Дали треба да сме информирани за работи поврзани со телото/биологијата на спротивниот пол?

Discussion in 'Општи дискусии' started by pdb123, Aug 18, 2022.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Joined:
    Jul 27, 2011
    Messages:
    1,448
    Likes Received:
    5,900
    Значи, теоретски гледано, би требало сите да сме информирани барем за најосновните работи поврзани со анатомијата и функционирањето на машкото и женското тело, затоа што дел се изучува по биологија на училиште.

    Меѓутоа, од мое искуство, не е баш така, а мислам тоа може да се види и на форумов, особено во темите за секс. И очигледно, тоа не е само наш, балкански проблем, туку го има насекаде. Сум читала дека некои мажи не знаат колку време трае менструација, дека не одбираме ние кога ќе добиеме менструација итн (еве некои ситуации споделени на buzzfeed). Или многу мажи (додуша, судејќи по форумов, и жени) воопшто не се запознаени со процесот на зачнување, туку сè што знаат е дека ако сврши во вагина, жената може да забремени. Ете можеби тие што се мачат со добивање дете, знаат дека жената има плодни денови и се поинформирани општо... Мислам дека доста мажи се незапознаени и со фактот дека жените имаат вагинален исцедок во голем дел од менструалниот циклус.

    Но не се однесува само на жените ова. Како што сме читале и тука, се случува мажите да им кажуваат на жените дека ако не свршат за одредено време, ќе чувствуваат болки во тестисите или општо, дека не е здраво за нив. Мислам дека некои мажи и навистина веруваат во ова. Некои мажи на пример, искусуваат болки во пенисот, односно не може целосно да ја потегнат кожичката, што може да се реши или со постепено вежбање, т.е. затегнување на кожичката при мастурбација или секс, или во краен случај, мора да се обрежи пенисот. Или ете, со претерувањето во гледање порно и пречестото мастурбирање, мажот може да има проблем да сврши за време на секс, затоа што „стандардите“ за свршување му се качени (му треба тип на секс како во порно, на пример - многу груб секс, или навикнат е да свршува само на еден начин - како што се навикнал при мастурбирање). Ова може да е нејасно или чудно за жена која не е свесна која е причината за неможноста за свршување и може да мисли дека ова е нормално.

    И ред други примери од двете страни кои може да ги споменете за малку познати знаења кај спротивниот пол.

    Некако фокусот на темата го направив како да е само од аспект на недостиг на сексуално образование и образование за репродуктивното здравје за време на часовите по биологија, затоа што само такви примери ми текнуваа, а и тие се најочигледните разлики меѓу мажите и жените. Но, темата може да се однесува на било кои разлики меѓу машкото и женското телото, може и од аспект на здравје, односно разлики во ризици за развивање болест (или повреди) кај едните и кај другите.

    Дали чувствувате потреба, ако не со сите мажи, барем со своите партнери да споделувате искуства поврзани со менструалниот циклус (на пример, општо низ годините или во тек на месецот какви промени во расположение, промени во исцедок, болки итн сте искусувале или искусувате на редовна база), можеби инфекции или други проблеми? И дали би сакале да слушнете работи кои ги искусуваат мажите (редовно или понекогаш)? Значи не зборуваме да си водите евиденција или секој ден да раскажувате беспотребни детали, туку онака да го споделувате искуството за тоа генерално како ви функционира телото и со што се соочувате вие како жени, а тие како мажи?

    Или за вас тоа е навлегување во вашата и нивната интима и не сметате дека има потреба од споделување толку информации, доволно е секој да си знае за себе и своето тело и тоа е тоа?

    П.С. Темата не е наменета за да биде одговорена од аспект на родител, кој треба да е свесен и информиран за проблемите кои можат да настанат за своето дете од спротивен пол, туку повеќе од аспект на желба за проширување знаења како индивидуа, иако можеби таа информација за вас нема секогаш некое практично значење и технички не ви менува ништо значајно во животот :).

    П.П.С.Можеби „треба“ е строг збор и подобро е да се каже „пожелно е“ :?:?
     
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,845
    Likes Received:
    17,744
    Gender:
    Female
    Не им ги уништувај најзабавните теми. :D
     
    theowndemon and pdb123 like this.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2021
    Messages:
    6,014
    Likes Received:
    24,405
    Ми се допаѓа како не стави ниеден пример каде жените немаат појма за машко тело (то ест се малце приглупи на таа тема) туку само каде мажите се глупи и немаат појма за женско тело:D

    Како и да е. Колку сака нека знае. И сама немам појма ништо за машко тело (си признавам сама) освен најосновни работи и не гледам како би ми послужиле освен ако утре имам син. Прво ниеден извор не ми е релевантен оти такви статии се многу често пристрасни, второ, и тоа што го знам не знам колку е вистина зашто немам близок пример да прашам да потврди точно:D
     
    marchi-cool likes this.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,845
    Likes Received:
    17,744
    Gender:
    Female
    Иначе куцање од телефон е pain in the ass, па кратко ќе пишам дека веќе не треба да се табу тие теми и да не можат да разговараат партнерите меѓусебно за се што им се случува.

    Ама мислам дека не е до недостаток на образование, колку што е недостаток на заинтересираност. Пошто еден клик од Гугл ги дели да го лоцираат клиторисот на мапа и да дознаат како се забременува ако партнерот им сврши на папок. :D
     
    theowndemon, cresa-jagoda and fbaby like this.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2021
    Messages:
    6,014
    Likes Received:
    24,405
    Добро еве стварно ме интересира кои работи жените не ги знаат за машко тело, а треба?
    Или па не треба?
    Оти само циклуси, клиториси читам
     
  6. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,845
    Likes Received:
    17,744
    Gender:
    Female
    Буквално цитирав.
    Прочитај ја темата пак внимателно од почеток. Ако пак не забележуваш ништо, тогаш само сакаш да провоцираш низ уште една тема и не гледам поента за дискусија.
     
    theowndemon and Ajronmen like this.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2021
    Messages:
    6,014
    Likes Received:
    24,405
    Прочитав.
    Не видов ниеден пример од типот - многу жени не знаат дека кај мажите...
    А во воведот сите примери се обратни.
    Ко...самиот вовед е провоцирачки дискутирајќи ја само едната половина од темата, како да ти кажам.
    Пишува за ствари што им се случуваат на мажите или што мажите ги лажат жените само. Не пишува дали жените генерално знаат за нормални проблеми или работи кај мажите.

    Ако мислиш за примерот со свршувањето, тоа е веќе тежок психички проблем кој нажалост не се оправа, не е "нормално" како циклусот или исцедокот кај жена
     
    Last edited: Aug 18, 2022
    tanjita likes this.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,845
    Likes Received:
    17,744
    Gender:
    Female
     
    theowndemon likes this.
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2021
    Messages:
    2,222
    Likes Received:
    9,059
    Gender:
    Male
    @Munchmallow20

    Искрено ме мрзеше, ама еве ти ги примерите соџвакани за да не се мачиш

    Ако имаш мислење за темата изјасни се.
    Ако немаш, не биди спамер ко мажите во тема секс.
     
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2021
    Messages:
    6,014
    Likes Received:
    24,405
    @Ajronmen не пишува - жените не знаат дека некогаш кожичката се затега. Пишува само - кај мажите кожичката се затега. Ја гледаш разликата?:)
    А ова за свршувањето само на порно, тоа е веќе како да кажам, пореметување, болест во главата што не треба ни да го сметаме за нормално.
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2021
    Messages:
    2,222
    Likes Received:
    9,059
    Gender:
    Male
    Танче, не се понижувај, паметна си...
    Јасно пишува дека тие се некои работи специфични за мажите за кои многу жени не знаат.
     
    DarkStormm and theowndemon like this.
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Joined:
    Jul 27, 2011
    Messages:
    1,448
    Likes Received:
    5,900
    Не ми беше намерата да покажам дека ние жените знаеме повеќе за мажите отколку тие за нас. Примерите што ги наведов за машкото тело означуваат работи што мислам дека многу жени не ги знаат за мажите - барем јас не сум ги знаела до неодамна и не сум слушнала ниедно женско да каже дека ги знае. Само не сум напишала „многу жени не знаат“, ама тоа ми беше идејата кога ги пишував.

    Поентата на темата ми беше дека еве јас како женско имам желба да споделувам/дискутирам со машки (партнер, другари) што искусуваме ние физички како жени, а ми е интересно и да слушам од страна на машки што тие физички искусуваат како мажи. Иако никогаш нема да го искусиме истото, сепак мислам дека добиваме подобра претстава едни за други, подобро се сфаќаме, во дадени моменти можеме и да сме посочувствителни или барем да земеме некои работи предвид пред да направиме или кажеме нешто.

    Од тој аспект беше прашањето дали „треба“, т.е. „дали е пожелно“ или еве, дали вие сакате да споделувате такви информации во најмала мера барем со партнер, дали сметате дека ве зближува итн.

    Ако сакате споменете и пример што би сакале да е поопшт факт за жените кој треба да го знаат мажите или ако коментира некое машко, што би сакале да е поопшт факт за мажите кој треба да го знаат жените. Или наведете примери од ваши искуства што мислите дека мажите не знаат за жените, и обратно.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,309
    Мора, не да треба.
    Основни познавања, обавезно.
     
    cresa-jagoda likes this.
  14. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Staff Member

    Joined:
    Sep 17, 2013
    Messages:
    14,267
    Likes Received:
    176,615
    Gender:
    Female
    Прво решив да разгледам листата и тука закочив оти гракнав да се смеам:
    Screenshot_20220819_083453.jpg
    А се смеев оти еднаш со другарка ми и еден другар имавме heart-to-heart по вакви прашања и уствари то шо мислеше дека вака лепиме влошки беше тригер за та "едукација". Па после му кажвавме за тампони. Не праша и то подолу дали некогаш се осеќа добро. И бевме ко: .... Бро. Па извај другарка ми еднаш и го кладе тампонот в чаша. После беше позапрепастен како "не сме осеќале" нешто. :D :rofl:

    Се ова настрана, јас го носам до то дека е недостаток на секс ед. Очајно ни треба. Не знам, поќето работи шо ги знам за моето тело и машкото, не ми се од биологија и училиште. Да, имав година секс ед самоиницијативно од наставничката дур растев ама исто така бев мала за да ни кажи тогаш се. И учев и растев на интернет. И сум среќна за то. Пошто и со мажи и со жени кога зборам за женско здравје, во најмала рака сум непријатно изненадена.

    Поќе од еднаш имам кажано дека сум во машко друштво и отворено збораме за се. И кога збораат за некој типично машки проблем, особено по сексуално здравје, јас знам некогаш да се уфрлам со коментар. Оти ме интересирало и сум научила. А кога јас зборам за моето сексуално здравје, се осеќам како нови хоризонти да откриваат. :D

    Ама ова и сама кажа, не е лимитирано само на репродуктивно здравје. Ова е проблем шо се влечи и генерално во поглед здравје. Некои состојби различно се манифестираат кај жени и различно кај мажи, ама ради општеството во кое живееме повеќе се експлорирани кај мажи. Пример, при срцев удар. Симптомите кај жените можи да се посуптилни и поразлични. То е уствари нешто шо "неодамна" се откри и сега знајме за оваа разлика. Ама и многу други работи се биолошки различни ама се испитувани и прилагодени за еден пол и допрва откриваме како е за нас.
    symptoms_of_heart_attack_in_women_and_men_infographic_go_red.jpeg

    Или за психолошки болести. Колку шо Фројд е татко на психологијата и има огромен придонес, исто така "поможи" кон огромна дискриминација на женско ментално здравје и стигма шо денес резултира со предијагностицирање одредени болести кај жени ( параноја, анксиозност, биполарност), и недоволно дијагностицирање на се шо можи да е посуптилно ( пример цела тема имам за ова, за ADHD и колку е потешко жена да добие дијагноза наспроти маж).

    Како заклучок, ова со недоволна експлорација на биолошки разлики и од таму misdiagnosis кај жени мислам дека е системски проблем ама и нешто за шо последна декада станавме особено свесни и се прат напори поќе да се смени. Но, сепак мислам дека е процес шо ќе трај пошто е наука и се заснова на факти и тие факти мора да се откријат. Процес кој ќе трај пократко мислам дека е тој каде се информираме за репродуктивно здравје зошто учиме основа биологија. Се шо ни фали е малку, значи самото трошка секс ед за да немаме толку непознавање кон нашите тела.
     
  15. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Joined:
    Sep 5, 2021
    Messages:
    912
    Likes Received:
    4,684
    Gender:
    Female
    Да, мн одамна се имам изјаснето дека треба задолжително да се воведе пред се сексулана едукација. Пошто 90% од прашањата се сведуваат за репродуктивните органи.

    Мислам дека и двата пола се тука некаде со информираноста на основни работи, можеме да забележиме низ темиве за интимни прашања.

    Постојат уште луѓе што одењето на гинеколог го сметат дека се спремаш за да имаш дете, а не поради рутинска контрола.
    Уште пострашно е што дали 10% од машката популација има посетено уролог чисто за една контрола. Колку мажи знаете што отишле за микробиолошки брисеви, јас само еден. Наводно во голем процент проблемите со простата настанувале поради ненавремени лечени инфекции кај машкиот пол.

    Колку повеќе знаеме за било што, толку подобро за нас. Подеднакво е и за двата пола.
     
    Last edited: Aug 19, 2022
  16. awkey

    awkey Истакнат член

    Joined:
    Mar 2, 2021
    Messages:
    1,579
    Likes Received:
    4,030
    Gender:
    Female
    Оваа диксусија многу често сме ја ималево друштво и заклучокот е родителиве да не се глупираат и да не го банираат секс ед во училиште. Затоа што, детето утре бара совети по форуми и на нет, место веќе претходно да се има запознаено. Толку го правиме тоа табу, ко не знам шо да е. Родителиве не разговараат со децата, срамота било, во училиште не е учи, срамота било, и кога во 8мо доаѓа до темата човечко тело -репродукција многумина не ни ја учеле или наставничката одоколу нешто ќе промрља и толку. Се сеќавам, кога во основно не поделија девојчињата, дур машките играа фудбал надвор, и имавме некој вид на секс ед, каде ни зборуваа и за менструален циклус што како меѓутоа и за бременост, начин на зачнување и начини на заштита. Отука се појавува прашањето, зошто само девојчињата, зошто машкото да не знае за менструација, полови хормони, бременост и заштита. Па утре и он ќе има односи и ќе мисли дека од папокот ќе забремени девојка му. Целата одговорност паѓа врз жените и затоа многу од нас знаат многу повеќе и за вагина и за пенис.
    (Тргам од свое искуство и луѓето што ги знам околу мене)

    Како што и некој погоре пиша, не дека нема обратно но поголемиот број од мажите не се запознаени со начинот на функционирање ни на нивното, а не па на женското тело. Ние, жените, одиме на контроли барем еднашка во годината на гинеколог, маживе одат кога се приморани и многумина не ни знаат дека имаат нешто дур не е касно, што е загрижувачки фактор.

    И да, сите мора да знаме и да се едуцираме. Родителите мора да разговараат со децата и да ги научат дека тоа не е ништо страшно, срамотно и табу туку нормална човечка работа.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,309
    Абе ајде.
    Мислат дека ако не збораат за тоа, децата нема да знаат.
    Курац мој лепи.

    Ние, на времето дознавме пред да ни кажат, не пак денес со интернетот.

    Полесно им е да се во динајл, па после да паѓаат во несвест, ако забремени тинејџерка, отколку совреме да го адресираат проблемот и да ги научат децата на сите позитивни и негативни страни на човечката сексуалност.

    Ни образовниот систем го санира ова, ни родителите разговараат со децата.
     
  18. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Joined:
    Sep 27, 2015
    Messages:
    6,687
    Likes Received:
    25,269
    Gender:
    Female
    Јас сум за да се воведе предмет по сексуална едукација во училиштата.
    Мене никогаш дома не ми збореле на оваа тема што мислам дека е многу погрешно. Сама сѐ имам читано, истражувано, плус од средно што учев по инфективно и гинекологија. Јас во иднина кога ќе бидам родител отворено ќе разговарам со децата и не треба да дозволиме да биде табу тема. Многу млади прават абортуси за жал, спб се на сите страни... тоа е се поради недоволна едукација.
     
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    4,916
    Likes Received:
    25,688
    Gender:
    Female
    Секако дека треба , барем најосновни работи , машките за женска анатомија ( и секако за сопствената анатомија ) и обратно , женските покрај својата макар најосновни работи за машката анатомија .

    Сметам дека ова се работи што одамна треба да се воведени во основните училишта ( седмо - осмо одд веќе не се толку мала возраст децата за да почнат да ги учат основните работи ) па веќе од прва средно и посериозни работи .
     
    Feminka22 likes this.
  20. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Joined:
    Aug 23, 2022
    Messages:
    3,057
    Likes Received:
    9,984
    Gender:
    Female