Мислам дека не можеш да донираш на денарска. Треба да има девизна сметка за да може да се донира од странство.
Пиши го ибанот, вечер ќе пробам и јас. Инаку, ако е во долари може само на шалтер. Пред некој ден плаќав сметка во долари, на шалтер, во странство, ми рекоа дека сама не ни би можела. Едит: гледам нема посебен за германија, туку под тој за европа мислиш. А што е она acc?
Намерно одма пробав, и така сум пред компјутер, за да видам дали е кај тебе проблемот или во ибанот кој го споделиле. Очигледно до ибанот е, преголема случајност би било и кај двете да не сака. Штета. Некако да и се каже на фамилијата, да средат. Сигурно секое евро е од огромно значење
Донирано. Се надевам се ќе биде како што треба.. Има и gofundme за донирање за оние кои не се во Македонија: https://www.gofundme.com/lets-help-...UgvDpBjSgDMcMZQ3kXj4U9tLOpR477JYIDwuMMDxa6nqk
200 001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка. Eве ја жиро сметката на име на таткото е.
Донирав на бројот од Телеком пред два три дена.А вчера син ми го имаше мобилниот во раце и постојано нешто притиска , па уште еднаш свртел на бројот , уште еднаш донација Од срце. Пари ќе се соберат иако не се воопшто малку , има многу хуман народ , само девојчето да оздрави.
Денес и јас донирав. Кои луѓе се во можност нека издвојат пари од секојдневното кафе и нека донираат. На девојчето и е потребна нашата помош.
Ја има сметката горе на сликата ама членките имаат проблем со донирање на девизните сметки.. Не знам што направија... контактиравте некого? Ви дадоа инструкции?
Баш мислев да прашам дали направиле линк на gofundme, @Mari* @danichap преку ова може без проблем да помине донацијата.