1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да купуваме македонски производи

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од kolovoz, 26 јули 2011.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Пред неколку години одосно кога јас бев тинејџерка постоеше супер реклама -Да купуваме Македонски производи, се сетив на неа и решив да ја ставам оваа кампања'' на голема врата'' се надевам дека ке ја подржите .... е сега знаеме дека кога сме кај облеката и модата навистина неможеме и многу да се фалиме особено не , ако сакаме да го следиме трендот -имаме многу малку модни куќи кои рака на срце и не се нешто многу креативни, но за разлика од нив ние можеме да се пофалиме со добрите фабрики за производство на храна и пијалоци....
    Па да купуваме Македонски производи, да ги пофалиме македонските фабрики, да правиме компарации со странски производи , да најдеме замена за странските производи со наши македонски
    еве ке започнам со чоколадите:

    наместо[​IMG] да јадеме [​IMG]
    Незнам дали ги имате пробано новите чоколади на европа -всушност и не се нови се продаваат незавиткани и ги има со кикиритки, со фастак, со лешник, сусам, темно-црно чоколадо или со млечно 60 ден 100гр ама е стварно добро :* :* :*


    наместо[​IMG]моето најдобро[​IMG] :inlove: :inlove:
     
    На Alex.T и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Tука со милкава малку ме подзамислуваш да ти кажам право, тешко да се откажам од тоа :lol:
    Прво имам познаничка која работеше во Европа и жената кажува дека кога се прави чоколада за извоз се ставаат најдобрите лешници, се прави одлична смеса чоколадна и не смее да има грешка. А спротивно се што ќе остане, сите скршени лешници и се тоа става во турата што е за Македонија. Епа како да им купувам кога они самите прават најлоша чоколада за својот народ? :^)

    Сакам убави македонски производи сакам ресана од Витаминка, сакам Јогурт битолски, сакам винце тиквешко, сакам зејтинче струмички, сакам производи на Виталиа, сокчиња Пивара, сиренце наше најубаво мавровско, се што е убаво и вкусно и е наше си го купувам. Ние имаме квалитет, но често со тек на времето го зафркнуваме очевидно производот, се со цел за побрзо збогатување.
     
    На Alex.T, kolovoz и Animali им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Она што е пристапно и квалитетно ќе биде мој избор па нека е и од Тимбакту. А за доброто на македонското стопанство...хммм па ако се вработам во јавен сектор еден ден тогаш ќе почнам да му ја мислам за тоа да го помагам македонското производство.
     
  4. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Јас претпочитам секогаш да земам наш македонски производ, но не по секоја цена, има производи кои стварно се квалитетни и вкусни ммм, многу убаво посочи росонерка, но има и производи кои се тотален аут, ни квалитетни ни добро запаковани... Меѓутоа да изберам млеко битолско/Алпи(Тетовско, тоа ми е нов хит дома, посо Битолското ми го зафркнаа некако а и ценичето му скокна богами) или Моја кравица или алпско, секогаш го бирам нашето, дали битолско дали Алпи сеедно, и за кашкавал, сирење, млеко за сончање на пр си купувам од алкалоид(нема како блек ап)... Итн... Претпочитам македонско производство, ЗА НАШЕ ДОБРО, како што беше во рекламата :D
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.785
    Допаѓања:
    131.346
    Рекламата „За наше добро“ мене лично многу ме освести. Претходно не сум размислувала воопшто за купување македонски производи, туку сум го купувала она што најмногу ми одговарало по квалитет и цена.

    Сега се трудам да купувам македонски производи најмногу што можам, и многу убаво се чувствувам кога го правам тоа. Макар и да е нешто со малку повисока цена или малку послаб квалитет, го купувам ако е македонско. Не сум најсигурна колку придонесувам за развој на домашното производство со ова, зошто и така стимулирам полош квалитет, а тоа не е помагање. Всушност, ако квалитетот на нашето не ги задоволува моите критериуми, не го купувам (на пример Европа или било кои други чоколади).

    Ова се однесува и на храна и на облека. Голем дел од облеката ми е од македонско производство, и тоа не е случајно, туку свесно го правам. Се што е македонско и ми врши работа - го купувам. Е некако не ми оди со чевлите, од Пеко и Бата тешко ми оди откажувањето, иако се трудам :)
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    кога ја отворив темата целта ми беше да ги наведеме производите од кои сме задоволни -кои го задоволуваат вашиот а и мојот вкус ....Во случај ако нешто не сум пробала а е стварно добро-да го купувам ...Во никој случај не мислев ајде сега сите да купуваме Билјана Прашок за перење оти е македонски и никој друг и да переме на рака :rofl: :rofl: сакав само да ги промовираме добрите македонски производи кој се добра замена на странските

    еве уште еден производ кој кај мене дома редовно се купува -битолски мешан кашкавал
     
    На Alex.T и Animali им се допаѓа ова.
  7. The.dreamer

    The.dreamer Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    8
    nikakooo nekoi raboti nemaat zamena...
    Edinstveno Moramm ama moraamm da kazam deka Vinica gi prai najubavite i najvkusni tortici na svet, a toa e fabrikata VINCINNI ...uzivamm vo nivmiamm
     
    На Alex.T и Animali им се допаѓа ова.
  8. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Во последно време почнав почесто да купувам македонски производи.

    Крем бананите од Европа ми се нај нај. Дома купивме цела кутија со крем бананки и за 1 недела ја снема. Тоа јас и сестра ми. А и секогаш кај нас во фрижидерот мора да се најде Битолско млеко, Битолски јогурт, македонско сирење или кашкавал.

    Колку и да негираме дека нема квалитет во нашава држава, секогаш ќе се најде нешто. Затоа, треба да го цениме.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Многу слаба дискусија има на темава, а е и те како важна според мене. Македонецот паѓа на странски имиња, производи, брендови и многу често плука по своето и го осудува на пропаст дури и уште непробано. А каков квалитет нудат тие странски производители кај нас? Дали знаете дека тие странски брендови на нас најдолната класа на производи ни ја буткаат. Некои луѓе имале можност да направат споредба на производи што ги има кај нас и на запад и разликата била голема.
    Сум забележала пропаганда за македонски производи на наша тв која според мене е многу поучна и ме натера бајаги да се замислам. Нормално не значи дека по секоја цена ќе земам наш производ и ако не ми одговара ама ми се разбуди желбата да ги пробувам нашите производи и на мое огромно изненадување меѓу нашите производи имам најдено многу подобри, поквалитетни,повкусни работи и со пониски цени од оние странски по кои сум била заслепена заради името, рекламите итн.
     
    На Alex.T, kolovoz и Animali им се допаѓа ова.
  10. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    благите производи ги купувам од европа и многу им се убави а особено крем бананите :inlove:
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Мене многу ме нервира рекламата да купуваме македонски производи. Мое право е какви производи ќе купувам. Како да купувам македонски прозиводи, кога повеќето се скапи. Дури поскапи од оние од странски производители. Ќе напишам пример за брашното. Најефтиното брашно од 1кг. е 38 денари (сенаменско брашно на Жито Лукс), а јас купувам брашно од 1кг. од српски прозиводител за 30 денари. Е па, да дадеш 8 денари повеќе не е малку.
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Meне рекламите не ме нерираат од аспект како реклами си се океј, ме иритира фактот дека ни требаат реклами да правиме нешто за што не треба да се потинува со реклами.

    Треба да ги почитуваме нашите производи, пред се земјоденските зашто ја имаме една од најплодните почви и имаме поздрави и поприродни овожја и зеленчуци( ако сте биле по Европава сте виделе што они нарекуваат домати и како пластично изгледаат).

    Јас откако знам за себе купуваме битолско млеко, стрикно македонско сирење и кашкавал, вино, пиво само скопско, па и лекови.

    Со купување на македонски производи го потикнуваме и помагаме нашето стопнаство и економија, но и нашите компании и нивните сопственици нека имаат на ум дека не сме од вчера и дека постојат некои стандарди кои мора да се почитуваат. Тоа ме нервира кај нас што не секогаш ги запазуваат стандардите кои ги условиле,и еднаш сирењето е прекрасно а некогаш знае да биде како да си купил сосема различен продукт.
    Да се потрудиме да имаме светско по квалитет и стандарди а сепак наше.
     
    На Alex.T, kolovoz, sunfemina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Најдобрите. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Има македонски производи со висок квалитет.
    Незаменливи ми се млекото, јогуртот и павлаката на Здравје Радово, добар дел од производите на Витаминка (какао, пудинг, ванилин шеќер...), зејтин Дијамант, вода Пелистерка, Ресана и еурокрем на Агроплод и др.
     
    На Alex.T, rokmibejbi, KuklickaMoja и 5 други им се допаѓа ова.
  15. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Да се дополнам: Бучен кисело млеко, кравјо сирење Николови, Федор фамилијарниот сапун, Мамас ајвар, Изворска ...потрагата по македонски производи продолжува.
     
    На Alex.T, Ariel и hermosa им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.561
    Пол:
    Женски
    И јас гледам да купувам македонски производи, ама кога ќе ми текне во какви нехигиенски услови се произведуваат дел од нив, ги прескокнувам..
    Кога ми кажа еден вработен дека без ракавици пикаат раце во кремот за полнење на едни познати наши благи работи, ми се згади искрено.
    Му викам добро од ахв или некоја инспекција не ви прават проблеми, ми вика знаат шефовите кога ќе има, тогаш носиме целосна опрема на нас..

    Денес во еден маркет во мојов град проверуваа хигиенски услови во кои се сече месото и кашкавалите.. начинот на проверка дури смешен ми беше.. па датумите ги проверуваа на сувомеснатите, ама со едно око.. и со коментар - тие што се до 10ти и 14ти фебруари искористете ги за сендвичи и да не ги видам кога ќе поминам за 2 недели...
    А машините зачистете ги за следниот пат..
     
    На Milobebence, hermosa, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.653
    Допаѓања:
    116.443
    Пол:
    Женски
    Јас купувам и Македонски и странски производи.Има нешта во кои странците се подобри.Боли,ама тоа е.
    Од нашиве...
    Најмногу ги купувам производите на Здравје Радово и Сириус(мали чоколади) на Витаминка. :lol:
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    8.292
    Пол:
    Женски
    И јас го практикувам ова купувај македонски производи,па секој на своето најдобро е нели?Имаме добри брендови и за солено и за слатко,омилени ми се на прво место Европа,па Витаминка а купувам и мама`с ајвар кога можам.Имам братучеда која е од друга земја и за производи од регионот вели зошто да купувам нивно ,тие нашето да го купат и така е секој своето треба да го цени и она што е добро кај нас може да се подобри,за повисок квалитет
     
    На Alex.T и carangigia им се допаѓа ова.
  19. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Кога купуваме дома едноставно го гледаме квалитетот и секако цената. Не можеме од инат или патриотизам на сила да купуваме ако не чини, без разлика дали е странско или македонско :) Но, мене лично ми се допаѓаат одредени македонски производи и тоа многу: Вива, Витаминка, Swislion, Идеал Шипка, Винчини, Стоби Филипс, Европа и сл. Иако не се долга листа, сепак навистина се добри.
     
    На rokmibejbi, RosettaStone, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Преферирам да купувам Македонски производи.
    Си ги ценам нашите производи и верувам дека се подобри од странските како Милка, Нестле, Ред Бул, Дивела и слични.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.