Дали употребувате сила како воспитна мерка за животните?

Дискусија во 'Дом' започната од biggirlsdontcry, 21 април 2012.

  1. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    160
    Дали користите сила т.е. ги “тепате“ домашните миленици ако се немирни?

    Јас мачорот знам да го подчукнам по газот затоа што е стварно немирен и на маса се качува.А баба ми кога ќе го земе го удира од земја го стиска зошто она мрази мачки,а мачорот кога ќе ја види бега,ако е на судопер одма скока и под маса..Мене ми е многу жал да го малтретирам..А за кучето незнам зошто ама срце ме стега неможам ни по газето да го удрам кога ќе ме погледне со очињата така мило и жално..неможам..
    *Вие како постапувате со немирните миленици?
     
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    538
    Само со повишен тон се обраќам кон кучето ,доволно за да сфати дека прави некаква грешка :)
     
  3. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    никогаш не сум кренала рака на моето кутре ниту пак сум му се раздрала.премногу е паметно што ретко прави некоја глупост и тоа ако направи може да се измочка среде соба и ништо друго а тоа се случува 1 годишно.никогаш не сум и ставила ланче за надвор зашто не бега и знае дека не треба да зима ништо од доле.дури и ако направи нешто што ке ме изнервира ке и се насмеам и ке ја бацам и она се радува :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.386
    никогаш не сум ѓи удрила ниту моето куче ниту моето мачорче не сум ги удрила премногу ги сакам може да повишам тон но,да ѓи удрам никогаш
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.173
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум употребувала сила како воспитна мерка, а нема ни да употребам, а нити ќе ми текне за такво нешто да направам.Немам душа да го утепам, а не па сила да употребувам за да го воспитам миленичето.Така да, не практикувам такво нешто :)
     
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.536
    Јас мојот го плескав со газето со весник кога мочкаше и какаше дома. Откако се научи, само му се дерам кога е немирен. :D

    Во ред е да се потчукне (многу малку!) по газето за да сфати дека греши. Ама крвничко тепање и клоцање никогаш не се решение. Милениците не се место каде што треба да се истураат фрустрации, постојат боксерски вреќи, па и ѕидови и врати за тоа.
     
    На Divinebutterfly, JoxyTheFreak и rossonerka им се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    ^ Исто и јас. Има разлика од тепање до тепање, поточно удирање со весниче за да ги свати хигиенските навики. Тоа подудрување не е со употреба на сила.
    Непослушно кога е му викаме или се бега од вода па така се смирува одма. Инаку многу сака да е во центарот на вниманието посебно кога имаме гости, седиме во двор и кога не го шмиргламе 2%. И тогаш збеснува, лае и прави глупости па знаеме и стапче да му покажеме како закана и да удриме по под за да го слушне звукот и да се смири.
    И Оскар тренеров на кучиња ги подудира со ногата ако се немирни.
    Но тие удирања ги прават и други тренери, тоа не е сила, тоа е како дисциплинска мерка.
    Да видам некој како удира куче со сила ќе го истепам и јас него без око да ми трепне!
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Не, и затоа сега имам алфа куче дома. :D Жал ми е, не можам да го удрам, ни со весниче, ни со папуча. Мочка насекаде, кака насекаде, до душа тргнува кон терасата, ама најчесто не може да додржи и мочка во ходник или пред врата. :D Порано се плашеше од шушкање со весник, а сега нема гајле.
     
    На lolitoo и ludoto19 им се допаѓа ова.
  9. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Не.
    Мама знаеше исто со весник да ја удри малце така кога е немирна.
    А јас по газе ако ја ударам малце.
    Жал ми е да и цркам многу така да ретко и цркам.
    Знам кога ќе се испосере и да ја гушнам по некој пат. :D
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    42.856
    Кога беше мала (кучката) ќе ја потчукневме со весник така поретко, дур да се научи, после тоа само да го видеше весникот и беше јасно, па се смируваше :) Исто како детенце, ќе го потчукнеш по газето кога ќе биде немирно, така и кучето.
    Немам душа да ја повредам на било кој начин. Мене совест ме јаде ако не и посветам 5мин внимание во текот на денот, за да знае дека ја сакам, зашто таа нема друг живот освен нас, а не па да ја удрам. Полна е со љубов и се ќе направи за нас, кога ја гледам мајка ми (што порано воошто не сакаше животни) како се топи покрај неа и муабет си прават низ двор :D . И страшно е мила, посветена, каков карактер има, свој, единствен...најубава ми е бре :D Таа самата се кара со нас, кога на шега со брат ми ќе се тегнеме демек се тепаме, ни застанува измеѓу, не брани...зар вакво суштество заслужува рака да се дигне на него?
    Сакајте си ги животинките, тие нас неизмерно многу не сакаат :)
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    41.028
    Kога е немирна знам да ја зашлапам, малце по муцето, по газето, ама после жалче ми паѓа. па ја оставам да ми се качува на глава :) :) па ме врти како сака :D
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.894
    Само со повишен тон па и они се живи суштества како нас мене ми е шал да ги тепаат а и не давам никој да ги тепа моите миленичиња
    Па како ке ви е на вас да ве тепааат ај тие што ги тепааат нека размислат од тој агол.......
     
  13. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    131
    На кучето со повишен тон и нежно го удирам го газот и на мачињата исто :)
     
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Иста е и баба ми. Тотално. Среќа што веќе не им прави така, и спиздив јас. :D
    Мачките кога и да ја видат бегаат од неа, дури и кога им дава јадење. Се плашат душички. :worried:
    А јас многу ретко и тоа малце по газето ги потчукнувам, итоа ако направат поголема беља да се сетат кој е газдата. Во глобала ќе им свикам и ќе плеснам со рацете гласно и прекинуваат.
     
  15. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    176
    јас да ја видам така баба ми или било кој друг да ми ги допре мачињата мислам дека ќе ја убијам на лице место. најмногу што мразам е некој да удри животно, ама што е тука е има и такви, ако може да се наречат - луѓе !
    НИКОГАШ НЕ БИ УДРИЛА НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО!
     
  16. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.889
    Јас не ги тепам моите миленичиња само им зборувам со повишшен тон кога ќе згрешат нешто. :)
     
  17. B-I-B-A

    B-I-B-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    12
    Никако!Постои друг начин да им се укаже грешката доколку згрешиле,сепак со ќотек ништо не се постигнува,тие не можат да ни вратат но сепак ние како луѓе можеме на смирен начин да им објасниме каде згрешиле ако треба и по 10000000 пати да им се објасни,но сепак строго ги осудувам тие луѓе кои што употребуваат сила врз животните.
     
  18. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    221
    Не, никако. Како со лугето така и со животните може да се воспитаат на смирен начин а не со тепање.
     
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.030
    во никој случај.
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Немам душа да ја удрам :worried:
    Затоа мама ми вика дека и децата ќе ми бидат разгалени, кога кутрево ме вози како сака :tmi:
    Плашливо кутре е, па ако и подвикнам малку одма ме слуша.
    Ќе и спискам: НЕ! - и готово.

    Ама не сакам така да се плаши од мене, не сакам ни да и подвикнувам.
    Кога ќе и спискам, после некако со натажени и исплашени очи ме гледа, како да сум ја тепала.
    Затоа го оставам тато да биде the bad cop, ама и покрај тоа - него највеќе го сака.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.