Каде и да отидам, многу ректо можам да слушнам македонска песна, ниту во кафич, ниту на радио. Јас како личност најмногу слушам рап, хипхоп, но исто така и од другите жанрови по малку. Во Македонија имаме многу добри рапери, кои за жал не можат да се пробијат на светската сцена поради Х причини. Зошто кога некој ве праша дали знаете некој добар рапер, 90% од вас ќе кашат некој страански рапер? Зошто не ги кажете Tonyo san, LD pistolero, strajk и многу други кои имаат неверојатно добри песни. Ви препорачувам да слушнете барем по една песна од нив, и внимателно пратете го текстот, раскажуваат историја.......
Ако ме прашаат дали знам добар рапер, не би знаел да кажам ни некој странски. Единствено Macklemore го слушам, не затоа што неговиот рап е да паднеш во несвест, туку затоа што текстот и музиката секогаш ме става во подобро расположение. Кога сме кај тоа, општо последниов период не сакам да слушам депресивна музика и текстови. За да се пробиеш на светска сцена треба да имаш склучено договор со некоја голема музичка компанија и секако да пееш на англиски. Но, за добра кариера не ти е неопходна таа светска слава, само што Македонија е премала држава и колку толку мора да се распространиш и низ соседниве држави. Еве овие Таско, ДваБона и сите што се од таа екипа, соработуваат со српски компании и супер им оди. Не велам дека они се најдобри рапери или што и да се во државава, ама имаат тим кој им овозможува поголем успех. Исто така за да се најдеш на радио треба да платиш.