Форумџика на годината

Да се држи диета или не?

Дискусија во 'Диети' започната од RainBow, 21 мај 2023.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.972
    Пол:
    Женски
    Ова прашање ми се мота по глава. Имам некои 15кг+ , ама не ми сметаат нешто посебно или прават здравствени проблеми. Активна сум, вежбам некогаш, не сум тромава.
    Е сега, се мислам да почнам диета, ама ќе ослабам и што? Што би сменило тоа во животот?
    Исхраната ми е нормална, разновидна, можеби благо да смалам чисто зашто не е здраво.
    Ама, што знам, и да ослабам шланк да се направам, што со тоа?
    Зошто држите диета, дали само поради изглед? Што ве води, која е целта?
     
    На sunshinebabe, elimkd, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Диета како привремено решение мислам дека е генерално лоша идеја, освен ако не се работи за некој итен здравствен проблем. Ако имаш 15 кг. вишок веројатно има нешто неизбалансирано во исхраната или недоволна физичка активност. Ама од друга страна, животот не е совршен, па нормално е и тежината да варира, не може да сме цело време совршени. :D Не знам, лично не се стремам кон совршенство, јас имам некои 5 вишок и не сум цврста како што сакам да бидам, ама моментално сум премногу зафатена за да се форсирам и физички. Гледам да задржам нормала и тоа е тоа.

    На прашањето зошто диета, еве јас не држам класична диета, ама да речеме се фокусирам на тоа да изгледам подобро/бидам поздрава - понекогаш едноставно се чувствувам одлично внатре и сакам така да биде и надвор, секогаш не водела позитивна мотивација по тоа прашање, никогаш моментот “имам целулит и ќе гладувам”.

    Што би сменило во животот? Ептен го тупиш Реин. :rofl: Се зезам, мене ми влијае на либидо. Ако се чувствувам попривлечна некако либидото ми е појако, генерално имам повеќе полет некако.

    Во секој случај слабеење со диета не е тоа тоа, плус само ќе виснеш, наместо да се зацврстиш. Според мене, патики+кеј=топ резултат.
     
    На Gosh, Ambitious, sunshinebabe и 7 други им се допаѓа ова.
  3. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    За здравје. Ќе намалиш ризик за болести на срцето, мозочен удар, висок притисок, рак, плодност. Знаеш ли дека еден од главните причинители на рак е дебелината?
    После откажување од пушење, одржувањето на идеална телесна тежина е најдоброто нешто што можеш да го направиш за твоето здравје.
    Треба да се стремиме кон идеална тежина од 21 бми, што на девојка висока 164цм изнесува 56кг.
    Во 99.9% од случаите дебелината е предизвикана од лоша исхрана и ништо друго.
     
    На marlonbrando69, cresa-jagoda, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Па порано држев диети исклучиво ради изглед.
    Сега ако осетам потреба, првично ќе биде ради здравствени причини, во мое семејство скоро сите ми починаа од срцеви заболувања, многу дијабетичари, а најголем од нив со килограми вишок.
    Но пак дел ќе биде и ради изглед исто, колку и да не сакам да е така.
    Јас најмногу си се допаѓам кога имам одредена килажа, некои 60 кг.
    Под и над тоа не ми се допаѓа, не се осеќам убаво во свое тело, а и ми сметаат килограмите, повеќе ме заморуваат.
     
    Последна измена: 22 мај 2023
    На Gosh, JoyJoy, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    168.134
    Пол:
    Женски
    Генерално сум против држење на класични диети зошто не се одржливи in the long run. Ќе се намалат килата моментално ама ако во меѓувреме не се стекнат здрави навики за одржување на тие кила - пак ќе се вратат, чак и дуплираат.


    Едино како гледам на стигање до тело од кои сме среќни кое е одржливо на долги стази е менвање на исхраната од корен, полека. Бавно е. Резултатите не се брзи. Ама се трајни и одржливи. И кај секој различно нешто можи да фали. Ете рече ти дека си јадела многу благо, и кинење на то благо дефинитивно ќе игра одредена улога на телото. Подолу пишав и за важноста на други аспекти освен храна и врска со килограмите.

    Накратко, целта ми е да носам здрави навики и тие сами да ме оформат како шо треба наспроти да пробвам да личам на одреден начин по секоја цена без да ги имам здравите навики. Така да ако си среќна со себе и здрава - супер. Ако мислиш дека ете, се фиксирав за благото, дека благото е стварно голем вишок, намалување, не ни кратење целосно, само намалвање - чуда ќе напрај.

    Да? Ама и не баш.

    Многу луѓе се емотивни јадачи. Не можат "едноставно да преќинат" да јадат кога има емоционален проблем. Да, храната ја прај дебелината, ама има подлабока причина оти иди до храната.

    Доста често и нагли преќини на физичка активност идат како шок на телото. Драстични диети и преќин на иститите идат до склад на сало "за секој случај" да не се случи пак следна драстична диета ( уз пат зошто јо-јо ефект постои). Хормонски дисбаланс како причина за дебелеење можи да има храна во центарот на проблемот , ама и не мора.

    Храна е апсолутно во центарот на поќето причини за дебелина. Ама дебелина е и генерално опиплива тема. И мислам дека мора да се гледа и малку пошироко зошто некој јади поќе и на кои други фактори треба да се работи за да дојди до намалување на килограми. Ко да еве ќе јадам поквалитетно, ама ако ментално сепак ми стој проблемот, колку е ова одржливо долгорочно? Не е само храна проблем кој треба да го адресираме во дебелина туку бара истовремена работа на многу аспекти од себе.

    Уште ова сакам да прокоментирам.

    Нема идеален BMI. Има идеален спектар на BMI кој се смета за здрав. Не е само една бројка и тоа со добра причина оти за почеток сало и мускул не тежи исто. Следно сите имаме различни тела и нормалното во овие граници варира. Од 18.5 до 24.9 е нормален рејнџ на BMI. И многу луѓе на различен дел се наоѓат поисполнети. Најлошо сум се осеќала на 20-1BMI, ментално бев пропадната ради опсесија со "чиста" храна пошто мое тело природно во 21 BMI без јас да форсирам - не било, ни ќе биди, 22-3 ги носев и се осеќав најдобро. И то ми е цел сега. Над 27-8 почнуват да ме прат полетаргична освен ако веќе не сум се вратила на активностите во меѓувреме. И то ова го кажвам како не мускулест чоек зошто секогаш ќе личам подебело од некој со ист BMI, ама тој некој да е мускулест. Мускул тежи поќе од сало и зато BMI мора да се зема со трошка резерва оти 56 кила на та 164цм девојка со поќе масти, и други 56 кила на друга девојка од 164цм со поќе мускулна маса - различно ќе ги носат, различно ќе се осеќаат ама ете, ист BMI важно ќе имат.

    Лично, како иди зима па се до пролет, често имам проблем да станам од кревет. Да измијам заби. Да одам до работа. Хел, дури и кучево зимава ми се чини семејството поќе го шеташе оти јас едноставно не можев. Да јадам и да зготвам нормална чинија ми е предизвик. Па не и нормална чинија, општо храна. Јадев колку да преживеам. Нагли пад на физичка активност одма ми се одразва на телото. Шо велам е, лично, мојот најголем непријател во поглед вишок килограми е мојот зимски мозок. :D И зато активно работам и на ментално здравје и годинава пример многу порано почнав да претам наспроти претходни години. И то одма се одразва на мене. Претходен месец во 30 дена сум намалила 3 и пол кила неосетно. Само оти почнав пак да се движам. Денес имав желба и да вежбам.

    Ќе пишам уште еднаш чисто ко заклучок оти ептен забегав. :D Изглед ми е како продукт шо можи ќе го добијам. Целта ми е добро ментално здравје оти активност ми го дава то. Поќе енергија оти сум сетила кога јадам одреден тип храна едноставно немам crushes на енергија од после. И генерално здравје, ако се хранам здраво, ќе изгледа и телото онака како шо природно треба. Да поткрепам ова, како пензионер одам на 6 месеци крвна слика да прам и веќе матичниот ме "избрка" за следната да ја прам на година оти немало смисла да одам толку често. :D
     
    На Gosh, simoncelicius, sunshinebabe и 14 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.972
    Пол:
    Женски
    Да, менталното здравје ми е на прво место, инаку нема од кревет мрдање.
    Инаку, пијам и терапија која исто така си го зема данокот.
    И да земам да држам диета не би било на долг рок, ќе ослабам и толку.
    Едноставно готвење никогаш не сум сакала и не можам да се замарам денес ми е редот ова да јадам, она да јадам, ова не смеам, дрн, дрн. Само мислењето за што да се јаде ми е напорно.
    Да, можам да смалам благото и да почнам малку посвесно да јадам.
    Ама, пак ќе кажам, не ми сметаат килограмите, сега да земам да слабеам би било чисто да сум слаба.
    А, не знам колку ми е вредно тоа за маката. :D
    Кога бев помлада, леле читам тука мислења, сум имала 62 кила пример, или 60, ама ми било важно да дојдам до 57.:rofl::rofl:
    Ќе умрам. Па тоа диети, замарање.:worried::D
    Што е најтрагично и тогаш мислев дека сум дебела, се гледав како дебела. Ама, тоа си е психичката страна, зашто кога ќе пораснеш со некој кој ти труби дека си дебел, тешко е да го исфрлиш гласот од главата. Е на тоа многу работев, на себеприфаќање, па може затоа сега не ми е толкав проблем.
     
    На sunshinebabe, Estranged, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    На одредена килажа која не е голем вишок, побитно е дали тоа е вишок тежина (што уствари не мора да биде) или вишок масно ткиво.
    Оти некој може да има нормална килажа ама пак многу масно ткиво и да изгледа ко да е слаб, ама дека слабо има мускул (skinny fat). И овој би можел со соодветна исхрана и активност да го смени тој состав.
    Јас на 55кг сум изгледала полошо отколку на 60 ради истава причина.
    А тоа се проценува по изглед отприлика.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    56.794
    Пол:
    Женски
    Ова е клучното на односот спрема храна.. да не должам многу се сте изапишале ама диета е краторочна цел што најчесто пак не враќа на почетна стаза. Диета како режим на исхрана кој е дел од секојневие и не создава нервоза е тоа што треба. А килограмите се само бројка, изгледот на телото се созадава со вежбање а храната е задоволство кое мора да е избалансирано.
     
    На JoyJoy и RainBow им се допаѓа ова.
  9. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Дали да се држи диета или не? Според мене, не. Јас сум секогаш за менување на животниот стил од корен ако од нешто не сме задоволни.

    Диети немам држано, но секојдневно вежбам + трчам по 20-30 минути, и јадам многу умерено (90% домашно приготвено).
    Воедно, не пијам и не пушам.

    Зошто? Првенствено бидејќи сакам да се чувствувам и изгледам свежо, а потоа секогаш да имам енергија и кондиција :ninja:
    Не знам, ете посреќна сум кога е така. Здравјето, вклучувајќи внатрешно и надворешно е исто така драстично подобро.

    Второ, бидејќи сакам да сум најдобрата верзија од себе. Убаво ми е да се подобрувам, да имам здрава самодоверба и слично, бидејќи тоа ми влијае на останатите сфери.

    Трето бидејќи сум голем фан модата и на секси долна облека, па сакам да сум задоволна од себе кога ќе застанам пред огледалото :D

    Никој не ме тера и не јадам хумус, јадам пица, ама 1-2 парчиња макс. И волкот сит и сите овци ми се на број :D
     
    Последна измена: 22 мај 2023
    На Gosh, Anyshka, Ouravanture и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Зависи што дефинираш дека е диета. Промена на режим, апсолутно да. Спиеш на тоа уво (сите ние) дека си здрава, вежбаш и не ти смета, ама за ХУ години од сега, ќе почне да ти смета, прво на црниот дроб, па на срцето, на зглобовите, на сѐ. Штом се 15, а не 3-4-5-6 килограми во прашање, веднаш преземи мерки и почни да менуваш исхрана, со нутриционист или сама, онака интуитивно, што најмногу ти пречи, и почни да намалуваш шеќер, бело брашно, повеќе салати, овошје и слично. Повеќе движење, особено пешачење. Ако имаш некоја друга мака, попаметно е можеби совет со специјалистот кој те следи или со нутриционист. На тема изглед, тоа е премногу индивидуално. Некои луѓе и кога имаат вишок, изгледаат пропорционално и убаво, не мора да бидеш со точно одредена килажа во бројка и тоа да биде гаранција дека ќе изгледаш добро и ќе се осеќаш добро. Јас се земам за пример, бивш пливач сум и секогаш сум изгледала супер. Со годините (имам 45) и ковидот, накачив 6-7 килограми, никој не ни забележа дека сум се поправила (висока сум и одржувам мускулна маса, така што облечена не се забележува), но забележа мојот црн дроб прв. Јас не се осеќав убаво, тромо, бавно, поспано, надуено. И веднаш почнав режим. Тие 6-7 можат многу брзо да станат 9-10, па 10-15 и кога ќе тргне да се тркала удолу каменот, многу е потешко да се вратиш во нормала. А здравјето, кога тогаш, ќе почне да трпи. Нема потреба да чекаш или да се измачуваш со диети, ама промени секако.
     
    Последна измена: 22 мај 2023
    На Gosh, sunshinebabe, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.972
    Пол:
    Женски
    Ама, сакам благо да си јадам. :D :D
    Треба многу работа за да се смени мајндсетот. А засега ја немам таа желба, едноставно ми е премногу и тоа. Како што реков, пешачам, активна сум, не се ни задишувам. Крвната слика ми е добра.
    Е, може и бело брашно да исфрлам, мене и онака не ми менува какво е брашното да сум искрена, повеќе од немислење е бело само.
    Килата секако нема да се стопат брзо, прашање е и дали ќе се стопат, не сум веќе 20 години и сосема здрава, тоа е.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ама ти јади си благо, само постепено намалувај, плус имаш мал милион брзи рецепти за поздрави блага, со помалку шеќер или дури и без. Не се преждерувај кога си под стрес, уоброчи се (не грицкај стално, тоа мене ми беше проблем), сокови и слично ограничи, и ете брашното замени го за интегрално, тоа е сосема доволно за почеток. Ќе видиш, за три-четири месеци од сега ќе се чудиш што си чекала досега.
     
    На Gosh, Polyincognito, truffles и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    Повеќе сум за здрава избалансирана исхрана,отколку за диета.
    Зборот диета,ме асоцира на глад.
    Здравата исхрана најмногу делува и на расположението,па фит линијата си доаѓа сама по себе:angel:
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Најбитно е да немаш токсично размислување за килограмите, ако имаш, дали ќе биде диета, или режим на исхрана, секако ќе ти влијае на менталното здравје.
     
    На Gosh, JoyJoy, sunshinebabe и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    8.902
    Пол:
    Машки
    Ич не ги сакам зборовите диета и режим.
     
    На JoyJoy, theowndemon, Peanut Butter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    39.251
    Пол:
    Женски
    Многу песимистички ми зазвуче воведот. :D
    Што е крајната цел? Здравјето е прво и се подразбира, само што за здравје не е потребно да сме на граница на неухранетост. Второ - да изгледаме како подобра верзија од себе си.

    Не држам посебни диети зашто мислам дека имам одредени здрави навики(ако не рачунаме благо и паста :D).
    Ама самиот збор диета не треба да значи зло бидејќи може да се организира на многу различни начини, а и тоа е релативно.
    Некој што секој ден се храни со брза храна, диета ќе му биде и само ако почне да готви манџи(и тогаш веќе диетата е потреба, а не опција). Негативната конотација доаѓа од оние брзи кратки диети.

    Моментално имам бми 22-23 и иако е нормално, сепак во мојата глава до идеален физички изглед имам уште -5кг, како кога почна ковид и немав што друго да правам освен да се посветам на исхрана па природно паднав уште малку на скалата. :D Бидејќи и спремањето си бара време и факт е дека со брз начин на живот тоа доаѓа на второ место, за жал.

    Мене баш тоа подоготвување ми носи задоволство, ми влијае позитивно, баш ми е моја "совршена" физичка диета и ментална терапија.

    А гладувања од типот кисело млеко за доручек и јаболко за ручек никогаш не сум пробала и најверојатно ќе се онесвестам првиот ден.

    Не е само килажата како ќе се чувствуваме и дали ќе сме здрави туку целокупната исхрана и физичката активност.
    Личен пример, до пред некоја година пак бев во нормала, ама поради тоа што ниту вежбав ниту пазев што јадам, се чувствував многу поужасно и изгледав бајаги подебело а имав само некои 4-5 кг повеќе од сега.

    И бми 18 да имаш, ако не јадеш ништо ќе немаш сила ни скали да искачиш. Спротивно, можеш да имаш бми од 25-6 ама да си сериозен вежбач и мускулест/а, што те прави поздрав/а од човек со бми 21 кој не практикува ништо од тоа.

    Не треба толку ограничено да се земаат бројкиве зашто не се апсолутни.
     
    На theowndemon и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Момент...
    Ај дајте пример за една диета да знаеме за што збориме.
    Оти технички секоја воспоставена рутина на оброци е некаква диета.
     
    На JoyJoy и truffles им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.972
    Пол:
    Женски
    На пример јас најчесто сум ја држела УН диетата. И сега би ми товар да водам ред за деновите, па овошен ден или не знам што.
    А не јадам количински многу, еве денес на пример плескавички од зеленчук и тартур за ручек беше, овошје измеѓу, доручек јајца... Навечер исто гледам да не јадам зашто имам киселини и подобро ми е да ми е празен стомакот. Знам чај незасладен да се напијам некогаш.
     
    На JoyJoy и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ти може не ги сакаш, ама науката препознава хигиенско-диететски режим. Без барем малку дисциплина во животот, не се стигнува таму каде што сакаме да бидеме.

    Прво рутина на оброци, тоа им фали на луѓето кои имаат проблеми со килажа. Оброк и ништо надвор од него, тоа би бил според мене прв чекор. Наредните би биле според потребите, зависи од целта.
     
    Последна измена од модератор: 22 мај 2023
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Ун искрено ја неќам и ми нема смисла зашто не личи долгоодржлива.
    Прашувам зашто на пример секој од нас си има некое правило за јадење во секојдневие.
    Пример јас ако доручекот ми е протеински, ручекот ми е јх и обратно. Ужина ми е обично овошје или јатки. За вечера дојадувам од ручек или обично е супа и секогаш вечерата ми е количински малку. И сега пошто си имам вака неколку правила и некој ќе рече аа на диета си. А вака ми е нормалното секојдневие.
    А кажувам "еј држам диета" ако морам некој поспецифична рутина да терам што ми е надвор од тие горенаведени правила. Како моментално што сум уште ради здравствен проблем кај што минимално отстапувам и ограничено време ќе јадам така пример неколку месеци.
     
    На JoyJoy и RainBow им се допаѓа ова.