Вечната дилема да или не за кафето? КОлку е корисно а колку штетно?? Мене лично знае понекогаш да ме вознемири, иако пијам од едно до две кафиња максимум, мислењата се поделени секогаш па да видам вие што мислите феминки. И искуства ако некој го оставил повејќе од 2недели...Јас само толку до сега сум успеа..
Зависност е. Пред 3 години си ветив дека ќе го откажам, и еве го пијам и ден денес. Мислам дека е штетно, оти вознемирува навистина.
Мене засега супер ми делува и гледам повеќе од 2 кафиња во ден да не пијам оти се што е претерано е штетно според мене. Али во граници на нормала е добро по мое мислење.
не е. Од ко знам за себе пијам кога бев на породување една недела не пиев па ништо не ми беше. На почеток од бременоста не можев да пијам после пак си пиев.
Пијам две кафиња на ден, турско, јако и без шеќер. Едното наутро, другото во текот на денот кога сум слободна или имам друштво. Второто некогаш и го заборавам, не го пијам и немам некоја потреба од него. Не знам дали е до психата ама ако го прескокнам првото утринско кафе, тогаш се соочувам со главоболка. Затоа си го пијам на сабајле и баш ме расонува.
Една добра навика што си ја направив е наутро да се расонувам со англиски чај (црн чај со малку млекце), а кафето да си го пијам после ручек таму пред попладневното опаѓање на енергијата.
Да за кафето! Не ми поминува ден без 3-4 кафиња. Дали е штетно или корисно не ме интересира, мене ми е убаво и корисно за душава Не можам да си го замислам денот и животот без јако, благо кафе, заедно со цигарче. Омилено задоволство во животов