Сега сме во време на пандемија, и не планирам да одам надвор, па разгледував што нудат хотелите во земјава, какви се цените. Мене лично ми падна во очи дека во помалите места каде нема многу хотели, апартмани, цените и не се нормални, туку се високи за нашиот стандард. Можеби некој нема да се согласи со мене, не знам. Друго, има и случаи каде сопствениците на соби не се така љубезни. Пример лани сакав да посетам едно мало македонско гратче, и се јавувам во едно кафуле каде издаваат соби ( едвај најдов контакт, ниту на интернет оставиле број, ниту на букинг ги има, па морав да прашав пријателка од тој град). Прво нељубезна комуникција, не знае газдарицата да објасни, како и што. Велам колку е цената, ми вели 1.000 денари. А планирав сама да одам, не знаев дали тој период ќе имам слободно друштво, и нагласувам дека ќе дојдам сама, по што ми враќа „ааа па толку е собата, мене не ме интересира колку души ќе бидат внатре“. Како не ги интересира, ако има 2 кревети, нема 4 луѓе да смести па да ја делат цената. Не отидов. Разгледав за градови во Србија кои се туристички развиени и каде цел ден можеш да шеташ, па за тие пари имаат сместување, и тоа голем избор. Ова овде гратче со една улица, ти бара 1.000 денари од ноќ, а ниту имаат информации какви соби се, дали има тв, интернет, итн. Мислам дека навистина сме катастрофа. И реално подобро да примиш еден турист со неколку ноќевања по пристојна цена, отколку собата да биде празна цела недела или 10 дена. Кое е вашето мислење?
Никој не коментира. Сигурно имате мислење на оваа тема. Дали навистина во одредени случаи газдите кои издаваат соби, апартмани се преценуваат и бараат повеќе од што реално вреди?
Барем во Македонија има сместување за сечиј џеб ..од 15 евра за соба, од 20тина евра за апартман па се до некои ненормални суми за мериот и сличните.. Секаде има такви што се преценуваат, не е тоа само во МК. Ама најчесто се наоѓа сместување по пристојни цени... Не знам за тебе што е скапо, ама за мене соба за 25 евра и апартман за 30 евра не ми е скапо... а во МК такви се цените. Или подобро речено ... не е скапо сместувањето, низок ни е стандардот
преценети се, асална соба испод 40 евра нема, за 50 евра може нешто ок да се најде, што мислам дека е скапо за мк.