Да му раскинам и да одам во странство или да останам со него?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Alexandra1234, 13 јули 2015.

  1. Alexandra1234

    Alexandra1234 Нов член

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки имам проблем...одам со дечко ми веке 2години цело време сме заедно неразделни сме и се сакаме многу но ја сега ке сум 4 година и изгледа ке одам на факултет во странство но ако отидам дечко ми рече поубаво да раскинеме бидејки такви врски воопшто не се ни врски и се сложувам со тоа но проблемот е што несакам да му раскинам супер ми е се и незнам плус ако му раскинам дали таму ке успеам бидејки не учам но моите ми велат дека ке најдеме некој полесен факултет дека имам роднини тие ке ми помогнат да се снајдам...и сега од една страна ми е страв да не го откачам дечко ми за џабе да не успеам а од друга па ако останам би испуштила шанса да студирам во странство и незнам што да правам ај помош што би направиле
     
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Каде во странство? Го разбираш ти тој странски јазик?
    Мој совет би ти било, не ради дечкото туку ради самата себе ако си свесна дека не си баш добар ученик и дека учењето не ти оди од рака, да си седиш мирна.
    Лесен факултет нема, секој ќе ти биде лесен ако го учиш.
    Да убаво е да учиш и да се надоградуваш како личност ама ако не те бива, не прави залудно трошоци на твоите. Освен тоа не е секој способен да заврши факлутет. Некој го бива повеќе, некој помалку, не сме сите исти.
     
    На Ana Chio, WarriorAngel, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  3. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Машки
    Според мене најдобро оди во странство ќе учиш ќе се надоградуваш ако не учиш пак оди на појак факултет твоите роднини сигурно ќе ти средат полесно да го завршиш. За дечкото ако толку многу го сакаш и него повлечиго во странство.
     
  4. Alexandra1234

    Alexandra1234 Нов член

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Среќна
    Јазикот го знам бидејки сум го учела овде не перфектно но за 1 месец би го научила скроз ама те велат дека имало курсеви по 1 година тие да ги завршам и да најдам нешто работа...нив им е лесно бидејки мислат дека ако моите роднини успеале и јас ке успеам а имам желба за поинакви работи но незнам како да ги разубедам многу работи ме влечат овде вклучувајќи го и дечко ми но не би сакала да ги разочарам
     
  5. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.265
    Заедно оди со дечко ти во странство нека учи или работи и тој :)
     
    На fallenangel и Ketchup им се допаѓа ова.
  6. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Ако има можности и дечко ти нека оди со тебе во странство. Но, ако нема, можеби звучи сурово но, дечковците доаѓаат и си одат, а таква прилика во животот може никогаш да не ти се овозможи. Добро размисли, може да се каеш.
     
    На Lana del Rey, okcenzi и kukla21 им се допаѓа ова.
  7. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Или оди со дечко ти заедно или останете тука па ќе видите што во иднина, гастербајтер не е баш убав живот
     
  8. Alexandra1234

    Alexandra1234 Нов член

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Неможам да го повлечам бидејки ако отидам ние ќе бидеме раскинати затоа напишав не сакам да се зафркнам и да се вратам овде
    Неможе да дојде бидејќи моите не го прифаќаат него сакаат некој што има многу пари неговата фамилија да се успешни а тие се фини скромни луѓе и многу ме почитуваат за викенди сум одела кај нив на ручек се супер од толку лоши зборови што моите им имат кажано тие никогаш немаат возвратено ниту пак одбивно да се понашаат спрема мене
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    9.192
    Ако ти си одлучила да одиш таму сепак прифатија реалноста,раскини си човечки и почни таму нов живот што се вика.А ако го сакаш искрено и од срце и сакаш да го поминеш остатокот од животот со него,остани тука борете се за вашата љубов,работете учете и животот ке ве одведе на правиот пат,сепак едно ке ти кажам ти најубаво знаеш што треба да правиш,пошто сепак ова не е наша одлука твоја одлука е,а тука во советот може и да згрешиме,прави го она што го вели срцето.Ти посакувам све најубаво И СКОПЈЕ ТЕ САКА :D
     
    На daylight, Sunshine.Sunshine и Arthur им се допаѓа ова.
  10. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Си пробала ли да разговараш со твоите?
     
  11. Alexandra1234

    Alexandra1234 Нов член

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    За џабе секогаш вртеле глава кога и да почнам муабет за него а не го ни знаат никогаш го немат запознаено и ни не сакаат
     
  12. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    9.192
    А дали твојте здравје утре ако би се земала ке спијат со него или ти ке спиеш со него?парите пред се?Извини ама твојте родители се матријално врзани за животот,а не за духовното жално многу,не ме сваќај погрешно али таквите родители јас не ги оправдувам,да ти најдат некој богат ама психопат?извини ама не не тоа е голема пропаст во нивниот живот.Си имаш ти свој живот,и што сакаш ке правиш,ако ти попуштат на нив утре они ке ти најдат стројник и тоа ке биде тоа.
     
    На cresa-jagoda и Wahnsinn им се допаѓа ова.
  13. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Машки
    Пред се најважно е дали ти го сакаш дечкото и дали сакаш да студираш во странство
     
  14. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Ако навистина не го знаат, тогаш биди упорна и објасни им ја ситуацијата, но ако веќе знаат некои работи за него и се против него, тогаш размисли ти подобро дали се во право твоите, зошто колку и да се лутиме понекогаш на нив 99% се во право.
     
    На cresa-jagoda и tessie им се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    4.569
    Пол:
    Женски
    Девојче за животни прашања таман работа да бараш совет од непознати луѓе,све тоа ок што си отворила тема но воопшто трезвено не размислуваш и ние не ја знајме твојата реална ситуација...
    Во животот ништо не ти е гаранција,пример ако останиш овде што мислиш дека тоа е тоа со дечкото до крајот на животот можи ќе останиш (ретко се случува тоа),или ако одиш во странство дека ќе направиш невиден успех (уште на старт кажуваш дека не учиш многу и демек ќе одиш на полесен факултет, уште од старт не сериозност)кој пат и да го избериш не мора да значи дека дека домашниот есап ќе ти излези на пазар,затоа не се огранучувај толку со размислувањето,слушај ги советите на родителите...
    Јас би заминала во странство и би дала све од себе да завршам таму факултет,но ти не си ЈАС затоа убаво размислиси,на крај направи како што ќе ти кажи срцето...
     
    На okcenzi, ku4ence и MilaP им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.271
    Допаѓања:
    17.521
    Пол:
    Женски
    Некои работи не биваат со сила. Имаш ретка прилика којашто би можела да ти го смени животот. Изолирај се неколку саати од сите, од нашиве мислења, од муабетите на комшиите, од условувањата на дечко ти.

    Размисли убаво и стави ги на кантар можните придобивки и можните негативни страни. Ако имаш шанса за убава работа којашто те исполнува, на некој со кој си била толку години во врска и се` си делела треба да му биде мило и да има разбирање. Тој не може малку да почека за тебе за врската, а ти можеш да се откажеш од сонот којшто можеби ќе ти го смени животот на подобро.

    Знам за еден пар така. Девојката заминала, само не за работа. Се вратила и пак си се заедно со дечкото. Најубаво, не да раскинете, туку да си дадете слобода да видите како работиве ќе се одвиваат. Воедно, ова може да е одличен тест за вашата врска, колку истата е силна итн. А не вреди да губиш време на нешто што не е доволно посебно.

    Што ме нервира така со условување, па пробај мајку му, ако не бива-не бива, а не одма условување ко пред капија да се кубат и гребат која да биде следна. Раскинуваат и се мират луѓе по сто пати, тешко ќе било да се почека малку. На времето жените ги чекале мажите со години од војна или од печалба да се вратат, па најсреќни биле кога се враќале живи и здрави.
     
    На okcenzi, mims-89, ku4ence и 13 други им се допаѓа ова.
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    89.699
    Пол:
    Женски
    Што и да одлучиш, секогаш ќе ти биде криво и жал за пропуштената друга шанса, макар и да ти виде изборот вистински секогаш ќе те копка како би било да би го избрала она другото.
    Ако ти е за дечко ти,нема гаранција дека со самото то шо ќе останеш овде ќе бидете заедно и ќе и биде супер. Хипотетички земена ситуација, остануваш со него, овде одиш на факултет, и реалноста тука знаеш каква е, при прва беспарица може да го обвинуваш "ради тебе пропуштив шанса да бидам поуспешна" и сл.
    Друго, ако одиш, па и не е многу 4 години, имамногу парови каде еден останува во роден град друг студира во Ск, па врската или им цути или раскинуваат, па и ова ќе ви биде тест,може ќе раскинете на почеток, па разделеноста ќе ви полаже, па може со тек на време ќе станете уште поблиски на емотивно ниво макар и на скајп.....
    Сепак најпрво одгпвпри си на прашањето дали ти од порано си го планирала и сакала одењњто на студии таму илиова ти е понова идеја наметната од твоите?

    Има многу "шббкбб" што би рекле, но само ти си на твојот крстопат и само ти да избереш можеш!
     
    На eatpraylove90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Ti si srednoskolka i takvite ljubovni avanturi moze da traat vecno no i nemora da znaci. Jas licno bi ti dala sovet da odis bez razlika kakov ucenik si zatoa sto tamu mnogu vrati ke ti se otvorat, a ako ne uspees i se vratis toj decko ako te saka pak ke si bidete zaedno, a ako ne togas ne ni bil za tebe. Tie muabeti zemi go so tebe mi se mnogu detski :D Vo nikoj slucaj nemoj zaradi decko da ispustas takva sansa za koja ke se pokaes.Plus zamisli da ostanes i trgnes tuka na fax pa raskinete :| sigurna sum deka i da ostanes vo nekoja kriza vo vrskata toa ke mu go prefrlis na decko ti ;) Jas bev vo stranstvo, raskinav so deckoto so koj bev 4god i otidov, posle godina ipol se vrativ i se smirivme pa i si se zemavme :D nasata ljubov iako ne se gledavme i ne se slusavme bese premnogu silna za da ne trae zasekogas :inlove:
    Odi napred vo zivotot, koristi ja sekoja sansa za uspeh pa makar i nekogas da padnes...a so toj sto treba da bides, ke bides ;)
     
    На cresa-jagoda, SouthParkFan, smooch и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Binka

    Binka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    Ako stavrno te saka tebe. a ne toa sto se tvoite, pa i ke ti dade poddrska da studiras vo stranstvo, a ne da te ucenuva so raskinuvanje. Ako e vistinska ljubov ke istrae, ako ne e, brzo ke zavrsi vo *stranstvo*, a bavno *na domasen teren*.

    I devojce imas sansa iskoristi ja!
     
    На mims-89, Rose96, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Она што сакав јас поточно да го кажам е дека ако не те бива не прави им беспотребни трошоци на твоите родители. И онака самата си призна дека не те бива за учење, и не те осудувам не си единствена ете и мене не ме бива. Јасно е како ден, неможеме сите да завршиме факултет.
    Вакви шанси како твојата не се добиваат секој ден.
    Подобро прашај си за нешто работа да работиш таму, отколку факултет.
    За вакви работи немаш гаранција, седни си и размисли си ти сама што сакаш. Ако си сигурна дека се сакате со дечкото остани си тука и толку. Никој неможе да те натера на ништо.