babylove овошни кашички

Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

Дискусија во 'Брак' започната од Dream-Girl, 22 декември 2014.

?

Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

  1. Да

    41,7%
  2. Не

    36,7%
  3. Не знам

    21,7%
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    12.227
    Допаѓања:
    133.067
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум се прашувала дали тие што имаат успешна кариера, имаат лош брак, а и доколку имаат деца, дали не им посветуваат доволно време?
    Не сум искусна на темава, само моите родители често се 2ра смена на работа, па искрено и не ги гледам многу, така да според мене влијае лошо, од едната страна имаш се што ќе посакаш, а од друга страна ти фали родителска љубов... :)
    Баш би сакала да видам одговори, може да споделите искуства и сл. :D
     
    Последна измена: 22 декември 2014
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    77.763
    Пол:
    Женски
    moe mislenje e deka nesto mora da trpi...nema i jare i pare!
     
    На Anabelle.Amorette, Dream-Girl и tessie им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.388
    Пол:
    Женски
    Абе куферот е еден. Колку повеќе спакуваш од едното, толку помалку простор ќе ти остане за другото. Ние сме создадени за живот во којшто може да бидеме продуктивни и на лично и на професионално ниво. Кога сето тоа е во одредени граници на умереното, има простор за се`. Но, кога едното ни` е послатко и повеќе се трудиме околу истото, другото страда. И семејниот и професионалниот живот за да се развиваат, потребно е постојано градење.

    Денот трае 24 часа секој ден. Животот е еден. Не секогаш успеваме да воспоставиме идеална рамнотежа меѓу одредени полиња од истиот. Она што може да го направиме е добро да размислиме за нашите избори и за тоа дали не` исполнуваат и да живееме со привилегиите и последиците од истите избори.

    Јас лично никогаш не би го жртвувала личниот живот за баснословна кариера. Премногу сум емотивна за такво нешто. Не можам да си замислам живот без да ги сакам, поддржувам и бидам покрај блиските. Без да ги запознавам секој ден нивните стремежи и да се трудам да им помогнам да ги остварат. Без да ги почувствувам истата љубов, грижа и внимание од другата страна. Без да поминувам време со нив. Попрво би претрпела пар разочарувања отколку целосно да се откажам од таквата исполнетост. Затоа сум свесна дека ќе треба да се задоволам со нормален професионален живот во којшто ќе го давам мојот максимум, без аспирации да ги дофатам ѕвездите.

    Oд друга страна пак, свесна сум дека не секогаш работите ќе се одвиваат онака како што ние сакаме во животот. Можеби тоа да бидеме успешни во кариерата ќе ни` остане единствениот избор. :) Важно е човек да е продуктивен, да е свесен за својот избор и да се носи со сето она коешто доаѓа со него.
     
    Последна измена: 22 декември 2014
    На SV1911, Kala22, angelche16 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Машки
    Не бе... ич
    Еве јас на пример се разведов,.... а тоа лошо ли е :?:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    31.186
    Пол:
    Женски
    Ова е навистина чувствителна тема и може многу да се дебатира.
    Она што е цел на дискусијата е свесноста, да бидеме максимално подготвени за искрено да признаеме дека двете компоненти кои ја сочинуваат животната целина тешко се балансираат. Колку и да се трудиме да ја одржиме рамнотежата меѓу потребите и идеалите, постојат ситуации кои несвесно не водат кон прибегнување на една страна. За да не се доведеме во несакана ситуација треба знаеме што ни е приоритет за среќа.
    Она што можеме да го сториме за себе е серизоно да избереме опција која ќе ја живееме и при тоа да бидеме свесни за придобивките и последиците од истата. Сами одлучуваме дали ќе не понесат емоциите и ќе дозволиме да ја споделиме љубовта, вниманието и грижата со блиските или ќе посегнеме по материјалните придобивки и ќе уживаме во исполнетоста.
    Кариерата е битна за просечен професионален живот, ама потребата да имаме некој покрај себе и во добри и во лоши денови не може да се спореди со никаков екстравагантен успех во работата.
    И врвот да го достигнеме, не вреди, доколку нема со кого да прославиме.

    П.С. Со оглед на тоа што темата е отворена од припадник на младата популација (дете), а не возрасен, многу кажува за недостатокот на родителска љубов и внимание.

    @Dream-Girl Навистина ме трогна начинот на твоето размислување и потребата да ги прочиташ туѓите искуства кога станува збор за семеен живот наспрема приуштени задоволства.
     
    На Linda.A и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    @tinan Не лупетај, сигурно не си се развел поради кариера на една од двете засегнати страни.
    Две убавини нема, или ќе градиш кариера на сметка на семејството или ќе градиш семејство.
    Сепак тоа се екстремни случаи каде што повеќе ги интересира кариерата од семејството.
    Тие што успеваат прават некој баланс помеѓу работата и семејството. Обично едниот од партнерите е кариерист, а друѓиот домаќин.
    Ако и двајцата работат нормална работа за некоја си плата, а посебно во денешно време на саможивници (газди) кои гледаат максимумот да го извлечат од тебе тоа веќе не е кариера тоа е опстанок за семејството.
    Нормално родителот работи повеќе од нормалното и нема време за домашните обврски, затоа пак децата тука страдаат, а не може ништо да се стори.
    Кариера е едно, а опстанок за живеачка е друго. Во секој случај родителите немаат доволно време да им посветат на децата.
     
    На zalosna, SV1911, okcenzi и 6 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    79.483
    Пол:
    Женски
    Кога се зборува за кариера мислам на оние личности кои да кажеме имаат своја фирма па трчаат да обезбедат материјали да го пласираат готовиот производ,или на пример професор кој предава,твори научни дела,го пласира своето знаење,...па и нека биде личност до естрадата или уметноста...
    Ова се друго,се сложувам со @Daleron ,не е никаква кариера.Работата во пекара,бутик ситна канцелариска работа е преживување.
    Дали лошо влијае?Не знам зависи колку личноста со која го делите животот е толерантна и преку што се може да помине.Иако сум за тоа нека биде кратко времето ама да биде квалитетно.И дремењето на сопружниците дома не значи дека проблемите во нивните семејства се анулирани и не постојат.
     
    На Ariel, SV1911, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  8. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Машки
    Не, но сигурно многу допринело тоа што по повеќе од 12 часа не бев дома.
    И други фактори,... ама сега веќе не се битни.
    И не е кариера само бркање приватна фирма. Има сеуште професионалци,.. успешни... ама се мање и мање. Новокомпонованиве богаташи масло ти вадат како и што кажа ( а не би да платат , by the way).
     
    На tessie и Daleron им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.388
    Пол:
    Женски
    Лунич, за другово се` се согласувам, за една работа само ќе се надоврзам..

    Зависи. Некогаш толерантната личност којашто преминува преку многу нешта не е среќна личност. А еден незадоволен член е совршен почеток на неуспех на семеен план. Затоа што, не се знае што може да донесе тоа незадоволство.
     
    На Teodora* и lunicka им се допаѓа ова.
  10. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    Од 24 часа од кои се состои денот не можам да пронајдам побескорисен начин да потрошам 10,12 или 14 часа за да некому кој не ми значи ништо му направам профит. Не само во однос на семеен живот туку и во однос на било што кое би го правел за себе и за оние кои би ми значеле нешто.

    Тоа е она кое од емоционален и од рационален аспект го знам. А исто така знам дека за да се преживее мора да се потроши еден добар дел од животот правејќи некому профит или хранејќи паразити (администрација).
    Тоа сознание ми делува лошо на психата, се надевам дека ќе пронајдам излез :(
     
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.486
    Секој успех е жртва на нешто , успешна кариера е плодот од жртвувањето (и кон семејниот живот ) . Не е се толку црно ;) ,има и полоши работи во животот од тоа успехот да ти влијае лошо :|.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    Не знам што е успех но животот е еден, ниту еден пропуштен момент нема да се врати, ниту една година жртвувана за некој да има поголем профит нема да се врати, ниту една минута потрошена за да се хранат паразити не се враќа и што сега ќе се теши човек со поимот ``успешна кариера``.
     
    На SV1911, MacenceEna, poenta и 2 други им се допаѓа ова.
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    106.017
    Пол:
    Женски
    Abe minutite potroseni za brkanje kariera nema da go vratat izgubenoto vreme posveteno za deteto.
    No!Stignuvanjeto do podobra rabotna pozicija po patot na napreduvanje vo karierata istovremeno moze da pridonese i do podobri uslovi za zivot i na deteto i na roditelot.Ne zboram samo za finansiski aspekt.
    Ako si stasal do odredena povisoka pozicija samata moze da ti pridonese edno predvremeno izleguvanje od rabota zaradi deteto bez baranje dozvola...Ova e samo banalen primer.
    Znaci odgovorot za naslovot e zavisi i od samiot covek mada i nemora da znaci.
    Podobra kariera podobra plata.Plateni smetko,dodatni nastavi za decata .....i nemanje potreba od brkanje dodaten nacin za zarabotka za da se izvadi mesecot na kraj.
    Trpi deteto.I vaka i onaka.Se zavisi od roditelot i negovata organiziranost.
     
    На MacenceEna и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Жените во Македонија, т.е. Македонките ги уживаат сите права и гаранции од државата. Патем, две години по ред има повеќе женски дипломци од машки. Никој не им го оспорува правото на глас, избор, образование, слободно движење, на себе промоција, социјален живот, но жените во Македонија во многу случаи удираат нож и вртат грб на сопствениот народ што им го овозможил истото, но нема за тоа да зборувам сега.

    Друго, јас секогаш и секаде се залагам за многудетни семејства, мајчинство и истакнување на женската природа. Поборник сум против тоа жените да се доживуваат како секс објекти, а не како суштества на коишто им е потребно внимание, љубов, грижа. За тоа што денес жените се доживуваат како секс објекти и самите си се криви.

    Трето, никогаш не сфатив што е тоа кариера? Работата не е избор, туку правило ако сакаш да преживееш. Со една плата не се живее, не се одгледуваат деца, а не дај боже ако мажот почине што тогаш? Плус, секој човек без разлика дали е маж или жена има потреба од социјализација, хоби, дружење, излегување, спортување, рекреирање. Немам апсолутно ништо против тоа жени да работат и заработуваат, но не на сметка на мајчинството и потомството.

    Без разлика колку има лезбејска пропаганда меѓу жените да се посветат на работа и на хедонистички живот не верувам дека жена која не е реализирана како мајка и сопруга дека е среќна жена.
     
    На senza.parole, Kala22, evangelina.ina и 3 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    36.460
    Пол:
    Женски
    Успешниот брачен живот нема врска со кариерата на сопружниците. Ако се подржуваат меѓу себе, не гледам за да има некои пречки. Во моето окружување имам неколку пара во кои се и двајцата сопружници реализирани на професионално поле, а не гледам дека нешто им е нарушен семејниот живот. Од друга страна имаш така наречени домаќинки кои по сопствен избор седат дома, демек да се посветат на детето а времето го користат на висиење на Фб, на гледање серии, на трачарење со комшики и слично. А детето воопшто не добива внимание, туку е седнато пред тв со пуштени цртани и готово. Додека пак кариеристите баш од таа грижа на совест, дека ете не се по цели денови со детето секој слободен момент го користат квалитетно со него. Да, работат, ствараат, имаат кариери, ама па затоа кога се со семејството СЕ со семејството. А не само да се рече.
     
    На simply-red му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    11.429
    Стварно не ми е јасно зошто би постоела препрека за оваа тема. Јас имам кариера, маж ми има кариера. Фала му на Бога, двете успешни. Имаме дете, планираме и второ, немаме ама баш никаква помош ни финансиска, ни баба сервис за чување. Се надополнуваме еден со друг. Јас имам разбирање за неговата работа - седам дома, чувам дете, средувам, готвам, перам пеглам, но кога е мојата сезона, истото го барам назад. Поточно, немам потреба да побарам, по автоматизам ми следува. Бебе оди во градинка од 8 месеци, еве веќе 4 месеци сме си супер. И она оди на работа, сите среќни и задоволни. Си го цениме времето кога сме заедно, си се посветуваме максимално еден на друг. Никој не трпи, ни фамилијата ни работодавачот. Беше болна ќерка ми, имав две недели боледување. Арно ама, кога треба да се заврши работа завршена ми е. И со останување покасно, и со земање работа дома, и со се. Формула за успех на ова поле е = многу нерви+многу разбирање+многу поддршка+многу љубов+многу толеранција и компромиси. Може, само ако се сака.
     
    На CameliaMiller, SV1911, Kala22 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.250
    Сега ќе си пишувам општо, она што сум го приметила во поголемиот број случаи (што секако не важи за сите).

    Прво, што е тоа кариера во Македонија ? Јас не познавам ниту една жена која тера кариера и напредува. (има бизнисменки, политичарки, итн., ама јас таква немам во пријатели).
    Оние кои ги познавам одвај наоѓаат работа и си трпат на работното место колку да се преживее. Ако не се на тоа, ќе бараат ново работно место, и така.
    Некои ги малтретираат во лоши услови, ама работаат зошто мораат, а не зарад некаква си кариера.

    Второ, она што најчесто го гледам кај оние родители (кои не ми се пријатели, туку познаници) е дека на работа, по работни патувања, коктели и сл. се нон стоп, на децата само им фрлаат пари да си купат јадење, да одат на кафе, и најчесто нивните деца се едни од најразузданети (кои не виделе домашно воспитание и култура).
    А, брачните партнери најчесто се изневеруваат (поради таквите работни места, малку в глава им има удрено).

    Е, сега, секој за себе си знае најдобро...

    Но, едно е точно, децата растат пребрзо. Многу брзо ќе дојди време кога нема да сакаат да идаат со вас, да седат со вас пред тв., на ручек и сл. А, парите се заработуваат и трошат.
     
    На senza.parole, Nausicaa, evangelina.ina и 2 други им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.438
    Допаѓања:
    49.143
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сакал нејќел, на едното мораш да посветиш повеќе внимание.
    Супер тоа со балансот, ама луѓе сме. Никој не е робот па да работи по точно испланирано време, во часови, за да стигне за се. Обврски по дома одземаат време, на работа по 8-9 часа, пазарење, патување од работа до дома и колку време ти останува за да одмориш и плус да имаш време за семејството?

    Не велам дека е невозможно, само одзема многу енергија и тешко е. Особено ако работиш работа која не се завршува само за часовите од твоето работно време, а да не зборувам ако си на одговорна позиција и доживуваш додатен стрес затоа што секоја одлука мора да ти е промислена и правилна.
     
    На Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    106.017
    Пол:
    Женски
    A kako ke se posvetis na semejstvoto bez pari dali moze
    nekoj da mi objasni?Tesko ke bilo doma i kariera a lesno ke e doma bez pari.
    More lesno e da se pravime preterano zagrizeni za semejstvoto za da ne odime na rabota...oti tesko ke bilo.Lesno e da kazeme za nekoja majka deka e sramota sto go ostavila semejstvoto i odi nasminkana na rabota.
    E nema em gradenje semejstvo em lesno.A ke sedime po cel den na kompjuter.
    Zrtvuvanjeto mora da se razredi.Dobar balans i site zadovolni.No i golemo nivo na tolerancija.
     
    На CameliaMiller, senza.parole, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    јас порано многу сакав да успеам во животот, да станам професорка на факултет, и ден денес што сум во моите триесети години, не можам да замислам да си седам дома, мора да излезам, да работам, да придонесам, ама откога ми се роди детето, ништо не ме прави посреќна од впемето поминато со него.
    За него ми останува малку време за жал, многу се мачев да тргнам по овој пат и сега се трудам максимално да балансирам, да сум дома за ќерка ми и семејството, да готвам омилени традиционални јадења со кои што растевме, да функционирам и да се адаптирам во поинаква средина во странство, и само едно знам, многу сум сигурна за одлуката дека обавезно нема да станам професорка на факултет, многу сакам второ дете и не сакам да одложувам, можеби ќе сакам и трето, а сепак ќе работам затоа што треба пари за децата. Дали е во ред тоа што го правам не знам. Навистина е чувствителна тема. Не може и тоа и тоа, обавезно едната страна ќе трпи.
     
    На Annath и tessie им се допаѓа ова.