несовршености. Не дека намерно тоа сме го правеле, но тоа е потсвесна потреба наметната од светот, филмовите и слично. Да ја бараме личноста што ќе не усреќи и дополни. И секако, Бог го создал човекот да биде едно со брачниот партнер но заедно во тројство со Бог. Бог ни е изворот на сѐ, а жената помошник на мажот, а мажот главата во домот како Христос што е главата на црквата. Тоа значи да си служиме еден на друг. Прво созреваме емотивно и духовно и сме во мир и радост бидејќи му припаѓаме на Господ и сме спасени и откупени поради нашите гревови преку жртвата на Исус, секој ден да се молиме и да му кажуваме на Бог што ни е во срцето, да ја читаме библијата како Негово писмо и упатство за живот, бидејќи тој ни е создателот. Потоа ќе бидеме спремни и да бидеме брачен партнер на некого. Кога тоа го научивме со мојот сопруг, Господ ни ги излечи срцата и умовите, и ни го спаси бракот. Сега ни е поубаво од било кога. Кога научив дека Бог знае најдобро за мене, и колку ме сака, и кога Тој ми стана радоста во срцето, и вечниот живот ми е побитен од овој сега на земјава, (не дека ми се умира сега, да не ме сфатите погрешно )депресијата поради тоа што сеуште немаме деца и покрај тоа што докторите не знаат зошто, си замина. Не е дека несакам деца, но знам дека се ќе биде во свое време. Мене тоа што одам во евангелска црква да слушам проповеди и објаснување од библијата, многу ми помага. Ана Бучевиќ шири нуејџ што е далеку од христијанство, и може да се отиде во сосема погрешен правец, во друг духовен свет. Сум гледала доста видеа од луѓе што излегле од тој нуејџ на кои животот им се уништил, страшно.
Најпрво треба да се молиме со покајание за простување на гревовите. Тоа е најважно. Потоа, секако дека може да се молиме и за нешто друго, ако е тоа добро и полезно за нас. А Бог ќе ни го даде во времето кога Тој смета дека е погодно. Знам многумина кои, веќе во брак, немале рожба, на многу од нив им се исполнила таа желба по молитвите, силната верба и надеж во Бога. Знам за случаи ама не смеам на јавен форум да пишувам ништо повеќе од фактот дека им рекле да постат и навистина, после постот, останале бремени и си добиле детенце. Важно е да му бидеме верни на Бога и да му веруваме, ако сакаме молитвите да бидат слушнати и исполнети.
Oколината е таа што прави притисок и дел од народот бара чаре по бајачки, дел во молитва во црква. Има фини луѓе, верници, не пијат, не пушат, работливи, чесни, и ете останаа без брак и семејство, без деца. Нема правила. А бракот кај нас се глорифицира како не знам што, дури мислам дека тие со најкрш бракови упорно ги форсираат своите деца да стапат што побрзо во брак, со што им прават штета.
Јас според моите касно стапив во брак (26г) Ме форсираа ,ме запознаваа, глумеа стројници. Се тоа помина веќе ,јас спуштив и стандарди (грешка голема) и се омажив ама сакам да кажам дека тоа беше кога најмалку очекував. Буквално со резерва влегов во таа врска и почетокот беше преубав. После се десија надворешни фактори и затоа вукам дека е грешка спуштање стандарди ама ќе речам така требало да биде. Е сеа сакав друго да кажам т.е да се надоврзам на @Bitter-Sweet. 2019 бев на Острог онака од мерак не сум ни замислила желба иако имаше како да ја замислиш и потоа свештеници или монаси ја читаат кај светителот. Имаше една жена ,во брак со едно дете а обидувале за второ и не можеле над 10 г. Од истото место се и женава 2020 си роди женско бебе. Св. Василије и помогнал. Јас пак верувам во писание и дека тоа никако не се менува.. ама добро кај мене тие работи се менуваат периодично а тоа е за во сосема друга тема.
Супер за тебе чим не си веруваш, темава очигледно не е за тебе и не мора дадеш мислење. Кога гледаш дека некој е поврзан и си ги пишува емоциите толку детално зошто имаш потреба да ги негираш само затоа што не размислуваш исто? Поштеди се.
А бе, знам за еден случај еден познаник одеше на бајачка и се ожени после тоа........... Боже сачувај.
На јутјуб Ana Bucevic- Kako manifestirati partnersku ljubav Јас верувам дека постои нешто и ги почитувам тие што веруваат во Господ ( и во Исус Христос и во Алах и во сите други) и слично. Јас лично верувам во Универзумот. Јас на 22 години бев на раб на животот, пред самоубиство скоро, и тргнав накај Соборна во Ск. По пат човек ми бара пари за јадење и јас последните 20-30 денари железни сите му ги дадов и останав со 0. И се молам во црква и велам Господе те молам да најдам работа и ако е можно е вистинскиот да го пронајдам таму, викам не е морално да не испадне дека барам многу ама случајно ако е возможно и тоа. Истиот ден ми ѕвонат за работа и одма вечерта одам на интервју и од утредентна почнувам и го запознавам мојот сегашен маж и две деца имаме сега за сега. И тогаш со цел памет му викам дали кога ќе се ожени може јас швалерка да му бидам. На полушала ама вистина. И ми вика а како ќе ти биде тебе ти жена да ми бидеш и јас швалерка да имам. Јас дека од една страна не планирав да се омажам, а видов дека тој е тој. И можеш на лист, на едната страна да напишеш како сакаш да ти изгледа вистинскиот, па на другата страна да напишеш како би изгледала жената на таков маж и да видиш дали таа жена личи на тебе или треба да се промениш. На крај краева ќе сфатиш дека го немаш тоа затоа што ти е потребно и го посакуваш од вибрација на немање. Да не ти е гајле одма ќе го најдеш. Последната реченица не ти е точна. На 35 моѓеш да се чувствуваш безнадежно сама, па да најдеш маж, па на 40 години да сфатиш дека најсреќна ќе си сама ако си па да се разведеш. Можеш на 25 брак на 30 развод. Никаква улога не играат годините со тоа дали немаш никој.
Не е одговор на место. Не може да веруваш и во Бог и во универзум истовремено. Верување во сила на универзум е спротивно на учењата на Библијата и Бог. И да посакуваш на некого да бидеш швалерка исто нема допирна точка со Бог, макар и на шала да е кажано...