Форумџика на годината

Да му помогнеме на Никола Докиќ!

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од NovusOrdoSeclorum, 2 јуни 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    „Роден сум 1988 година и во 2007 година ми е дијагностицирана болеста MORBUS HODGKIN LYMPHOMA (рак на лимфни жлезди). Од тогаш до денес трае мојата борба со болеста.
    Ви се обраќам вам, хумани луѓе, со апел за помош и донација на овие броеви и отворена жиро сметка.
    Нека едно ваше попладневно кафе биде спас за мојот живот.
    Однапред благодарам на хуманоста!“

    Т- Мобиле: 070 143 115
    ОНЕ:075 143 111
    ВИП: 077 143 144

    Останатите жиро сметки, можете да ги погнеднете тука https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd...._=1441962664_d69329d792af60733e3cca84fb31876b
     
    На joy1, fificaaa, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Почивај во мир Никола. Толку многу позитивнa и борбена личност како тебе ретко има на овој свет. :(
     
    На Скопјетесакам, t-sweet и Kala22 им се допаѓа ова.
  3. copacabana

    copacabana Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Жалосно, јас уште неможам да се соземам. Почивај во мир Никола :(
     
  4. anamarija65

    anamarija65 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Почивај во мир Никола :angel:;(
     
  5. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    почивај во мир Никола Докиќ !
    Може не е на место ова што го пишувам , иако партиски сум определена , ке кажам срамота и за тие и за тие, беше човечки живот во прашање ама побитни беа и палмите и плаќање избори и споменици и бароци и се у пичку матер да идете сите заедно , згасна еден млад живот а можевте да помогнете во голема мера да донирате
    срам и арам да ви е на целата власт и на сите богаташи што денар не дадоа за Никола
    толку млад ...... за греота
    уште еднаш нека ти е среќен пат ангелу горе кон небото , ке се видиме еден ден сите таму ...
     
    На copacabana, Aschenputtel, mimi**** и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува ...кога снашката објави на фб..просто се шокирав..
    Во последно време многу млади животи згаснаа..
    Почивај во мир Николче, никогаш заборавен, никогаш!!!
     
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.494
    Пол:
    Женски
    Почитувани пријатели,

    Најпрво сакам да Ви се заблагодарам од мое, од името на семејството наNikola Dokic и од името на сите негови блиски роднини и пријатели, за целата досегашна борба, за Вашата поддршка и за Вашите донации.
    За жал, како што знаеме Никола ја изгуби борбата со болеста , и на 02.10.2015 почина како последица од болеста Хочкинг лимфом. Доколку лекот Adcetris (brentuksimab vedotin) се обезбедеше порано и Никола примаше редовна и точна терапија, можеби тој денес ќе беше сеуште со нас.
    Никола често во нашите разговори ни кажуваше дека сака да отвори здружение за луѓе на кои им е дијагностицирана болеста Хочкинг лимфом. Бидејќи и самиот се бореше со оваа болест скоро 8 години, најголемиот дел од неговото лекување беше преку самофинансирање, Никола имаше желба преку ова здружение најпрво да ја информираме јавноста за оваа болест, а потоа да се избориме лекот да биде достапен за сите кои боледуваат од Хочкинг лимфом. Најчесто, единствена терапевтска опција во ова лекување е лекот Adcetris (brentuksimab vedotin) кој се дава кај рефрактерен Хочкин лимфом, но лекот НЕ Е регистриран во Р. Македонија и во моментов може да се обезбеди само во странство. Цената на лекот е доста скапа и изнесува околу 10.000 евра за еден циклус. Никола требаше да прими три циклуса терапија, поради кои собиравме донации.
    Затоа драги пријатели, ние најпрво како семејство, а потоа и другари на Никола, заеднички донесовме одлука да ја исполниме последната желба на Никола и да ја продолжиме неговата борба, и во негова чест да отвориме хуманитарно и непрофитабилно здружение кое ќе го носи неговото име и кое ќе има за главна цел да им се помогне на болните од Хочкинг лимфом и да се избориме лекот да биде на позитивната листа на лекови во Р.Македонија.
    Здружението ќе биде составено од пет члена, меѓу кои ќе биде и неговиот брат Ivica Dokic. Претседател на ова здружение ќе биде неговиот најдобар другар и несуден кум Aleksandar Mandzukovski.
    Не смееме да го заборавиме Никола. Не смееме да ги заборавиме сите болни од Хочкинг лимфон. Наша должност е да се обидеме да им обезбедиме иднина на овие луѓе. Имаме задача да го зачуваме споменот на Никола.

    Сега следи нашата МОЛБА до Вас.

    Според нашите сознанија регистрирање на вакво здружение би чинело околу 300 евра. Поради финансиска исцрпеност а пред се, поради хуманата и непрофитабилна цел на ова здружение, Ве замолуваме доколку познавате хуман адвокат кој мислите дека би ни излегол во пресрет и би ни го регистрирал ова здружение бесплатно или со минимални трошоци, Ве замолуваме да го споделите овој статус. Ви благодариме од срце.

    Нашите броеви за контакт:
    - Bibe Milosevic – 070/ 257-742
    - Nina Cekic – 078 /224-997
    - Eleonora Delinikolova - 072/ 603-479
     
    На MilaP, fificaaa, Скопјетесакам и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.