Да ги оцениме библиотеките каде членуваме

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Tanjamm, 21 февруари 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Видов дека ве има многу љупители на книгата, па ајде да оцениме. Јас на мојата локална библиотека „Т.Георгиевски“ и давам оценка 4. Може и подобро. Но, имам информации и за другите во земјава, така што 5 ќе им дадам на валандовската, велешката, охридската и прилепската библиотека. Браќа Миладиновци им давам 1. Што е со Феткин во Кавадарци? Ако има некој од таму убаво би било да каже дали се добри. За нивната работа не сум многу запознаена. Оценете...
     
  2. Cucueta

    Cucueta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Јас сум од Прилеп и на библиотеката и давам одвај 2. Замислете имаме библиотека, а нема читална. Не дека нема, туку не работи, забрането е да се влегува уште пред ковид со изговор дека немале пари за греење. Па, сега книгите кои по правило можат да се користат само во читачната не ги издаваат. За недостатокот на литература и тоа дека имаат само летни романчиња да не ни навлегувам. На cobiss по правило читателите можат сами да си го продолжат рокот на книгата (така стои и во правилникот на библиотеката) ама сега тоа го укинаа и за продолживање мора да платиме.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    @Cucueta јас ја сметам за една од најдобрите. Водат евиденција за книгите кои ќе ги добијат, ги ставаат најбрзо што можат во cobiss. За тоа се барем добри. Има некои по 1 година дури ги ставаат или никогаш од мрза. А за други работи, греење, итн, поим немам кои какви се.
     
  4. Cucueta

    Cucueta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    За тоа се во ред. Три години одев таму како волонтер и можам да кажам дека персоналот во библиотеката се дели на одличен и луѓе на кои воопшто не им е таму местото. Затоа квалитетот во различни оддели е драстичен. Пример книга пратена на лепење нема да биде достапна најмалку во наредните 5 месеци.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Во некои од малите места се многу полоши. Имаат некои постари библиотекари пред пензија, каков кобис, поим немаат, не ги ни занима тоа, само гледаат да им помине денот. Во тие места ако библиотекарите одат на одмор, библиотеката се затвора и воопшто не работи. Такво нешто затекнав во Берово во првите денови од септември. Во Браќа Миладиновци, која си има кадар, вртев еден ден на телефон да прашам нешто, па тоа никој не креваше со часови, или ако од портирница ме поврзат со други вработени, таму никој не крева телефон. За нив 1. Инаку, не знаев дека книгите ги праќаат на лепење.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Библиотеката ја средија, ја направија многу чиста, но не членувам. Порано во средношколските денови мерак ми беше. Друг беше и кадарот со вработени, културни, солидни со препораките што ги даваа, насмеани. Тоа беше убаво време, ако течеше вода и ставаа кофи. Сега е убава само на изглед.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    @prashinka за кој град, за која библиотека ако не е тајна?
     
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    Штипска библиотека, Градска библиотека Гоце Делчев.
    1, ај и 2 со сила.
    Преполна со чик литература, романси и трилерчиња од 2014 година. Само една полица имаш на располагање и одбери си. Ако побараш некој друг жанр секогаш немаат. Нови книги се немаат. Толкава библиотека, а си одбираш од едно такво поличе смешно.
    Секогаш налутени, незаинтересирани, а некогаш и вулгарни. Секогаш ги мрзи да побараат нешто. Таму зависи како се расположени, поголем дел од времето не се.
    Има еден исклучок од библиотекарка и толку, друго се е ветер и магла.
    Кога и да отидам се си имаат некој гостин таму или се на телефон па мора муабетот да им го ислушаш па да услужат.

    За стручна литература библиотекарот е секогаш бил фин и културен и услужлив. За читална не сум сигурна, ама мислам не им е во функција.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    @GirlRose еднаш ми ги требаше, се скапав од вртење на телефон, и прво никој не крева, потоа креваат спуштаат слушалка, колку да не се јават, да не разговараат, и на крај се јавува некоја нељубезна тетка, се што прашав вели „не знам“, и гледа да ме откачи. Еднаш да се јавиш по телефон, ќе им го видиш односот, не мора да одиш на лице место за да увидиш дека се катастрофа.
     
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.193
    Пол:
    Женски
    Не е дека немаат многу книги, туку ги мрзи да бараат. Ако земеш сама да бараш ќе видеш дека имаат многу од книгите за кои ако ги прашаш ќе ти речат дека ги нема.
    За сега не знам дали е во функција читалната, до пред пандемијата функционираше, идеа доста студенти. Ама, вработените во читалната, кој од кој... Зоки си грицка, си пие сокови (гљу гљу се слуша цело време), си куцка на ттастатура, ги зазборува студентите, а таа другата само зборува на телефон и го отвара прозорот, таман да измрзнеш. Книги на купови стојат, никогаш не ги прередиле. Тие што се кабините за индивидуално читање, преполни се со книги, не може никој да влезе таму да чита.
    Општо сите вработени се вулгарни, понашање 0.
    Едот: во споредба со градските библиотеки во другите градови, барем има читална и имаат поголем избор на литература, особено стручна.
     
    На АничеБананиче му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    2.419
    Пол:
    Женски
    Мојата библиотека беше добра и ги имаше сите книги кои што сакав да ги читам. Во последно време не сум ја посетила, а можно е и карчиката за членарина да ми е истечена веќе. Многу повеќе сакам кога книгата ќе си ја имам дома.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Една голема 1 за сите библиотеки во Македонија, затоа што не водат сметка што набавуваат. Еве барам да најдам збирка поезија од квалитетен автор како што е Јосип Коцев, и замислете неговите книги ги има во 3-5 библиотеки, што е премалку. Сакав да читам од Б.Ташковски 3 книги кои не сум ги прочитала, ама ги нема, не можам да зајмам. Па дури и од Памук дел од книгите ги има, дел ги нема по библиотеките. Катастрофа. Ама па затоа жалопојките што не се поезија ги има, и романите што не се романи, ги имаат, тоа стигнале да купат.
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Ајде да ја ревидирам оценката за кумановска библиотека. Од 4 на 2. Ако има опција за печатење на книга, ако добиле пари од општината, треба да изберат крем де ла крем, да дадат шанса на некој талентиран. Вака не е битно дека не се знае разлика меѓу поет и писател, не е битно што не се познава правопис, па се пишува подршка, наместо поддршка, битно форсираат некој што им е пријател.
     
  14. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Јас ќе кажам 0 за библиотеката во Гевгелија. Порано кога земав лектири за во училиште, сите беа стари, сокинати, им фалеа страници, исчкртнати, катастрофа.
    Читална нема, дури не ми се верува дека во некои има, кај нас тоа е научна фантастика.
    Незнам за другите, ама кај нас не ни можеш да одиш да си побараш книга, да си разгледаш, треба да и кажеш на библиотекарката да оди позади да ти ја донесе, таму не смее да се влегува. А не дај боже ако ја згреши, подобро не земај отколку да и кажеш да оди пак да побара.
     
    Последна измена: 21 јуни 2023
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.836
    Допаѓања:
    12.391
    Се надевам дека новиот директор Стефан Марковски ќе направи нешто. Млад човек е, се надевам дека ќе ги оправи работите. Сум контактирала и со тие од гевгелиска библиотека порано, ми делуваа како да се некои пред пензија и ептен апатични. Може и не се, ама ми делуваа како да се постари библиотекарки.
     
  16. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Па таа е , една библиотекарка цел век таму работи. Исто како и на другите работни места. Влезени уште во времето на Тито и немат абер да излезат. Затоа младите вегат од таму, оти освен во фабрики , други работни места нема.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Golden Dandelion

    Golden Dandelion Нов член

    Се зачлени на:
    21 август 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали библиотеката во Битола располага со читална и дали е во функција?