Форумџика на годината

Да и помогнеме на оваа мајка

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од ♡BuBaLe♡, 17 јуни 2018.

  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Верувам сите се сеќавате на девојката Елена која прерано ја загуби борбата со болеста.

    Нејзината мајка остана доживотно да тагува со скршено срце, буквално скршено. Неодамна таа, мајката на Елена, Нона Стојманова, имаше инфаркт и е во лоша здравствена состојба и во оскудни услови за живот.
    Тукушто ми кажа дека месечната доза лекови ја преполовува бидејќи не може да си дозволи месечно да ја купува, а исто така се боцка со инсулин.
    Моменталната жештина во нејзиниот дом достигнува 50 степени и секое едно денарче, стара облека, апарати за домакинство и сл што би можеле да го донираме ние и е добредојдено.

    Фемина, можеме ли да излеземе во пресрет на оваа ожалостена мајка повторно?
    Досегашното искуство ми кажува дека можеме! :muscle:
    Ајде да го прескокнеме денешното кафанско кафе или кутија цигари и да донираме за Нона!

    Се надевам на голем одзив. Дополнително ќе биде објавена и жиро сметката и телефонскиот број на Нона.

    Огромно БЛАГОДАРАМ во нејзино име!
     
    На gjoker4e, LiliBoz и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.354
    Допаѓања:
    249.583
    Бубале кој ти побара помош? Мајката ли?
    Апарати за домаќинство донираа инаку.
    Лековите треба да и се бесплатни оти става инсулин и е дијабетичар.
    Нека ме поправи некој ако грешам.
     
    На cresa-jagoda, Dust, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    да, стапивме во контакт случајно, преку Здружението Надеж МИТ. Веднаш ми стана јасно која е и и се претставив дека сум феминка. Ми кажа за донациите фрижидер и перална.
    Неодамна имала инфаткт и лековите кои и се препишани иако се на позитивна се многу скапи сепак па пиела по половина. Жештината и претставува проблем со состојбата со срцето.
    Лично јас, за жал сум немоќна да понудам финансиска помош, па затоа дојде идејата да се апелира тука, моите 50 или 100 денари поединечно не значат ништо, но со заеднички сили секако можеме да и помогнеме
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.354
    Допаѓања:
    249.583
    Жал ми е за состојбата, ама женава има навика да бара донации.
    Се надевам други поинформирани ќе споделат повеќе.
    Син и инаку работи. Лековите може да и ги купува.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
  6. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Женава нека ми прости господ ама ја користи судбината на ќеркаси да бара помош.
    Инсулинот и следува беспари а чим синот и работи може 1000 ден да даде за лекови за мајка си,бидејки повише несе.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Со сигурност тврдам дека лекови за пациент кој имал инфаркт не се повеќе од 3000 денари. Инсулинот е бесплатен.

    Штом има син кој работи, ситуацијата не е алармантна. Има пациенти кои се во далеку полоша ситуација.
     
    На cresa-jagoda, JuLleE, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Министерството за труд и социјална политика имаше акција наречена "Топол дом за сите"
    Бројот за донации беше 0800 55 800
    Истиот број се користеше за социјално загрозените да можат да побараат покуќнина и слични работи
    Дали уште работи - Не знам. Ама знам дека во МТСП може секогаш да се обрати ако спаѓа во социјално загрозена група. Ако не спаѓа нема ни што да бара ни од нас.

    Искористување на добрината на 20 души не е убаво. Не сме најдени на улица па не сме ни глупави, ви се молам.


    Лековите ако се на позитивна листа ќе си оди на први или втори во месецот и ќе си ги купи. Не коштаат бог знае колку, ова од искуство.

    Не сакам да сум сурова ама вечно на донации не се живее.
    И татко ми е со мозочен излив, мајките и татковците на други членки во социјален ризик се со други дијагнози, па ако сите молиме за донации, што ќе биде?!
     
    На poenta, Bozica1980, Offspring и 7 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.798
    Освен фрижидер и перална, донирани беа и тостер и пегла. Не е можеби многу, но нели, се е потребно во едно домаќинство и некој одвоил, поклонил.

    Според условите во кои живеат истите беа потребни.

    Беше донирана и еднократна помош со облека/обувки/прибор за школо за ќерката.
    А да не заборавиме и целосно покриениот погреб и спомен плоча.
    Тоа беше со донации од наши членови.
    Доколку некој може еднаш два пати во месецот да ја одвои стотката за кафе, ако и самиот ја има, сам нека си одлучи дали ќе ка даде на дечиња на кои им е потребна операција од која им зависи животот, на лица за лекови кои не се на позитивната листа, или пак тука...
     
    На Someonespecial, Bozica1980, fairy88 и 15 други им се допаѓа ова.