Дајен Чејмберлен (Diane Chamberlain)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 12 јануари 2022.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Почнав да ја читам најновата книга на Дајен Чејмберлен која излезе деновиве и ми текна дека воопшто немаме тема на форумов за една од најдобрите авторки на (ајде да речам) драми во светски рамки.

    Со нејзината биографија нема потреба да се оптеретуваме. Сè што треба да се знае за неа е тоа дека е американска авторка која зад себе има триесетина романи и несомнено успеа да ги освои срцата на милиони и милиони читатели низ светот.

    Навистина, мислам дека нема некој кој некогаш не го слушнал имево или не се сретнал со некоја од нејзините книги. Не за џабе е една од најпродаваните авторки - според мене, Дајен е една од ретките која успеала и сè уште го оправдува значењето на бестселер и најпродаван автор.

    Мене ми е една од најомилените авторки и навистина има нешто посебно во нејзините книги.

    Ликови, приказна, пишување...некако не можам да издвојам што е тоа што ми ја прави комплетна, но знам дека секогаш со нетрпение ќе си чекам нејзини книги затоа што е вистинско уживање да се чита за темите кои ги обработува.

    Не се труди нешто посебно да следи некои трендови во пишувањето и имам впечаток дека навистина си пишува тоа што ѝ лежи при срце, но истовремено не игнорира некои важни минати и тековни теми. Ако сте читале некоја од нејзините книги, веќе си знаете сè. :)

    Се трудам да ми текне која книга ми била најомилена, ама некако не можам да издвојам. Следна за читање после најновата ми е Тhe Dream Daughter и се надевам дека ќе биде супер. :wasntme:

    Ајде да зборуваме за Дајен, нејзиното пишување и нејзините книги. Пишете кои книги сте ги прочитале, каков впечаток ви оставиле и што точно ве натерало пак да посегнете по книга напишана од неа.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Најдобра од Дајен досега ми е дефинитивно The Dream daughter.
    Преполна со емоции, се утепав од плачење.

    Ја почнав и јас најновата, The last house on the street, ама некако повеќе ми е по шаблон напишана, а нема некоја вистинска емоција.
    Сепак, ќе ја дочитам, па ќе споделам мислење.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Нема кој не ми ја пофали The dream daughter, @RainBow. И на толку фалби, потсвесно ја одложувам некое време за да не се разочарам :lol: , ама сè некако си мислам дека ќе ми се допадне и мене зашто ми се чини интересна темата. Ќе пишам впечатоци кога ќе ја завршам, можеби ќе падне некоја рецензија.

    Засега новава онака...ма да, како и да испадне, што и да се случи, не верувам дека нешто ќе ми влијае за да не ја читам следната книга од неа. Ептен ми е возбудливо кога очекувам нова книга од омилен автор и си одбројувам денови до release date. :D
     
    На do-re-mi и RainBow им се допаѓа ова.
  4. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Досега немам прочитано книга од авторкава. Ја имам помешано со друга, и само ја избегнував. Ќе и дадам шанса следно. Ќе земам некоја книга од неа за читање :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Баш ми се во твој стил книгите на Дајен, мислам дека ќе ти се допадне па ќе си кажеш импресии.

    Заборавив да додадам дека засега најнеомилена книга од неа ми е Pretending to dance. Некако сè си беше јасно од почеток и немаше баш некое изненадување и којзнае каква пресвртница. Ликовите стандардно добри, ама толку ми одеа на нерви, што дури и ми немаше поента книгава на моменти. Одвај ја дочитав. Другите сите биле далеку поинтересни од оваа.
     
    На RainBow и Skyfall им се допаѓа ова.
  6. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Загубената ќерка е книга што ми ја роди желбата за читање на некој начин. Ја зема мајка ми од некој саем на книга многу оддамна и откако ја прочита не престана да зборува колку добра поука има за девојките во тинејџерските години. Ја прочитав и јас за рекордно брзо време и бев воодушевена од приказната. Баш е онака книга што не можеш да ја оставиш додека не дознаеш што ќе се случи на крајот. Мислам дека имаше и некое продолжение ако не се лажам, не сум се сетила до сега да го побарам. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    5.122
    Пол:
    Женски
    Kako se vika najnovata?
    Inaku kerka od sonistata e odlicna
     
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.501
    Пол:
    Женски
    Загубената ќерка ја имам само прочитано и ми се допадна многу книгата.
    Би сакала и друга нејзина книга да прочитам, ама никако да ми дојде некоја при рака.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    The last house on the street e новата, ја има веќе секаде за симнување.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Дајен Чејмнерлен ја читам кога ми се чита нешто квалитетно и убаво, кога ќе се изморам од последователно лош избор на книги.
    Прва што ја прочитав беше Исповед на една акушерка, по предлог на вработениот во библиотека. Кога се мислев која книга да ја земам, библиотекарот ме рече дали сакаш да ти предложам нешто квалитетно што нема да го пуштиш од рака? Сосема беше во право и за секоја наредна книга што ја читав.
    Исто ги имам прочитано и Загубената ќерка, Украдениот брак, Ќерката од соништата, Големи лаги во мал град.
    Една од најомилените авторки.
     
    На Cosmic Girl и Mishela им се допаѓа ова.
  11. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Загубената ќерка е меѓу првите книги кои ги имам прочитано во животов. Доволно е да кажам дека ме освои на прва страница. Скоро ја препочитав повторно а веднаш после тоа и Украдениот брак. За жал во библиотека имаат малку примероци од нејзините книги па ќе си почекам додека да стигнам до следната. Обично читам трилери и криминални романи но нејзините книги се огромен исклучок кој би сакала да го правам што почесто. Криво ми е што на македонски се преведени само неколку нејзини книги и би сакала да видам како тоа се менува во блиска иднина!
     
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.262
    Пол:
    Женски
    Јас пред месец дена почнав да ја читам "Големи лаги во мал град" , ама и покрај тоа што ми беше во старт интересна, поради обврските и недостаток на време, остана така начната само. |(
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше многу интересна оваа, ја читав и јас пред скоро. Ептен се навлеков уште на почетокот од книгата. Си имаше некои досадни моменти тука-таму, ама навистина ми беше убава.
    Да ја прочиташ кога ќе имаш време, не ја оставај. :lol:
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.262
    Пол:
    Женски
    Ќе гледам да ја прочитам. :D Обично кога почнувам некоја книга, ја читам до крај колку и да е досадна.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.358
    Пол:
    Женски
    Од писателкава дома ја имам само книгата Исповедта на акушерката, прочитав доста позитивни критики за книгава и искрено сеуште не ми е дојдена на ред за читање, немам толку време. Кога ќе ја прочитав обавезно ќе пишам рецензија.
    Во иднина би сакала да си ги купам Загубената ќерка, големи лаги во мал град, ќерка од соништата и украдениот брак.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    @Mishela ја прочитав The dream daughter.
    Како порано ја немав откриено. :oПреплавена сум од емоции, уште ми е стегнато срцето. ;(
     
    На Cosmic Girl, violetblue и RainBow им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Ништо не ми оди во последно време за читање, ама си ветив ќе ја читам оваа книга зашто имам чувство дека и мене ќе ми се допадне. Само да ми пројде периодов. :)
     
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Синоќа видов дека во Стокомак редеа книги (за 8-ми Март) и ја имаше баш оваа авторка. Мислам Загубената ќерка беше баш. Немаа уште цени ставено..

    Сега ме заинтересиравте..ќе одам да ја купам ако ја имаат уште.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.542
    Ептен се симболични цените, околу 250 ден мислам се.
     
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Сега бев. Значи насловот сум го згрешила- ќерката од соништата - 270 денари.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.