Ајде да споделиме искуства, па може и нешто ќе научиме. Како од парите да добиеме повеќе пари? Во што да се вложува? Што е она што не губи и каде вреди да се вложи? Јас на оваа тема сум тапа, не знам од парите да направам повеќе пари, иако сум економична и штедлива. Но, тоа е штедење. Знам луѓи вложувале во акции, дури имам сретнато и примери на луѓе кои купувале девизи во одреден период, значи ги купувале евтино и ги продавале поскапо. Во смисла една време доларот падна кај нас на 38 денари, а потоа пак се качи на 50 денари или 55, така што на тој начин може да се има мал ќар. Исто и во Србија, динарот наспроти франкот варира, па така некој може да фати некоја пара плус, но ризик е, и тоа треба да се следи, знае итн. Ваши искуства?
Акции, обврзници, криптовалути, во банка вложување Мене ме бива само да ги штедат или да распределувам што колку да потрошам. Не сум вложувала сеуште нигде.Сакав да мајнам ама треба јак компјутер за тоа, а немам