Многупати многумина ќе речат печена си за мама, или на мене и дечко ми ќе ни речат леле ама ве личи,ви стои едно вакво....и многу други фрази. Но, на тоа не сум придавала значење. Иако некогаш сум се запрашала дали јас "утре" ќе бидам добра мајка? Кога јас како една девојка сум се запрашала,...тогаш колку пати вие што носите уште една душа во себе,сте го поставувале ова прашање? Иако верувам дека на сите желбата за дете ви била голема и максимално посакувана...сепак дали ви се јавува/ло некој страв: дали ќе бидам добра мајка,дали ќе се снајдам со обврските,бидејќи немам никакво искуство со бебе,незнам ни како се бања,....и ред други работи. На темава можат слободно да дискутираат и девојки(идни мамички),трудници,тазе мамички,искусни мамички....
Секако дека сум се запрашала многу пати до сега дали ќе бидам добра мајка.Пред некое време хранејќи го внукот на дечкото тој ме погледна толку мило и со љубов во очите и ми кажа дека ќе бидам прекрасна мајка.Во тој момент ме преплавија силни емоции кои што ме натераа да се замислам длабоко во себе и да размислувам каква мајка би била?Тоа што не знам многу околу одгледувањето на децата иако имам некои сознанија од факултет малку ме плаши како јас би се снашла во таа улога,но сигурна сум дека чим тоа ангелче дојде во мојата прегратка сиот страв ќе исчезне, ќе знам дека ќе им бидам најдобра мајка што можам на моите деца, ќе направам се за да имаат добра иднина и да се среќни и добро воспитани деца.
Искрено, воопшто не ме подгрева мајчински инстинкт, дури ни кога менувам пелени на бебенце во блиско крвно сродство. Сепак, нема потреба за преокупирање со вакви моменти, зашто мајчинскиот инстинкт се развива 9 месеци додека го носиш бебето во утробата, за во моментот на породување и прва средба со бебето, во рацете да ги држиш и двете: и бебето и мајчинството. По свои лични стандарди, мајка може да биде или најдобра или најлоша. Зависи од самодовербата (самобендисаноста или сомнежот) која ја поседува. Опуштено, се во свое време, се се учи и си доаѓа природно. Курс за идни мајки сеуште не измислиле. Ниту пак мајчин суд како институција.
Ова прашање си го поставувам секојдневно. Навистина некогаш ми е страв и ме фаќа паника, како ли ќе биде, којзнае ? Дури еднаш на оваа тема разговарав со татко ми, тој ме утеши со тоа што ми рече дека едноставно ќе знаеш во тој момент што понатаму, иако од оваа перспектива кога не си родител незнаеш како би постапил. За мене моите родители се најдобрите на светов. Многу ми се допаѓа како постапуваа и како сеуште постапуваат во одредени моменти. Дај Боже нешто од нив да имам наследено !
Честопати сум размислувала на оваа тема. Иако се уште ми е мноогу мноогу рано, понекогаш сакам да размислувам какви ќе бидат работите во иднина, каква ќе бидам јас во иднина. Сигурно ќе се сменам, ама дали на полошо или подобро не се знае. Земајќи ги во обѕир мојата трапавост, невнимателност и паника се плашам дека тие доста ќе ми причинуваат потешкотии. Заборавеноста исто така. Сигурно ќе има случаеви кога ќе заборавам да го соберам детето од градинка. Смешно, ама и тажно во исто време. Ќе треба да си навивам аларми да ме потсеќа дека имам дете уствари. Не, ајде сега озбилно. Тоа што сум тотално организирана мислам дека доста ќе ми помогне. Знам дека уште на почетокот ќе направам листа за потребни работи, а ќе бидат купени уште пред да се роди (секако долколку сме материјално способни). Ова е вака затоа што сакам се да ми биде под конец. Друга голема пречка што мислам дека ќе ми биде е мојата гадливост. Се гадам од се живо - од плунка до бубачки. Не можам да се замислам да го пресоблекувам памперсот на бебето, или пак да ја чистам повраќаницата. Можеби ова е вака зашто се уште не сум осетила мајчински инстинкт, љубов, чувство... Мајка ми ми вика дека и она се гадела кога била млада и кога не била мајка, ама љубов е љубов, а и со текот на времето се навикнала.
Јас сеуште не сум се запрашала дали ќе бидам добра мајка иако за неколку месеци се очекува од мене и многу повеќе, некако како сеуште да не ми е верно дека чекам бебенце и ќе станам мајка , Навистина е така, не знам зошто, некако многу на тенане ми е сето ова со бременоста и не се тревожам,не се плашам дали ќе биде се како што треба, од страна на мајчинството зборувам, како да сум сигурна во себе и не ми е гајле, не знам како да го објаснам ова чувство, ама така ми доаѓа одвнатре и дај Боже така да биде во иднина, којзнае, ќе бидам ли добра мајка или не , се тоа зависи од многу фактори А порано и мене ми велеле кога држам некое мало детенце, а јас во принцип ооообожавам мали срценца такви невини душички, му велам и на мм , остави е со 20 мали дечиња нема да ми е досадно, тие ќе ми го направат денот преубав ми велат дека ми личе, ајде као, што чекаш,време ти е и така ама јас не сум придавала некое значење и така сега одлучив дека навистина ми е време да бидам мајка и секако добра мајка, која е таа жена/девојка што сака да биде лоша мајка, логички па здравје , времето ќе покаже каква мајка сум навистина
Не знам дали има пишан критериум и дефиниција за добра мајка, јас единствено што знам е дека не се плашам од улогата која ми следува и спремна сум да го дадам својот максимум и најдоброто од себе за моето бебе. За другото ќе учиме, ќе се подобруваме. Со децата и мајките учат, не сме се родиле сите како совршени мајки и тоа се стекнува и учи со време.
според мене се е до годините и ситуацијата во која се наоѓаш... ова прашање не ми се вртело во глава до пред некое време. кога бев средно и се до лани јас бев антиталент за деца, значи другарките сестра ми мајка ми се зезаа цело време дека јас ќе бидам лоша мајка дека нема да ме интересира за децата дека ќе бидам строга итн. нормално не ме интересирале тие работи и не се преправав дека ми е убаво во близина на деца и дека бебињата ме разнежнуваат. мм едно време помисли дека не сакам воопшто да имам деца па карање објаснување ќе ме оставеше за малку од недоразбирање... но од кога ми се родија внуците и станав поблиска со нив сетоа тоа се смени. јас ги сакам толку многу ама толку многу што сега е невозможно да видам детенце и да не ми биде мило бидејќи ги споредувам со моите внуци. а дали ќе бидам добра мајка ? ќе видиме искрено се надевам дека да, премногу ми е драго што внуците и децата на пријателите ме сакаат и умеам да се грижам за нив тоа ми дава надеж како што еднаш спомнав јас имам претрпено многу од моите родители и знам многу добро што не треба да правам. а ако некогаш забегам за некоја работа мм е тука да ме потсети која сум и како треба да се поставиме како родители. нели затоа децата имаат по 2 родители.
Јас кога решив да станам мајка можам да кажам слободно дека не бев воопшто зрела за тој чекор. Желбата беше прво кај бившиот, и од зафрканции и муабети, после само 4 месеци искачање ние се решивме на тој чекор. По цел ден шетавме, и така додека си чекавме во кола на семафор, до нас во другата кола имаше пар и детенце мало позади, и ние си рековме што убаво сега и ние да си имавме вака. Воопшто не помислив на обврските , туку ги гледав слатките бебиња, и си мислев како ќе си станеме поголемо друштво. Дотогаш , бидејки студирав, дома бев доста поштедена од обврски, како готвење и сл. Откако го направивме бебето, и решивме дека треба и да се венчаме ( а цел живот викав нема да бидам трудна невеста, ама тогаш заборавив ) почнав да мислам на се што треба да мисли една жена и мајка. Дали сум добра мајка размислувам понекогаш. Се трудам да бидам. Но , не во смисла да сум опседната со обврските околу децата, туку повеќе со пружањето љубов, внимание, учење на вистинските вредности. Да израснат во добри личности, кои ќе имаат почит кон секој човек, ќе се трудат во животот сами да постигнат нешто, ги терам да се осамостојат од помали, а син ми ми е најважно да го воспитам да го почитува женскиот свет, и да не повредува, да биде прекрасен дечко, маж...
Ја знаете онаа рекламата на Владата - „Без разлика каков си, твоето дете секогаш ќе те сака“? Можеби, ама поентата е да се извади правилна индивидуа на пат во животот, а не само некој кој безусловно ќе не` сака (мада и со тоа не се согласувам, ама ај). Сметам дека ниту една мајка (и татко) не треба да биде пресамоуверена дека е најдобра, зошто токму несигурноста во одредени момент не` тера да се преиспитаме, да размислиме по 2,3,4 пат, да се консултираме, да смениме, да отстапиме...учиме ново секој ден, учиме за трпение, учиме за смеење и кога ни се плачи, и само учиме, учиме и учиме Од мое искуство - пред воопшто и да размислувам за деца, некаде до кај 26-7 години, мене искрено ме фаќаше страв од помислата да имам дете...и тоа не кога ќе е бебе, или мало детенце, или 10 годишно момче/девојче, туку кога ќе стане тинејџер/ка, и кога ќе треба да контролирам што прави, со кој се дружи, дали зема дрога/алкохол/цигари. Мислам.....шта речи Се` ми стана полесно, и јас сум поопуштена, откако го сменив размислувањето во себе, и сфатив дека Јас нема да родам тинејџер, туку бебе и дека тоа со мене ќе расте, ќе се развива, ќе учи, ќе разговараме - ПОСТЕПЕНО и заеднички . Значи, нема потреба од грижи, мало бебе - мали проблеми, има време за секакви размислувања за иднината, ама никогаш не е доцна да се почне со правилно воспитување и поставување на темелот на довербата.
Животот не доаѓа со упатство. Искрено се чувствував подготвена ама очигледно не сум. Тоа е вина на паничните напади кои ме зафатија. Ќе се потрудам да бидам добра мајка, ќе дадам се од себе во граници на возможното и надвор од нив. Единствено не би сакала да бидам неодговорен родител како некои луѓе.
јас точно пред 1 месец дознав дека сум бремена,дечкоми со кој сум 7 ипол год пресреќен јас плачка невидена ваљда ќе да е и до хормониве што лудуваат во бременоста и си плачам се плашам дали ќе бидам добра мајака како ке го банјам тоа мало детенце како ке не знам што сака кога ќе плаче и уште милјон вакви прашанја ме полудуват но потајно се насмевнувам и замислувам како ќе биде кога ќе го имам во раце тоа малецко суштество се надевам ќе бидеме добри мама и тато
Аххх...До пред некое време и се чудев на мајка ми како може цел живот да работи со бебиња...Ми доаѓаше мрак пред очи кога само ке слуушнев бебешко плачење ..Колку ме нервираше некое мало дете кога ке видев дека плаче без причина некое излигавено искакано хихи Но сега последниве месеци добив желба желба за едно Ангелче па макар и сама би билаи би го чувала ихихии Верувам дека би била добра мајка зошто секој ден си имам план...Таакаа и сакам да биде со моето ангелче нејкам како некој неодговорни мајки кога стане стане кога легне легне исфлекано размачкано детенце (океј е секако никој нема 500раце ) но таква сум ете сакам се да биде под конец здравје се надевам и јас набрзо Мразам несовесни родители што децата ги учат од мали со пцовки и сл и стави се во уста ,,,Сакам моето ангелче да израсне во нормална и здрава средина ...Мислам и тврдам дека би била супер мама Пред се би го научила само на едно да биде добар човек
Само едно ќе кажам-зборот ПЛАН и ДЕТЕ не одат заедно. НИКОГАШ. Тоа ќе диригира, мама ќе извршува. Кога ќе наголемат е по друго, ама бебе Ама сепак за се се има сила кога саканите се во прашање
Од како дознав дека сум бремена, секоја вечер кога си легнувам некое вакво ново прашање ми се врти....уххх.
Snow koga ke dojde vreme nema da ima vreme za prasanja I odgovori rabotite sami po sebe ke si tecat I sekako deka ke bides Majciniot instinkt uste sega ti raboti,razmisluvas sti da jades,pies,kako da legnes,sednes za da mu bide ubavo na bebeto,a ne koga ke se rodi. I jas bev mlada isplasena majka,a moeto bebe bese najsakano,guskano,se pomina kako sto treba Sega e golem,zdrav,prav decko I eve sega cuvame drugo Pozdrav bez grizi
Ако некогаш бидам мајка (кога ќе се почувствувам материјално и емоционално барем малку подготвена), само се надевам дека нема да го опсипам со претерана грижа и љубов, а со истата да го хендикепирам цврсто и храбро да чекори низ животот. Без разлика дали би било машко или женско, би сакала да го воспитам да биде борец, да не го кочат муабети дека „нешто е невозможно“, да ги научи што поскоро правилата на игра во овој суров свет и семејството да не му претставува слабост, затоа што и тоа некогаш знае многу да повреди и не ретко истата слабост да ја злоупотреби. Да не` гледа и вреднува прво како луѓе, а потоа како родители. Преку нашиот пример, самиот да посака да оди по нашиот пат, а не да го присилуваме и да му наметнуваме. А тоа немаме ниту јас ниту мм кредибилитет да го научиме додека не ја извојуваме актуелната битка во нашиот живот со победа. Затоа се` уште не сум подготвена за тој чекор: 1) се` уште самата не сум резултат на она кон кое би го насочувала своето дете (не зборам за професија и сл, зборам за општи постигнувања) и 2) во душата се` уште не чувствувам дека ми е дојдено времето. Само во тој случај мислам дека би била добра мајка.
Ако сум научила барем нешто од мајка ми и успеам да го применам мислам дека ке бидам многу добра мајка... ама и детето да биде послушно како мене