1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали успеавте да го/ја преболите?

Дискусија во 'Разделби' започната од awayfromyou, 5 октомври 2013.

  1. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.Би сакала да дискутираме малце за љубовта,долгите врски,непреболена љубов. :)

    Вака,дали сте имале некоја личност со која сте биле во долга врска,со која раскинавте ,веќе ја нема а сеуште неможете да ја преболите?Дали пробавте со друг во меѓу време? Колку време помина од како раскинавте? Или пак,доколку успеавте да го преболите ,на кој начин го направивте тоа.Дали испаднал кретен или пак на добар начин сте раскинале?Дали му посакувате се најдобро и покрај се?


    Би сакала да видам различни размислувања а воедно и да се испукате доколку вашиот бивш има друга девојка или пак таа направила да раскинете и сл. :) :*
     
  2. dence

    dence Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    Јас не сум имала многу долга врска но..Имам другарка која беше во врска со дечко 2 ипол години,и конечно се отараси од него.Тој многу ја лажеше,одеше со други а и беше многу љубоморен.Таа тоа го знаеше и пак беше со него.Помина 2 месеци од како раскина со него.Таа проба со друг и убаво и беше (но тој си замина во странство) и сега на неа пак и е тешко.Тој уште ја замара,и збори како неможе без неа и секакви глупости,таа сега е силна и го одбива цело време.И мило ми е што му прави така,бидејќи тој неа и нанесе многу болка.
     
    На Sinookaa и awayfromyou им се допаѓа ова.
  3. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Одев со еден дечко една година и неколку месеци.Всушност во животов тоа беше мојата прва долга врска.Одев,што одев јас,но работите се искомплицираа,па му раскинав.Ме следеше насекаде,бидејки тука во едно маало живееме.Не сакам да го видам,да ви кажам право во последните месеци многу се оладив кон него.Тој тоа не го прифати и сеуште не може да го прифати.Преку секој можен начин бара да стапи во контакт со мене.Значи после 6 месеци откако му раскинав,се сретнавме во еден клуб.Ме изнесе надвор и ме молеше,нормално дека не прифатив-бидејки јас веќе имав друг дечко и го сакам. :)
    Сега се на се има 10 месеци откако сум му раскинала и немам намера да му се вратам.
     
    На awayfromyou му/ѝ се допаѓа ова.
  4. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски

    Браво за храброста :) јас и покрај сите работи што ми ги направи,сеуште неможам да бидам со друг а искрено и воопшто не сум заинтересирана за други машки.
     
    На Leo girl и Anne15 им се допаѓа ова.
  5. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Девојко,знам дека е тешко,но го имам и јас истиот проблем сега.Се убивам од плачење по цели ноќи ништо не помага(зборувам за сегашниот што ми е дечко, имам некои проблеми).
    Ете ни јас освен него,не можам друг да погледам,а не пак да имам нешто.
    Се убивам од плачење,бидејки тој сигурна сум дека ме сака,но многу лета во облаци.Се замислува некој си,а тркалото се врти,се надевам дека и тој ќе го почустува ова,но можеби го почуствувал или пак го чувствува.Од таа моја пуста затворена личност ,не можам да проспрерирам во љубовта никогаш. ;(
     
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Нормално е после подолга врска да е тешко, каква и да била таа врска. Но, ако во таа врска сте се чувствувале повредени, цело време имајте го тоа на ум, дека сте се спасиле од една голема мака. И колку ова и да ви звучи глупо, верувајте не е. Сум патела и јас, многу и тоа. Но, последната не успешна врска ме научи на памет. Маки, навреди, љубомора, дрдорења, дерења...психичко малтретирање..и ред други работи, простував давав шанси се додека не дојде денот кога тој ме бакнуваше а јас плачев. Знаев дека немаме иднина....Ми се гадеше, од самата себе. А тој ме молеше, ветуваше....Но, не се менуваше ништо. Мака ми беше но морав да ставам крај, зошто таков живот јас не можам да живеам.
    Сега сум супер, поведра и посреќна од било кога. Сега живеам.
    Затоа девојки, верувајте, каде што има такви проблеми нема никаква иднина, колку и да има љубов.
     
    На Prashina, HoneyBun и DjinTonik им се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    8.292
    Пол:
    Женски
    Cпоред насловот,одговорот ќе биде-не успеав :| .Mногу врски имав,повеќето платонски,со мојата најголема љубов не ми успеа по вина на двајцата,а за последната врска по вина на бившиот,кој очигледно бил мамин син иако не го фермаат ич од дома ,но безбожно ми се колнеше на љубов и верност и до брак ќе ја дотеравме,се било чиста лага.
    Mногу бев повредена и од двајцата бивши,а непреболена ми е првата љубов,и на него сеуште се сеќавам и ме боли што не сме заедно,тешко ми е,но сфаќам животот оди понатаму и му посакувам се најдобро.A на другиот се сеќавам со горчина,со гнев и омраза и иако останавме во контакт не ми значи ништо освен желба да му се одмаздам и сакам со свои очи да видам како ќе го казни животот,и не раскинавме воопшто на убав начин,напротив погрд начин ,амин :x .E накратко тоа е мојата животна приказна,извлеков многу поуки и добри и лоши во меѓувреме и не сакам нов почеток со друг сакам само да ми останат спомените и да ми се намали болката,и мислам никогаш нема да го преболам поразот.
     
    На LoriLorena и H.VAGA им се допаѓа ова.
  8. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Успеав!!
    Имав врска од скоро 2ипол години. Но во последно време многу работи се изменија. Скоро секој ден почнаа кавгите,а и чувствата се оладија. Барем од моја страна. На крај се испонаша како тотален кретен. Од "тој" ден се' се смени. Ставив крај и му кажав дека веќе не сакам да комуницираме. На почетокот сеуште се надеваше дека ќе му простам и секој ден ми праќаше пораки или ми се јавуваше. Нормално дека не му враќав на пораките а и повиците почнав да ги одбивам. Изгледа се помири со тоа дека е крај меѓу нас. После точно 2 месеци јас веќе бев со друго машко. Не во врска,во почетокот само се гледавме. И сега не знам како да го дефинирам мојот relationship status но барем сум среќна. Убаво ми е со него иако не делат километри и секој ден се повеќе ми недостига :)
     
  9. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    И јас ''одев'' со едно момче 1 недела ако може да се кажи одење.. искрено многу го засакав иако многу кратко беше... се почна на зафрканција, се разделивме за така наречени глупости, то се деси од моја страна. Стварно премногу ме изнервира.. ама неможев да го заборавам 3 и пол години. Ме бараше за да излеземе ама од тој мој пусти инает ни еднаш не излегов одкако раскинавме. Едно мислев (многу сакав да излезам) а друго зборував (му кажував ''не те сакам не ме барај појке те заборајв...'') па сега што е најважно си имам врска 1 година и 10 месеци и не би сакала да се вратам никогаш повеке во минатото
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Сега сум скоро во 3 годишна врска си го сакам дечкот осеќам тој како да ми е сродната душичка имам мирна и хармончна врска имавме и несогласвања но успеавме све да средиме,пред ова имав 2 годишна многу бурна врска со кавги со љубомори со викање бапкање телефони па сакање па и убави моменти све се додека еден ден не ми пукна филмот,ми се смачи од таква нестабилна врска и тивко и без грас си заминав го оставив него и тој живот зад себе беше тешко душата ми гореше но морав да го направам тоа ме бараше не одговорвав ,дури и другарките мои ги бараше да ги праша кај сум па другари негови ми се јавуваја од бројој да ме барат за да кренам све беше хаос,но со една насмевка на лице само си велев во паметот KASNO PALIS ZAVRSIV SO TEBE и почнав врска со сегашниот дечко све до денес така остана.
    Претходните врски да не ги спомнувам бурни и тоа многу уште 2 врски беа тоа по 2 години,од едната брзо све ми помина имав 19 години тогаш почнуваше животот за мене :) цело време на журки со друштво со мување со одмори уживав,но после тоа ја имав најпеколната врска на 20 год ;( немаше што не ми се случи пропаднав психички го достигнав дното едноставно ме уби ;( (долга приказна) но имав толку длабоки рани што со години неможев да ги излечам и сеуште ме болат кога ќе помислам на нив ја проколнувам секоја секунда помината со тој човек секоја минута се надевам дека ќе гори во пеколот,му благодарам на бога што излегов на прав пат,сега имам нов живот и сум благодарана за тоа само со еден од бившите останав пријателка незнам како но ете времето разговорите го направија тоа,што и да се случи дајтему време на времето све ќе помини све...
     
    На awayfromyou му/ѝ се допаѓа ова.
  11. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Секоја чест,се надевам дека цел живот ќе си среќна :* Се најубаво
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Не сум баш сигурна дека сум успеала целосно да ја преболам разделбата, 9 години со еден човек не се забораваат и не се преболуваат преку ноќ.... Додуша помина година и пол, а јас се уште не се чувствувам како целосно да сум се опоравила.
    Се уште не поминува ни еден ден да не се сетам на него, често го сонувам, понекогаш и го сретнувам низ град....
    Пробав со друг, не биваше, ама никако не биваше.... Дури и одбивност чувствував, иако тој другиот си беше добар и фин, и воспитан, и културен... Одвај протуркав два месеци со него!
    Единствено во што успеав во овој период е да си го посветам целото внимание на себе, да вложувам во себе, да работам на себе. Најдов сила во себе која не знаев дека ја имам.
    Станав личност со цврст став и поголема самодоверба од било кога!
     
    На LoriLorena му/ѝ се допаѓа ова.
  13. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    Зошто се разделивте :( :(
     
  14. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    ^ Ех колку ми е тешко кога треба да одговорам на ова прашање... :(
    Да бидам искрена, најголемата причина е што дозволивме многу работи од надвор да ни влијаат, и наместо како возрасни луѓе да се соочиме со проблемите, ние се обвинувавме меѓусебно до бескрај... Не барам виновник, двајцата сме виновни и свесни сме дека подеднакво ја плаќаме направената грешка.
    Жално е што дозволивме да отидат предалеку работите, без да размислиме за последиците.
     
  15. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    Извини на прашањето, знам дека не е лесно да се зборува на ваква тема :(
    можеби некогаш повторно ќе бидете заедно, вистинската љубов никогаш неумира, јас ти го посакувам тоа, а ако небиде ништо ти посакувам нова љубов исполнета со среќа :)
     
    На awayfromyou и Thallia им се допаѓа ова.
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    ^ Пред некое време прочитав една мисла, гласеше вака некако (се надевам дека ќе ја цитирам правилно): Вистинската љубов не е онаа која ќе преживее долги години разделба, туку онаа која ќе преживее долги години заедно.
    И апсолутно се согласувам со ова!
    Никогаш не велам никогаш, не знаеме што ни носи животот нели, но сепак, ти благодарам за поддршката :*
     
    На DenaM му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Тешко беше.... Но успеав да продолжам да живеам срекно без него.... Но стварно тешка беше борбата со себе ... Но горда сум на себе , што успеав :)
     
  18. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Успеав!
    Цели 8г. и 10 месеци имам до мене некој што безусловно ме сака и го сакам.
    Имало безброј подеми и падови.
    Но еве не. Уште заедно.
    Тоа јас го гледам како успех.
     
    На Rama, la-chicka, honey.11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. any_xx

    any_xx Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2016
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Во глобала имав некако тешка врска која траеше 6 год, од кои во последната година пред неколку месеци на "наводно" раскинување он по една недела замина со друга ме изневери..т.е тврдеше дека ништо не направил само другарка му била бла бла.. тешко за верување но пред еден месец сепак по толку размислување, плачење и што ли не, решив да дадам шанса. Шанса која траеше еден месец.. значи врската после неверствово ни траеше само месец, не одевме повеќе. Не се чувствував доволно сакана, неговиот бурен карактер продолжи, многу бил напнат од мене и ред други работи што не ми дозволија да продолжам понатаму и решив конечно да биде крај меѓу нас. Пробав но неуспешно. Така да се надевам ќе продолжам пак самоуверено како што и бев тие два месеци кога бевме разделени (кога излегуваше со друга) и сигурна сум во тоа !
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    Па , веќе пола форум знае за онаа единствена долга врска што ја пишувам во слични теми , но ајде и овде ќе пишам , можеби ќе се најде на некој :)

    Имав врска од 1 година , на почеток навидум се беше ок ко и во секоја врска . Единствениот проблем беше што јас бев од едно место а тој од друго , т.е далечина ( не некоја енормна , ама за средношколци не беше баш соодветно ) . Се гледавме во училишниот двор , низ град по кафиња и во летниот периот , доаѓаше со мотор во кафиќот во моето тогашно место на живеење и така се снаоѓавме ( но не се гледавме баш често , врската се сведуваше на социјални мрежи и мобилен телефон ) . Како изминуваше времето , чувствував дека нешто лошо се спрема . Го знаете верувам она чувство на затишје пред бурата . Деновите минуваа , тој се подалечен од мене , јас се поисцрпена од таа веќе 11 месечна врска .. една ситна грешка што ја направи , ја прели чашата тој ден . Му пишав дека му раскинувам бидејќи се сменил не е оној што го познавав . Следуваше расправија па примирје . Краткорочно . По 1 месец се открија сите лаги што ги смислувал на мене и друго девојче . Кога дознав , некако и не бев изненадена , како да очекував . Со помош на моја тогашна добра другарка , го фатив на дело како се мува со девојчето , по што доби 2 убави шлаканици ( каков беше плав , го направивме ко Велигденско јајце :rofl: ) . Јас раскинав на местото на злосторот , додека пак , девојчето само си замина . Потоа дознав они си почнале врска , а јас плачев нецели 2 секунди :D . После тоа понижување за мене , да плачам :^) ? Нисам тај тип :D . Фино лепо си излегов викендот , се забавував , повеќе момци од таа вечер не ми пришле во целиов мој живот , но лошото искуство што го доживеав , не ми дозволуваше веднаш да почнам нова врска . Сепак почекав 1-2 месеци , иако се мував без обврска со еден дечко од моето место .

    Ете така , јас него го заборавив за неполни 2 недели , бидејќи тоа што ме изневери , не можев да му го простам . Неверството за мене е понижување , и јас никогаш не би го простила , па и 50 деца да имам со тој човек . Сите до едно со мене си ги земам , па он нека изневерува после пак :D

    П . С . Денес , не чувствувам буквално ништо кон тој дечко , освен можеби благодарност што навреме си го покажа правото лице , иако после цела една година од таа случка ме молеше да се смириме ко ништо да не било :| за среќа , тогаш освен одбивност кон него ништо не почувствував , а и веќе сакав некој друг и тоа и му го кажав . И го пратив по ѓаволите :devil: