Ми се свиѓа една девојка она работи во еден кафич и од кога отидов прв пат таму ја видов нејзе, мислам дека се заљубив добив некои силни чуства и секој ден одам таму поради нејзе еве веќе 4 месеци...дознав дека е во долга врска веќе 5 години али незнам неможам да се откажам нон стоп ми е во мисли. Е сега не ми е јасно кога и да отидам таму секогаш ме гледа ми се смешка а никогаш за овие 4 месеци не сме ни прозбореле а и некако глупо ми е да и пријдам затоа што си е во врска а неможам ни да се откажам незнам како ќе реагира ако и кажам,незнам ни дали да се надевам со оглед на тоа што секогаш флертуваме....Помошшшшш
Имаме многу теми за вакви работи не си морал нова тема да отвараш... Ако е во долга врска девојката подобро да си седиш настрана според мене,бидејќи никој несака некој да му се меша во 5 годишна врска,и ти да си на дечкото местото не би сакал како прво,како второ ако има некои симпати меѓу вас тоа немора да значи ништо,а и со оглед на тоа што постојано одиш во тој кафич девојката те гледа и нормално е да биди љубезна до некаде да ти се насмеј нема да биди намуртена нормално...
Ако девојката ти се смешка, не значи и дека флертува со тебе. Самиот кажа дека веќе 4 месеци одиш во истото кафуле и најверојатно те доживува како редовен гост, па затоа го прави тоа. Впрочем, ако те доживува поинаку, до сега ќе нашла начин да почне муабет со тебе, па макар и на најбанална тема, од типот - времето денес. И ти не си направил два реда муабет со неа, освен нарачката, за да можеш да оцениш дали е заинтересирана за нешто повеќе или не, па затоа не е паметно да и ги сервираш твоите чувства одеднаш. Сепак петгодишна врска не е за потценување, но ако сакаш да биде твоја, ќе ти треба повеќе време и муабет со неа, за да можеш да дојдеш до било каков заклучок.
Si gi ispomeshal ljubeznoto i kulturno ponashanje so flert.. iskreno,ne veruvam deka neso sakat devojkava,ama sekako toa e moe mislenje,ne morat da e tocno
Не губиш ништо ако ја прашаш културно, значи без да и се пушташ и да бидеш нападен. Ама не очекувај премногу, тешко дека ќе остави петгодишна врска заради некој што не го познава.
Не и кажувај, пробај да и се доближиш на пријателски начин да се запознаете, па ке видиш како ке реагира како ке се понаша и ке осетиш (ваљда) што треба да правиш
Пробај со некој интересен коментар додека те служи,или без разлика, отвори муабет и види како ке реагира, ако постојат симпатии од нејзина страна сигурно ќе приметиш по понашање. Па што ако имала 5 годишна врска? Како се "распаѓаат" врските, кога ке ти влета подобра прилика или кога нема да си задоволен во врската, а ти си слободниот и ти треба да направиш потег, само опуштено и не нападно. Ако не пробаш нема да знаеш, и да одбие комуникација барем ке бидеш на чисто и едноставно ке си се повлечеш. Мој совет - дефинитивно да зборнеш
Зборни и. „Те гледам скоро секој ден, може ли конечно да се запознаеме?„ - Просто и едноставно, а сепак културно и кул. Потоа ќе си тече муабетот, па пак оди таму секој ден и полека отвори комуникација, ќе видиш и девојката како е расположена. Прво воспостави ја комуникацијата, а потоа дирекно кажи и дека ти се допаѓа. Ако девојката си ја почитува врската и е заљубена во дечкото нема да сака ништо со тебе и ќе знаеш дали дефинитивно да си се повлечеш. Но можеби врската и виси на конец, може веќе не го сака дечко и, може и елта паметот и само чека некој да и се пушти за да најде причина за раскинување... се е можно, дури и оние парови кои изгледаат најсреќно незнаеш што кријат во себе. Подобро обиди се за да не се каеш, а понатаму зависи од девојката, секако ти нема да направиш ништо лошо, ти се допаѓа и сакаш да пробаш, нека не ти менува ништо тоа што таа е во врска.